TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Турција подготвена за договор со ММФ

Утрински - 21.11.2008

Турција подготвена за договор со ММФ. ИСТАНБУЛ – Турција е подготвена да постигне согласност за договор со Меѓународниот монетарен фонд, што ќе и' овозможи да повлече 20-40 милијарди долари од фондовите доколку биде потребно да се преброди глобална кредитна криза, изјави вчера извор од владејачката партија.

Анкара: Турција пред договор со ММФ за добивање 20 до 40 милијарди долари во случај на потреба

Р.С.Европа - 21.11.2008

Турција е пред постигнување на договор со ММФ со кој е предвидено Анкара да може да добие од 20 до 40 милијарди американски долари ако и се потребни, изјави неименуван претставник на владејачката Партија на правдата и развојот. Експертите потенцираат дека евентуалниот договор со ММФ ќе биде важен стабилизирачки фактор за земјата, која се обидува да се справи со опасносите од глобалната финансиска ...

Турција преговара со ММФ за заем до 40 милијарди долари

Макфакс - 21.11.2008

Турција почна преговори со Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за одобрување заем во висина до 40 милијарди долари. Параметрите и точната сума на заемот се уште не се официјално утврдени, соопшти, турскиот преговарач, министерот за економија Мехмет Шимсек.

Исланд ќе добие помош

Алсат-М - 20.11.2008

Западнатиот во банкрот Исланд, од своите нордиски соседи ќе добие голема финансиска помош во форма на кредити. Со тие пари ќе треба да го стабилизира сопствениот финансиски сектор кој се урна поради падот на големите банки во Америка. Во заедничкото соопштение на министрите за финансии на Данска, Норвешка, Шведска и Финска се вели дека на властите во Рејкјавик ќе им бидат ставени на располагање ...

Фарски Острови го спасија Исланд од банкрот

Дневник - 20.11.2008

Фарски Острови го спасија Исланд од банкрот. Малите Фарски Острови го извлекоа Исланд од сигурен банкрот. Северноморскиот архипелаг, лојален на данската круна, учествуваше во заедничкиот паричен заем од 3 милијарди долари, што го спаси пропаднатиот финансиски сектор на Исланд. Пари дадоа и Данска, Шведска, Финска, Норвешка, Русија и Полска.

ММФ му одобри кредит на Исланд од 2,1 милијарди долари

Канал5 - 20.11.2008

Одборот на директори на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) синоќа на Исланд му одобри кредит во висина од 2,1 милијарди долари, наменат за санација на банкарскиот систем и за стабилизација на вкупната економија во земјата. Со ова Исланд стана првата западноевропска земја што зема кредит од ММФ по 1976 година, која тоа го стори Велика Британија.

Русија на ММФ ќе му даде една милијарда долари, соопшти Путин

Канал5 - 20.11.2008

Русија ќе му додели една милијарда долари на Меѓународниот монетарен фонд за помош на земјите, што настрадаа од финансиската криза, објави денеска рускиот премиер Владимир Путин на Конгресот на неговата партија "Единствена Русија", пренесе Франс прес. -Одлучено е на ММФ да му дадеме една милијарда долари, за да им помогнеме на земјите што западнаа во особено тешка финансиска положба, рече Путин.

ММФ му одобри кредит на Исланд

Алсат-М - 20.11.2008

Одборот на директори на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) синоќа на Исланд му одобри кредит во висина од 2,1 милијарди долари. Кредитот е наменет за санација на банкарскиот систем и за стабилизација на вкупната економија во земјата. Со ова Исланд стана првата западноевропска земја што зема кредит од ММФ по 1976 година, која тоа го стори Велика Британија.

ММФ му одобри кредит на Исланд од 2,1 милијарди долари

Алфа - 20.11.2008

Одборот на директори на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) синоќа на Исланд му одобри кредит во висина од 2,1 милијарди долари, наменат за санација на банкарскиот систем и за стабилизација на вкупната економија во земјата. Со ова Исланд стана првата западноевропска земја што зема кредит од ММФ по 1976 година, која тоа го стори Велика Британија.

ММФ кредит за Исланд

Форум - 20.11.2008

Меѓународниот монетарен фонд му одобри на Исланд кредит во висина од 2,1 милијарди долари. Овие пари треба да помогнат повторно да се врати довербата во тешко погодената економија на земјата. Кредитот ќе биде исплатен во повеќе транши. Истовремено, и Нордиските земји изразија подготвеност да му помогнат на Исланд со 2,5 милијарди долари. Земјата, поради финансиската криза, се најде пред банкрот.

ММФ му одобри кредит на Исланд од 2,1 милијарди долари

Сител - 20.11.2008

Одборот на директори на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) синоќа на Исланд му одобри кредит во висина од 2,1 милијарди долари, наменат за санација на банкарскиот систем и за стабилизација на вкупната економија во земјата. Со ова Исланд стана првата западноевропска земја што зема кредит од ММФ по 1976 година, која тоа го стори Велика Британија.

ММФ му одобри кредит на Исланд

Кирилица - 20.11.2008

Според договорениот аранжман, на Исланд веднаш ќе му бидат исплатени 833 милиони долари од кредитот, додека останатите средства ќе ги добива во осум транши од по 155 милиони долари. Кредитот е со грејс период од две години. ММФ и Исланд уште на 24 октомври постигнаа договор за кредитот и тој требаше да биде одобрен на 5 ноември.

