Станислава Чочоровска Полетан синоќа е уапсена и по сослушувањето и е одреден екстрадиционен притвор. Таа се одзвала на повикот на белградските истражни власти, откако во српското Министерство за внатрешни работи стигнала меѓународната потерница распишана по неа, дознава А1 од органи на истрагата ...
Синоќешната ексклузивна информација на А1 дека Станислава Чочоровска Полетан е во екстрадиционен притвор, денеска ја потврди и белградскиот провладин весник „Политика“, со многу повеќе детали. Имено, по стигнувањето на меѓународната потерница, распишана од страна на Македонската полиција, Српската ...
Станислава Чочоровска Полетан од вчера се наоѓа во притвор во централниот затвор во Белград од каде ќе ја чека екстрадицијата во Македонија. Српската полиција ја привела во нејзиниот дом врз основа на меѓународната потерница од македонските власти која вчера пристигнала во Белград.
ЧОЧОРОВСКА ТВРДИ Огнен Чанчаревиќ Станислава Чочоровска-Полетан, која е осомничена за транспортот на 486 -те килограми кокаин што минатиот викенд ги заплени МВР, ги негира информациите дека имала деловна соработка со неколку македонски фирми чии сопственици се блиски луѓе на претседателот Бранко ...
Ќе одам на детектор за лага и ќе одговарам на секое прашање, вели Чочоровска Македонските истражни органи до понеделник ќе го испратат барањето до Окружниот суд во Белград за информативен разговор со Станислава Чочоровска-Полетан, сопственичка на фирмата „Макфут“, која е осомничена како главен ...
На македонското судство му верувам , со Раштански докажа дека е европско, вели вевчанката ГОРАН АДАМОВСКИ Вевчанката од Белград Станислава Чочоровска - Полетан, која е осомничена дека го организирала стомилионскиот шверц со кокаин, стравува за својот живот.
Српската и македонската полиција не откриваат кои се покрај Чочоровска и Полетан другите двајца осомничени за шверцот на кокаин. Белградски блиц повикувајќи се на македонската полиција тврди дека се работи за Македонка која живее во Србија и маж српски државјанин.
Обвинетата за шверц на околу половина милион кокаин, Станислава Чочоровска Полетан води медиумска кампања, наместо пред полицијата, веќе втор ден одговара на новинарски прашања тврдејќи дека е невина. Еве што кажа за белградската „Фокс“ ТВ. „Не пренесував никаква дрога.
СТАНИСЛАВА ЧОЧОРОВСКА - ПОЛЕТАН ЗА БЕЛГРАДСКА "ПОЛИТИКА" Чочоровска за "Политика" тврди дека случајот и е подметнат од владејачката гарнитура во Македонија, поради нејзините поранешни судири со ВМРО Станислава Чочоровска - Полетан, која полицијата ја посочи како главен организатор на транспортот на ...
ОСОМНИЧЕНАТА ЗА ШВЕРЦОТ НА КОКАИН ВО БЕЛГРАДСКА „ПОЛИТИКА“ Осомничената за шверцот на речиси половина тон кокаин запленет од македонските полициски служби Станислава Чочоровска-Полетан, во изјава за белградска „Политика“ тврди дека не е организатор на шверцот вреден 49 милиони евра и оти не сака да ...
АМСТЕРДАМ (Ројтерс) - Вработените во два супермаркети во Холандија нашле кокаин во вредност од неколку милион долари скриени во кутии полни со банани. Педесетте килограми кокаин имаат вредност од 6,5 до 7,8 милиони долари, соопшти полицијата.
Спротивно на адвокатот, таа за „Политика“ изјавила дека жива нема да падне во рацете на македонската полиција Станислава Чочоровска-Полетан, осомничена како главен организатор на шверцот на половина тон кокаин, е во Белград и се шета слободно, тврди нејзиниот адвокат Светозар Павловиќ.
Осомничената за шверцот вели дека сето тоа било наместено од македонската влада ГОРАН АДАМОВСКИ ЉУБИША СТАНКОВИЌ Главната актерка во стомилионскиот шверц со чист кокаин Станислава Чочоровска-Полетан (38) се закани дека „нема жива да и' падне на македонската полиција“, оти не било првпат да биде ...
