TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

СДСМ: Владата ја штити „Окта“

Дневник - 12.01.2008

Во новогодишниот договор со „Окта“, кој ја потврдува најштетната и криминална приватизација досега, Владата скандалозно констатира дека „Окта“ ги завршила инвестициите за инсталирање на фамозниот десулфуризатор, а ништо од тоа не е направено, обвини СДСМ.

Највесела ноќ

Утрински - 12.01.2008

Мислења ЈАНИ МАКРАДУЛИ Од записникот на една седница на една влада (Седницата се оддржа на 31.12.2007, а започна во 13,55 часот, веднаш по пристигнувањето на премиерот од неговиот дом) Премиерот предложи, заради подготовки за највеселата ноќ, седницата да има само 2 (две) точки.

ОКТА продолжува да ги труе граѓаните, тврди СДСМ

Утрински - 12.01.2008

Според опозицијата, договорот и' овозможува на рафинеријата да работи монополски и да оствари екстра- профит Ветената инвестиција за десулфуризатор не е остварена во предвидениот рок, со што рафинеријата ОКТА ги труе и ги ограбува граѓаните, тврди опозицискиот СДСМ.

Владата дала дозвола за десуфуризаторот

Вечер Прес - 12.01.2008

Во договорот за порамнување, што пред новогодишните празници беше склучен со Окта, Владата констатирала дека Рафинеријата ги завршила инвестициите за инсталирање на фамозниот десулфуризатор и се обврзала веднаш да издаде дозвола за тоа, обвини вчера опозициската СДСМ.

СДСМ: Владата се договори во интерес на „ОКТА“

А1 - 11.01.2008

Опозицијата со нови обвинувања за дополнителниот договор на Владата со грчките газди на „ОКТА“. Тврдат дека власта се договарала исклучиво во интерес на рафинеријата, а на штета на граѓаните. Социјалдемократите потенцираат дека Владата и признава на „ОКТА“ повисока цена за неквалитетните горива, а ...

Владата го воскресна монополот на „Окта“

Време - 11.01.2008

СДСМ ОБВИНУВА Владата повторно го воскреснува монополот на „Окта“, со што испраќа јасен сигнал до странските нафтени компании да не доаѓаат во Македонија велејќи им: „Уште најмалку 18 месеци не сте пожелни тука, бидејќи Владата ќе прави криминален бизнис со ‘Окта‘“, изјави вчера Игор Ивановски, ...

ОКТА не ги завршила инвестициите во десулфоризаторот

Канал5 - 11.01.2008

ОКТА не ги завршила инвестициите во десулфоризаторот тврди СДСМ. Тоа според партијата е спротивно на договорот меѓу владата и рафинеријата. ОКТА не ги завршила инвестициите во десулфоризаторот тврди СДСМ. Тоа според партијата е спротивно на договорот меѓу владата и рафинеријата.

СДСМ_ Владата и ОКТА го воскреснуваат монополот

Утрински - 11.01.2008

СДСМ на вчерашната прес-конференција повторно обвини дека со договорот што го потпиша Владата на 31 декември 2007 година со ОКТА го воскреснува монополот на рафинеријата, со што праќа јасен сигнал до странските нафтени компании да не доаѓаат во Македонија најмалку уште 18 месеци.

„Окта“ диктира и правилници и цени за квалитет на бензините

Дневник - 11.01.2008

Ако цената на бензините не ја определува Регулаторната комисија, рафинеријата нема да може да ја диктира Само пазарно формирање на цените на горивата може да не' спаси од одредбите во купопродажбениот договор со „Окта“, кои се однесуваат на методологијата за нивна пресметка.

Владата го воскресна монополот на ОКТА

Вечер Прес - 11.01.2008

Опозицијата не може машки да ја поднесе владината лекција по транспарентност, одговори владиниот портпарол Ивица Боцевски на опозициските обвинувања Владата го воскресна монополот на Окта со договорот за порамнување што беше потпишан пред новогодишните празници, обвини вчера опозициската СДСМ.

СДСМ: Зацементиран монополот на ОКТА

А1 - 10.01.2008

Владата и го зацементира монополот на ОКТА. Опозицијата обвини дека власта со новиот договор со грчките газди сака на големите потрошувачи да им продава струја од ТЕЦ Неготино со мазут од Скопската рафинерија. „Со договорот од 1999 година и со новогодишниот ОКТА 2 договор, владата на ОКТА и ...

Најновиот договор со „Окта“ е криминален

Време - 10.01.2008

СДСМ Договорот склучен со „Окта“ на 31 декември е криминален, штетен и коруптивен, зашто со него Владата презела обврска рафинеријата во иднина да ги зголеми производствените цени на сите нафтени деривати што таа ги произведува, обвини опозициската СДСМ.

СДСМ: Владата и „Окта“ договориле поскапување на горивата

Дневник - 10.01.2008

Со Спогодбата за порамнување, која во последниот ден од 2007 година го потпишаа вицепремиерот Зоран Ставрески и министрите за економија и за финансии Вера Рафајловска и Трајко Славески, Владата и „Окта“ договориле поскапување на нафтените деривати, предупреди СДСМ.

Од ТЕЦ Неготино ќе профитира ОКТА

Канал5 - 10.01.2008

Договорот со ОКТА е поврзан со идејата на владата да им продава енергија на големите потрошувачи од ТЕЦ Неготино - обвинува опозицијата. Во СДСМ пресметале дека со работата на термоцентралата, ќе се потроши двојно повеќе мазут, со што ќе профитира рафинеријата.

СДСМ_ Најновиот договор со ОКТА е криминален

Утрински - 10.01.2008

Договорот склучен со ОКТА на 31 декември е криминален, штетен и коруптивен, зашто со него Владата презела обврска рафинеријата во иднина да ги зголеми производните цени на сите нафтени деривати што таа ги произведува, обвини вчера опозициската СДСМ.

Договорот за порамнување е криминален

Вечер Прес - 10.01.2008

Договорот за порамнување, склучен пред Нова година за Окта, е криминален, штетен и коруптивен, зашто со него Владата презела обврска рафинеријата во иднина да ги зголеми производствените цени на сите нафтени деривати што таа ги произведува, обвини вчера опозициската СДСМ.

СДСМ: Договорот со ОКТА е криминален

А1 - 09.01.2008

Договорот склучен со ОКТА е криминален , штетен и коруптивен зашто со него владата презела обврска рафинеријата во иднина да ги зголеми производните цени на сите нафтени деривати што таа ги произведува- обвини денеска опозициската СДСМ.

Европската комисија нема основа да ја казни ОКТА

Утрински - 09.01.2008

Во следните 18 месеци рафинеријата ОКТА ќе произведува горива со висока концентрација на сулфур што не соодветствуваат на пропишаните европски стандарди. Ова е дел од спогодбата која Владата ја постигна со скопската рафинерија на 31 декември минатата година, откако Арбитражниот суд во Париз пресуди ...

Владата дозволила Окта во иднина да ги зголеми цените на бензините

Канал5 - 09.01.2008

Владата дозволила Окта во иднина да ги зголеми цените на бензините, тврдат од СДСМ. Отстапката е во членот 6 од новогодишниот договор за порамнување на долгот кон рафинеријата, во кој, според опозицијата, стои дека ОКТА може да ги корегира цените за да се заштити од евентуални загуби и да го зачува ...