TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Обама постави рекорд во донации за кампања

А1 - 19.10.2008

Кандидатот на Демократската партија за претседател на САД Барак Обама, во текот на септември собра над 150 милиони долари, со што постави месечен, но и апсолутен рекорд во донации за изборна кампања. Вкупната сума што Обама ја собра до крајот на септември годинава изнесува 605 милиони долари, што е досега незабележано во историјата на американските претседателски избори.

Обама рекордер во собирање на донации

Алсат-М - 19.10.2008

Демократскиот кандидат за претседател на САД, Барак Обама, во септември собрал над 150 милиони долари, со што постави месечен, но и апсолутен рекорд во донации за изборна кампања. Вкупната сума што Обама ја собра до крајот на септември годинава изнесува 605 милиони долари, што е досега незабележано во историјата на американските претседателски избори.

КОЛИН ПАУЕЛ ГО ПОДДРЖА ОБАМА

Телма - 19.10.2008

Пензионираниот генерал Колин Пауел, поранешен државен секретар во администрацијата на Џорџ Буш, денеска го поддржа претседателскиот кандидат на демократите Барак Обама. За време на една емисија на телевизијата Ен-Би-Си, Пауел, кој е противник на војната во Ирак, рече дека го поддржува Обама, а не својот сопартиец републиканецот Џон Меккејн, кој е приврзаник на војната.

Обама постави рекорд во донации за кампања

Макфакс - 19.10.2008

Кандидатот на Демократската партија за претседател на САД Барак Обама, во текот на септември собра над 150 милиони долари, со што постави месечен, но и апсолутен рекорд во донации за изборна кампања. Вкупната сума што Обама ја собра до крајот на септември годинава изнесува 605 милиони долари, што е досега незабележано во историјата на американските претседателски избори.

Колин Пауел ги шокираше Американците

Форум - 19.10.2008

Изјавата на истакнатиот член на републиканците Колин Пауел дека ќе го поддржи претседателскиот кандидат на демократите Обама, предизвика американските медиуми неговата изјава да ја објавата како breaking news Колин Пауел беше државен секретар во првиот мандат на републиакнскиот престедател Џорџ Буш , а сега е пензиониран генерал.

Обама води со четири проценти пред Меккејн

Алсат-М - 18.10.2008

Според последното истражување на јавното мислење во Америка, кандидатот на демократите Барак Обама има предност од четири проценти во однос на републиканскиот ривал Џон Меккејн Според анкета на неколку институции, меѓу кои се и ТВ мрежата Си Спан и институтот Зогби, спроведена на примерок од 1.210 избирачи, 48 отсто би го поддржале Обама, а 44 отсто Меккејн.

Дали се искрени Американците во анкетите?

Време - 18.10.2008

И покрај големата предност на демократскиот кандидат за претседател на САД, Барак Обама, која ја покажуваат анкетите на јавното мислење, американските експерти по тоа прашање предупредуваат дека на денот на изборите гласачите би можеле да се премислат и да гласаат против него.

Обама води со четири проценти пред Меккејн

Канал5 - 18.10.2008

Вашингтон, 18 октомври (МИА) - Според последното истражување на јавното мислење во Америка, кандидатот на Демократската партија за претседател на САД Барак Обама има предност од четири проценти во однос на републиканскиот ривал Џон Меккејн.

ОБАМА ВОДИ СО ЧЕТИРИ ПРОЦЕНТИ ПРЕД МЕККЕЈН

Телма - 18.10.2008

Според последното истражување на јавното мислење во Америка, кандидатот на Демократската партија за претседател на САД Барак Обама има предност од четири проценти во однос на републиканскиот ривал Џон Меккејн. Според анкета на неколку институции, меѓу кои се и ТВ мрежата Си Спан и институтот Зогби, спроведена на примерок од 1.210 избирачи, 48 отсто би го поддржале Обама, а 44 отсто Меккејн.

ВодоинсталатеротЏостана ѕвезда на кампањата

Дневник - 18.10.2008

Медиумите го забележаа водоинсталатерот кога во неделата разговараше со Обама, кој одеше од врата до врата во Толедо, Охајо Може ли исходот на претседателските избори во САД да го одлучи водоинсталатерот Џо од Охајо, обичен Американец кој разговараше пред камерите со Барак Обама, а Џон Меккејн го искористи на третиот и последен телевизиски дуел? - Џо, Обама сака да ти го зголеми данокот - обвини ...