Неверојатни 322 милијарди долари се вртат од производство и продажба на дрога низ целиот свет, пресметале експертите на Обединетите Нации. Огромниот профит на нарко-босовите е благодарение на се поголемиот број на корисници на дрога.
Не сум виновна, јас сум сиромашна, пратката од Венецуела е компензација за стар долг. Таа нема намера да дава исказ пред македонската полиција, а ако властите сакаат да ја сослушаат, ќе треба да дојдат во Србија. Ова за А1 го изјави Станислава Чочоровска.
Дрогата ми е подметната, најверојатно од македонските власти, бидејќи имам многу лоши односи со ВМРО-ДПМНЕ, изјави Станислава Чочоровска Полетан за провладиниот белградски дневен лист „Политика“. Сегашната македонска Влада е пробугарска и проалбанска и не е првпат ВМРО да се обидува да ми мести ...
Станислава Полетан во станот во Белград крои стратегија како да ја докаже невиноста во транспортот на половина тон кокаин. Отворено зборува за српска Политика, но е резервирана за македонските медиуми. За Канал 5 единствено одговори дека со дрогата и се монтира процес.
ПО РЕКОРДНАТА ЗАПЛЕНА НА КОКАИН Огнен Чанчаревиќ Заплената на 486-те килограми кокаин била акција водена исклучиво од МВР и притоа не била уништена никаква меѓународна акција организирана од американската агенција ДЕА (Агенција за борба против дрога), како што јавија некои хрватски медиуми.
„Јутарњи лист“: Дали македонската полиција прерано го отвори контејнерот? Заплената на огромното количество кокаин од страна на македонските власти предизвика големи реакции во медиумите во земјите од поранешна Југославија. Хрватите се претежно сконцентрирани на евентуалната одговорност на екипажот ...
Тешко е да се процени дали македонската полиција избрзала со акцијата за запленетиот половина тон кокаин и со тоа не сакајќи спречила да бидат идентификувани финансиерите на дрогата велат експертите кој ги консултираше Канал 5.
Владата со по 5.000 евра ќе ги награди оперативците од МВР и од Царината кои го запленија кокаинот ГОРАН АДАМОВСКИ ЉУБИША СТАНКОВИЌ Покрај фамозната Станислава Полетан, уште една Македонка родена во Србија и еден српски државјанин биле директно инволвирани во шверцот со половина тон кокаин што беше ...
Не направивме никаква грешка, а челници од Вашингтон се јавија меѓу првите да ни честитаат за успешната операција, велат во МВР Македонското МВР со запленувањето на половина тон венецуелски кокаин уништило акција на американската Агенција за борба со дрога (ДЕА) за апсење на големи наркобосови, ...
Српските власти велат дека Станислава Чочоровска-Полетан не е осомничена за никакви кривични дела во Србија па затоа, и покрај меќународната потерница, таа нема да биде испорачана во Македонија Томо Зориќ, портпарол на српското окружно обвинителство, за српските медиуми вчера изјавил дека ...
Затворени врати во родното Вевчани, скопскиот стан, белградските фирми. Никаде ја нема Станислава Чочоровска, ниту нејзиниот сопруг Ранко Полетан. Српските новинари ја бараат повеќе од тамошната полиција која ја чека македонската потерница.
Станислава Чочоровска Полетан, балканската кралица на кокаинот, е и понатаму слободна, бидејќи Србија не е надлежна за нејзиниот случај. Имено, ситуацијата во Србија со Станислава до овој момент е потполно неизвесна. Таа има српско државјанство, српската полиција се уште не ја привела, ниту е ...
Грчкото подземје го нарачало, а Полетан го организирала транспортот на кокаинот. Станислава Полетан во отсуство доби триесетдневен притвор ГОРАН АДАМОВСКИ Грчкото подземје го нарачало, а македонската државјанка Станислава Полетан, кумашинка на Аркан, е организатор на транспортот на половина тон ...
