TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Македонската тениска селекција го загуби и дубл мечот

А1 - 07.04.2007

Македонската тениска селекција не успеа да го сочува позитивниот резултатски тренд во Девис купот. Пораз на дебито во првата евро африканска зона од силната словачка репрезентација. Словаците денеска беа недопирливи и во дублот и дојдоа до недостижни 3:0 во победи.

Словаците го оправдаа рејтингот

Вест - 07.04.2007

ТЕНИС, ДЕЈВИС КУП Мертињак ја доведе Словачка во водство по победата над Магдинчев од 3:1, а зголеми Хрбати со убедливиот триумф над Русевски Премиерниот настап на нашата тениска репрезентација во Првата евроафриканска зона од Дејвис купот започна со два пораза.

Само сет во стартот со Словачка

Утрински - 07.04.2007

Магдинчев загуби со 3:1 од Мертињак, а Русевски со 3:0 од Хрбати, за водство на гостите од 2:0 во мечот од Првата група на Дејвис купот РОБЕРТ ДИМИТРИЕВСКИ Еден сет е се' што успеаја македонските тенисери да освојат во првиот натпреварувачки ден од дуелот со седмата светска сила Словачка, која ...

Словачка пресилна за изненадување

Дневник - 07.04.2007

Само во третиот сет Магдинчев прикажа добра игра, кога успеа да му одземе сет на Мертињак Првиот македонски рекет Лазар Магдинчев загуби од вториот словачки тенисер Михал Мертињак со 1-3 (3-6, 2-6, 6-4, 4-6), а нашата репрезентација има негатива од 0-1 во поени против седмата светска тениска ...

Бекендот фатален за Магдинчев

Вечер Прес - 07.04.2007

Македонскиот тенисер Лазар Магдинчев, по 3,49 часа игра загуби во првиот настап во Девис купот, во првата Евро-африканска зона против Мајкл Мартинак со 3:6, 2:6,6:4 и 4:6. Во првите два сета гостинот од Словачка делуваше посигурно и релативно лесно ги реши во своја корист.

Дејвис куп репрезентација губи со 2:0 од Словачка

А1 - 06.04.2007

Македонската тениска Дејвис куп репрезентација убедливо губи со 2:0 од селекцијата на Словачка, по првите два меча во поединечна конкуренција од дуелот во второто коло на првата евро африканска зона. Наспроти оптимистичките желби и предвидувања за резултатска реприза на ланскиот успех против ...

Да се смачка Словачка!

Време - 06.04.2007

ДЕЈВИС КУП, ПРВА ЕВРОАФРИКАНСКА ЗОНА: МАКЕДОНИЈА - СЛОВАЧКА Одличната серија од 38 месеци без пораз, земјениот терен, лошата форма на Словаците и пеколната атмосфера на терените на ТК Југ, од денеска до недела ќе бидат главните македонски адути во обид тениската дејвис-куп репрезентација да го ...

Преку Словачка до светската тениска елита

А1 - 05.04.2007

Магдинчев-Мертанек и Русевски-Хрбати се двојките за утрешниот прв ден од двобојот на тениските репрезентации на Македонија и на Словачка. На терените на Југ во Скопје, нашата селекција ќе се бори со седморангираната светска за место во плеј-оф натпреварите за пласман во елитата.

Русевски и Магдинчев по нова сензација

Вест - 05.04.2007

ТЕНИС - УТРЕ ПОЧНУВА ДЕЈВИС КУП ДУЕЛОТ СО СЛОВАЧКА Македонската тениска репрезентација подготвува нова сензација во Дејвис купот кога утре ќе го почне историскиот дуел од Првата евроафриканска зона со Словачка на теренот на ТК Југ.

Нека биде велик денот

Дневник - 05.04.2007

Македонија е пред нов историски предизвик - пласман во Светската група, во што ќе ни се попречи седмата на светот Словачка Пред нов историски предизвик, токму на Велигден, ќе се најдат македонските Дејвис-куп репрезентативци во дуелот против Словачка во 2. коло од Првата Евроафриканска зона.

Македонија посакува чудо и против Словачка

Утрински - 05.04.2007

Дејвис куп Денеска ждрепка на двојките за историскиот меч за македонскиот тенис во Дејвис купот, кој почнува утре на терените на Југ РОБЕРТ ДИМИТРИЕВСКИ Целокупната спортска јавност во Македонија со нетрпение го очекува утрешниот почеток на историскиот натпревар против Словачка во рамките на ...

