TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

АРМ демантира дека бачилото било гранатирано

А1 - 24.03.2006

Бачилото на Иснифарис Џемаили не било гранатирано, тврдат за А1 поранешни припадници на армијата. Хеликоптерите на АРМ не дејствувале на 27 јуни 2001 година на Шар Планина. Целиот случај е конструиран, велат нашите извори. Таа област била следена со патролирање на хеликоптерите и тоа со мешан ...

За Правобранителството и овците се повредни од бранителите

Време - 24.03.2006

АДВОКАТОТ ШЕХТАНСКИ ОБВИНУВА Јавното правобранителство нема ист аршин за овците и за македонските бранители, изјави вчера адвокатот Ванчо Шехтански. Според Шехтански, јавната правобранителка Зоја Лега не ги штитела државните туку личните интереси.

Маневски чека да му го достават предметот

Време - 24.03.2006

„БАЧИЛО“ СЕ УШТЕ МИСТЕРИЈА Антикорупциската комисија ќе ги изнесе податоците за случајот „Бачило“ откако ќе изврши непосреден увид во него, изјави вчера Михајло Маневски, претседател на Комисијата. - Засега нема ништо да коментираме затоа што се уште не сме го добиле предметот.

Затворена вистината за бачилото

Дневник - 24.03.2006

Државната комисија за спречување корупција завчера попладне ја побарала целата документација за случајот „Бачило“ за да утврди како е водена постапката по која државата исплати повеќе од 720.000 евра отштета и камати за бачило гранатирано во конфликтот во 2001 година.

Шехтански бара одговорност од Лега Станоевска

А1 - 23.03.2006

Државата има различен аршин. Некои ќарија од конфликтот, други треба да и плаќаат на државата. Адвокатот Шехтански бара одговорност од правобранителката Зоја Лега Станоевска, која успеа да ги укине пресудите за отштета на бранителите, а овците на Џемаили од Камењане не ни стигнаа до Врховниот суд.

Антикорупциската комисија „влезе“ во бачилото

Време - 23.03.2006

ПО НАЈАВАТА ДЕКА ЌЕ ГО ИСПИТА СКАНДАЛОТ Случајот „Бачило“ е мегаскандал и криминал, а главните актери се високите владејачки структури меѓу кои и премиерот Владо Бучковски, изјави Александар Бичиклиски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, на вчерашната прес-конференција.

Барал отштета за 250, му платиле за 900 овци

Дневник - 23.03.2006

Сопственикот пријавил и два различни податоци за денот на гранатирањето на бачилото, меѓу кои има „дупка“ од цели шест месеци Првата пријава за штета во случајот „Бачило“ била за 250, а не за 900 овци, тврдат судски извори запознати со процесот.

Нешто чади од бачилото

Дневник - 23.03.2006

Велат, каде има чад, има и оган. Уште не видовме што гори во случајот „Бачило“, но, што и да е, чади. Штипе очи. А засегнатите институции, државни и судски, досега огнот го гаснеа со масло. Владата тврди едно, Врховниот суд друго, Јавното правобранителство, пак, има свое објаснување...

Бачилото на Џемаили под лупа на Антикорупциската комисија

А1 - 22.03.2006

Преплатеното бачило на Џемаили под лупа на Антикорупциската комисија. Од судот попладнево ја побараа речиси целата документација - пресуди, изјави, вештачења. Ги интересира по кои критериуми овците на Џемаили од Камењане се проценети на 727.000 евра.

Досие: Хероите на македонското независно судство

Време - 22.03.2006

Тие меѓусебно се препукуваат и се обвинуваат, некои од нив најавуваат клучни реформи и жестока борба со криминалот, за на крајот бесшумно да го завршат мандатот, оставајќи зад себе голем број афери, недоречености и нелогичности.

Никој не извршил увид кај бачилото?

