TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Ефремов негира дека се договарал со Ахмети

Утрински - 24.07.2004

ДЕМАНТ Македонскиот амбасадор во Кина, Георги Ефремов, вчера дематираше дека имал каква било средба со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, за време на конфликтот во 2001 година, ниту пак дека му нудел поделба на Македонија. "Не се познавам со Ахмети и никогаш во животот не сум имал каков било контакт со ...

На Ахмети не сум му предложил поделба на Македонија

Дневник - 24.07.2004

АКАДЕМИК ЕФРЕМОВ ДЕМАНТИРА Не сум му предложил на Али Ахмети никаков таен договор, изјави вчера за "Дневник" академик Ѓорѓи Ефремов, сега на функцијата амбасадор во Република Кина. Лидерот на ДУИ, завчера на прес-конференција рече дека "предлогот за поделба на Македонија дошол од претседателот на ...

Ефремов негира дека на Ахмети му понудил договор за размена на територии

А1 - 23.07.2004

Македонскиот амасадор во Кина Ѓорѓи Ефремов денеска дематираше дека имал каква било средба со лидерот на Демократската унија за интерграција Али Ахмети за време на конфликтот во 2001 година, ниту пак дека му нудел на Ахмети поделба на Македонија.

Јас ви ја спасив државата, а вие ја растурате!

Време - 23.07.2004

АЛИ АХМЕТИ, ДУИ Јас ја спасив државата од поделба кога ми беше понудено тоа. Тогаш предлогот беше Липково да се спои со Косово, Дебар со Албанија, а Зајас секако ќе ми беше понудено мене како на патриот, рече Али Ахмети, лидерот на Демократската унија за интеграција, на вчерашната конференција за ...

Ефремов ми понуди да ја делиме Македонија

Вест - 23.07.2004

АЛИ АХМЕТИ ОТКРИВА: Лидерот на ДУИ откри дека со предлогот што му бил даден во пишана форма, Липково требало да се припои кон Косово "Јас останав единствениот кој во 2001 година го демаскираше тајниот договор за поделба на Македонија, кој ми беше понуден во пишана форма од Ѓорѓи Ефремов во својство ...

Шекеринска: Љупчо лаже и кога го демантира Ахмети

Утрински - 23.07.2004

На трибина во Битола БИТОЛА - Вицепремиерката Радмила Шеќеринска по завчерашниот престој меѓу сопартијците во Битола изјави дека ни најмалку не верува во демантите на поранешниот премиер Љупчо Георгиевски по повод отвореното писмо на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, дека во текот на кризата во 2001 ...

Ахмети тврди дека Ефремов му предложил размена на територии

Утрински - 23.07.2004

Лидерот на ДУИ за територијалната поделба ТЕТОВО - "Демократската унија за интеграција уште од почетокот на преговорите за територијалната реорганизација се залагаше за постоење на 34 општини и никогаш не помислуваше тие да бидат формирани врз етнички граници и принципи.

МАНУ го даваше Липково

Дневник - 23.07.2004

АХМЕТИ ОБвиНУВА Предлогот за поделба на Македонија дојде од поранешниот претседателот на МАНУ, изјави вчера претседателот на ДУИ Али Ахмети, на прес конференцијата во Тетово. - Според предлогот на МАНУ, Липково требаше да припадне кон Косово, а Зајас, како мое родно место, за да ми ги задоволат ...

Грозданов: „Ако има таков документ од МАНУ тој е фалсификат“

А1 - 22.07.2004

Изненаден сум и го повикувам Ахмети и неговите сопартијци јавно да го обелоденат документот со кој МАНУ му нудела поделба на Македонија, изјави за А1 денеска Цветан Грозданов Претседателот на МАНУ по изјавата на Али Ахмети дека во 2001-та добил писмо со понуда за поделба на државата.

Ахмети: „Што ако и Албанците соберат 150.000 потписи?“

А1 - 22.07.2004

Собирањето на 150.000 граѓански потписи за распишување на референдум против новата територијална поделба не смее да се случи во овој момент кога Македонија треба да го фати возот за членство во Еу и НАТО. Со референдумот опозицијата и група граѓани се обидувале да манипулираат со чувствата на ...

Верувајте ни, да не пукне пак!

Време - 22.07.2004

Стојанка Митреска Али Ахмети, големиот следбеник на идејата за бришење на границите, како што самиот за себе вели, воскреснувајќи ја 2001 година завчера на писмено се обиде да не убеди дека новата територијална организација нема цел да ја подели Македонија, туку, напротив, да го зачува нејзиниот ...

И лутите противници се здружија во одбрана на Македонија

Време - 22.07.2004

ВЛАСТА ВО ПАТ-ПОЗИЦИЈА Александра М. Митевска Власта не смее да го игнорира огромниот револт што го предизвикаа нејзините предлози за територијалната поделба, предупредуваат експертите. Според нив, тоа незадоволство е поради чувството на неизвесност за иднината на државата, поради тајните преговори ...