Обама и понатаму во предност, но МекКејн го достигнува

Форум - 18.10.2008

Демократот Барак Обама води со 4 проценти над републиканецот Џон МекКејн во предизборната американска трка, според истражувањето на јавното мислење од страна на Ројтерс. Обама води пред МекКејн со 48 наспрема 44 проценти помеѓу веројатните американски гласачи, според истражувањето кое можно е да има маргинална грешка од 2,9 проценти.

ОБАМА ВОДИ СО ЧЕТИРИ ПРОЦЕНТИ ПРЕД МЕККЕЈН

Сител - 18.10.2008

Според последното истражување на јавното мислење во Америка, кандидатот на Демократската партија за претседател на САД Барак Обама има предност од четири проценти во однос на републиканскиот ривал Џон Меккејн. Според анкета на неколку институции, меѓу кои се и ТВ мрежата Си Спан и институтот Зогби, спроведена на примерок од 1.210 избирачи, 48 отсто би го поддржале Обама, а 44 отсто Меккејн.

Наместо обвинувања, Обама и Меккејн си разменија шеги

Н.Македонија - 18.10.2008

Претседателските кандидати Барак Обама и Џон Меккејн повторно делеа сцена и микрофон завчера во Њујорк, но наместо обвинувања овојпат претендентите за Белата куќа си поделија шеги. Само еден ден по нивната трета и последна дебата, Меккејн и Обама присуствуваа на добротворната вечера во чест на починатиот гувернер на Њујорк, Ал Смит, чија цел е собирање средства за сиромашни деца.

„Вашингтон пост“ е за Обама

Н.Македонија - 18.10.2008

Редакцијата на влијателниот американски весник „Вашингтон пост“ ја поддржа кампањата на демократот Барак Обама за претседател на САД, оценувајќи дека тој има потенцијал да биде голем водач и покрај политичкото неискуство, јави АФП. - Лесно го избравме нашиот фаворит, имајќи ја предвид разочарувачката кампања на Џон Меккејн и неодговорниот избор на Сара Пејлин за потпретседател, која не е ...

Ирски букмејкер го прогласи Обама за победник

Алсат-М - 17.10.2008

Најголемиот ирски букмејкер Педи Пауер (Paddy Power) од синоќа почна со исплата на добивки за сите кои се обложиле на победа на сенаторот од Илиноис Барак Обама, - Сигурни сме дека Обама ќе биде новиот претседател на САД, и поради тоа одлучивме да исплатиме над еден милион евра за добивки на лица кои се обложиле за негова победа, соопшти обложувачницата три нделеи пред претседателските избори во ...

Последен спринт до Белата куќа

Време - 17.10.2008

Во третата и последна телевизиска деба пред одржувањето на претседателските избори во САД, закажани за 4 ноември, која беше одржана на Универзитетот „Хофстра“ во Хемпстед, Њујорк, двајцата кандидати, републиканецот Џон Мекејн и демократот Барак Обама, енергично спореа околу сериозната финансиска криза во САД, прашањето за санација на стопанството на земјата, даноците, енергетската политика и ...

Обама: Сенаторе Меккејн, ми личите на Буш

Вест - 17.10.2008

ХЕМПСТЕД, Њујорк, 17 октомври (Ројтерс) - Републиканскиот кандидат Џон Меккејн и демократот Барак Обама вчера го почнаа 19-дневниот спринт до изборите, по финалната дебата во која најмногу се напаѓаа за економијата и за даночните планови на Обама. Двете анкети на јавното мислење, кои беа спроведени по дебатата, го прогласија Обама за победник.

Обама ја потсетува грчката дијаспора да гласа за него

Утрински - 17.10.2008

Обама потсетува на неговите ставови за Кипар, Македонија и за Цариградската патријаршија Барак Обама и Џо Бајден отсекогаш биле вистински пријатели на грчките Американци и на грчката заедница во текот на нивните кариери и јавна работа. Обама тесно соработувал со таа заедница, особено во Чикаго, Илиноис и отсекогаш ја поддржувал грчката заедница и нејзиното учество во американскиот политички ...

