TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Измамници во името на А1 крадат пари од граѓаните

А1 - 22.05.2002

Злоупотребувајќи ја довербата на граѓаните кон А1, изминативе денови непознати млади луѓе се преставуваат дека се вработени во А1 и на своите жртви им велат дека се добитници на извесни награди од телевизијата за кои единствено треба да го подмират данокот во висина од околу 1.200 денари.

Ѓорчев: Не смее да се бојкотира министер со 700 илјади партиски гласови

Утрински - 22.05.2002

Гневна од одлуката за игнорирање на Љубе Бошкоски ВМРО-ДПМНЕ отвора фронт против А1 Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев, вчера упати остар протест до медиумите, како што рече, поради нивната одлука да го бојкотираат министерот за внатрешни работи Љубе Бошкоски.

ВМРО-ДПМНЕ во војна против медиумите

Дневник - 22.05.2002

владеЈаЧката партиЈа во офанзива Острицата на нападот е насочена спрема телевизијата "А1", а таборот на Георгиевски обвинува некои новинари дека вршеле политичка промоција на Али Ахмети ВМРО-ДПМНЕ вчера почна нова војна против медиумите.

ВМРО-ДПМНЕ ја нападна А1

Вест - 22.05.2002

"Телевизија А1 шири дезинформации и форсира тези дека ВМРО-ДПМНЕ воведува тоталитаризам и го загрозува правото на информирање на јавноста". Вака вчера ВМРО-ДПМНЕ, преку портпаролот Влатко Ѓорчев, ја обвини А1 и, за возврат, наведе серија клевети против сопственикот Велија Рамковски.

А1 трн во око на владеачката ВМРО-ДПМНЕ

А1 - 21.05.2002

Предизборните подготовки започнаа со спонзорства, пазарења, преплатени и неплатени програми. За непослушните на власта директни напади, закани и притисоци. Владеачката ВМРО-ДПМНЕ за непослушните понуди притисоци, невистини и лаги и отворен фронт против А1.