(Дневник) – сабота, 16.09.2006 ЗДРАВСТВО Позитивната листата била проширена со десетина препарати, зад кои не стои Комисијата што ја подготвувала, тврдат во Бирото за лекови Министерот за здравство Имер Селмани ќе формира комисија што ќе ги споредува предлог-позитивната листа што ја подготвила ...
Министерот за здравство д-р Имер Селмани ги разреши постојните директори во јавните здравствени установи. Селмани ваквата одлука ја донел на вчерашниот состанок на Здравствениот совет, се наведува во соопштението од неговиот кабинетот.
Ќе воведам одговорност, конкурентност, отчетност и контрола! Кога директорите ќе знаат дека ќе ги контролира друга „постава“, ќе внимаваат како ќе работат, вели министерот Селмани Министерската фотелја на Имер Селмани ќе му биде многу пожешка од градоначалничката.
ИНТЕРВЈУ: ИМЕР СЕЛМАНИ, МИНИСТЕР ЗА ЗДРАВСТВО Адријана Георгиев Имер Селмани пред еден месец ја смени градоначалничката фотелја во Сарај и седна во министерската фотелја на здравството. Новата функција, вели, му донела многу обврски и малку слободно време за семејството.
КОНКУРС На конкурсот за обуката за менаџирање во здравството што го распиша Министерството за здравство до вчерашниот последен ден се пријавиле околу 300 кандидати. Оваа бројка ќе биде и поголема со оглед на тоа дека ќе се чекаат пријавите што ќе стасаат по пошта в понеделник.
Економисти, правници, лекари, еминентни професори од Клинички центар. Над 300 луѓе се пријавиле на конкурсот за обука на менаџери во здравството. Овие документи се собрани утринава за само еден час. Редица луѓе стрпливо чекаа да поднесат барање, други аплицираа преку интернет.
БОЛНИТЕ СЕ ВРАЌААТ СО НЕЗАВРШЕНА РАБОТА Нервозни и разочарани пациенти вчера ја напуштаа битолската болница без да завршат работа, а пациентите за дијализа мораа со свои пари да ги набавуваат системи за дијализа и инфузионите раствори.
Место привремено решение за раководител на Фондот за здравствено осигурување, Владата се премисли и на местото директор на здравствената каса ќе постави кандидат кој ќе биде регуларно избран на конкурс. Поинаку и не може да се протолкува итната одлука на Управниот одбор на Фондот за здравствено ...
Со новиот Управен одбор на Фондот за здравство ќе претседава д-р Вулнет Ферати, кој ја извршува и функцијата шеф на кабинетот на министерот за здравство Имер Селмани. Негов заменик ќе биде д-р Снежана Костадиноска- Милошеска, државна секретарка во Министерството за финансии, соопштија вчера од ...
Претставникот на Министерството за здравство, д-р Вулнет Ферати е нов претседател на новиот Управен одбор во Фондот за здравствено осигурување. На функцијата заменик-претседател на УО на ФЗО е Снежана Костадиноска-Милошеска, државен секретар во Министерството за финансии.
Денеска здравствените работници од клиничката болница и здравствениот дом во Битола на синдикалната средба одлучија да стапат во генерален штрајк. Битолските лекари и медицински сестри на овој чекор се решија, бидејќи не им се исполнети синдикалните барања за исплата на заостанатите плати и ...
Новоформираниот управен одбор на Фондот за здравство денеска одлучи на седницата идната недела да се расправа за алармантната состојба во болницата во Битола. Стручните служби на Фондот се задолжени да поднесат извештај за состојбата во здравствената каса и дали во неа има доволно пари за да се ...
Управниот одбор на Фондот за здравство на својата прва седница ги задолжил стручните служби на фондот во текот на следната седница да поднесат извештај за актуелната состојба на национална здравствена каса. Управниот одбор на Фондот за здравство на својата прва седница ги задолжил стручните служби ...
Финансиската состојба во Фондот за здравство е критична, изјави деновиве вицепремиерот Зоран Ставревски, а директорот Никола Пановски вчера изјави дека Фондот никогаш не бил во постабилна состојба. - Од лани нема заостанат долг постар од 60 дена, за што некои доставувачи си наплатќаа камата на ...
СЕЛМАНИ ДОБИ ВРЕМЕ Вработените во Клиничкиот центар ќе го одложат генералниот штајк и ќе му дадат време на министерот Имер Селани да ги реши проблемите со Фондот за здравство, било одлучено на вчерашниот состанок на претставниците на синдикатот на Клиничкиот центар.