Мекејн- Јас не сум претседателот Буш

Утрински - 17.10.2008

Ако Обама сака да ги одмерува силите со Буш, требаше да се кандидира пред четири години, порача Мекејн ВАШИНГТОН - Барак Обама и Џон Мекејн ги спротивставија своите ставови околу економските планови и други прашања во жестоката финална ТВ- дебата пред претседателските избори. Во серијата раздразливи размени на коментари, Мекејн го обвини Обама дека лаже и дека има врски со домашни „терористи“.

Меккејн во последен напад

Дневник - 17.10.2008

Според испитувањето што го спроведе „Си-ен-ен“, 58 отсто од анкетираните оцениле дека победник на ТВ-дебатата е Обама, а 31 процент се одлучиле за Меккејн Третата и последна ТВ-дебата на двајцата кандидати за претседателските избори во САД, закажани за 4 ноември, републиканецот Џон Меккејн и демократот Барак Обама минаа во знак на несогласување за прашањето за санација на стопанството на земјата.

Галуп: 49 отсто за Обама, наспроти 47 отсто за Меккејн

Нетпрес - 17.10.2008

Ново социолошко проучување на агенцијата “Галуп“ покажува дека предноста на демократот Барак Обама пред републиканецот Џон Mеккејн се намалила до два отсто, објавуваат медиумите во САД. Според анкетата, спроведена меѓу американските граѓани кои се најсклони кон гласање, црнокожиот сенатор од Илиноис има поддржка од 49 отсто, наспроти 47 отсто за неговиот колега од Аризона.

Ирски букмејкер го прогласи Обама за победник

Форум - 17.10.2008

- Сигурни сме дека Обама ќе биде новиот претседател на САД, и поради тоа одлучивме да исплатиме над еден милион евра за добивки на лица кои се обложиле за негова победа, соопшти обложувачницата три нделеи пред претседателските избори во САД. Пред потегот за исплата, коефициентите беа 1,14 за победа на Обама и 5,00 за победа на Џон Мекејн.

Обама победник и во третиот дуел

Н.Македонија - 17.10.2008

Демократскиот кандидат Барак Обама е прогласен за победник и во третата и последна предизборна дебата со републиканскиот ривал Џон Меккејн, за кого аналитичарите оценија дека овојпат најдобро се прикажал себеси, но дека не успеал да ја разниша предноста на афроамериканскиот сенатор, јави АФП.

Барак Обама е за заемно прифатливо решение за името

Н.Македонија - 17.10.2008

Барак Обама се изјасни дека е за едно заемно прифатливо решение за име меѓу Македонија и Грција, објави грчкиот весник „Катимерини“. „Кандидатот на демократите за претседател на САД ги презентира своите позиции за прашањата, кои се од интерес на Грција. Неговиот став за спорот со името меѓу Атина и Скопје е дека треба да се најде едно заемно прифатливо решение.

Последна и напната ТВ дебата во САД

BBC - 16.10.2008

Двајцата главни кандидати за претседател на Соединетите држави, Барак Обама и Џон МекКејн, ја одржаа нивната трета и последна телевизиска дебата. Теми на расправата беа економијата, здравствената грижа, енергијата, абортусот и лидерството. Имаше јасни разлики околу тоа како да им се помогне на луѓето со станбени кредити и каде да се насочат намалените даноци.

Рекордна предност на Обама пред Мекејн

Вест - 16.10.2008

ВАШИНГТОН, 16 октомври (АП/Ројтерс) - Демократскиот кандидат за претседател на САД Барак Обама води со 14 проценти пред републиканецот Џон Мекејн, покажуваат резултатите од најновите анкети. Според анкетата извршена од весникот "Њујорк тајмс" и телевизијата "Би-Би-Си", Обама има поддршка од 53 отсто од испитаниците, додека Мекејн само од 39 отсто.

Барак Обама му бега на Меккејн

Дневник - 16.10.2008

Барак Обама му бега на Меккејн Според анкетите, предноста на демократот е меѓу 9 и 14 проценти Демократскиот кандидат за претседател на САД, Барак Обама, веќе води со 14 проценти пред својот противник, републиканецот Џон Меккејн, покажуваат резултатите од најновото истражување на јавното мислење.

