TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Штрајк во „Нова Македонија“, нема дневни весници

А1 - 23.02.2003

Дневните весници на НИП „Нова Македонија“, в понеделник, нема да излезат од печат освен детските списанија со намален тираж и намален број страници поради реактивирање на штрајкот на вработените. Ова ќе биде првпат за речиси шест децении постоење на најстарата издавачка куќа да не излезат дневните ...

Од понеделник "Нова Македонија" ќе штрајкува пред Владата

Утрински - 22.02.2003

Најава ШтрајкуваЧкиот одбор на најголемата новинско-издавачка куќа кај нас НИП "Нова Македонија" вчера донесе конечна одлука за стапување во генерален штрајк. В понеделник, во 11 часот, вработените од НИП-от, како и луѓето кои ќе пристигнат од внатрешноста на државава, односно од дописништвата на ...

Весниците "Нова Македонија" и "Вечер" нема да се печатат

Дневник - 22.02.2003

В ПОНЕДЕЛНИК повторно ШТРАЈК Новинарите не се согласиле да се прекине печатењето на весниците, но под притисок на штрајкувачкиот одбор го поддржале генералниот штрајк Дневните изданија на новинската куќа "Нова Македонија" од понеделник нема да излегуваат од печат поради генералниот штрајк на ...

Железничарите до петок треба да добијат плата

Дневник - 22.02.2003

ПРЕКИНАТ ШТРАЈКОТ ВО "МАКЕДОНСКИ ЖЕЛЕЗНИЦИ" Железничарите прексиноќа одлучиле да го прекинат генералниот штрајк, кој траеше седум дена бидејќи менаџерскиот тим на "Македонски железници" ветил дека ќе ја исплати декемвриската плата и дека синдикатот ќе биде вклучен во процесот на трансформација на ...

Нормализиран железничкиот сообраќај

А1 - 21.02.2003

Oд денеска железничкиот патнички и товарен сообраќај нормално функционира, по седумдневен целосен прекин, поради штрајкот на петте синдикати во Mакедонски железници. Mенаџерскиот тим веќе договорил наредните денови да почне и превозот на нафтата за стоковите резерви, што за потребите на државата ги ...

Во понеделник генерален штрајк на НИП

А1 - 21.02.2003

Вработените во НИП „Нова Македонија“ в понеделник ќе стапат во генерален штрајк. Поради штрајкот, кој ќе се манифестира со протести пред Владата, ќе престанат да излегуваат сите изданија на оваа најстара издавачка куќа во државава, првпат по шестдецениското постоење.

Најбројниот синдикат го прекина штрајкот

Утрински - 21.02.2003

ЖЕЛЕЗНИЧАРИ Синдикатот на железничарите при ССМ, инаку најбројниот во Македонски железници, вчера во 15 часот, го прекина штрајкот кој трае од 14 овој месец. Причина за прекинот, како што се вели во соопштението до медиумите, се штетите кои настануваат за државата, но и за јавното претпријатие.

Железничарите почнаа штрајк со глад

Дневник - 21.02.2003

протестот ВО "МАКЕДОНСКИ ЖЕЛЕЗНИЦИ" СЕ РАДИКАЛИЗИРА Штрајкувачкиот одбор не ја поддржа идејата за штрајк со глад и најави дека ќе ги разубеди членовите да го прекинат Педесетина железничари вчера најавија дека ќе "штрајкуваат до смрт", зашто веќе се доведени на работ на животната егзистенција, а ...

Железничарите го прекинаа штрајкот

А1 - 20.02.2003

Штрајкувачкиот одбор на синдикатите на Македонски железници го прекина штрајкот, што почна пред осум дена со целосна блокада на меѓународниот и домашниот сообраќај. Како што изјави претставникот на Штрајкувачкиот одбор, Борче Најдановски, на попладневниот состанок со раководството на МЖ, на ...

Синдикалците ќе штрајкуваат на 19 март

Дневник - 20.02.2003

ВОНРЕДНА СЕДНИЦА НА ССМ Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) на 19 март ќе организира генерален штрајк ако не се постигне договор со Владата да го преиспита аранжманот со Меѓународниот монетарен фонд, ако не се донесе закон за загубарите и ако не се направи ревизија на сомнителните ...