Вашингтон: ММФ одобри 2,1 милијарди долари кредит за Исланд

Р.С.Европа - 20.11.2008

Меѓународниот Монетарен Фонд му одобри 2,1 милијарда долари кредит на Исланд како помош од колапсот ан банкарскиот систем. Исланд е прва западно европска земја која прима помош од Фондот по 30 години кога помош доби Британија. Денеска и 4 нордиски земји – Шведска, Финска, Норвешка и Данска одбрија 2,5 милијарди долари заем за ...

Русија на ММФ ќе му даде една милијарда долари, соопшти Путин

Кирилица - 20.11.2008

Русија ќе му додели една милијарда долари на Меѓународниот монетарен фонд за помош на земјите, што настрадаа од финансиската криза, објави денеска рускиот премиер Владимир Путин на Конгресот на неговата партија "Единствена Русија", пренесе Франс ...

Исланд ќе побара членство во ЕУ

Утрински - 19.11.2008

Исланд ќе побара членство во ЕУ. Гетеборг- Исланд би можел да поднесе молба за членството во ЕУ веќе напролет. Исландските партии кои се против членството на земјата во ЕУ се очекува на своите вонредни конгреси што ќе се одржат во јануари да ги сменат своите ставови.

Нордиските земји го спасуваат Исланд

Алфа - 19.11.2008

Нордиските земји ќе му одобрат заем на Исланд во висина од 2,5 милијарди долари со цел земјата да ја обнови својата економија, јави денеска шведската телевизија СВТ, повикувајќи се на податоци објавени во финскиот финансиски весник „Каупалети“. Оваа нордиска финансиска помош е дел од поголем пакет во чии рамки ќе учествува и Русија со околу 500 милиони долари, јави дописникот на МИА.

Исланд напролет ќе побара влез во ЕУ?

Н.Македонија - 19.11.2008

Исланд би можел да поднесе молба за членство во Европската унија уште напролет, откако дел од исландските партии, кои се против членство на земјата во ЕУ, најавија дека на своите вонредни конгреси што ќе се одржат во јануари, ќе го сменат ставот и ќе го поддржат членството во Унијата, јави МИА.

Исланд ќе побара членство во ЕУ

А1 - 18.11.2008

Исланд би можел да поднесе молба за членството во ЕУ веќе напролет. Исландските партии кои се против членството на земјата во ЕУ се очекува на своите вонредни конгреси што ќе се одржат во јануари да ги сменат своите ставови. Со тоа би се создале услови мнозинството во исландскиот парламент, Алтинг, да се изјасни за членство во ЕУ, јави денеска шведската телевизија.

Исланд ќе побара членство во ЕУ

Канал5 - 18.11.2008

Гетеборг, 18 ноември (МИА) - Исланд би можел да поднесе молба за членството во ЕУ веќе напролет. Исландските партии кои се против членството на земјата во ЕУ се очекува на своите вонредни конгреси што ќе се одржат во јануари да ги сменат своите ставови. Со тоа би се создале услови мнозинството во исландскиот парламент, Алтинг, да се изјазни за членство во ЕУ, јави денеска шведската телевизија.

Исланд ќе побара членство во ЕУ

Алсат-М - 18.11.2008

Исланд би можел да поднесе молба за членството во ЕУ веќе напролет. Исландските партии кои се против членството на земјата во ЕУ се очекува на своите вонредни конгреси што ќе се одржат во јануари да ги сменат своите ставови. Со тоа би се создале услови мнозинството во исландскиот парламент, Алтинг, да се изјазни за членство во ЕУ, јави денеска шведската телевизија.

Србија и ММФ се договорија за кредитна линија од 518 милиони долари

Канал5 - 18.11.2008

Вашингтон, 18 ноември (МИА) - Српските власти и мисијата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) се договорија Белград да добие кредитна линија од 518 милиони долари за надминување на последиците од светската финансиска криза, изјави синоќа директорот на ММФ Доминик Сторс-Кан.

ММФ има потреба од дополнителни 100 милијарди долари за да одобрува заеми на државите

Канал5 - 17.11.2008

Лондон, 17 ноември (МИА) - Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) има потреба од дополнителни 100 милијарди долари за да укажува помош на се поголемиот број земји кои имаат потрба од кредити, изјави директорот на ММФ Доминик Строс-Кан. Строс-Кан истакна дека таа сума треба да биде собрана до крајот на зимата.

Членките на ММФ согласни за заем на Исланд

Утрински - 17.11.2008

Членките на ММФ согласни за заем на Исланд. Вашингтон - Земјите-членки на ММФ постигнаа согласност за заемот побаран од Исланд, кој ќе биде гласан од Бордот на директорите на организацијата в среда. Генералниот директор на ММФ, Доминик Шторс Кан, ја соопшти оваа одлука на прес-конференција по завршувањето на Самитот на Г-20 во Вашингтон, но не ја прецизира сумата што може да биде пуштена за ...

Конфликтот околу банкарската криза на Исланд се придвижува кон решение

Алфа - 17.11.2008

Исланд и неколку земји-членки на ЕУ постигнаа договор за натамошни преговори околу предлог за изнаоѓање решение за конфликтот меѓу Исланд и Велика Британија во врска со гаранциите за заштедите на 300.000 британски штедачи во исландските банки, пишува шведскиот дневен весник „Свенска дагбладет“.

ММФ има потреба од дополнителни 100 милијарди долари за да одобрува заеми на државите кои имаат потреба

Алфа - 17.11.2008

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) има потреба од дополнителни 100 милијарди долари за да укажува помош на се поголемиот број земји кои имаат потрба од кредити, изјави директорот на ММФ Доминик Строс-Кан. Строс-Кан истакна дека таа сума треба да биде собрана до крајот на зимата.