TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Граѓаните ќе "проплукаат" поради дивидендата

Вечер - 16.07.2005

"Телеком" и официјално ги зголеми цените на телефонските услуги. Бордот на директори вчера донесе одлука за нова ценовна поилитика, според која претплатата се зголемува на 400 денари. Тарифирањето веќе нема да биде на 20 секунди, туку директно се оди на една минута, а како слаба компензација ќе се ...

Коко ја заборава Мануела, а се "лекува" со Франческа

Вечер - 16.07.2005

Популарниот фудбалер на милански Интер, Франческо Коко, кој моментно е во преговори со тимот на Парма, деновиве се одмораше на Сардинија. Имаше прекрасно друштво, ТВ-водителката и фото-модел Франческа Лодо, а двајцата, се чини, ги лекуваа "љубовните рани".

Прилепска скара во "Гоки"

Вечер - 16.07.2005

Прилепчанец Зоран по прв пат годинава во Пештани го работи ресторанот "Гоки". Тој со својата екипа, ги подготвува специјалитетите- прилепски ширден, чомлек, коленици и скара, исклучиво со амур смеса (месо мелено од Прилеп). Понудата на скара е стандардна- мала македонска плескавица е 200 денари, ...

Летна лига на "Стрит баскетбол"

Вечер - 16.07.2005

Десет кошаркарски тима од Куманово ќе учествуваат во лигата на улична кошарка "Стрит баскетбол", што ќе трае до крајот на август. Сојузот на спортови помага да се организира оваа манифестација која почна завчеравечер на паркинг просторот во центарот на Куманово.

"Лагала нас мала" - летен хит во Хрватска

Вечер - 16.07.2005

Хит-песната Лагала нас мала, на дуетот Тоше Проески и Тони Цетински е летен хит во Хрватска. Песната постојано се врти на првата програма на Хрватска телевизија и е на сите топ-листи. Минатата година, песната Љубав се заслужује, што во дует ја пееја Мартин Вучиќ и Даниела Мартиновиќ, воопшто не ...

"Казнена единица" од непожелни вработени

Вечер - 16.07.2005

"Телеком" формира "казнена" единица која се праќа да оди од врата на врата и да ги нуди на продажба услугите на компанијата. На оние што се во неа доколку не ја исполнат утврдената норма, веројатно ќе им следи отпуштање од работа.

Моторџија "падна" со пиштол

Вечер - 16.07.2005

Триесетиседум годишниот Горан Наумовски, попознат како Кизо, е уапсен од полициските "алфи" со пиштол што нелегално го поседувал. Настанот, според полицискиот билтен е регистриран во Скопје во средата попладнето, околу 13 часот.

Владата ја "филува" реалноста!

Вечер - 16.07.2005

Владата нема ефективна контрола во Кондово, Брест, Танушевци, Долно и Горно Блаце, Арачиново и други населени места, а тврди дека безбедносната состојба е стабилна, велат претставниците на Третиот пат. "Проценките се дека во северозападниот дел на Македонија активно дејствуваат над 10 ...

На "Младост" одмор без вода и струја

Вечер - 15.07.2005

На бреговите на езерото "Младост", единственото излетничко место на велешани, и ова лето, годишниот одмор го минуваат неколку стотини жители од Велес, Скопје и други градови од нашата држава. На неурабнизираниот и неуреден езерски брег, без вода, струја и санитарни објекти, овие луѓе, поради ...

Кина ја "купува" Америка?!

Вечер - 15.07.2005

Дека Кина не е само "стопански џин на иднината" туку е загрижувачки соперник на богатите, покажува и најновата "економска драма" во врска со кинеската понуда од 18 милијарди долари за купување на "Јунокал", деветтата по големина американска нафтена компанија.

"Ренџерите" наградени со 2.000 евра

Вечер - 15.07.2005

Триесетина војници од единицата за специјални намени на АРМ, кои изминативе шест месеци беа дел од четвртиот контингент македонски војници во мисијата "Слобода за Ирак" вчера беа наградени со по 120.000 денари и плакета. На пригодната свеченост во касарната "Илинден" во Скопје војниците ги ...

Свиреа со Карерас, а спиеја во "кокошарници"!

Вечер - 15.07.2005

За време на спектакуларното отворање на "Охридско лето", членовите на Македонската филхармонија, кои беа одлични на настапот со великанот Хозе Карерас, беа сместени во интернатот "Ванчо Питошески". "Чопоративно", по неколку души во малечки руинирани соби, со низок степен на хигиена, а згора на тоа ...

