TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Не сакам да бидам "дописен" селектор

Вечер Прес - 11.12.2004

Љупчо Савевски, кого Ракометната федерација на Македонија на конкурсот го избра како најпогодна личност и со најдобар план за работа во идните две години, по разговорот со претседателот на Сојузот Михајло Михајловски, ја одбил понудата да застане на селекторската функција на сениорите.

Привремен сообраќаен режим на дел од "Партизанска"

Вечер Прес - 11.12.2004

На булеварот "Партизански одреди", од денеска ќе биде воведен привремен сообраќаен режим, со тоа што од двете страни на сообраќајницата ќе бидат исклучени крајните ленти. Привремениот режим се воведува поради почнувањето на градежните работи за поврзување на челичната конструкција на надвозникот ...

"Русинките се разголија"

Вечер Прес - 11.12.2004

Во "морето" на скандалозни вести и разголени фотографии на западните манекенки и спортистки, кои постојано ги полнат страниците на светските весници и магазини, се појави нов бран што доаѓа од Исток. Во желбата да ја покажат својата убавина, но и поради маркетиншки потези, што, секако, носат ...

"Пимплањето" ни одговара

Вечер Прес - 11.12.2004

Не може ни во сон да се случи решение на спорот околу името во рамките на преговорите во ОН. Тоа може да се случи само на билатерални преговори, ако се согласи Грција. Во моментов не треба многу да се инсистира на решавање на спорот во ОН. Нам во моментов ни одговара т.н.

"Силно светнал ден"

Вечер Прес - 11.12.2004

"Шеесет години со гордост и достоинство училиштето го носи името на основоположникот на современата македонска литература, човекољубецот и поетот Кочо Рацин, во чие срце имало место за сите добрини. Шеесет години училиштето воспитува, образува, го поттикнува развојот и способностите на учениците, ...

Местенка во хрватскиот "Милионер"!?

Вечер Прес - 11.12.2004

Владимир Врдољак, еден од натпреварувачите кој учествуваше во се уште неемитуваната емисија на хрватската верзија на "Милионер", изјавил дека квалификационата игра "најбрзи прсти" била наместена. Спорната емисија на малите екрани во Хрватска треба да се емитува на 6 јануари.

Минчо го изненади "Движењето"

Вечер Прес - 11.12.2004

Одлуката на Минчо Јорданов да биде заменик-премиер за економскиот сектор во новата Влада на мандатарот Владо Бучковски го изненади "управувачкиот" борд на Граѓанско движење на Македонија. Во ова здружение постапката на Јорданов, кој во владата преминува од потпретседател на Движењето, го сметаат за ...

Грк го "лапна" ТКК Куманово

Вечер Прес - 11.12.2004

VIDC Corporation, финансиска корпорација со седиште во САД, чиј сопственик е извесен Василис Морфопулос, е новиот сопственик на Тутунскиот комбинат "Боро Петрушевски Папучар" во Куманово. Ова се првични неофицијални информаци по завчерашната продажба на големиот пакет на акции што "Тутунска банка" ...

"Леново" го купува ИБМ

Вечер Прес - 11.12.2004

ИБМ нема повеќе да биде произведувач на персонални компјутери. Производството ќе биде продадено на кинескиот гигант "Леново" за 1,25 милијарди долари, и тој ќе стане трет произведувач на ПЦ во светот. Ова е најголема досега прекуокеанска аквизиција на некоја кинеска компанија, како и најнов пример ...

Продажбата на пазарите на "Скопски пазар" е регуларна

Вечер Прес - 11.12.2004

"Продажбата на градежното земјиште кое е изградено и на кое граѓаните имаат корисничко право, а немаат сопственост, туку тоа се уште се води како земјиште на државата е регулирана со Уредба која е донесена во март 2003 и по неа позитивно се изјаснил и Уставниот суд, а во која беа прецизирани и ...

"Плавуша" во Кондово

Вечер Прес - 10.12.2004

Во Кондово, кај Агим Красниќи и Лирим Јакупи, на обележана територија. На поминување. Ненајавено... Сосема случајно. Сабајле е, околу седум - магливо, влажно утро. Селото поспано, празно. И... некакви фигури покрај патот, нешто чудно облечени, вооружани, потскокнуваат во место, го тресат студот.