Штрајк на 19 март ако Владата не прифати закон за загубари

Утрински - 20.02.2003

Средба на синдикалците со Манасиевски МАЈА ТОМИЌ Министерот за труд и социјала, Јован Манасиевски, вчера не успеа да ги убеди претставниците на фирмите-загубари и членовите на Сојузот на синдикатите дека не донесувањето посебен закон за загубари, туку решенијата што Владата има намера да ги преземе ...

Штрајкувачите на МЖ стравуваат од отпуштање на 2.700 вработени?

Утрински - 20.02.2003

Штрајкувачкиот одбор незадоволен од моделот за трансформација на железницата ЗДЕНКА ПАВКОВИЌ Членовите на Штрајкувачкиот одбор, кој ги претставува петте (од вкупно шест) синдикати на ?Македонски железници", го повикаа своето членство да застане зад нив и да им даде масовна поддршка, бидејќи тие ...

Генерален штрајк на 19 март

Вест - 20.02.2003

СОЈУЗОТ НА СИНДИКАТИ ТВРДИ ДЕКА Е ИЗИГРАН И И ПОРАЧУВА НА ВЛАСТА ДЕКА СО ЛАГИ НЕ СЕ ПРАВИ ДРЖАВА Советот на ССМ вчера најави дека ќе организира генерален штрајк на 19 март, ако во меѓувреме не постигне договор со Владата за преиспитување на зголемувањето на ДДВ, ако не се донесе закон за решавање ...

На железничарите не им се дозволува да се вратат на работа

А1 - 19.02.2003

Oрганизаторите на целосната блокада на железничкиот сообраќај со притисок не им дозволуваат на вработените да се вратат на работа, за да обезбедат делумен проток на сообраќајот, тврди Синдикатот на железничарите. И покрај сите предупредувања за незаконско штрајкување и за големите загуби во ...

ССМ се подготвува за генерален штрајк на 19 март

А1 - 19.02.2003

Работниците членови на ССМ на 19 март ќе излезат на генерален штрајк, ако до тогаш Владата не ги исполни нивните барања: да се преиспита зголемувањето на ДДВ за дел од производите, да се донесе закон кој ќе ги згрижи работниците од фирмите загубари и да се изврши ревизијата на приватизацијата во ...

Штрајкот на железничарите ќе го прекине производството во МХК "Злетово"

Вест - 19.02.2003

Дваесет и една цистерна со сулфурна киселина стои блокирана на железничката станица во Велес и не може да се транспортира до Фабриката за вештачко ѓубре во Згрополци, поради штрајкот на Македонски железници. Сулфурната киселина е основна суровина во производството на овој комплекс од МХК "Злетово" ...

Возот со владините пари заглавил на непознат колосек

Дневник - 19.02.2003

СПОР НА РЕЛАЦИЈАТА ВЛАДА - "МАКЕДОНСКИ ЖЕЛЕЗНИЦИ" Штрајкувачкиот одбор се сомнева во манипулации меѓу тимот на "Македонски железници" и акционерите на "Фершпед" Владата тврди дека префрлила пари за три плати на железничарите, но тие велат дека не ги добиле и дека не знаат каде се.

Муратовски го кани премиерот да му го чува грбот од синдикалците

Дневник - 19.02.2003

СИНДИКАТ Ванчо Муратовски, претседател на Сојузот на синдикати (ССМ), го поканил премиерот Бранко Црвенковски да присуствува на денешната седница на Советот на синдикатот за да ги образложи последните потези на Владата. Синдикалното членство е револтирано зашто се уште не е донесен законот за ...

Фирмите плаќале за превоз, а парите не стигнале до МЖ?

Утрински - 19.02.2003

Штрајкувачкиот одбор на МЖ на уште една средба со ресорниот министер Членовите на Штрајкувачкиот одбор кои ги претставуваат петте синдикати на МЖ кои се во штрајк, вчера требаа да имаат нова средба со ресорниот министер Миљаим Ајдини, на која, според најавите, ќе бидат повикани да учествуваат во ...

Владата тврди дека префрлила три плати, а железничарите земале само една

Вест - 19.02.2003

ЖЕЛЕЗНИЧКИОТ СООБРАЌАЈ И ДЕНЕСКА ПАРАЛИЗИРАН Генералниот штрајк во "Македонски железници" и вчера целосно го парализира железничкиот сообраќај во земјава. Штрајкувачкиот одбор тврди дека нема да го прекинат штрајкот доколку Владата не ги исполни нивните барања, а Владата, пак, тврди дека отткако ...