МАНУ: Никогаш не постоела програма за поделба на Македонија

Утрински - 22.07.2004

Реакција на Академијата на писмото на Али Ахмети Наводите на Али Ахмети во неговото писмо се фалсификување на историјата и не претставува аргумент за разговор вели академик Цветан Грозданов "Крајно сум изненаден и очекувам Али Ахмети да ги документира своите искажувања од вчерашното отворено писмо ...

Георгиевски го демантираше Ахмети

Утрински - 22.07.2004

РЕАКЦИЈА БИТОЛА - Поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Георгиевски, категорично демантираше дека било како партиски лидер, било како поранешен премиер, воопшто некогаш се сретнувал со Ахмети и дека уште помалку, нему можел да му понуди поделба на територијата на Република Македонија.

Здружени за референдум

Вест - 21.07.2004

ШИРОК НЕПАРТИСКИ ФРОНТ ПРОТИВ НОВАТА ТЕРИТОРИЈАЛНА ПОДЕЛБА "Се здруживме во блокот за одбрана на демократијата и мирот, а против поделбите. Ги повикуваме сите граѓани, без оглед на националноста, верата и на политичките убедувања, категорично да ја спречиме поделб Бараме Владата да го повлече ...

Поделбата не е врз етничка основа

Време - 21.07.2004

ОТВОРЕНО ПИСМО НА АХМЕТИ ДО ГРАЃАНИТЕ НА МАКЕДОНИЈА Поделбата на Македонија ми беше понудена за време на конфликтот во 2001 година. Јас истакнав и тогаш, и повторувам и денес, дека поделбата на Македонија не е решение и ние не го поддржуваме тој чин, изјави претседателот на ДУИ, Али Ахмети, преку ...

Ахмети: Да сакав, Македонија ќе се делеше во 2001 година

Вест - 21.07.2004

ОТВОРЕНО ПИСМО ДО ЈАВНОСТА НА ЛИДЕРОТ НА ДУИ Проектот за поделба ми беше понуден токму за време на конфликтот од 2001 година, што не беше аматерски чин, туку поддржан и стимулиран од политичката елита на власт и од највисоките интелектуални и научни структ Целта на новата територијална организација ...

Власта прави пакт со ѓаволот

Време - 21.07.2004

ДЕКЛАРАЦИЈА ПРОТИВ ПОДЕЛБАТА Александра М. Митевска Повеќе од 40 потписи на лидери на политички партии, граѓански здруженија и на поединци-академици, уметници, универзитетски професори вчера беа ставени на Декларацијата за зачувување на македонската демократија.

Ахмети: Ние бараме заеднички да ја изградиме иднината!

Утрински - 21.07.2004

Отворено писмо на лидерот на ДУИ до македонската јавност Основниот принцип врз кој се водеа преговорите беше токму зачувувањето на интегритетот на државата и фактот што не постојат територијални решенија за етничките прашања.

Територијалната организација инструмент на делби

Утрински - 21.07.2004

Опозициски партии, невладини организации и интелектуалци потпишаа Декларација против владиниот концепт за децентрализација „Загрижени за иднината на нашата земја, а вознемирени од актуелната криза, се определивме да го подигнеме гласот и да ја повикаме јавноста да го проблематизира начинот на кој ...

Сите заедно за Македонија

Дневник - 21.07.2004

ОТПОРОТ СЃ ПОГЛАСЕН И ПОЈАСЕН Политички партии, граѓански здруженија и поединци подготвија "Јулски манифест", во кој ги повикуваат граѓаните да ја спречат поделбата на Македонија Подготвени сме со повеќе од 150.000 потписи да ја натераме власта да распише законодавен референдум и да ја почитува ...

Одбив да ја делам земјава

Дневник - 21.07.2004

ОТВОРЕНО ПИСМО НА АЛИ АХМЕТИ Територијалната поделба не е направена врз етничка основа, ниту со цел да се подели земјата, зашто тој предлог го одбив во 2001 година, пишува Али Ахмети, лидер на владејачката Демократска унија за интеграција, во вчерашното отворено писмо до македонската јавност.

Георгиевски: „Не сум правел никаков пазар со Ахмети во 2001 година“

А1 - 20.07.2004

„Она што сега се случува со Струга и Скопје, по 2008 ќе се случи и со Кичево и Куманово, со што ќе се оствари целта на Ахмети за етнички чисти територии. Не сум правел никаков пазар со Ахмети во 2001 година“, изјави Љубчо Георгиевски.

Ахмети: „Поделбата на Македонија ми беше понудена во 2001“

А1 - 19.07.2004

Али Ахмети доцна вечевра до медиумите испрати отворено писмо во кое вели дека владините партнери не се обидуваат преку пакетот закони за децентрализација да ја поделат Македонија, напротив да се интегрираат граѓаните во државата во која живеат.