"Македонска вечер" за Холанѓаните во Скребатно

Вечер - 15.07.2005

“Охрид ќе биде полн со туристи само со добра реклама. Помладите странци, нашите убавини ќе ги видат, само ако чујат дека нудиме добра забава со квалитетно пиво за само педесет центи. Постарите, пак, ги привлекува традицијата, славните имиња како Александар Македонски, цар Самоил, Апостол Павле”, ...

Со "Денес" оди во Њујорк

Вечер - 15.07.2005

Пред младиот уметник Далибор Тренчевски се отворија нови можности. Наградата за најдобар млад ликовен уметник "Денес", што ја доделува Центарот за современи уметности во соработка со Фондацијата за граѓанско општество од Њујорк, ќе му ја исполни желбата, барем за кратко да биде дел од случувањата ...

"Големите" направија супстандардни услови

Вечер - 15.07.2005

На падините на Водно, во непосредна близина на хотелот "Панорама" деновиве се гради интензивно. Овој атрактивен дел од парк-шумата се претвори во вистинско градилиште. На местото на некогашниот хотел "Панорама", турскиот инвеститор "Универзал Хоспитал Груп" гради болница, под самиот хотел, од ...

На "Влајко" се бетонира плочата

Вечер - 15.07.2005

Градежните работи на пешачкиот надвозник во населбата Влае се во завршна фаза. Денеска започнуваат активностите околу бетонирање на плочата на мостот врз која ќе се лепат травертински плочи. Градежните екипи на "Гранит" претходно ја поставија арматурната мрежа за бетонирање на патеката.

Пензионерите ја "преполнија" Смрдлива вода

Вечер - 14.07.2005

ГЕВГЕЛИЈА.- Изминатиот викенд во планинските туристички места на Кожуф донесе многу гости кои тука ќе останат до крајот на ова лето. Станува збор за потпланинските населени места Хума и Серменин. Сепак, најмногу гости пристигнаа во природното лекувалиште Смрдлива Вода, познато во светот по ...

Давал базени и сали на "жими мајка"

Вечер - 14.07.2005

Против Аљиљ Паљоши, поранешен директор на Јавното претпијатие за стопанисување со спортски објекти е поднесена кривична пријава. Се товари за злоупотреба на службена положба и овластување. Лани и годинава, како одговорно лице, без да спроведе лицитација и без одлука на Управниот одбор, Паљоши издал ...

Отровни облаци "избркаа" 160.000 лица

Вечер - 14.07.2005

Деновиве жителите на бугарскиот град Стара Загора се во паника. Над местото се појавиле четири мистериозни облаци, за кои некои велат дека се полни со отровен гас. Поради тоа 160.000 жители од градот избегале во блиската шума и околните излетнички места, иако ни тие не се безбедни.

"Хермелини" во Кондово?

Вечер - 14.07.2005

Оклопни транспортери вчера попладне тргнаа кон Кондово. Ќе ги апсат Агим Красниќи и неговата група. Ова никој во МВР, ниту го потврди ниту го демантира. Борче Пешевски, портпарол на МВР, изјави дека "став на МВР е кога се преземаат оперативни мерки да не се известува, а ако од тие активности ...

Едно поинакво лето во "Славија Спектар"

Вечер - 14.07.2005

Облачното време не е проблем за плажата на хотелот "Славија Спектар" да биде полна со капачи. Гостите вчера заштедија од парите за чадори за сонце, но брегот беше исполнет со лежалки. Оние што доаѓаат во хотелот првпат по подолго време, уште од влезот ќе забележат дека во него е многу вложено и ...

"Меѓународната" му ги отвори патиштата на Младиќ

Вечер - 14.07.2005

Проф. д-р Ферид Мухиќ, е првиот добитник на нововостановената награда - "Книжевна Сребреница", од страна на "Меѓународното здружение на Бошњаци", со седиште во Њујорк. Меѓу седумдесетината кратки раскази, жирито едногласно го избра оној на Мухиќ.

Грабеж во аптеката "Валерија" во "11 Октомври"

Вечер - 14.07.2005

Ноќта помеѓу вторникот и средата неидентификуван провалник ја опустоши аптеката "Валерија" во населбата "11 Октомври" во Скопје, лоцирана на улицата "Петар Драпчин". Сторителот најпрвин го откачил катинарот од металната заштитна решетка, потоа го искршил излогното стакло и влегол внатре во аптеката.

Ограбена филијалата на "Комерцијална Банка"

Вечер - 14.07.2005

Двајца маскирани и вооружени со пиштоли ја ограбија експозитурата на "Комерцијална Банка", лоцирана на улица "Антон Попов" број 86 во скопската населба Ченто. Две лица вчераутро околу 8 часот, со марами врзани на главите, вооружени со пиштоли, упаднале во филијалата.

Парите на штедачите ги "закочил" софтверот?!

