TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

ВМРО-НП во Битола

А1 - 25.06.2006

Кога почна кампањата за овие парламентарни избори сметав дека наспроти мене ќе имам борба со сината и портокаловата идеологија. За жал како што поминува времето јас не знам за што да дискутирам, ниту со сините, ниту со портокаловите, зошто таму не гледам ниту ставови ниту аргументи, а уште помалку ...

ВМРО НП во Штип

А1 - 24.06.2006

„Хрватска 2000-та година, ќе ве потсетам, кога ние го потпишувавме договорот за асоцијација со ЕУ беше во публиката и завидуваше на Македонија што оди напред, а тие стојат во публика. Србија која е петпати поголема од нас, ние таа 2000-та година имавме петпати поголеми државни резерви од нив, а ...

ВМРО-НП во Штип вети донесување закон за стечајците

Канал5 - 24.06.2006

Лидерот на ВМРО - Народна партија Љубчо Георгиевски на вечерашниот митинг во Штип рече дека три месеци откако неговата партија ќе дојде на власт, ќе биде донесен закон за стечајците, а ќе го заживеат и градежништвото и земјоделството Штип, 23 јуни (МИА) - Лидерот на ВМРО - Народна партија Љубчо ...

Од каде им се парите за кампања

Време - 24.06.2006

ВМРО-НП Партиите да кажат кој колку троши за кампања, а надлежните институции да проверат од каде им се парите, побара Валентина Божиновска, член на извршниот комитет на ВМРО-НП, вчера, на прес-конференција. - СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ трошат многу пари за изборна кампања.

ВМРО-НП на митинг во Валандово

А1 - 23.06.2006

Четири години ја чекаме оваа влада да видиме барем еден добар резултат од нејзиното владеење, треба ли да ја чекаме уште четири години, праша неформалниот лидер на ВМРО-НП Љубчо Георгиевски на митинг синоќа во Валандово. Тој не заборави да ги потсети валандовчани на времето пред четири години кога ...

ВМРО-НП: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ трошат многу пари за кампањата што е навредливо и лицемерно за граѓаните

Канал5 - 23.06.2006

ВМРО-Народна партија на денешната прес-конференција ги обвини СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ дека трошат огромна сума пари за изборната кампања. Скопје, 23 јуни (МИА) - ВМРО-Народна партија на денешната прес-конференција ги обвини СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ дека трошат огромна сума пари за изборната кампања.

Локалната власт го раскина договорот

Дневник - 23.06.2006

ВМРО-Народна партија вчера го раскина договорот за соработка со ВМРО-ДПМНЕ во Битола, кој на двете партии им овозможи да ја добијат власта ВМРО-Народна партија вчера го раскина договорот за соработка со ВМРО-ДПМНЕ во Битола, кој на двете партии им овозможи да ја добијат власта.

Вмровците се раскараа

Време - 23.06.2006

БИТОЛА По 14 месеци, коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и ВМРО-НП во Советот на општината Битола е на стаклени нозе и веројатно ќе биде раскината. Непосреден повод за ваквата политичка одлука е смената на директорот на ЈП „Нискоградба“ Никола Јовановски, кадар на ВМРО-НП.

Георгиевски: Покажавме како се брани земјата

А1 - 22.06.2006

„Во нашите четири години немаше гладни, а сега социјалните и фамилијарните драми и уништувањето на македонскиот граѓанин се секојдневие. Ете зошто треба да направите разлика“, рече синоќа во Радовиш неформалниот лидер на ВМРО-НП, Љубчо Георгиевски.

Владеењето на Георгиевски беше златен период за Македонија

Време - 22.06.2006

МИТИНГ НА ВМРО-НП ВО ТИКВЕШИЈАТА Првиот закон што ќе го спроведеме кога ќе дојдеме на власт ќе биде законот со кој стечајните работници со 25 години работен стаж ќе добијат пензија, зашто се жртви на македонската транзиција, вети Љубчо Георгиевски, неформалниот лидер на ВМРО-народна партија завчера ...

Се ниша локалната коалиција

Дневник - 22.06.2006

Битолскиот градоначалник Владимир Талевски вчера го разреши од функцијата в.д. директор на „Нискоградба“, кадарот на ВМРО-НП, Никола Јовановски. За директор на претпријатието сега е назначен независниот советник Драги Гроздановски, поранешен директор на Агенцијата за разузнавање.

ВМРО-НП е пример за коректност на изборите

Дневник - 22.06.2006

Покажавме конструктивност, волја и енергија за фер избори, поради нивната важност за иднината на државата Покажавме конструктивност, волја и енергија за фер избори, поради нивната важност за иднината на државата. Ќе ги почитуваме словата на законите што го регулираат изборниот процес, како во ...