Суспензија за железничарите кои ќе го продолжат штрајкот

А1 - 18.02.2003

Петти ден од целосниот прекин на железничкиот сообраќај. Штрајкот во Железници ги блокираше меѓународните возови на граничните премини, а ги остави без превоз и домашните патници. Најголемиот удар од блокадата, сепак, доаѓа преку товарниот сообраќај.

Загубарите не се сретнаа со Црвенковски

А1 - 18.02.2003

Работниците од фирмите загубари денеска не се сретнаа со премиерот Црвенковски, иако вчера поставија ултиматум до крајот на денешниот ден да одат на разговори кај него, а во спротивно утре ќе донесат одлука масовен штрајк. Работниците бараат тие самите да слушнат од Црвенковски дали и како ќе биде ...

Ако не се мрднат возовите ќе има казни за штрајкувачите

Дневник - 18.02.2003

ШТРАЈКОТ ВО "МАКЕДОНСКИ ЖЕЛЕЗНИЦИ" ПРОДОЛЖУВА Владата не ги прифаќа барањата на вработените во "Македонски железници" бидејќи смета дека се неосновани Владата вчера го повика раководството на "Македонски железници" да обезбеди минимум сообраќај, а ако не го стори тоа, најави санкции за ...

Загубарите се закануваат со генерален штрајк

Утрински - 18.02.2003

Синдикатот и претпријатијата-загубари бараат од Владата итно донесување на бараниот закон МАЈА ТОМИЌ Доколку премиерот Бранко Црвенковски во текот на денешниот ден нема средба со претставници на фирмите-загубари и на Сојузот на синдикати на Македонија, на кој ќе се прецизира точно кога Владата ќе ...

Вработените во "Нова Македонија"ќе штрајкуваат

Дневник - 18.02.2003

од понеделник Вработените во новинско-издавачката куќа "Нова Македонија" в понеделник ќе излезат на протест пред Владата и Агенцијата за приватизација бидејќи судската постапка за раскинување на купопродажниот договор со словенечката фирма "Југ-сторитве" се одвива многу бавно.

Штрајкот блокира 180 вагони со нафта и со фосфати

Утрински - 18.02.2003

ПОСЛЕДИЦИ ГЕВГЕЛИЈА - Штрајкот на железничарите целосно го блокира меѓународниот железнички сообраќај преку македонско-грчката граница, а во моментот речиси 180 вагони стојат заробени. Најголемиот број од нив, околу 100 стигнале до железничката станица во Идомени, но поради штрајкот не успеале да ...

Во Париз штрајк на пилотите во „Ер Франс"

Утрински - 18.02.2003

Поради барањето за поголеми плати Француската воздухопловна компанија ?Ер Франс" беше принудена вчера да го откаже приближно секој седми лет во двете најголеми париски воздушни пристаништа,поради штрајк на своите пилоти- се дознава од официјални извори.

Расте нервозата во фирмите загубари

А1 - 17.02.2003

Работниците од фирмите загубари се децидни - Владата мора да го донесе законот кој на вработени од овие фирми со повеќе од 25 години стаж треба да им обезбеди социјална сигурност до пензионирање. Во спротивно тие најавуваат масовен штрајк.

Штрајк на новинарите од грчката национална телевизија

А1 - 17.02.2003

Новинарите од грчкото национално радио и телевизија денеска и утре ќе штрајкуваат по шест часа во знак на протест против одбивањето на раководството на овој медиум да го преразгледа прашањето за договорите за работа. Денеска и утре од 9 до 15 часот ќе запрат со емитување програма државните ...

Железничкиот сообраќај четврти ден под целосна блокада

А1 - 17.02.2003

Железничкиот сообраќај и денеска под целосна блокада. Четврти ден од штрајкот на железничарите со барање за исплата на декемвриската и јануарска плата. По денешната седница Владата им порачува на штрајкувачите дека нема намера по четврти пат да им ја исплатува платата од буџетот.

Менаџерскиот тим повика на остварување минимум сообраќај

Утрински - 17.02.2003

Железничкиот сообраќај и натаму во целосен прекин Целокупниот железнички сообраќај, како домашниот, така и меѓународниот, и натаму е во целосен прекин поради штрајкот на железничарите кои бараат исплата на двете заостанати плати, како и изнаоѓање трајно решение за статусот на Македонски железници.