Месиќ бара истрага, министерот "ескивира"

Вечер Прес - 10.12.2004

Претседателот Стипе Месиќ, му нареди на шефот на Главниот стожер, Јосип Луциќ, да спроведе истрага и да се утврди целата вистина за можни сексуални вознемирувања и искористувања во војската, соопшти Пантовчак. Наредбата стапи во сила веднаш, но министерот за одбрана Рончевиќ, кој е одговорен за ...

Во "БМВ" возел 3 кг хероин и пиштол

Вечер Прес - 10.12.2004

Инспектори на МВР и СВР Гостивар го приведоа четириесет и едногодишниот М.Н. од Долна Бањица, Гостиварско. Нему, завчераноќ, при спроведена полициска акција на патот Гостивар - Кичево, при претрес на неговиот автомобил "БМВ" му се пронајдени 3 килограми хероин, оружје и муниција.

Премногу мудруваа кога се "кршеше" резултатот

Вечер Прес - 10.12.2004

Кошаркарите на Ф. Работнички за 40 минути игра против руската екипа ЈУНИКС Казан минаа низ многу турбуленции, дури беа блиску и до победата, а во дополнителните пет минути и во прилика да го вратат мирот. На крајот загубија, ја загубија насмевката на лицата, пропуштија и по вторпат да триумфираат ...

"Дали се плашиш од мракот?"

Вечер Прес - 10.12.2004

Вака се вика најновиот роман на сценаристот и автор на серија бестселери Сидни Шелдон, во што ги води читателите низ разни интриги што се случуваат на два континента. Иако има 87 години, Шелдон вели дека се уште не е подготвен да го забави животното темпо и оти веќе работи на својата нова 19. книга.

"Се најдобро" во 2005 година

Вечер Прес - 10.12.2004

По едногодишна пауза, граѓаните на Скопје, годинава, ќе имаат можност највеселата ноќ повторно да ја прослават на сега обновениот плоштад "Македонија". Новогодишната програма која годинава се одвива под мотото "Се најдобро", како и самата декорација ветуваат незаборавни мигови и величествена ...

Тони Адамс-незаборавна љубов на "Мис Вондербра”

Вечер Прес - 10.12.2004

Каприс Буре е 25- годишна супермоделка од Калифорнија, која се прослави со уникатните реклами и фотосесии за "вондербра" градниците, кои пред некоја година направија белосветски "р'шум". Славата ја стекна кога се пресели во Лондон, а покрај бројните реклами ("Пантен" шампоните, болидите "Порше"...

НОВ ЖИВОТ НА "КРАИНА" КРАЛСКАТА ЈАХТА

Вечер Прес - 10.12.2004

повторно ќе плови Бродот "Краина" повторно ќе плови. Некогашната кралска јахта, а подоцна и Титов брод, по повеќегодиш- но менување на сопствениците, сега е дел од компанијата "Маг". По реконструкцијата во бродоградилиштето "Београд", "Краина" на крајот на октомври повторно ја "бакна" Сава.

Оружен грабеж во "Пец Промет"

Вечер Прес - 09.12.2004

Две маскирани и вооружени лица завчера ги нападнаа и ги ограбија вработените во продавницата "Пец Промет" лоцирана во трговскиот центар Порта Влае во Скопје. Потоа тие излегле од таму и, повикувајки се на извори од МВР, според сознанијата до кои дошле оперативците од СВР Скопје, со пленот в раце ...

"Исчезна" приколка полна со текстил

Вечер Прес - 09.12.2004

Текстил и текстилна стока вредни над 300.000 денари исчезнаа завчераутро околу 4,30 часот од дворот на триесет и седумгодишниот И.С. на улица Ана Поцкова" во Радовиш. Интересен детал во кражбата е дека украдената стока била натоварена во автомобилска приколка која што крадецот, прво ја одвлечкал на ...

Ѓинѓиќ сакал да го "шутне" Тадиќ?!

