TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Кејот окупиран со амин од МВР

Време - 22.11.2008

Полицијата му дозволи на скопскиот градоначалник Трифун Костовски да го уништи кејот. Еден квадратен метар на оваа ексклузивна локација е продаден по минимална цена од 25 евра, во времето на поранешниот министер за транспорт Агрон Буџаку, што уште тогаш беше оценето како скандал во јавноста. Тој што тогаш имал моќ да го купи овој плац, сега си дозволи и да го уништи шеталиштето.

МВР го одобрило поставувањето на лимените огради на кејот?

А1 - 21.11.2008

МВР од неразјаснети, а лесно претпоставливи причини, му дозволиле на грдоначалникот Костовски да го уништи кејот. Кога еден метар квадратен е продаден за 25 евра, тој што имал моќ да го купи, сега си дозволил и да го уништи шеталиштето. Сообраќајната полиција пред еден месец ги казнуваше граѓаните ако само со моторчиња поминуваа по кејот, затоа што е пешачка патека.

Во среда протести за кејот

А1 - 20.11.2008

В среда протести против беззаконието на скопскиот градоначалник Трифун Костовски и градоначалничката на центар Виолета Аларова. Скопјани ќе излезат пред овие две институции, од кои бараат веднаш да се тргнат лимените паравани и импровизираниот мост поставени на кејот „13. ноември“. Поддршка за протестите против незаконската узурпација на шеталиштето добија и од опозициската СДСМ.

Реакции на скопјани за узурпацијата на кејот

А1 - 19.11.2008

Скопје е рамо до рамо со африканските „метрополи“. Нашиот главен град е срам во споредба со другите па и спореден со околните е чиста нула. Граѓаните и понатаму преку сајтот на А1 реагираат за узурпацијата на кејот и бараат градоначалникот Костовски под итно да ги отстрани параваните.

На скопјани им пречи узурпацијата на кејот

А1 - 18.11.2008

Да се тргнат лимените паравани и импровизираниот мост, бараат скопјани. Им пречи беззаконието во градот. Како директен виновник за узурпацијата на кејот го посочуваат скопскиот градоначалник Трифун Костовски, но им пречи што и другите институции надлежни за овој проблем, наместо да го решат си ја префрлаат топката. Граѓаните знаат што треба да се направи.

Подземната улица под кејот ќе биде готова до 2010 година

Утрински - 18.11.2008

Улицата мора да биде изградена пред да се изврши технички прием на новиот објект. Сања Наумовска. На новата зграда што се гради меѓу плоштадот „Македонија“ и кејот „13 Ноември“ нема да и' биде извршен технички прием ако пред нејзиното предавање во употреба не биде изградена подземната сообраќајница под кејот.