TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Јован: „Идеите за еднонационална црква се шовинистички“

А1 - 30.06.2002

Камбани, верници од Штип и Кавадарци, но и полиција на платото на велешката црква „Свети Пантелеј“, каде владиката Јован одржа литургија која траеше безмалку четири часа. Владиката Јован богослужбата ја држеше на старословенски и македонски јазик, а според кажувањата н аверниците, ова е најголема, ...

МПЦ во исчекување на ставот на владиката Јован

А1 - 29.06.2002

Владиката велешко - повардарски Јован на утрешната литургија во соборниот храм „Свети Пантелејмон“ треба да го соопшти својот став по соопштението на Светиот архиерејски синод на МПЦ, во која на јавноста и беа пренесени ставовите на Синодот поврзани со одлуката на митрополитот за канонско и ...

Ако до понеделник не се покае, Јован ќе биде избркан од епархијата

Вест - 29.06.2002

СИНОДОТ ГО ГУБИ ХРИСТИЈАНСКОТО ТРПЕНИЕ Владиката Јован в недела ќе служи света литургија и за да има повеќе верници, во епрахијата деновиве вршел вистински духовен терор "Доколку до понеделник владиката Јован не се покае и повторно не се врати во единството на Македонската православна црква, ...

?Јован сс уште не се сретнал со владиката Петар

Утрински - 29.06.2002

Велешко-повардарскиот владика ги обвини новинарите за фабрикувани лаги Наспроти најавите во јавноста дека владиката Петар наскоро ќе се сретне со митрополитот Велешко-повардарски да разговара околу можното решавање на расколот во МПЦ, вчера владиката Јован демантираше дека се видел со ...

Верниците бараат расчинувањена владиката Јован

Дневник - 29.06.2002

НЕ СТИВНУВААТ РЕАКЦИИТЕ ПРОТИВ ВЕЛЕШКИОТ МИТРОПОЛИТ Македонските православни верници од Мелбурн и од Викторија во Австралија побараа од Светиот синод на МПЦ да го расчини велешкиот владика Јован и да му забрани секакво свештенослужење.

Верниците од Велес бараaт расчинување на владиката Јован

А1 - 28.06.2002

Верниците од повардарската епархија денеска во отворено писмо до Светиот архиерејски синод на МПЦ ги повторија своите барања за расчинување на владиката Јован, негово протерување од оваа епархија и свикување на црковно народниот собор.

Владиката Петар со убаво ќе го разубедува Јован да се покае

Вест - 28.06.2002

Владиката Петар добил задача од Светиот архијерејски синод на МПЦ да разговара со отцепениот владика Јован за да го убеди да се покае и да се врати во единството на МПЦ, дознаваме од високи црковни извори, блиски до Синодот. Оваа задача, владиката Петар, кој е ментор на Јован, ја добил по ...

МПЦ е неделива и дел од едната света апостолска црква

Вест - 28.06.2002

СКОПСКИТЕ СВЕШТЕНИЦИ ПОРАЧУВААТ Македонската православна црква како автокефална, е дел од едната света соборна и апостолска црква која има единствена и неделива организација и самостојно ги уредува и управува црковните дејности, се вели во резолуцијата на Скопската православна епархија, донесена ...

Апел до Синодот да го зачува единството и автокефалноста на МПЦ

Утрински - 28.06.2002

Намесничко-свештеничко собрание на свештениците од Скопската епархија На барање на верниците до Скопската епархија, вчера во Соборниот храм ?Свети Климент Охридски° се одржа намесничко-свештеничко собрание, на кое беа разгледани последните случувања во МПЦ.

Не сум предавник на нацијата, туку неа ја ставив во втор план

Утрински - 28.06.2002

Владиката Јован на битолската телевизија Тера БИТОЛА - "Во овој момент силни притисоци трпиме и јас и Светиот архијерејски синод на МПЦ. Јас, од еден дел од народот, кој е подготвен дури и на линч, а Синодот се најде во двојно неблагопријатна ситуација - ако рече дека Јован е во право, силно ќе се ...

