TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Враќање за 1000 евра!

Вечер Прес - 02.12.2005

Се закопаа воените секири, се скроија знамиња, се официјализираа јазици, се создадоа министри, се сменија премиери, претседатели, се промени Устав! Но, за 650 Арачиновци, кои во 2001 година беа избркани од своите домови, се уште нема решение и голем дел од нив живеат во колективни центри во Скопје.

Раселените бараат 4,5 милиони евра отштета

Време - 01.12.2005

АРАЧИНОВЦИ ЈА ТУЖАТ ДРЖАВАТА Емил Зафировски Државата ќе загуби околу 4,5 милиони евра за да ги обесштети раселените арачиновци доколку тие го добијат судскиот спор за претрпена штета во 2001 година. Станува збор за 60 македонски семејства што не може да се вратат во некогашните живеалишта.

Здружението „Зора“ подготвено на компромис со Владата

Утрински - 01.12.2005

Средба на премиерот со раселените арачиновци Владата ќе затвори еден проблем но ќе отвори друг со оние што се вратија во Арачиново ДАНИЕЛА ТРПЧЕВСКА Здружението на раселените арачиновци "Зора" е подготвено на компромис со Владата.

Повеќе пари за Арачиново

Утрински - 01.12.2005

АПЕЛ Македонците и Албанците коишто живеат во Арачиново апелираат до Владата да ги дерегистрира и да го прекине статусот на раселените лица во колективните домови, а средствата што ги трошеше досега за нив да ги пренасочи во Арачиново.

Државата ќе им плаќа кирија на раселените

Дневник - 01.12.2005

РАСЕЛЕНИте МАКЕДОНЦИ ОД АРАЧИНОВО КАЈ БУЧКОВСКИ Премиерот Владо Бучковски на вчерашната средба со раселените Македонци од Арачиново им предложил да живеат во приватни станови додека не заврши судскиот процес што се води по нивната тужбата против државата заради материјална отштета.

Раселените се селат по станови?!

Вечер Прес - 01.12.2005

Приватно сместување за раселените Арачиновци, кои немаат услови за враќање во своите домови. Ова е решението што вчера го договориле претставниците на здружението "Зора" на средбата со премиерот Владо Бучковски. "Премиерот ни објасни дека е неизводливо линеарно обештетување за сите раселени и ни ...

Владата со нова понуда за раселените од Арачиново

Канал5 - 30.11.2005

Раселените граѓани од Арачиново имаат нова понуда од Владата. Семејствата што повеќе од четири години живеат во колективните центри, сега треба да одлучат дали ќе ги напуштат и ќе заминат во приватно сместување. Раселените граѓани од Арачиново имаат нова понуда од Владата.

Арачиновци ќе бараат чаре за раселеништвото

Време - 29.11.2005

УТРЕ КАЈ ПРЕМИЕРОТ БУЧКОВСКИ Раселените арачиновци утре треба да се сретнат со премиерот Владо Бучковски, од кого бараат да каже дали Владата конечно ќе го реши нивниот проблем, а во спротивно ќе штрајкуваат со глад. Според Јана Петрушевска, претседателка на здружението на раселени арачиновци ...