Вечер - 14.07.2005

Штедачите на Радо банка, иако поминаа речиси два месеци откако Советот на НБРМ ја потврди одлуката на гувернерот Петар Гошев со која оваа банка отиде во стечај и ликвидација, никако да ги добијат своите пари. Рокот за обесштетување истекува во август односно, според Законот за Фондот за осигурување ...

"Идиотски" предлог на Џек Строу!

Вечер - 14.07.2005

Британскиот министер за надворешни работи Џек Строу, кој си го крши јазикот, обидувајќи се да ги изговори сложените презимиња од земјите на ЕУ, дојде на "идиотска" замисла како да си го олесни животот - сите да се "прекрстат" со едносложни европски презимиња.

"Монструозниот" објект повторно на тапет

Вечер - 13.07.2005

"Убаво е да се види дека граѓанските иницијативи даваат позитивни резултати и дека некои државни институции знаат да реагираат брзо и ефикасно. Да се надеваме дека конечно и кај нас мафијата ќе почне да добива по прсти, вели претседателот на "Еко мисија" , Петар Бошевски.

Тијана се "крие" во Градиште

Вечер - 13.07.2005

И покрај убавото време, викендов охридските плажи не беа "полни до врв". Најгусто беше во саботата попладнето на втората плажа на Градиште, каде Тамара, диџеј Бабура и Ѓоко Таневски, со водителот Ефтим Гаштев, ја снимаа емисијата "Наше море".

Засега "пирамидата" без државни службеници

Вечер - 13.07.2005

Во даночниот мега скандал во кој педесеттина фирми во систем на пирамида затајувале данок на државата сега-засега не се откриени имиња на државни службеници и даночници. Ова вчера го изјави министерот за финансии Никола Поповски според кого одговорноста треба да ја понесат сите оние кои со години ...

Антонио Касано се пали на "старки"

Вечер - 13.07.2005

Не, не станува збор за патиките "Ол стар", популарните "старки", туку за фактот дека младиот напаѓач на Рома и на репрезентацијата на Италија, Антонио Касано има неверојатен афинитет кон постарите девојки (односно жени) од себе.

БиХ нема "материјал" за пасоши!

Вечер - 13.07.2005

Едностраната одлука на Советот на министри на БиХ, според која, летово границата на Хрватска може да се премине со училишни книшки, свидетелства или изводи од матична книга на родените, доживеа целосно фијаско и доведе до меѓународно бламирање на државата БиХ и, веројатно, до многу тужби на ...

Брук Барк во вториот дел од "Потреба за брзина"

Вечер - 12.07.2005

Брук Барк е родена Американка (Таскон, Аризона), прославена актерка и манекенка, која во раната младост никогаш и не помислувала да се види себеси во најголемите височини на шоу-бизнисот: -Кога бев помлада, посакував да се занимавам со нешто помалку атрактивно, на пример, сакав да бидам тапанарка ...

Климатизерите се донација од "Фонко"

Вечер - 12.07.2005

Седумдесетте климатизери се донација од компанијата "Фонко" која Костовски ја побара за вработените во градската администрација, се вели во вчерашното соопштение од Кабинетот на скопскиот градоначалник. Костовски во дописот јавно и се заблагодарува на оваа реномирана фирма и смета дека развојот на ...

"Застава" остана без покрив!

Вечер - 12.07.2005

Во големото невреме што завчера го погоди Крагуевац и околината најмногу страдаше фабриката за автомовили "Застава". Силниот ветер, кој дуваше со брзина од 110 километри на час, однесе над 6 000 квадратни метри од покривот на халата за монтажа на возила, оштетени се над 20 000 квадрати подни ...

Видео издание на "Љубовни акорди"

Вечер - 12.07.2005

Откако заврши со ангажманите во Сителовата "Ѕвездена планета", каде што со својот бенд "Енерџи лајф" го осмислуваа музичкиот дел од емисијата, композиторот и пејач Славиша Киброски се повлекува во студио. -Моето студио "К-Тим продукција" последниве два месеца е "железничка станица".

"Востаничка" затворена за сообраќај

Вечер - 12.07.2005

Поради изведување на градежни работи за надградба на постојниот коловоз и изградба на нови тротоари, како и реконструкција на постојните приклучоци на водоводната мрежа, од утре па во наредните 60 дена ќе се забрани сообраќајот по улицата "Востаничка" и тоа по целата нејзина должина.

"Москва" лежела на тон експлозив!

Вечер - 12.07.2005

Работниците кои го уривале хотелот "Москва", пронашле цел тон експлозив од Втората светска војна, наменет да ја урне зградата, ако нацистите го заземат градот, пишува "Московски Тајмс". Експлозивот бил без детонатори, па немало никаква опасност од негово случајно активирање.