Вечер Прес - 09.12.2004

Извор за "Национал" од главниот одбор на ДП , ексклузивно открива дека покојниот премиер Зоран Ѓинѓиќ имал намера да го "шутне" Борис Тадиќ од партијата, три месеци пред трагичната смрт. - Зоран Ѓинѓиќ не беше задоволен од инертноста на Тадиќ, од неговата мрзливост и неспособност, па затоа беше ...

28 години "бренд"- Општина Карпош

Вечер Прес - 09.12.2004

Со симболично пуштање во употреба на новиот спортско-рекреативен центар во дворот на Гимназијата "Никола Карев", завчеравечер Општина Карпош го одбележа својот 28. роденден. - Вечерва, кога го прославуваме нашиот јубилеј, морам да истакнам дека во изминативе години сите досегашни претседатели, ...

Ловец "отстрела" пријава

Вечер Прес - 08.12.2004

Кумановската полиција вчера против С.Д. (56) од Долно Коњаре поднесе кривична пријава за тешки дела против општата безбедност. Осомничениот С.Д. во понеделникот при лов на еребици, со сачмарка го рани 27-годишниот М.Ц. Инцидентот, според наводите во пријавата, се случил околу 11,30 часот во атарот ...

Дивац и "Лашко" се откажаа

Вечер Прес - 08.12.2004

Заедничката компанија на Владе Дивац и "Даноне" од Франција-"Апурна" и Пивоварна "Лашко", завчера напладне и официјално се откажаа од купувањето акции во "Књаз Милош".Така, по повеќемесечна борба на трите понудувачи и агонијата на малите акционери, во трката остана само ФПП "Балкан лимитед" кој ја ...

Од бели шалови до "тестиси во менгеме"!

Вечер Прес - 08.12.2004

На претседателските избори во Хрватска, закажани за 2 јануари, не им недостасува "колоритност и сугестивност" од секаков вид изјави, слогани и маркетиншки потези. Ако се издвојат фаворитите Стипе Месиќ и Јадранка Косор, чии кампањи барем во глобала ќе личат на вистински изборни, кампањите на ...

ОБВИНЕТИТЕ ЗА "РАШТАНСКИ ЛОЗЈА" НА СЛОБОДА?!

Вечер Прес - 08.12.2004

Четворицата обвинети за случајот "Раштански лозја" наскоро ќе бидат пуштени на слобода. Ова го дознава "ВЕЧЕР" од судски извори. Александар Цветков, Горан Стојков, Бобан Утковски и Митко Кикереков, според соговорникот, ќе бидат ослободени по донесувањето на Законот за постконфликтна амнестија за ...

Миланската скала повторно "пропеа"

Вечер Прес - 08.12.2004

Вчера, по две ипол години, повторно беше отворен италијанскиот музички храм - миланската Скала. На свеченото отворање беше изведено делото "Еуропа Рицоносциута" опера во два чина со танц од Антонио Салиери, со која во 1778 година беше инагуриран тогашниот "Нуово Регио Дуцал Театро" набргу ...

Бојку стана "заботехничар"

Вечер Прес - 08.12.2004

Кога човек го бива за се, едноставно го бива. Ова конкретно се однесува на затвореникот Дилавер Бојку, макробосот од Велешта, кој деновиве ја сменил "професијата". Бојку, кој се наоѓа на издржување на затворските казни за трговија со луѓе, кражба на автомобил, спротивставување, односно давање отпор ...

"Експериментот" на Врчаковски "ги тресе" лекарите

Вечер Прес - 07.12.2004

Во стапицата на "Експеримент", роман од проф. д-р Миодраг Врчаковски, еве, повеќе од еден месец, откако го испечати Издавачкиот центар "Три", "паѓаат" се поголем број читатели, особено од медицинските кругови. Не случајно. Велат, романот бил толку реално напишан, што неговите колеги, се "фрлиле" на ...

Буџетот со "дупка" од 2,4 милијарди денари

Вечер Прес - 07.12.2004

Идната година од државната каса ќе се потрошат над 59 милијари денари, а ќе недостасуваат 2,4 милијарди денари кои треба да се покријат со странски донации и кредити од меѓународни финансиски институции. Приходите, пак, во Буџетот за идната година, се позиционирани на 56,8 милијарди денари.