Делата зборуваат за заслугите на владиката Кирил

Утрински - 28.06.2002

Реакција на свештениците и верниците од Тетовско ТЕТОВО - "Ние свештениците од Тетовското архијерејско намесништво, заедно со благочестивите верници, остро реагираме на изјавите на митрополитот Јован и неговата неканонска одлука.

Јован ќе добие уште една понуда за враќање во МПЦ

Утрински - 28.06.2002

Синодот го повика велешкиот митрополит на покајување, но не прецизира до кога треба да добие повратен одговор ВЕРЧЕ ГЕОРГИЕВСКА Светиот синод на завчерашната вонредна седница, одржана во голема тајност, раководејќи се од ?евангелската љубов°, го повика владиката Јован да се покае и да се врати во ...

Свештениците ќе ги затворат сите цркви за владиката-расколник

Дневник - 28.06.2002

НЕЗАДОВОЛСТВОТО ПРОТИВ ВЛАДИКАТА ЈОВАН С¦ ПОГОЛЕМО Полицијата ќе го спречи српскиот владика Иринеј да држи литургии во македонски цркви, предупредува Ѓорѓи Наумов, претседателот на комисијата за односи со верските заедници Свештениците од другите православни цркви што ќе се обидат да одржат ...

Дел од свештенството бара поригорозни мерки за „расколникот Јован“

А1 - 27.06.2002

Најголемата епархија на МПЦ, скопската со своја резолуција денеска побара од Светиот Синод да ги примени сите црковни, канонски и уставни одредби за да го запази единството, неделивоста и автокефалноста на МПЦ, по одлуката на владиката Јован да ја отцепи велешко-повардарската епархија.

Синодот го повикува Јован да се покае и да се врати во единство со МПЦ

Вест - 27.06.2002

РАСКОЛ ВО МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА: ВОНРЕДНА СЕДНИЦА НА АРХИЈЕРЕИТЕ "Раководејќи се од евангелската љубов", Синодот го "повикува митрополитот Јован да се врати во единство со МПЦ и со тоа да помогне во соборното решавање на статусот на Македонската православна црква" "Обраќањето на Светиот ...

Македонското ткиво ги отфрла предавниците како Јован

Вест - 27.06.2002

ЗАВЧЕРА МИРЕН ПРОТЕСТ ВО ВЕЛЕС Околу 5.000 граѓани завчера на градскиот централен плоштад во Велес "Сармаале", одржаа мирен протест по повод одлуката на владиката велешки и повардарски Јован за каноноско и литургиско единство со СПЦ.

Во Велес одржан протест поради припојувањето на Повардарската епархија кон СПЦ

Утрински - 27.06.2002

Во Велес одржан протест поради припојувањето на Повардарската епархија кон СПЦ СУТКА ОЦЕДОВА ВЕЛЕС - Повеќе од 2.000 верници вчеравечер на велешкиот плоштад "Сармаале" побараа митрополитот Јован да биде протеран поради неговата одлука Велешко-повардарската епархија да стапи во канонско и литургиско ...

Синодот го повика расколникот Јован да се покае

Утрински - 27.06.2002

Највисокото црковно тело вчера и завчера тајно заседаваше во манастирот „Света Богородица° кај Матка за расколот во Црквата Светиот синод на МПЦ, на вонредната седница одржана тајно вчера и завчера во манастирот †Света Богородица° кај Матка и во Архиепископијата, постапката на митрополитот Јован за ...

Велешани побараа поглаварот да си ја прибере заскитаната овца

Дневник - 27.06.2002

ПРОТЕСТ ПРОТИВ РАСКОЛНИЧКАТА ОДЛУКА НА ВЛАДИКАТА ЈОВАН Владиката Јован не ги слушнал реакциите на граѓаните, бидејќи попладнето го напуштил Велес и заминал на југ Архиепископот г.г. Стефан треба да си ја прибере заскитаната божја овчичка и да и го покаже патот по кој треба да оди.

Владика Јован Хистерик

Дневник - 27.06.2002

Колумна - Божин Павловски Расцеп во Црквата не смее да се случи. Денес Синодот полага испит на зрелоста. Доколку се покае, владиката мирно и анонимно нека замине од Епархијата што ја извалка, во спротивно - нема друго решение освен да биде протеран од Македонската православна црква Медиумите ...