Обиди да се "купат" играчи на Вардар

Вечер - 12.07.2005

Вардар пред средбата од првото квалификациско коло од Купот на УЕФА против Елбасан (Албанија) испрати штуро соопштение до медиумите за вршење на притисоци од поединци од Албанија и Македонија врз играчите и членовите на УО за "помош" при елиминацијата од ова натпреварување.

Пандев ги "решета" противниците

Вечер - 12.07.2005

Македонскиот репрезентативец Горан Пандев продолжува со гол-шоуто на подготовките на Лацио за третото коло од Интертото купот, каде ќе се сретне со финскиот претставник Тампере. Римјаните во Вал Гардена го совладаа аматерскиот состав на Хавана клуб со 17:0, а четири гола постигна македонскиот ...

Се "мерка" победа без примен гол

Вечер - 12.07.2005

Македонскиот шампион Работнички К. ќе го одработи премиерниот меч во Лигата на шампионите денеска (20 ч.) на Градскиот стадион во Скопје. Противник на "романтичарите" им е 14-кратниот првак на Летонија, Сконто од Рига редовен учесник во претквалификациите на најквалитеното европски клупско ...

"Мојот Никифор" ги собра наградите

Вечер - 12.07.2005

Јубилејниот, четириесетти филмски фестивал "Карлови Вари" кој, според присутните гости и понудената програма, се повеќе се доближува до сјајот на ваквите фешти од А - категорија, ја спушти филмската завеса. На гала завршната церемонија беше доделена највисоката награда, "Кристален Глобус" за ...

"Ладна" пред штрајк - "Полуконти" се пишмани

Вечер - 12.07.2005

Доколку до 26 јули индиските газди на "Митал стил" не ги прифатат трите синдикални барања на "Ладна валавница", над 1.000 вработени од овој витален погон на скопска Железарница, на 27 јули ќе стапат во штрајк. Ова е резултат на вчерашниот дебакл од втората рунда преговори со Раџиф Батнагар, извршен ...

Промовирана книгата "Вистинска љубов"

Вечер - 11.07.2005

Во Католичката црква во Скопје саботата вечер професорите д-р Димитар Мирчев и д-р Стјепан Кушан ја промовираа книгата "Истинска љубав" од монсињор Антун Циримотиќ. Изданието има три дела. Во првиот се зборува за односот помеѓу верата и неверата и неговите рефлексии во семејството и во општеството: ...

Ако нема економски актери, програмата ќе биде само "мртво слово"

Вечер - 11.07.2005

Како ја оценувате економската состојба во Македонија? - Последните официјални податоци говорат дека растот на економијата е 2,7 отсто што е на ниво кое ние сме го предвиделе наспроти официјалните предвидувањата кои беа 3,8, така што мислам дека растот се уште треба да се поттикнува со одредени ...

Груевски ќе ги "нокаутира" Георгиевски и Костовски?

Вечер - 11.07.2005

Враќањето на мнозинскиот изборен модел е дел од долгорочната стратегија на ВМРО-ДПМНЕ за освојувањето на власта на парламентарните избори што ќе се одржат наредната година. Намерата на Никола Груевски е да го зачува "двопартискиот систем" во државата што е сериозно разнишан по одвојувањето на ...

Од "БМВ" пукано во братучеди

Вечер - 11.07.2005

Во саботата малку по 23 часот во Маџари, на улицата "Благоја Стевковски" се случи оружен инцидент. Во него, за среќа, нема повредени и загинати. Од автомобил во движење е пукано во двајца братучеди. Веднаш е информирана полицијатата која направи увид и во меѓувреме спроведува истрага во чиј интерес ...

"Партиски" претседател без изборен цензус

Вечер - 11.07.2005

"Ќе има остра дискусија за бришењето на цензусот за избор на претседател на државата во вториот круг", тврди Весна Јаневска претседател на ВМРО-Народна, каде што се против ваквиот предлог. "Сметаме дека тоа уште повеќе би ја зголемила апатијата кај македонските гласачи, вели Јаневска.

Падна "кралот" на арамиите

Вечер - 11.07.2005

Малолетничката деликвенција во Штип е во пораст. Се зголемува бројот на извршители - деца. Ако лани биле извршени 180 кривични дела, во кои 24 извршители се малолетници, годинава тој број речиси е двојно зголемен. Само во шесте месеци од годинава се евидентирани 236 дела.

"Петочната вода" лекува и соединува

Вечер - 11.07.2005

Дека нашава земја обилува со убавини, оние природни, сведочи и недопрената дива и жива, зелена убавина, распослана на потегот меѓу велешките села Слп и Белештевица, или, поточно, на околу 15 километри источно од автопатот Велес - Скопје.