ВМРО-Народна на митинг во Неготино и Кавадарци

А1 - 21.06.2006

Првиот закон кога ќе дојдеме на власт ќе биде законот со кој стечајните работници со 25 години работен стаж ќе добијат пензија, бидејќи се жртва на македонската транзиција, рече неформалниот лидер на ВМРО-НП Љубчо Георгиевски, на митингот во Неготино и Кавадарци.

Љубчо бара Бучкоски да каже дали Струга не е друга

Дневник - 21.06.2006

Нека дојде Владо Бучковски во Струга и нека им каже на стружани дека децентрализацијата е најголем успех на СДСМ Нека дојде Владо Бучковски во Струга и нека им каже на стружани дека децентрализацијата е најголем успех на СДСМ.

Македонија ја чека струшката судбина

Време - 21.06.2006

ГЕОРГИЕВСКИ Не смееме да ги затвориме очите пред фактот дека се топи македонската територија, рече синоќа на предизборниот митинг во Струга лидерот на ВМРО-НП, Љубчо Георгиевски. Според Георгиевски, Струга денес личи на град од друга држава, кога сте во Куманово не знаете дали сте во Косово или во ...

Партиите го одбија Георгиевски

Време - 20.06.2006

ПО БАРАЊЕТО НА ВМРО-НП ЗА ДВА ИЗВЕШТАИ ЗА ИЗБОРИТЕ Партиите го одбија барањето на Љубчо Георгиевски од ВМРО-НП за два посебни извештаи за изборите, еден за Македонците и друг за Албанците. Ова барање е неприфатливо и за власта и за опозицијата.

Од Народна 15-годишници преминаа во ВМРО-ДПМНЕ

Утрински - 20.06.2006

Злоупотреба ВМРО-ДПМНЕ презентираше повеќе од 20 малолетни деца кои преминале од редовите на ВМРО-Народна во нивната партија. Довчерашни припадници на Унијата на млади сили на „народњаците" од скопската населба Кисела Вода, предводени од претседателот Стојанче Зафировски, вчера на прес-конференција ...

Подмладокот на ВМРО-НП од Драчево премина во ВМРО-ДПМНЕ

Дневник - 20.06.2006

Шеесетина члена на УМС на ВМРО-Народна партија од Драчево вчера преминаа во УМС на ВМРО-ДПМНЕ. Според Стојанчо Зафировски, кој се претстави како довчерашен претседател на младинскиот разгранок на ВМРО-НП од Кисела Вода, причина за таквата одлука била намерата на Љубчо Георгиевски да влезе во ...

ВМРО-НП ќе тужи за злоупотреба на деца во кампања

Време - 20.06.2006

ШЕЕСЕТИНА МЛАДИНЦИ ПРЕМИНАА КАЈ ГРУЕВСКИ Околу 60 члена од Унијата на млади сили од Општинскиот комитет на ВМРО-НП од Кисела Вода вчера преминаа во ВМРО-ДПМНЕ. Од ВМРО-НП велат дека тоа се малолетни лица што никогаш не биле во партијата и најавија тужби за злоупотреба на деца во политички цели.

Георгиевски: Изминативе 4 години се загубено време

Време - 20.06.2006

МИТИНГ НА ВМРО-НП ВО КУМАНОВО На 5 јули, кога ќе излезете на изборите, потсетете се на времето кога во Македонија имаше пари за секого: и за работниците, и за земјоделците, и за социјалците, и за економскиот напредок. Ниту еден штрајкувачки одбор што дошол пред Владата не заминал без пари од мојата ...

Георгиевски: Струга наликува на град од друга држава

А1 - 19.06.2006

Лидерот на ВМРО Народна партија Љубчо Георгиевски синоќа од Струга го повика Бучковски да дојде во овој град и тука да каже, дали еден од најголемите успеси на СДСМ е децентрализацијата. По две години, според Георгиевски, таа од Струга направила град во кој се истиснуваат и оцрнуваат Македонците, ...

Георгиевски: Албанците не кочат

Утрински - 19.06.2006

ВМРО-НП ТЕТОВО -„Меѓународната заедница треба да направи два извештаја како се одвивале изборите во Македонија. Едниот да се однесува на тоа како кон изборите се однесувале Албанците, а вториот останатите. Да се прецизира кои заедници ја кочат а кои ја поттикнуваат демократијата.

Кавга и меѓу вмровците - ДПМНЕ тврди дека членови од НП од Драчево преминале кај нив

Канал5 - 19.06.2006

Дваесеттина младинци од ВМРО Народна со транспаренти на ВМРО ДПМНЕ се промовираа како нови членови на партијата на Груевски. Велат дека заминале од кај Георгиевски зашто нивни извори им поткажале дека се подготвува наводна коалиција на ВМРО Народна и на СДСМ.