TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Утврдено четврто жариште на птичји грип во Полска

Канал5 - 09.12.2007

Четврто жариште на птичји грип предизвикан од вирусот Х5Н1 е лоцирано во централна Полска, 50 километри оддалечено од трите останати жаришта, утврдени во текот на измината седмица, изјави синоќа главниот државен ветеринар Ева Лех.

СЗО потврди пренесување на птичјиот грип од човек на човек

Макфакс - 08.12.2007

Берн Експертите од Светската здравствена организација(СЗО) го потврдија првиот случај на пренесување на птичјиот грип од човек на човек, официјално е соопштено. Случајот е регистриран во Пакистан, каде човек бил заразен од вирусот Х5Н1 без притоа да бил во контакт со заразени лица.

Жена почина од птичји грип во Египет

Макфакс - 07.12.2007

Каиро Жена почина од птичји грип во Египет, соопшти синоќа Министерството за здравство во Каиро. Според истиот извор, жената на возраст од 25 години се заразила од опасниот вирус H5N1, во провинцијата Бени Суеф, 130 километри јужно од Каиро.

Едно лице почина од птичји грип во Кина

А1 - 03.12.2007

Едно лице од источната кинеска провинција Џиангсу почина од вирусот на птичјиот грип Х5Н1, јавија државните гласила. Ова е прв ваков случај во Кина од јуни оваа година. Во Кина, до денес, се регистрирани 26 лица заболени од птичји грип, додека 17 лица починаа, јавуваат агенциите.

Ново огниште на птичји грип во Полска

Макфакс - 03.12.2007

Варшава Ново огниште на птичји грип е откриено во фарми во северна Полска во зоната на безбедност околу претходно утврдената огниште на зараза. Според полското министерство за земјоделство анализите го потврдиле постоењето на вирусот H5N1 кај земените примероци.

Смрт од птичји грип во Кина

Макфакс - 03.12.2007

Пекинг Едно лице од источната кинеска провинција Џиангсу почина од вирусот на птичјиот грип Х5Н1, јавија државните гласила. Ова е прв ваков случај во Кина од јуни оваа година. Во Кина, до денес, се регистрирани 26 лица заболени од птичји грип, додека 17 лица починаа, јавуваат агенциите.