TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

ЕУ да ги заштити Македонците во Бугарија

Вест - 16.12.2006

ПРОТЕСТ НА СВЕТСКИОТ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС Светскиот македонски конгрес вчера со мирен протест пред седиштето на Канцеларијата на Европската унија во Скопје упати апел за поддршка на Македонците во Бугарија и за регистрација на нивната партија ОМО Илинден Пирин.

Стоп за тортурата врз Македонците во Бугарија

Дневник - 16.12.2006

„Стоп на тортурата врз Македонците во Бугарија“ и „Бараме регистрација на ОМО ‘Илинден’ - ПИРИН“, пишуваше на транспарентите истакнати на вчерашниот протест пред седиштето на Европската Унија во Скопје. Организаторите на чело со Светскиот македонски конгрес, побараа почитување на граѓанските и ...

Македонците во Бугарија не се сепаратисти

Вечер Прес - 16.12.2006

Со транспарентите "Македонците во Бугарија не се сепаратисти и иредентисти", "Бугарија да ги почитува човековите права", "ЕУ и САД не дозволувајте да се кршат човековите права", вчера неколку македонски организации протестираа пред седиштето на мисијата на ЕУ во центарот на Скопје, поради ...

Светскиот македонски конгрес на протест пред седиштето на ЕУ и Парламентот

Канал5 - 15.12.2006

Да престане дискриминацијата на Македонците во Бугарија и да се дозволи регистрација на ОМО Илинден Пирин. Вакви барања се слушнаа од протестот во организација на Светскиот македонски конгрес пред седиштето на Европската унија во Скопје и пред Парламентот.

Поддршка на Македонците во Бугарија

Време - 14.12.2006

СМК Светскиот македонски конгрес (СМК) утре ќе организира мирен протест пред седиштето на Канцеларијата на Европската Унија во Скопје за поддршка на Македонците во Бугарија и регистрација на нивната партија ОМО Илинден Пирин, најави вчера Тодор Петров, претседателот на СМК.

Бугарија не' враќа назад во времето

Утрински - 14.12.2006

Здружение „Сонцето од Кутлеш” На последната седница на Управниот одбор на Здружението „Сонцето од Кутлеш”, одржана на 7.12.2006 година, изразен е протест против власта во Софија поради распитите и тортурата врз членовите на ОМО „Илинден“- ПИРИН, што потсетуваат на времето во кое за еден татковски ...

СМК ќе организира протест за правата на Македонците во Бугарија

Утрински - 14.12.2006

Светскиот македонски конгрес (СМК) утре ќе организира мирен протест пред седиштето на Канцеларијата на Европската унија во Скопје за поддршка на Македонците во Бугарија и регистрација на нивната партија ОМО „Илинден“ - ПИРИН, најави вчера на прес-конференција Тодор Петров, претседател на СМК.

Протест за поддршка на правата на Македонците во Бугарија

Дневник - 14.12.2006

Светскиот македонски конгрес утре ќе организира мирен протест пред седиштето на Канцеларијата на Европската Унија во Скопје за поддршка на Македонците во Бугарија и за регистрација на нивната партија ОМО „Илинден“ - ПИРИН, најави вчера Тодор Петров, претседателот на СМК.

Протест за поддршка на Македонците во Бугарија

Вечер Прес - 14.12.2006

Светскиот македонски конгрес утре ќе организира мирен протест пред седиштето на Канцеларијата на ЕУ во Скопје за поддршка на Македонците во Бугарија и регистрација на нивната партија ОМО Илинден - Пирин. Организаторите на протестот ќе бараат од ЕУ, Советот на Европа, ОБСЕ, НАТО и Обединетите нации ...

Недозволив терор врз Македонците во Бугарија

Утрински - 12.12.2006

Павле Стојков, Канада Читам деновиве дека бугарската полиција оди по населените места во Пирин и ги тероризира членовите на ОМО „Илинден“ - ПИРИН!? Им се заканува дека ќе им ги укине пензиите или дека ќе ги избрка од работа, посебно ако е државна.

ОМО „Илинден“ - ПИРИН има членови низ цела Бугарија

Утрински - 11.12.2006

ОМО „Илинден“ - ПИРИН собра точно 5.860 пристапници на членови од речиси цела Бугарија, но најмногу од Пиринска Македонија - од Гоцеделчевско 1.150, од Петричко 1.100, од Сандански повеќе од 1.000, Благоевградско околу 800, Разлошко близу 600, од Пловдив 120, од Софија и Пештера по околу 80, Варна ...

Бугарската полиција не ги исплаши Македонците во Мосомиште

Утрински - 11.12.2006

РЕПОРТАЖА Од нашиот известувач ВИКТОР ЦВЕТАНОСКИ – „Ниту една полициска акција не може да ме исплаши. И дома дојдоа полицајци, зашто од нашето семејство сите членуваме во ОМО ’Илинден‘ – ПИРИН. Не се исплашив ниту јас, ниту маж ми, ниту нашите тројца синови. Ние сме навикнати на такви малтретирања.