Обама со двоцифрена предност пред Мекејн

Време - 16.10.2008

Последните анкети на јавното мислење покажуваат дека пред последниот телевизиски дуел кандидатот на демократите за претседател на САД, Барак Обама, води со 14 проценти пред неговиот противник републиканецот Џон Мекејн. Црномурниот сенатор од Илиноис води и во клучните сојузни држави Флорида, Охајо, Пенсилванија и Мисури.

И ПОСЛЕДНАТА ДЕБАТА ВО ЗНАКОТ НА ЕКОНОМИЈАТА

Телма - 16.10.2008

И ПОСЛЕДНАТА ДЕБАТА ВО ЗНАКОТ НА ЕКОНОМИЈАТА Третата и последната ТВ дебата на двајцата кандидати за претседателските избори во САД, закажани за 4 ноември, републиканецот Џон Меккејн и демократот Барак Обама минаа во знак на несогласување околу прашањето за санација на стопанството на земјата.

Обама е за взаемноприфатливо решение за име

Алсат-М - 16.10.2008

Барак Обама се изјасни дека е за едно взаемноприфатливо решение за име меѓу Македонија и Грција, објавува грчкиот весник “Катимерини“. Според весникот, тој наводно синоќа ги објавил своите ставови во врска со грчките интереси. Освен за прашањето околу името, Обама ги кажал и своите ставови за кипарскиот проблем, за кој нагласил дека поддржува решение кое ќе è ставело крај на, како што ...

САД:Финалната дебата полна со навреди

Алсат-М - 16.10.2008

Кандидатите за нов претседател на САД, Џон Мекејн и Барак Обама, синоќа во Њујорк ја имаа третата, последна и досега најжестока предизборна дебата. Двајцата кандидати меѓусебно се обвинуваа за погрешна економска, образовна и даночна политика и ја рекламираа сопствената подготвеност за реформи. Мекејн го обвини Обама дека не ја говори вистината и оти има врски со домашен терорист.

ОБАМА ВО СПОРОТ ЗА ИМЕТО НА СТРАНАТА НА ГРЦИТЕ

Телма - 16.10.2008

БАРАК ОБАМА ОТВОРЕНО ИМ ИЗРАЗИ ПОДДРШКА НА ГРЦИТЕ ВО АМЕРИКА. ДО ГРЧКАТА ЗАЕДНИЦА КАНДИДАТОТ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ДЕМОКРАТИТЕ, ОБАМА ЗАЕДНО СО ЏО БАЈДЕН, КОЈ Е КАНДИДАТ ЗА ПОТПРЕТСЕДАТЕЛ ИСПРАТИЈА ПИСМО ВО КОЕ СЕ ДЕКЛАРИРААТ КАКО ВИСТИНСКИ И ДОКАЖАНИ ПРИЈАТЕЛИ НА ГРЧКИТЕ АМЕРИКАНЦИ, ШТО ГО ПОКАЖАЛЕ ВО ПОВЕЌЕ НАВРАТИ ВО СВОИТЕ ПОЛИТИЧКИ КАРИЕРИ.

Обама го издржа последниот напад на Меккејн

Канал5 - 16.10.2008

Барак Обама го издржа последниот директен атак на неговиот ривал, Џон Меккејн. Ова е резимето на последната, и според сите оценки, најжолчна дебата меѓу двајцата претседателски кандидати, во која 74-годишниот републикански сенатор, со боксерска терминологија, го втера демократот Обама во агол, но не успеа да поентира во намерата да направи пресврт кај гласачкото тело.

Меккејн: Алчноста на Волстрит и Вашингтон виновни за кризата

Алсат-М - 16.10.2008

Економската криза во САД повторно доминираше на почетокот од третата и последна претседателска дебата меѓу сенаторите Џон Мекејн и Барак Обама. Како главни виновници за кризата, според Мекејн, се алчноста и претерувањето од страна на Волстрит и Вашингтон.

Економската криза во САД доминираше во последниот тв-дуел меѓу Обама и Мекејн

Нетпрес - 16.10.2008

Економската криза во САД доминираше на почетокот од третата и последна претседателска дебата меѓу сенаторите Џон Мекејн и Барак Обама. На почетокот од тв-дуелот на Универзитетот Хофстра во Њујорк, Мекејн рече дека Американците се погодени и бесни поради економската криза. Како виновник за настаната криза ја обвини алчноста и претерувањето од страна на Вол Стрит и Вашингтон.