Советот на Синдикатот на Клиничкиот центар вчера одлучи на 29 септември да не се реактивира штрајкот на здравствените работници од овој центар. Членовите на Советот конечната одлука ќе ја соопштат идната недела, откако Синдикатот повторно ќе се сретне со министерот за здравство Имер Селмани.
Конститутивната седница на новиот Управен одбор на Фондот за здравствено осигурување е закажана за денеска. УО ќе брои и понатаму седум члена. Од редовите на Министерството за здравство претставник ќе биде Вулнет Серати, сегашен шеф на кабинетот на министерот Имер Селмани, а претставник од ...
СИНДИКАТОТ ЗА ЗДРАВСТВО НЕ СЕ ОТКАЖУВА ОД ЗГОЛЕМЕНИТЕ ПЛАТИ Клиниките, болниците и здравствените домови во земјава ќе колабираат ако Владата не го испочитува Колективниот договор и не им подели покачени плати на вработените, му порачаа синдикалците на министерот за здравство Имер Селмани, со кого ...
Ако до крајот на неделата не почнат преговори со министерот за здравство, Имер Селмани, за исплатата на августовските плати во здравството според новиот Колективен договор, Синдикатот за здравство од понеделник најавува генерален штрајк.
Советот на синдикатот на клиничкиот центар донел одлука дека нема да штрајкуваат во петок. Имале закажано уште една средба со министерот за здравство Имер Селмани идната недела. Советот на синдикатот на клиничкиот центар донел одлука дека нема да штрајкуваат во петок.
Горги Тренковски е единствениот кандидат за директор на Фондот за здравство – Тренковски е директор на „Ре-медика“ – изборот е утре. Управниот одбор кој го предлага новиот директор веќе е составен. Горги Тренковски е единствениот кандидат за директор на Фондот за здравство Тренковски е директор на ...
Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита на РМ бара итна средба со министерот за здравство Имер Селмани заради почитување на колективниот договор според кој 24.000 здравствени работници за месец август треба да земат плата зголемена од 22 до 35 проценти.
Од идната недела можна е целосна блокада на здравството. Сите клиники најавуваат штрајк, го бараат зголемувањето на платите од 35% што пред избори го договорија синдикатот и претходната власт. Бараат итна средба со министерот Селмани оти трпението на лекарите е при крај.
Министерот Селмани не може да го ревидира колективниот договор – тоа е само негова замислена бајка – ова е реакцијата на синдикатот за здравство и фармација при ССМ, по најавите од Селмани дека е неизвесно дали ќе се продолжи исплата на зголемените плати во здравството.
Пациентите не се заштитени, поради што ќе се донесе закон со кој ќе бидат загарантирани нивните права, а тие што се незадоволни ќе можат да пријават на телефонска линија Пациентите не се доволно заштитени, поради што ќе донесеме нов закон со кој ќе бидат загарантирани нивните права, а тие што се ...
КОНКУРС ЗА ОБУКА НА МЕНАЏЕРИ ВО ЗДРАВСТВОТО Од почетокот на идната година здравствените институции ќе ги раководат двајца директори што ќе го завршат курсот за менаџмент и лидерство во здравството и ќе го положат испитот за директори, најавуваат од Министерството за здравство.
Владата денеска најверојатно ќе постави директор на Фондот за здравствено осигурување и воедно ќе избере членови на Управниот одбор на оваа институција. За в.д. директор најмногу се врти името на Ѓорѓи Тренковски, менаџер од приватната општа болница „Ре-медика", кој се смета за кадар на ВМРО-ДПМНЕ.
На денешната Владина седница треба да се наименува нов в.д. директор на Фондот и нов Управен одбор Министерот за здравство Имер Селмани вчера му даде целосна поддршка на Самостојниот синдикат на Клиничкиот центар во нивните барања лекарите августовската плата да ја земат според потпишаниот ...
Советот на синдикатот в среда ќе одлучи ќе има или не штрајк во клинички. Вака се изјаснија од синдикатот по денешната средба со министерот Селмани. Министерот им предложил да почекаат владата утре да го назначи управниот одбор на фондот и новиот в.д.
Синдикатот на Клинички центар и министерот за здравство Имер Селмани денеска ќе се обидат да изнајдат заеднички прифатливо решение за да не се реализира најавуваниот генерален штрајк. Синдикалците си го бараат зголемувањето на платите од 35%, што по тримесечно исплатување им беше сопрено во ...
Синдикатот на клинички се повлекува од идејата за генерален штрајк. Министерот за здравство Селмани побарал време да утврди дали за зголемување на платите има пари во здравствената каса. Синдикатот на клинички се повлекува од идејата за генерален штрајк.