Над 400 килограми кокаин утринава е запленет на граничниот премин Блаце. Дрогата била откриена во камион со скопски таблички. Кокаинот бил спакуван во кеси и скриен во 70 канти со поликолор боја. Над 400 килограми кокаин утринава е запленет на граничниот премин Блаце.
ЕДИТОРИЈАЛ ДАНИЕЛА ТРПЧЕВСКА Седумдесет и шесте поздрави кои еден Венецуелец ги испратил до своите компањони, трговци со дрога, како лозинка за 76 канти поликолор преполни со кокаин, ја разоткрија најголемата пратка која транзитирала низ Балканот.
Станислава Полетан Чочоревска (38), чиј сопруг Ранко бил телохранител и кум на Жељко Ражнатовиќ-Аркан, е жената што требало да го пренесе кокаинот од Венецуела до Солун, тврди МВР Вевчанката Станислава Полетан Чочоревска (38), чиј сопруг Ранко бил телохранител и кум на Жељко Ражнатовиќ-Аркан, е ...
ПО СПЕКТАКУЛАРНАТА ЗАПЛЕНА НА МВР Огнен Чанчаревиќ Грчки државјани биле нарачатели на 486-те килограми кокаин што ги заплени МВР, а српска група била организатор на транспортот на дрогата, утврдила истрагата на МВР. Целиот транспорт одел преку фиктивни фирми во Венецуела и во Грција и преку фирмата ...
Меѓународната потерница што ја распиша македонската полиција за Станислава Чочоровска полетан се уште патува за Белград. Но, тоа не е пречка за српската полиција веќе да ја бара Македонката од Белград, организаторката на транспортот на половина тон кокаин фатен на Блаце.
Транспортерот на дрогата, Алија Азировиќ, според полицијата знаел дека превезува 480 килограми кокаин. Затоа инсистирала на притвор за 33- годишниот превозник. Транспортерот на дрогата, Алија Азировиќ, според полицијата знаел дека превезува 480 килограми кокаин.
ЗАПЛЕНЕТАТА ДРОГА НЕМА ДА СЕ УНИШТИ ДО ПРАВОСИЛНАТА СУДСКА ПРЕСУДА Објектот каде ќе се чува запленетиот кокаин вреден околу 100 милиони евра се држи во најстога тајност. "Од безбедносни причини бидејќи се работи за многу вредна дрога нема јавно да кажеме каде ќе ја складирамеи чуваме.
Триесет и осумгодишната Станислава Полетан-Чочоровска, родум од струшкото село Вевчани, кума на најголемиот балкански криминалец и воен злосторник Жељко Ражњатовиќ-Аркан, стоела зад организирањето на шверцот на кокаин, велат од МВР.
Станислава Полетан Чочоровска, кумашинка на Аркан и блиска до поранешниот претседател Милошевиќ е вклучена во транспортот на кокаинот од Венецуела, соопшти Македонската полиција. Таа е Скопјанка која долги години живее во Белград омажена за Ранко Полетан, еден од командантите на Аркановите тигри.
По првите 438 килограми, вчера биле најдени уште 45 кг кокаин во кантите со боја Полицијата два дена ги брои пакетите со кокаин од Венецуела, скриени во 882 канти акрилна боја, што полицијата и мобилната царината ги запленија во камион во близина на граничниот премин Блаце.
Дрогата од Венецуела преку Црна Гора, Косово и Македонија требало да заврши во Грција ГОРАН АДАМОВСКИ Рекордно количество дрога беше запленета во неделата на граничниот премин Блаце кога беше прекинат шверцерски синџир од Јужна Америка кон Европската yнија.
НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН БЛАЦЕ Кокаинот натоварен во Венецуела е висококвалитетен бидејќи потекнува директно од производителот, а не од трети лица и ако не се меша на пазарот би достигнал вреднбост од 92 милиони евра Завчера македонската полиција, во соработка со Царината, на граничниот премин Блаце ...
НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН „БЛАЦЕ“ Огнен Чанчаревиќ Македонската полиција и царина во саботата навечер на граничниот премин „Блаце“ заплениле околу 500 килограми висококвалитетен кокаин , кој бил најден во македонски камион. Дрогата била спакувана во пакети од по еден килограм и била ставена во големи ...
Огнен Чанчаревиќ На хрватската телевизија „Нова“ завчера имаше прилог за успехот на нивната полиција за откриени пет килограми хашиш. Полицијата по полноќ ги повикала новинарите за да го сликаат нејзиниот голем успех. За нивна беља, не толку безначајната заплена на дрога се случила истовремено со ...
Српски клан го организирал транспортот на кокаинот- грчки нарко- кругови инвестирале милионска сума во 486 килограми дрога што во саботата на преминот Блаце ја конфискуваше македонската полиција. Српски клан го организирал транспортот на кокаинот- грчки нарко- кругови инвестирале милионска сума во ...
Скопје Надлежен суд и одреди 30 дена притвор во отсуство на лицето Станислава Полетан (Чочоровска), осомничена за организација на транспортот на запленетите 486 килограми кокаин. Таа поседува македонско и српско државјанство и според сознанијата на македонската полиција презентирани на денешниот ...
Белград Осомничената за организацијата на пратката запленет кокаин во Македонија, Станислава Чочоровска Полетан, е директор на српската фирма Макфут, која според црногорската Царина ја порачала пратката со поликолор од Венецуела.
Скопје Нови податоци од истрагата за рекордната заплена на околу половина тон чист кокаин треба да бидат соопштени денеска најавија надлежните органи Близу 500 килограми чист висококвалитетен кокаин од Венецуела, вреден помеѓу 46 и 92 милиони евра, беше запленет пред два дена на Граничниот премин ...
Ова е откриено вчераутро откако во саботата царинарниците на овој граничен премин откриле 438 килограми кокаин, што во кутии со акрилна боја пристигнал од Јужна Америка, преку Црна Гора, во камион управуван од македонски државјанин.
Проверката на остатокот канти со поликолор откри нови количества скриен кокаин. Сега тежината на дрогата изнесува вкупно 483 килограми. Вредноста на кокаинот е од 46 до 92 милиони евра, во зависност дали дрогата ќе се продава на големо или на мало.
Полската полиција заплени 118 килограми кокаин, при што е разбиена мрежа за трговија со кокаин од Латинска Америка. Како што денеска соопшти полицијата, уапсени се и двајца Полјаци, кои што воедно и го организирале транспортот на дрогата, што пристигнала преку аеродромот од германскиот град Хамбург.
Нови 45 килограми кокаин се откриени во кантите со поликолор во кој вчера на преминот Блаце во камион со скопски таблички беа запленети 440 килограми високо квалитетна дрога. Досегашната истрага утврдила 483 килограми кокаин со вредност од над 46 милиони евра.
Скопје Министерот за правда Михајло Маневски денеска побара од српското министерство за правда екстрадиција на Станислава Чочоровска Полетан. Екстрадицијата на Чочоровска, како што соопштуваат од министерството за правда е побарана врз основа на барањето на Основниот суд Скопје II.
Варшава Полската полиција заплени 118 килограми кокаин при што е разбиена мрежа за трговија со кокаин од Латинска Америка. Како што денеска соопшти полицијата, уапсени се и двајца Полјаци, кои што воедно и го организирале транспортот на дрогата, што пристигнала преку аеродромот од германскиот град ...
Скопје Повеќе од 400 килограми кокаин, вреден 40 милиони евра, е запленето на Граничниот премин Блаце, изјавија за Макфакс извори во МВР. Од полицијата додаваат дека по претходна дојава на ГП „Блаце“ вчера бил запрен камион со македонски регистарски таблички, управуван од македонски државјанин.
Скопје Неколку лица од Македонија и од соседните земји се осомничени за вмешаност во шверц на повеќе од 400 килограми кокаин, откриен вчера на Граничниот премин Блаце. Ова денеска го изјави премиерот Никола Груевски додавајќи дека случајот го презеде Јавното обвинителство.