Изборната трка во САД се вжештува

Форум - 16.10.2008

Во нивниот трет и последен ТВ-дуел пред претседателските избори во САД, кандидатите ги претставија своите програми за надминување на финансиската и економска криза во земјата. Републиканецот Џон Меккејн предложи пакет мерки во вредност од 300 милијарди долари за помош на граѓаните кои не можат да ги исплатат кредитите за нивните домови.

Вашингтон: Последно соочување меѓу Обама и Мекејн

Р.С.Европа - 16.10.2008

Економијата доминираше во третото и последно соочување меѓу кандидатите за иден американски претседател Барак Обама и Џон Макејн пред ноемвриските избори. Демократот Обама рече дека американската економија се соочува со долгорочни предизвици, додека републиканецот Мекејн изјави дека порастот на веќе опаднатите домашни вредности е клучен чекор за решавање на актуелната криза.

Економската криза тема на ТВ дуелот меѓу Обама и Мекејн

Макфакс - 16.10.2008

Економската криза во САД доминираше на почетокот од третата и последна претседателска дебата меѓу сенаторите Џон Мекејн и Барак Обама. Како главни виновници за кризата, според Мекејн, се алчноста и претерувањето од страна на Вол Стрит и Вашингтон.

Обама е за взаемноприфатливо решение за име

Нетпрес - 16.10.2008

Барак Обама се изјасни дека е за едно взаемноприфатливо решение за име меѓу Македонија и Грција, објавува грчкиот весник “Катимерини“. “Вчера кандидатот на демократите за претседател на САД ги презентираше своите позиции за прашањата, кои се од интерес на Грција. Неговиот став за спорот со името меѓу Атина и Скопје е дека треба да се најде едно взаемноприфатливо решение.

ПОСЛЕДЕН ТВ ДУЕЛ ОБАМА - МЕККЕЈН

Сител - 16.10.2008

Како и на претходните две така и на оваа дебата сенаторите уште еднаш ги потврдија своите добро познати ставови околу финансиската криза, здравствената грижа и енергетиката. Економската криза му помогна на Обама да се издвои пред неговиот републикански ривал на темата економската криза, на која и најмогу поентираше Обама, двајцата кандидати се судрија околу прашањето за даноците, за потоа да ...

Обама го победи Меккејн

Вечер Прес - 16.10.2008

Победник на ТВ-дебатата е демократот Барак Обама, покажа најновото истражување на Си-Ен-Ен. Тоа е оценка на 58 отсто од избирачите, додека 31 отсто сметаат дека победник е републиканецот Џон Меккејн, пренесе Хина. Сепак, и во третата и последна по ред ТВ-дебата пред претседателските избори на 4 ноември која се одржа во Њујорк, двајцата сенатори - кандидати за претседател на САД не си зададоа ...

Третиот дуел последна шанса за Меккејн?

Н.Македонија - 16.10.2008

Републиканскиот кандидат Џон Меккејн вчера на третиот и последен предизборен дуел против демократот Барак Обама имаше можеби една од последните шанси да ја врати својата кампања на вистинскиот пат. Низа анкети во изминатите денови му даваа сè поголема предност на Обама, а според најновото испитување на „Њујорк тајмс“ и на Си-би-ес, афроамериканскиот сенатор од Илиноис има рекордно водство од 14 ...

Обама со 14 проценти пред МекКејн

А1 - 15.10.2008

Демократскиот кандидат за претседател на САД Барак Обама веќе води со 14 проценти пред неговиот противник републиканецот Џон Меккејн, покажуваат резултатите од најновото истражување на јавното мислење. Според анкетата извршена од весникот „Њујорк тајмс“ и телевизијата Би-Би-Си, Обама има поддршка од 53 отсто од испитаниците, додека Меккејн само од 39 отсто.

Зошто Македонците сакаат да победи Мекејн?

Утрински - 15.10.2008

Кај нас постои страв дека со промената во Белата куќа ќе ја загубиме досегашната поддршка од САД Димитар Чулев Иако предноста на кандидатот на демократите за претседателските избори во САД Барак Обама во однос на републиканскиот противник Џон Мекејн достигна рекордни десет отсто, како што објави „Вашингтон пост“, минатонеделната анкета на „Економист“ покажува дека Македонија, Грузија и Андора се ...