Владиците на МПЦ го молат расколникот Јован да се врати

Дневник - 27.06.2002

светиот синод обЈави помирливо коминике за кризата во македонската црква Неговата постапка е неканонска, еклисиолошки неиздржана и штетна за единството на Македонската православна црква, оценија македонските митрополити Владиката Јован направил неканонска, еклисиолошки неиздржана и штетна постапка ...

Синодот ја осуди постапката на митрополитот Јован

А1 - 26.06.2002

Светиот архиерејски синод на МПЦ денеска ја осуди постапката на митрополитот Јован за поединечно воспоставување на епархиско и канонско единство со Српската православна црква како неканонска и штетна и го повика да се врати во МПЦ.

Австрискиот амбасадор кај владиката Јован

Вест - 26.06.2002

И ДИПЛОМАТИТЕ СЕ ЗАИНТЕРЕСИРАА ЗА РАСКОЛОТ ВО МПЦ Со цел да се информира изворно за новонастанатите проблеми во Велешко- повардарската епархија, амбасадорот на Австрија во Република Македонија д-р Филип Хојос, вчера оствари средба со владиката Јован во зградата на Велешко-повардарската епархија.

Верниците нема да дозволат заедничка богослужба на владиците Јован и Иринеј

Утрински - 26.06.2002

Најавената посета на српскиот владика на Гевгелија не се оствари Гевгеличани предупредуваат дека во никој случај нема да дозволат Гевгелија да стане седиште на расколничките игри на владиката Јован ГЕВГЕЛИЈА - Во Гевгелија вчера не се одржа најавената заедничка богослужба на владиката Јован со ...

Велешани бараат Синодот да го каже канонскиот став на Црквата

Утрински - 26.06.2002

Во Велес случајот со владиката Јован ги фрли во втор план другите настани Амбасадорот на Австрија, Филип Хојос, среќен што го запознал владиката Јован ВЕЛЕС - За синоќешниот митинг против митрополитот велешки и повардарски Јован во центарот на Велес, организаторите не сакаа јавно да се ...

Синодот денеска или најдоцна утре ќе расправа за владиката Јован

Утрински - 26.06.2002

Петти ден највисокото црковно тело на МПЦ молчи за расколот што и се случува на нашата Црква Петти ден Светиот архијерејски Синод на МПЦ молчи и не го искажува својот став за расколот што и се случува на нашата црква, откако владиката Јован реши Велешко-повардарската епархија да влезе во канонско и ...

Зад "гулабот писмоносец" летаат уште тројца

Дневник - 26.06.2002

КОЈ ГО СОЧИНУВА ГРЧКО-СРПСКОТО ЛОБИ ВО МПЦ Под параванот, за стапување во божемно литургиско единство со православните цркви, владиката Јован ја реализирал желбата на владиците Петар, Наум и Тимотеј за парцијално оживување на отфрлената "нишка спогодба" Зоран Вранишковски е роден во 1967 во Битола.

Јован во Велес ќе гради грчка црква поплочена со српски намери

Дневник - 26.06.2002

ВЕЛЕШКИОТ ВЛАДИКА ГО ПРОДЛАБОЧУВА РАСКОЛОТ Светиот синод на МПЦ му дава рок на владиката Јован до претстојната синодска седница да се покае за чинот на отцепување на Велешката епархија Велешкиот владика Јован продолжува со намерата целосно да ја отцепи велешката епархија од Македонската православна ...

Широката владина коалиција станува се потесна

А1 - 25.06.2002

ВМРО - Вистинска веќе не е во валадата на Македонија, а како причина за тоа, нејзиниот претседател Борис Змејковски посочува дека во владата влегле терористи и убијци. Оваа партија дава целосна подршка на МПЦ и повикува владиката Јован да биде анатемисан.

Додека верниците протестираат австрискиот амбасадор на разговори со владиката Јован

А1 - 25.06.2002

Амбасадорот на Австрија во Република Македонија д-р Филип Хојо денеска присуствуваше со зградата на Велешката и повардарска епархија во Велес и оствари средба со митрополитот Јован. Тие на новинарите им дадоја дијаметрално спротивни изјави околу организацијата на средбата.

