TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Органите да имаат слух за приватноста

Време - 12.09.2008

Истражниот судија и обвинителот во иднина ќе бидат гарант за заштитата на приватноста на граѓаните бидејќи тие се единствените органи што ќе можат да го спречат прислушувањето во случаите кога тоа, иако е озаконето, нема да биде целосно оправдано, сметаат експертите по кривично право.

Eкспертите и' порачаа на Маковеј

Утрински - 12.09.2008

Кој ќе ја врши контролата на МВР во прислушувањето, прашуваат познавачите на кривично право Гордана Дувњак Експертите и' порачаа на Моника Маковеј, владината советничка за корупција, да не заборава дека со либерализацијата на прислушувањето и' прави лоша услуга на Македонија, бидејќи нашата земја ...

УТРИНСКИ ВЕСНИК: Експертите и' порачаа на Маковеј: Македонија не е Романија

Нетпрес - 12.09.2008

УТРИНСКИ ВЕСНИК: Експертите и' порачаа на Маковеј: Македонија не е Романија Експертите и' порачаа на Моника Маковеј, владината советничка за корупција, да не заборава дека со либерализацијата на прислушувањето и' прави лоша услуга на Македонија, бидејќи нашата земја има сериозни проблеми во ...

Законот за прислушување ги прекршувал човековите права

А1 - 11.09.2008

Товарот за заштита на приватноста од неоправдано прислушување, отсега во целост паѓа на истражниот судија, сметаат експертите по кривично право. Тој ќе мора да прави баланс меѓу почитувањето на човековите права и борбата со корупцијата.

Експертите не го прочитале Законот

Време - 11.09.2008

Не може експерти по земјоделски и по енергетски науки да даваат мислење за прашања кои се однесуваат на државната безбедност и на борбата против организираниот криминал.

Полицијата негира дека се прислушува неконтролирано

Утрински - 11.09.2008

Полицијата негира дека се прислушува неконтролирано Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, вчера ги демантираше обвинувањата во јавноста изречени од експертите дека, по последните законски измени во сферата на следењето на комуникациите, нема контрола во прислушувањето.

МВР: Законот за прислушување е моќна алатка за борба против корупцијата

Н.Македонија - 11.09.2008

МВР остро се спротивстави на тврдењата на домашните експерти дека со новиот закон за прислушување се нарушуваат човековите права и е можна честа злоупотреба. Оттаму тврдат дека овој закон претставува моќна алатка во борбата против организираниот криминал.

Прислушувањето е дел од осумте препораки на ЕУ

Канал5 - 11.09.2008

Владината советничка Моника Маковеј тврди дека измените во законот за следење на комуникациите се дел од барањата на Европа кои Македонија морала да ги инкорпорира во законот.

Стапи на сила Законот за следење комуникации

А1 - 10.09.2008

Евроамбасадорот Ерван Фуере побарал официјално толкување од Брисел дали измените на Законот за следење на комуникациите, кои стапија на сила од денеска, ги загрозуваат правата и слободите на граѓаните.

Различни гледишта за законот за прислушување

А1 - 10.09.2008

Измените на законот за следење на комуникациите, донесени во итна и скратена постапка, се направени транспарентно, уверува министерката за внатрешни работи Јанкуловска. За нив, тврди таа, позитивно се изјасниле надлежните институции и меѓународни експерти.

Криминална критика

Време - 10.09.2008

Владата го донесе Законот за следење на комуникациите, со кој полицијата и одбраната добија одврзани раце да прислушуваат секого за кого имаат и најмало сомневање дека е вклучен во криминални дејства.

Критичарите на законот прогласени за криминалци

Време - 10.09.2008

Македонската полиција се обидува на срамен начин да ги посочи како поддржувачи на криминалот и на корупцијата сите тие што мислат поинаку од власта и што го креваат својот глас против новиот Закон за следење на комуникациите, реагираат експерти, интелектуалци и претставници на опозицијата по ...

„Транспарентност“: Прислушувањето станува правило

Н.Македонија - 10.09.2008

„Отсега, практично, се овозможува прислушувањето или другите електронски средства за следење и снимање да станат правило, а не исклучок во собирањето на потребните докази“, смета Сашо Ордановски, претседател на „Транспарентност Македонија“, по повод измените во законот за следење на комуникациите.

Законот за комуникациите ќе ги штити граѓаните

Дневник - 10.09.2008

Законот за комуникациите ќе ги штити граѓаните Законот за следење на комуникациите, кој е во сила од завчера, не ги загрозува правата и слободите на граѓаните, изјави министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, откако невладината „Транспарентност Македонија“, обвини дека власта сега доби ...

Јанкуловска: Прислушувањето ефикасно во борба против криминалот

Кирилица - 10.09.2008

Околу измените на Законот за следење на комуникации кој вчера Собранието ги изгласа со двотретинско мнозинство, се јавија доста реакции за негова можна злоупотреба.

Петковски ќе бара Уставниот суд да го оцени Законот за прислушување

Кирилица - 10.09.2008

Полицијата сега може да прислушува телефони, да инсталираат специјална опрема во сечиј стан или канцеларија, да поставуваат бубачки за прислушување или камери во домовите.

Прислушувањето нема да се злоупотребува

Вечер Прес - 10.09.2008

Прислушувањето нема да се злоупотребува Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска вчера ги демантираше шпекулаците кои се појавија во јавноста околу измените во законот за следење на електронските комуникации.

Јанкуловска: Законот за следење на комуникациите нема да ги загрози човековите права

Канал5 - 10.09.2008

Законот за следење и прислушување не ги загрозува човековите права на граѓаните. Измените во законот се со цел за прилагодување кон законот за кривична постапка, со што полицијата добива уште една алатка во борбата против организираниот криминал.

Јанкуловска: Полицијата е само извршител, налог за следење на комуникации издава судот

Нетпрес - 10.09.2008

Со измените во законот за следење на комуникации што беше изгласан со двотретинско мнозинство во Парламент, ќе се добие еден силен инструмент во борбата, уште една ефикасна алатка во борбата против криминалот и корупцијата, рече денеска,министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска.

Со новиот закон прислушувањето ќе се злоупотребува за политичка дисквалификација

Канал5 - 09.09.2008

Новиот закон за специјални полициски мерки за собирање докази со кој се дозволува некој да се прислушува само врз основа на сомнение, ќе се злоупотребува за политичка дисквалификации критикува невладината Транспарентност Македонија.

МВР реагира на Законот за прислушување

А1 - 08.09.2008

Во реакцијата на Министерството за внатрешни работи за донесувањето на Законот за прислушување се вели. „Сега, кога Република Македонија после 15 години конечно почна да добива позитивни оценки за напорите во сузбивањето на корупцијата, очекувано е да се јават поединци и интересни групи кои би се ...