Русевски и Магдинчев не загубиле во двојки 38 месеци

Време - 05.04.2007

УТРЕ ИГРААТ МАКЕДОНИЈА И СЛОВАЧКА ВО ДЕЈВИС-КУПОТ Никола Богојевски Македонската двојка Предраг Русевски - Лазар Магдинчев одново ќе биде клучот за евентуалниот нов сензационален успех на тениската дејвискуп-репрезентација на нашата земја, во пресрет на дуелот со седмата светска сила Словачка, ...

Победа за во историја

Вечер Прес - 05.04.2007

Оптимизмот е присутен во двата табора, иако Словачка има поголем АТП рејтинг во однос на Македонија Од 6 до 8 април на централниот тениски терен, на ТК Југ, во Градскиот парк, во Скопје, македонската тениска репрезентација го игра најважниот натпревар во Девис купот во првата Евро-африканска зона ...

Словаците се плашат од македонските тенисери

Утрински - 04.04.2007

Тренерот Мартинец вели дека не смее да се потцени домаќинот на дуелот од Дејвис купот што викендов ќе се одржи во Скопје РОБЕРТ ДИМИТРИЕВСКИ Иако на хартија голем фаворит, во таборот на тениската репрезентација на Словачка владее мобилна состојба во пресрет на натпреварот со Македонија од второто ...

Доминик Хрбати на третман пред тренингот во Градскиот парк

Дневник - 04.04.2007

Доминик Хрбати, главниот адут на гостите од Словачка, има повреда на грбот поради која бараше медицински третман пред вчерашниот тренинг на терените на ТК Југ. Од задутре до недела, Македонија ќе биде домаќин на 7. светска селекција во меч од Првата евроафриканска зона. Хрбати е 25.

Словаците слабо играат на земја

Време - 04.04.2007

ВО ПРЕСРЕТ НА ДУЕЛОТ ВО ДЕЈВИС-КУПОТ МАКЕДОНИЈА - СЛОВАЧКА Никола Богојевски Седмото место на ранг-листата во Дејвис-купот и доаѓањето на тениската ѕвезда Доминик Хрбати (25. на АТП-листата) изгледаат моќно и речиси непремостливо за македонската тениска репрезентација во претстојниот (од петок до ...

Русевски прв рекет против Словаците

Утрински - 03.04.2007

Противникот на Македонија во дебито во Првата група од Дејвис купот викендов најверојатно со Червенак место Лачко РОБЕРТ ДИМИТРИЕВСКИ Предраг Русевски првпат ќе ја има улогата на прв рекет во тениската репрезентација на Македонија во нејзиното деби во Првата група од Евроафриканската зона на Дејвис ...

Добрата форма и домашниот терен - адути

Дневник - 03.04.2007

Русевски го има најдобриот пласман во кариерата - 409-ти, по двете победи во сингл на турнирите во Гана Добрата форма на македонските тенисери ќе биде главен адут во битката против седморангираната светска селекција Словачка, во Дејвис-куп мечот од Првата евроафриканска зона претстојниов викенд во ...

Да се искористи слабата форма на Хрбати

Вест - 03.04.2007

ТЕНИС - ПРЕД ДЕЈВИС КУП МЕЧОТ СО СЛОВАЧКА Македонската тениска репрезентација против Словачка ќе се обиде да направи нова сензација на своето деби во Првата евроафриканска зона од Дејвис купот. Дуелот почнува в петок на терените на ТК Југ во Скопје.

Словачка - голем предизвик

Вечер Прес - 03.04.2007

Македонската тениска репрезентација викендов во Скопје (6-8 април), ќе го одигра најзначајниот натпревар во првата зона од Девис купот, против селекцијата на Словачка. Доколку ја совлада, ќе обезбеди учество во квалификациите од светската група.

Русевски и Магдинчев без преголем респект кон Словачка

А1 - 02.04.2007

Почеток на спортска седмица која за нас ќе кулминира во текот на празничниот викенд што претстои. Македонската тениска Дејвис куп репрезентација ќе се обиде да направи уште еден подвиг, да ја победи седмата светска селекција Словачка во меч од првата евро-африканска зона и да се пробие до плеј-офот ...