TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Киднапиран кувајтски возач во Ирак

А1 - 08.08.2004

Ирачките екстремисти вчера во Ирак киднапираа возач на камион со кувајтски регистарски таблички, јавија денеска кувајтските медиуми. Напаѓачите отвориле оган кон камионот, додека еден американски конвој поминувал покрај градот Фалуџа, засолниште на ирачките бутновници, кое се наоѓа 50 километри ...

Објавена снимка од убиство на американски заложник во Ирак

А1 - 07.08.2004

Бунтовничката група на Абу Мусаб ал Заркави на својата интернет-страница објави видео-запис од убиство на американски заложник. „Се викам Бенџамин Форд. Јас сум од Сан Франциско, Калифорнија“, изјавува млад маж облечен во бела тениска маичка, седнат на стол. „Треба да ја напуштиме оваа земја веднаш.

„Не преговараме со терористи!“

Време - 07.08.2004

ПОРАКА НА КОАЛИЦИЈАТА ВО ИРАК Сите членки на меѓународната коалиција во Ирак, која е составена од 31 држава, потпишале декларација во која се обврзале дека нема да преговараат со ирачките терористи. Со тоа земјите што се сојузнички на САД во Ирак сакале да „испратат јасна порака“ до терористите и ...

Нема попуштање пред киднаперите во Ирак

Утрински - 06.08.2004

Став БАГДАД - Соединетите Американски Држави соопштија дека сите 32 земји од мултинационалните сили во Ирак се согласиле да не попуштаат на барањата на киднаперите. ?Ние сме обединети во нашата решителност да не им правиме отстапки на терористите?, најави Стејт департментот.

Ослободени двајцата турски возачи во Ирак

Вест - 05.08.2004

Анкара, 5 август - Турскиот министер за надворешни работи Абдулах Ѓул вчера потврди дека се ослободени двајцата турски возачи киднапирани во Ирак. "Двајцата турски заложници во Ирак се ослободени. Многу сме среќни поради оваа вест", рече Ѓул.

Ослободени турските заложници

Дневник - 05.08.2004

ПО ПОВЛЕКУВАЊЕТО НА РАБОТОДАВЦИТЕ од ирак Милитантната група на јорданскиот терорист Абу Мусаб ал Заркави вчера ги ослободи двајцата турски заложници, откако компанијата за која тие работеле се повлече од Ирак, јави Ројтерс. - Бидејќи турските компании се повлекоа од Ирак и ја прекинаа соработката ...

Македонија ги осуди киднапирањата во Ирак

Дневник - 05.08.2004

ЗАЕДНИЧКА ИЗЈАВА Мултинационалните сили во Ирак, вклучувајќи ја и Македонија го осудија киднапирањето и погубувањето на недолжни цивили во Ирак и изразија солидарност со ирачкиот народ. Сите земји кои партиципираат во мултинационалните сили издадоа заедничка изјава по повод најновиот бран на земање ...

Исламисти и се заканија на Саудиска Арабија

Дневник - 05.08.2004

НА ЕЛЕКТРОНСКА СТРАНИЦА Исламистичка група вчера во соопштение објавено на електронска страница ја предупреди Саудиска Арабија да не испраќа муслимански војници во Ирак, јави МИА. - Го упатуваме ова предупредување до кралот Фахд и саудиската влада.

Ослободени двајцата турски заложници од Ирак

А1 - 04.08.2004

Терористичката група Таухид уа Џихад на Абу Мусад ал Заркави ги ослободила двајцата турски заложници во Ирак, откако фирмата за која работеле двајцата возачи соопшти дека прекинува со работата во Ирак, соопшти денеска катарската телевизија Ал Џазира.

Јордан е спремен да испрати војници во Ирак

А1 - 03.08.2004

Јордан може да испрати војници во Ирак, ако привремената ирачка Влада побара сојузничките сили да бидат заменети со арапски војници, изјави денеска јорданскиот крал Абдула Втори во интервју за телевизијата Ал Арабија. Абдула Втори истакна дека не сака американските тенкови во Ирак да бидат заменети ...

Турските камионџии нема да работат за војската на САД во Ирак

А1 - 03.08.2004

Здружението на турски возачи на камиони, синоќа, најави дека нема веќе да превезуваат стока за американската војска во Ирак. Ова, како што соопштија, го решиле откако на еден исламистички интернет сајт беше објавена слика на која е прикажано како киднапери пукаат во еден турски заложник, киднапиран ...

Експлозии пред цркви во Багдад

Дневник - 03.08.2004

тероризам ВО ИРАК Неколку автомобили-бомби завчера експлодираа пред пет цркви во Багдад, јави Ројтерс. Во бомбашките напади беа убиени десетина луѓе и беше нанесена голема материјална штета. - Очекуваме бројката на загинати и ранети да расте.

Координирани напади врз црквите во Ирак

Време - 03.08.2004

ПРОДОЛЖУВААТ ТЕРОРИСТИЧКИТЕ НАПАДИ Малобројното христијанско малцинство во Ирак завчера претрпе серија напади. Бомби одекнале истовремено пред цркви во Багдад и во северните градови Киркук и Мосул, убивајќи најмалку 10 верници собрани за неделната богослужба. - Ова е злосторство.

Турски заложник убиен во Ирак, турските камионџии веќе нема да возат

Вест - 03.08.2004

АНКАРА (АП) - Здружението на турските камионџии вчера објави дека нема веќе да пренесува стока наменета за американските сили во Ирак. АНКАРА (АП) - Здружението на турските камионџии вчера објави дека нема веќе да пренесува стока наменета за американските сили во Ирак.

Христијаните цел за отстрел во Ирак

Утрински - 03.08.2004

Во обид да се предизвика верски раскол БАГДАД - Ирачката влада вчера го обвини сојузникот на Ал Каеда, Мусаб ал Заркави, за серија напади врз црквите во кои загинаа најмалку 11 лица, истакнувајќи дека целта била да се предизвика верски раскол и да се протераат христијаните од земјата.Муслиманските ...