Владата на фирмите кои се занимаваат со обработка на целулоза им дава 54 дена за да се јават на тендер за набавка на тоалетна хартија за потребите на Владата. Наспроти тоа, обвини вчера ВМРО-ДПМНЕ, на Владата и се доволни само 14 дена за да најде на кого да го продаде ЕСМ.
Владата даде зелено светло за Предлогот за донесување закон за изменување и дополнување на Законот за преобразба на ЕСМ-АД за производство, пренос и дистрибуција на електрична енергија, во државна сопственост. Со тоа, овој предлог-закон влегува во собраниска процедура и се очекува да биде донесен ...