TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Свечена академија во спомен на претседателот Трајковски

Дневник - 24.02.2007

Пристапи на лидерство и различности во начинот на лидерство се двете теми за кои во рамките на Младинскиот форум ќе се разговара денеска, на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово. Младинскиот форум беше официјално отворен синоќа како дел од Вториот меѓународен лидерски форум, кој по повод ...

Три години од загинувањето на претседателот Борис Трајковски

Утрински - 24.02.2007

Во Скопје ќе се одржи лидерски форум на тема „Одговорно лидерство“ На 26 февруари се навршуваат три години од авионската несреќа во која загинаа претседателот Борис Трајковски и осумтемина негови соработници и членови на екипажот.

Повторно осквернавен споменикот на Борис Трајковски во Струмица

А1 - 23.02.2007

„Кому му пречи споменикот на мојот покоен брат и зошто врз него го истураат вандалскиот бес“, вака се прашуваше Александар, братот близнак на покојниот претседател Борис Трајковски, откако забележа дека повторно се украдени букви од споменикот во големиот градски парк во Струмица.

Пак украдени буквите од споменикот на Борис Трајковски

Вест - 23.02.2007

РЕВОЛТ ВО СТРУМИЦА Четири дена пред одбележувањето на тригодишнината од смртта на Борис Трајковски, буквите од неговиот споменик во Струмица повторно се уништени. Ова е второ сквернавање на споменикот "Македонија" во големиот градски парк во Струмица за неполн месец.

Фондацијата „Борис Трајковски“ организира лидерски форум

Дневник - 23.02.2007

Меѓународната фондација „Борис Трајковски“ од денеска во наредните четири дена ќе го организира Вториот меѓународен лидерски форум , чиј покровител е премиерот Никола Груевски, а се организира по повод тригодишнината од трагичната смрт на претседателот Трајковски.

Повторно украдени буквите од споменикот на Трајковски

Канал5 - 22.02.2007

За неполн месец, по втор пат, крадци го осквернавија споменикот на трагично загинатиот македонски претседател Борис Трајковски. Една недела откако на споменикот беа вратени претходно украдените 50-тина букви сега недостасуваат 20-тина.

Со Лидерски форум Фондацијата Борис Трајковски ќе ја одбележи годишнината од смртта на претседателот

Канал5 - 22.02.2007

Фондацијата „Борис Трајковски“ по повод тригодишнината од загинувањето на претседателот Трајковски ќе организира Втор Меѓународен лидерски форум на тема „Одговорно лидерство“ на кој се најавени покрај македонски политичари и гости од странство.

Неколку чекори од патот

Дневник - 21.02.2007

(Омаж за Борис) Беше човек од акција и го правеше тоа што беше исправно и кога беше најтешко. И си го сакаше народот. Траумите во 2001 му донесоа многу критики - од јавноста, владата, партиите, па и од меѓународната заедница .