Чадни бомби, гумени куршуми и пендреци на трибините на "Сентенарио"

Вечер Прес - 07.12.2004

Секоја, посериозна фудбалска држава има свое најголемо, најславно, највечно, највозбудливо дерби. Во Уругвај, под "закон" за фудбалско дерби важи мечот меѓу најлутите ривали во историјата на уругвајскиот фудбал, екипите на Национал и Пењарол од Монтевидео.

Краделе по една “актовка" долари на ден!

Вечер Прес - 07.12.2004

Работниците од некогашниот српски гигант, претпријатието "Иван Милутиновиќ" ја продолжуваат жестоката битка да им влезат во трагата на своите 280 милиони долари, од кои дел јавно - дел мистериозно, исчезнаа од дирекцијата за помалку од десет години.

Разграбан "Кодот на Да Винчи"!

Вечер Прес - 07.12.2004

Да Винчиевата треска не владее само во светот, туку и овде, во Македонија. Феноменот на "Кодот на Да Винчи" на американскиот писател Ден Браун, книгата која повеќе од половина година бележи астрономски тиражи (над 20 милиони примероци), од светската, се пресликува и на македонската културна сцена.

Албанија "се пере", Македонија со дамка!

Вечер Прес - 06.12.2004

ПИШУВА: Предраг ДИМИТРОВСКИ За релативно кратко време, Република Албанија како држава реши да реагира на обидите за препрочитување на сеалбанската историја и настојувањата за рехабилитација, па дури и заживување на одделни (нео)фашистички организации од времето на Втората светска војна, во прв ред ...

Александра и Елена пееја во "Даре Џамбаз"

Вечер Прес - 06.12.2004

По повод трети декември Светскиот ден на лицата со инвалидност, во Центарот "Даре Џамбаз" на свеченоста организарана во чест на овој ден, пред присутните, меѓу кои беше и градоначалникот Ристо Пенов, свој хуманитарен настап имаа ѕвездите на М2, Александра Пилева и Елена Ристеска.

Заеднички ќе го фаќаат "крадецот"

Вечер Прес - 06.12.2004

Претседателите на СДСМ и ДПА, Владо Бучковски и Арбен Џафери, вчера во Тетово разговараа за стратешките интереси на државата, меѓу кои и за подготвеноста на опозицијата за поддршка на реформите во судството. "Од ДПА беше наметнато прашањето за организирање на фер и демократски локални избори, за ...

Макпетрол и Окта "не штедат" на сулфур!

Вечер Прес - 06.12.2004

Државните инспектори ги фатија големите нафташи "Макпетрол" и ОКТА како го "крстат" горивото. Акцијата што ја спроведе Министерството за економија минатиот месец за проверка на квалитетот на нафтените деривати ги потврди сомнежите на потрошувачите.

Центрите за социјални работи ја преземаат и "детска заштита"

Вечер Прес - 06.12.2004

Центрите за социјална работа ја преземаат и детската заштита. Посебните служби во кои досега се остваруваа овие права се укинуваат. Најголемиот дел од вработените во овој сектор и во подрачните единици за детска заштита (97) се префрлаат во центрите за социјални работи, шестмина преминуваат во ...

ПОЧНА "ТАКСИРАТ" фест"

Вечер Прес - 06.12.2004

Новосаѓаните "Ска Рингишпил" се новите победници на традиционалниот "Лузер фест", кој по шести пат се одржува во рамките на музичкиот фестивал "Таксират". Момците од Нови Сад се здобија со привилегијата да снимаат албум на сметка на организаторите на фестивалот и да учествуваат на централната вечер ...

Професорски "прелет" во ФОН

Вечер Прес - 06.12.2004

Околу педесетина професори од државните универзитети, најмногу од скопскиот, најверојатно, наскоро ќе ги напуштат своите кабинети и ќе преминат во приватниот сектор, во Европскиот универзитет - Република Македонија. Нивниот точен број ќе се знае до крајот на идната недела, кога се очекува да ...