Расте предноста на Обама

Макфакс - 15.10.2008

Новите анкети на јавното мислење покажуваат дека расте предноста на Барак Обама пред Џон Меккејн во трката за американски претседател. Три седмици пред изборите, Обама води пред Меккејн, со 50 наспроти 41 проценти доверба од гласачите, покажува анкетата на Лос Анџелес Тајмс и Блумберг. Во, септември Обама имаше предност од 49 наспроти 45 проценти.

Барак Обама во тајна љубовна врска

Нетпрес - 15.10.2008

Демократскиот кандидатот за претседател на САД, Барак Обама, е во тајна љубовна врска со извесна Вера Бејкер, која поради изборната кампања ја сокрил од очите на јавноста на Мартиник, остров на Карибите. Британскиот весник “Дејли Меил“ пренесува пишување на американски блогери дека е во прашање атрактивна афроамериканка, која своевремено работела во изборниот штаб на Обама за неговата кампања за ...

Анкета: Обама со 14 проценти пред Мекејн

Кирилица - 15.10.2008

Според анкетата извршена од весникот „Њујорк тајмс“ и телевизијата Би-Би-Си, Обама има поддршка од 53 отсто од испитаниците, додека Мекејн само од 39 отсто. Ова покажува дека кандидатот на демократите ја зголеми својата предност до ново рекордно ниво. Во друг анкета, спроведена од весникот „Лос Анџелес тајмс“ се забележува предност за Обама од девет проценти.

Вашингтон: Последна јавна дебата меѓу Мекејн и Обама

Р.С.Европа - 15.10.2008

Републиканецот Џон Мекејн и демократот Барак Обама денеска ќе се соочат во нивната трета и последна јавна дебата пред претседателските избори во Соединетите држави закажани за четвртти идниот месец. Според последните анкети на Њујорк Тајмс, Обама има четиринаесет проценти предност пред Мекејн.

Последна дебата Обама - Меккејн

Нетпрес - 15.10.2008

Републиканскиот кандидат за претсеадтел на САД, Џон Меккејн и неговиот демократски ривал, Барак Обама, вечерва ќе се соочат во финалната дебата во Универзитетот Хофстар во Хемпстед, јавува Ројтерс. Дебатата е закажана за во 21 часот по локално време и претставува нивна последна шанса да придобијат гласови. Според проценките, дебатата ќе ја следат повеќе од 60 милиони Американци.

Републиканците жестоко против водството на Обама

Време - 14.10.2008

На само три недели пред изборите за претседател на САД, републиканскиот кандидат, сенаторот Мекејн, и неговата кандидатка за потпретседател, гувернерката Сара Пејлин, се разидоа во поглед на правецот во кој треба да продолжи кампањата за Белата куќа, поради големата вознемиреност на Мекејн од хистеријата што ја предизвика Пејлин со нападите против демократскиот кандидат Барак Обама.

Обама му води на Мекејн за 10%

Вест - 14.10.2008

ВАШИНГТОН, 14 октомври (Ројтерс) - Демократскиот претседателски кандидат Барак Обама води пред својот републикански лидер Џон Мекеј со 53 наспротив 43 насто меѓу потенцијалните гласачи, покажа анкетата на јавното мислење што ја спроведоа весникот "Вашингтон пост" и каналот "Еј-Би-Си њуз".

Меккејн под притисок поради сè поголемата предност на Обама

Н.Македонија - 14.10.2008

Републиканскиот кандидат Џон Меккејн е под притисок да ја смени стратегијата против својот ривал, Барак Обама, на само три недели од претседателските избори, откако во изминатите денови беа објавени низа анкети што му даваат уште поголемо водство на афроамериканскиот сенатор од Илиноис.

Обама има љубовница

А1 - 13.10.2008

Барак Обама има љубовница која поради претседателската кампања ја сокрил на карипскиот остров Мартиник. Овие гласини веќе подолго време кружат меѓу американската јавност, а сега британскиот „Дејли Меил“ кој ја објави сторијата, стапи во контакт со наводната партнерка на Обама, која сепак вели дека на Мартиник не се преселила поради Обама и дека меѓу нив немало ништо.

Обама повторно пред МекКејн

А1 - 13.10.2008

Предноста на кандидатот на демократите за претседателските избори во САД Барак Обама пред републиканскиот противник Џон МекКејн, е рекордни десет отсто, објави Вашингтон пост. Информацијата на медиумот е според анкета на Еј-Би-Си и на Вашингтон пост по втората тв-дебата меѓу кандидатите во минатата недела.