Дневник - 22.03.2006

Немаме добиено барање за вештачење од никој суд и таков предмет нема во нашата евиденција, тврдат во агенцијата „Ексинг“ Ниту локалниот ветеринар ниту агенцијата за вештачење наведена во официјалните владини информации за случајот „Бачило“ не вршеле вештачење во судскиот спор во кој државата ...

Зоја Лега: Случајот „Фершпед“ е завршен

Време - 21.03.2006

ПРАВОБРАНИТЕЛСТВО ПРЕСЕЧЕ За Јавното правобранителство случајот приватизација на „Фершпед“ е завршен, изјави вчера првата правобранителка Зоја Лега Станоевска. Таа тврди дека постапила согласно со законите и дека за сработеното поднела извештај и до антикорупциската комисија.

Овците биле три пати вештачени

Вест - 21.03.2006

ЈАВНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ЗОЈА ЛЕГА НЕ ЧУВСТВУВА ВИНА ЗА СЛУЧАЈОТ "БАЧИЛО" Во случајот "бачило" за Јавното правобранителство нема политика, а тоа презело се што е потребно да се заштитат државните интереси Јавниот правобранител Зоја Лега Стојановска вчера ги негираше информациите дека во случајот ...

Високите камати ги изедоа овците

Време - 21.03.2006

ЗОЈА ЛЕГА-СТАНОЕВСКА ЗА СЛУЧАЈОТ „БАЧИЛО“ Не чувствувам одговорност за случајот „Бачило“, кој доби непотребни политички димензии, изјави вчера Зоја Лега-Станоевска, јавната правобранителка што беше директно прозвана од премиерот Владо Бучковски за овој случај.

Јавната правобранителка не чувствува одговорност за "случајот Бачило"

Утрински - 21.03.2006

По сомневањата за висината на отштетата од 727.000 евра за рекетираното бачило Според правобранителката Зоја Лега - Станоевска, случајот е непотребно исполитизиран, со што е загрозен угледот на институцијата јавен правобранител, но и угледот на семејството што ја добило отштетата.

И Врховниот суд ќе досудеше иста сума за бачилото

Дневник - 21.03.2006

Не побаравме заштита на законитоста бидејќи не е утврдена повреда на законитоста, изјави правобранителката Зоја Лега-Станоевска Јавниот обвинител Александар Прчевски ќе провери дали заменик-јавниот обвинител Бардук Кука донесол правилна одлука кога одлучил да ја отфрли иницијативата за покренуваае ...

Ако ги знае доказите и Врховен исто ќе одлучи

Вечер Прес - 21.03.2006

"Доколку Врховниот суд ги има доказите врз основа на кои е утврдена одговорноста на државата и висината на штетата во случајот Бачило, би донел идентична пресуда какои првостепениот суд", смета јавната правобранителка Зоја Лега-Станојевска.

Лега не чувствува одговорност за случајот „Бачило“

А1 - 20.03.2006

Зоја Лега конечно се појави. Но не објасни зошто државата без проблем му исплатила 727.000 евра на Џемаили од Камењане. Не чувствува одговорност. За Правобранителката, тоа не е огромна сума за едно бачило. Се било чисто во овој случај.

Лега: Случајот „Фершпед“ е завршена работа

А1 - 20.03.2006

Случајот „Фершпед“ е завршена работа. Судски спор за поништување на приватизација нема да има. Ова е дефинитивната одлука на Јавното правобранителство. Ја соопшти лично Лега. По една година молк пред јавноста, првиот човек на институцијата задолжена да го штити државниот имот изјави дека нема основ ...

Случајот „Бачило“ непотребно се политизира, тврди јавниот правобранител Зоја Лега Станојевска

Канал5 - 20.03.2006

Седумстотини илјади евра во случајот „Бачило“ за уништени 929 овци, 31 коњ, 4 ждребиња, над 81.илјада килограми сирење и 2720 канти се исплатени од сметката на Министерството за одбрана по законито водена судска постапка во која се направени три вештачења, соопшти денеска Јавниот правобранител Зоја ...