Синодот му порача на владиката Јован да се премисли

Вест - 25.06.2002

ПОГЛАВАРОТ НА МПЦ Г.Г. СТЕФАН ВО ОХРИД ПОВИКА НА ЦРКОВНО ЕДИНСТВО Ни архиепископот ниту останатите владици не сакаа да дадат официјални изјави до седницата на Синодот, што би можела да биде в среда или четврток. Името на владиката Јован не беше споменато при литургијата, Светиот архијерејски синод ...

"Света Софија" му се врати на Господ

Вест - 25.06.2002

ПО 535 ГОДИНИ, 10-ВЕКОВНИОТ ХРАМ СЕ ВРАТИ ВО ЦРКОВЕН ЖИВОТ Катедралната црква "Света Софија" во Охрид, од вчера повторно влезе во црковен живот, по 535 години апстиненција. Со свечената литургија на која учествуваат сите владици од Архијерејскиот синод на МПЦ, со иск Катедралната црква "Света ...

Јован е гласноговорник на силите што сакаат да ја растурат црквата и државата

Утрински - 25.06.2002

Бурни реакции во Брегалничката епархија по расколничкиот чин на митрополитот велешки и повардарски Иван Бојаџиски ШТИП - Со велепредавничкиот чин на приклучување на Велешко-повардарската епархија кон Српската православна црква, митрополитот Јован само му даде целосен легитимитет на бунтот на ...

По пет века храмот"Св. Софија" отворен за верниците

Утрински - 25.06.2002

ОХРИД - Со свечена божествена литургија, архиепископот Стефан и шесте владици на МПЦ вчера го преосветија олтарот на катедралниот храм "Св. Софија" во Охрид. Со чинот на преосветување, по пауза од 535 години, храмот станува црковно жив - во него се возобновува замрениот црковен живот.

Митинг поради отцепувањето на владиката Јован од МПЦ

Утрински - 25.06.2002

Во организација на група граѓани од Велес По повод последните настани во Македонската православна црква и отцепувањето на владиката Јован со Велешко-повардарската епархија и припојувањето кон СПЦ, денеска во центарот на Велес ќе се одржи митинг.

Јован остана осамен расколник на МПЦ

Утрински - 25.06.2002

ВЕРЧЕ ГЕОРГИЕВСКA ОХРИД - Вчерашното преосветување на храмот "Св. Софија" во Охрид се одржа во сенка на расколничкиот чекор на Велешко-повардарската епархија која во минатата недела се отцепи од МПЦ и влезе во канонско и литургиско единство со Српската православна црква.

Владиката расколник остана сам

Дневник - 25.06.2002

МИТРОПОЛИТИТЕ СЕ ОГРАДИЈА ОД СРБОМАНОТ ЈОВАН По потегот на седумте владици во "Света Софија", владиката Јован ќе возврати со заедничка богослужба со српскиот владика Иринеј Седумте митрополити, членови на Светиот синод на Македонската православна црква, со своето присуство на преосветувањето на ...

Велешани на улица, а штипските свештеници се подготвуваат да го избричат Јован

Дневник - 25.06.2002

РЕАКЦИИ по "присоединувањето" на велешката епархиЈа кон спц За него веќе нема место во овој град и во нашите црковни храмови, му порачуваат велешани на својот владика, со кого отсекогаш имале проблеми Граѓаните на Велес најавуваат дека денеска ќе излезат на улица за да го изразат своето ...

Протест на велешани против одлуката на владиката Јован

А1 - 24.06.2002

Верниците од Велес во знак на протест на одлуката на владика Јован да ја отцепи велешко - повардарската епархија за утревечер најавија митинг во центарот на градот. Митингот е биде организиран од група интелектуалци, уметници и стопанственици и ќе се одржи утревечер на плоштадот во Велес со почеток ...

Преосветување на „Света Софија“ во Охрид без присуство на митрополитот Јован

А1 - 24.06.2002

Поглаварот Стефан и другите шестмина владици на Македонската православна црква со денешното сослужување на преостветувањето на црквата „Света Софија“ во Охрид практично се дистанцираа од одлуката на владиката Јован и го повикаа да се врати назад во единство со нив.

