TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Кинезите не доаѓаат во Тирана

Утрински - 13.05.2006

кина - албанија Тирана - Пекинг ги откажа официјалните средби со претставници на албанската влада и покрај тврдењата на шефот на албанската дипломатија, Бесник Мустафај, оти нема криза во односите Тирана-Пекинг. Кинескиот амбасадор во Тирана, како што јави Макфакс, го информирал албанскиот народен ...

Откажани официјалните средби Тирана-Пекинг

А1 - 12.05.2006

Пекинг ги откажа официјалните средби со претставници на албанската Влада и покрај тврдењата на шефот на албанската дипломатија Бесник Мустафај оти нема криза во односите Тирана-Пекинг. Кинескиот амбасадор во Тирана, како што јавува Макфакс, го информирал албанскиот народен правобранител Ермир ...

Се продлабочува дипломатската криза меѓу Пекинг и Тирана

А1 - 11.05.2006

Дипломатската криза меѓу Пекинг и Тирана се продлабочува откако албанските власти се согласија да прифатат петмина муслимани Ујгури од Кина, кои кинеските власти ги сметаат за терористи и членови на организацијата Источен Туркменистан.

Пекинг ги замрзна односите со Тирана

Дневник - 11.05.2006

Кинеските власти објавија дека ги замрзнуваат сите дипломатски односи со Албанија, откако Тирана одби да ги екстрадира петтемина кинески државјани обвинети за тероризам. Одлуката значи дека ќе бидат откажани сите планирани средби на функционери од двете земји.

Кина ги замрзна дипломатските односи со Албанија

А1 - 10.05.2006

Официјален Пекинг соопшти дека ги замрзнува дипломатските односи со Албанија, кои по неколкудецениско заладување беа обновени пред 14 години. Оваа одлука на Пекинг доаѓа откако вчера Тирана одби да и ги предаде петмината нејзини државјани од ујгурско потекло, кои во петокот беа трансферирани од ...

Кина ги бара од Албанија своите терористи

Дневник - 10.05.2006

Кина побара од Албанија да и' ги предаде петтемина кинески државјани, ослободени од американскиот центар за притворање осомничени терористи, во воената база Гвантанамо на Куба. Петте кинески државјани биле уапсени при воената интервенција на САД за соборување на талибанскиот режим во Авганистан.

Кина побара од Албанија да и ги предаде кинеските муслимани

А1 - 09.05.2006

Кина побара од Албанија да и ги предаде петмината кинески муслимани ослободени од Гвантанамо. Пекинг објави, дека Ујгурите се дел од терористичка организација. Во моментов Албанија ги обработува молбите за азил на петмината муслимани, кои пристигнаа во петокот.

Кина побара Албанија да и ги предаде петмината муслимани од Гвантанамо

Макфакс - 09.05.2006

Тирана Кина побара од Албанија да и ги предаде петмината кинески муслимани ослободени од Гвантанамо. Пекинг објави, дека Ујгурите се дел од терористичка организација. Во моментов Албанија ги обработува молбите за азил на петмината муслимани, кои пристигнаа во петокот.

Кинески муслимани депортирани во Албанија

Утрински - 08.05.2006

Уникатна грижа за човековите права од САД Вашингтон - Американските власти депортираа петмина кинески муслимани од затворот Гвантанамо во Албанија, соопшти Би-Би-Си. Петтемина не се опасност за САД. Вашингтон не ги враќа во Кина, зашто таму тие ќе бидат подложени на испитување од властите, посочи ...