Мекејн обвинет за ширење расна омраза

Утрински - 13.10.2008

Во Минесота во петокот Мекејн застана во одбрана на Обама откако некои на собирот го нарекоа „терорист“, „Арап“, „предавник“ и кандидат кој предизвикува страв ВАШИНГTОН - Претседателскиот кандидат од редовите на републиканците, Џон Мекејн, се вплетка во војна на зборови со расна основа откако се судри со иконата за човекови права.

Анкета: Обама со 10 отсто повеќе приврзаници отколку Мекејн

Канал5 - 13.10.2008

Вашингтон, 13 октомври (МИА) - Предноста на кандидатот на демократите за претседателските избори во САД Барак Обама пред републиканскиот противник Џон Мекејн, е рекордни десет отсто, објави Вашингтон пост. Информацијата на медиумот е според анкета на Еј-Би-Си и на Вашингтон пост по втората тв-дебата меѓу кандидатите во минатата недела.

Меккејн ги симна ракавиците

Дневник - 13.10.2008

Републиканскиот кандидат за претседателските избори во САД, Џон Меккејн, во обид да ја намали разликата во анкетите во кои полека го губи чекорот со Барак Обама, сега се обидува да ги засили сомневањата во карактерот на својот противник. Тој вчера го нападна Обама поради неговите контакти со поранешен радикал, кој стана универзитетски професор.

Обама со 10 отсто повеќе приврзаници отколку Мекејн

Кирилица - 13.10.2008

Информацијата е според анкета на Еј-Би-Си и на Вашингтон пост по втората тв-дебата меѓу кандидатите во минатата недела. Според анкетата, 53 отсто Американци кои со сигурност ќе одат на гласање, ќе го поддржат Обама, а 43 отсто Мекејн. Шеесет и четири отсто од избирачите - или шест отсто повеќе од почетокот на септември имаат позитивно мислење за кандидатот на демократите.

Балканско истражување, кој кого подржува за претседател на САД

Нетпрес - 13.10.2008

Балканците имаа различен став поврзан со кандидатите за претседател на Соединетите Американски Држави, кои што избори треба да се одржат на 4-ти ноември. Во едно испитување направено од британскиот весник “Економист“ се вели дека Грците го подржуваат Барак Обама, а Македонците Џон Меккејн.

Вашингтон: Барак Обама и натаму во предност спорд анкетите за претседателските избори во САД

Р.С.Европа - 13.10.2008

Во предизборната трка за американски претседател и натаму води кандидатот на Демократската Партија Барак Обама. Според анкетата на Ројтерс, Си Спан и Зогби, за Обама би гласале 48 насто, а за републиканецот Џон МекКејн 44 насто од гласачите. Изборите ќе бидат одржани на 4 Ноември.

Обама води пред Меккејн со 10 отсто

Нетпрес - 13.10.2008

Според резултатите од социолошкото истражување на весникот “Вашингтон пост“, кандидатот за претседател на САД од Демократската партија, Барак Обама, со 10 отсто води пред својот противник - кандидатот на републиканците, Џон Меккејн. Обама има поддршка од 53 отсто од избирачите, додека Меккејн го поддржуваат 43 отсто од американските граѓани, покажало истражуавњето.

Македонија за Меккејн, Грција и Србија за Обама!

Вечер Прес - 13.10.2008

Балканците имаа различен став во врска со кандидатите за претседател на Соединетите Американски Држави. Во едно истражување направено од британскиот весник "Економист" се вели дека Грците го поддржуваат Барак Обама, а Македонците Џон Меккејн. Во Грција поддршката за Обама изнесува околу 91 отсто, на оние кои се изјасниле дека би гласале за демократскиот кандидат.

Се зголемува поддршката за Обама

Н.Македонија - 13.10.2008

На нешто повеќе од три недели до изборите во САД демократскиот кандидат сè повеќе ја зголемува поддршката кај гласачите во однос на својот ривал, републиканецот Џон Меккејн, покажуваат резултатите од најновото испитување на Ројтерс, Си-Спен и на „Зогби“. Анкетата покажува дека Обама во моментот има водство од шест отсто меѓу гласачите (49 наспроти 43 отсто).