Јован сака да стане Архиепископ Охридски

Вест - 24.06.2002

ВЕЛЕШКИОТ ВЛАДИКА НЕ СЕ ОТКАЖУВА ОД СРПСКО - ГРЧКОТО ПРАВОСЛАВНО БРАТСТВО Ако Синодот го расчини, владиката Јован најверојатно ќе се самопрогласи за Архиепископ Охридски и Македонски и ќе побара официјално признавање на автономна Охридска архиепископија.

Јован одржа прва литургија откако се отцепи од МПЦ

Утрински - 24.06.2002

Во велешката црква "Св. Пантелејмон" митрополитот служеше богослужа пред четириесетина верници ВЕЛЕС - "Велешко-повардарската митрополија е единствената призната Македонска православна црква, преку чинот на признавање од Српската православна црква, односно влегувајќи во канонско и литургиско ...

Српската црква го прими расколникот Јован

Утрински - 24.06.2002

Поглаварот Павле го известува митрополитот Јован дека Велешко-повардарската епархија од завчера и официјално е во литургиско единство со СПЦ Расколничкиот чин што го направи велешкиот митрополит Јован, кој ненајавено влезе во единство со СПЦ, ги шокира и ги разгневи верниците, но и целиот ...

По пет века, се преосветува олтарот на храмот "Света Софија"

Утрински - 24.06.2002

Денеска во катедралната црква во Охрид ќе се одржи свечена божествена литургија Симон Илиевски ОХРИД - Денеска, и покрај изјавите на митрополитот Јован, во Охрид ќе биде преосветен олтарот на архиепископската црква "Света Софија" во Охрид.

Поради Јован, младите верници не доаѓале в црква

Утрински - 24.06.2002

Реакции во Гевгелија по отцепувањето на Повардарската епархија од МПЦ ГЕВГЕЛИЈА - Владиката Јован уште пред официјално да го објави отцепувањето на Повардарската епархија од МПЦ и нејзиното натамошно општење со СПЦ и целата православна екуменија, општеше со другите цркви, велат во Гевгелија и ја ...

Верниците да ги задржат достоинството и верноста спрема МПЦ

Утрински - 24.06.2002

Енергична реакција на ВМРО-Македонска ВМРО-Македонска најенергично реагира во однос на потегот на владиката Јован Дремвицки за припојувањето на Велешко-повардарската епархија кон СПЦ. Оваа епархија е составен дел од Македонската православна црква, и опстојува и живее од православниот македонски ...

Попоски: Јован сам си ја отвори излезната врата од МПЦ

Утрински - 24.06.2002

Потпретседателот на Црковно-народниот собор на МПЦ, д-р Глигор Попоски, по скандалозната одлука на велешкиот митрополит Итно да се одржи нов Црковно-народен собор ПРИЛЕП - "Никој освен македонскиот народ претставен преку Црковно-народниот собор и свештенството не може да одлучува за судбината и ...

Народот ширум ќе му ја отвори вратата на г. Јован за север или за југ

Дневник - 24.06.2002

ГЛИГОР ПОПОВСКИ, ПОТПРЕТСЕДАТЕЛ НА ЦРКОВНО-НАРОДНИОТ ОДБОР Македонскиот народ нема да ја даде МПЦ, а владиката Јован сам си ја отвора вратата кон надвор, сакал на север, сакал на југ, вели потпретседателот на црковно народниот собор на МПЦ, професор д-р Глигор Попоски од Прилеп, за објавата на ...

Владици бараат Синодот да го казни митрополитот Јован

Дневник - 24.06.2002

ПО СКАНДАЛОЗНАТА ПОСТАПКА НА ВЕЛЕШКИОТ ВЛАДИКА Во САС на МПЦ наведуваат дека брзината со која е направен договорот на владиката Јован со СПЦ покажува дека се било порано испланирано Владиците на Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква на претстојната седница ќе побараат да биде ...

МПЦ е болна, болеста е Јован

Дневник - 24.06.2002

Коментар - Бранко Ѓорѓевски Има нешто навистина болно во телото на Македонската православна црква. Велешкиот владика со својот младешки немир и расколничка душа побрза да ампутира еден нејзин орган и да го стави во единство со Српската и со другите православни цркви.