TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Казната за Младенов е превисока

А1 - 30.04.2006

Неколку дена по одлуката за Никола Младенов, судски извори коментираат дека се фрапирани од висината на казната што ја одреди судијката Весна Димишковска. Речиси 20.000 евра е реткост да добие некој во македонското судство за претрпена болка поради клевета, толку експресно.

Парична казна за Никола Младенов

Вест - 29.04.2006

ХАРИ КОСТОВ ГО ДОБИ СПОРОТ ЗА КЛЕВЕТА ЗА СЛУЧАЈОТ ШВАЈЦАРСКИ СМЕТКИ Висината на казната е 155 илјади денари, но Младенов ќе треба да му плати и отштета на тужителот Костов од 950 илјади денари за претрпена душевна болка и нарушени чест и углед со објавувањето на двата написа во "Фокус" дека ...

Младенов го наклеветил Костов и за тоа ќе плати 1,1 милион денари

Утрински - 29.04.2006

Изречена пресуда по тужбата за аферата "Швајцарски сметки" Никола Младенов е казнет со 150-дневна глоба, односно со казна во износ од 155.158 денари, а на тужителот Хари Костов ќе треба да му плати 950.000 денари ЉУБИША СТАНКОВИЌ Сопственикот на неделникот "Фокус", Никола Младенов, го наклеветил ...

Никола Младенов осуден за клевета во спорот со Хари Костов

Дневник - 29.04.2006

Судијката го задолжи Младенов да му исплати на Костов 950.000 денари како надомест за претрпена душевна болка поради нарушената чест Сопственикот на неделникот „Фокус“ Никола Младенов е прогласен за виновен за клевета и осуден на парична казна од 150.000 денари.

Притворен пиштолџија, кој тешко рани кумановец

Дневник - 29.04.2006

Кумановецот што во неделата изутрината пукаше во сограѓанинот Александар Младеновски (26) и го повреди, завчера беше притворен. Станува збор за М.И. (23), кој е пријавен за обид за убиство и за недозволено држење оружје. Причината за обидот за убиство биле меѓусебни недоразбирања.

Хари треба да добие близу 20.000 евра за нарушен углед и стрес

Вечер Прес - 29.04.2006

Со пресуда на Основниот суд Скопје 1, Никола Младенов е огласен за виновен за кривично дело клевета. Според пресудата Младенов во неделникот "Фокус" го наклеветил поранешниот премиер Хари Костов за тајни конта во Швајцарски банки.

Судот го прогласи Младенов за виновен во спорот со Костов

А1 - 28.04.2006

20.000 евра казна за Никола Младенов, зашто објави дека Хари Костов има тајни конта во Швајцарија. Судот по три месеци одлучи - основачот и новинар на „Фокус“ е виновен за клевета тешка 155.000 денари. Поскапо го чини пореметената душевна рамнотежа на која се жалеше банкарот.

Костовски никако да добие покана

Вест - 28.04.2006

СУДЕЊЕ НА ТРОЈЦА АВТОРИ НА КОМПРОМИТИРАЧКО ПИСМО Градоначалникот Трифун Костовски вчера повторно не дојде во Основниот суд 1 во Скопје каде им се суди на скопјаните Зоран Петковски Наташа Петровска и Роберт Алексов оти наводно го уценувале со анинимно писмо.

Судската покана на Трифун заглавила во поштенско сандаче

Дневник - 28.04.2006

Градоначалникот на Скопје, Трифун Костовски вчера не дојде на судењето против Зоран Петковски, сопственик на агенцијата „Гард“ и новинарите Наташа Терзовска и Роберт Алексоски, обвинети за уцена од 60.000 евра. Процесот беше одложен за наредниот месец.

Никола Младенов е виновен

Канал5 - 28.04.2006

Хари Костов нема банкарски сметки во Швајцарија. 20 илјади евра е паричната казна која треба да ја плати Никола Младенов за тоа што го објави во Фокус. Екс–премиерот задоволен, новинарот – не, ќе се жали во Стразбур. Судот пресуди.

Поканата на оштетениот заглавена во сандаче

Вечер Прес - 28.04.2006

Судењето за уценувачкото писмо за бизнисменот и сега актуелниот градоначалник Трифун Костовски, што вчера требаше да се одржи во Основниот суд Скопје 1 е одложено. За кривично дело уцена одговараат Наташа Петровска-Терзиоска, Зоран Петковски и Роберт Алексовски.

Трифун Костовски повторно не се појави на судењето на неговите „уценувачи“

Канал5 - 27.04.2006

Судскиот доставувач трет пат не можел да го најде скопскиот градоначалник Трифун Костовски за да му ја врачи поканата за судењето на двајцата новинари и сопственикот на агенција за обезбедување, кои со уцена му извлекле 60 илјади евра.

Хари излезе на табла

Вест - 26.04.2006

ЗАВРШНИ ЗБОРОВИ ВО СУДСКИОТ ПРОЦЕС БАНКАРОТ ПРОТИВ УРЕДНИКОТ НА "ФОКУС" Тужителот Хари Костов на таблата што во судницата си ја донесе од Комерцијална банка ги пишуваше банките и броевите на неговите наводни сметки за да може подобро да објасни дека тие биле фалсификат "Бидејќи е очигледно дека ја ...

Хари Костов: „Фокус“ ме наклевети за да си го зголеми тиражот

Време - 26.04.2006

ЗАВРШНИ ЗБОРОВИ ЗА СЛУЧАЈОТ „ШВАЈЦАРСКИ СМЕТКИ“ Поранешниот премиер и министер за внатрешни работи Хари Костов мошне сликовито, со користење табла, го нападна Никола Младенов, уредникот на неделникот „Фокус“, во завршните зборови од судењето за „швајцарските сметки“, вчера во Основниот суд Скопје 1.

Процесот Костов - Младенов ќе заврши в петок

Утрински - 26.04.2006

Судење Судскиот процес што го поведе првиот генерален директор на Комерцијална банка А.Д. Скопје против сопственикот на неделникот “Фокус", Никола Младенов, со вчерашните завршни зборови е донесен до самиот крај. Пресудата за аферата наречена “Швајцарски сметки", судот ќе ја изрече в петок.

Пресудата за „Швајцарски сметки“ в петок

Дневник - 26.04.2006

Судијката го прифати предлогот на бранителот на Младенов да се почека да биде донесена измената на Кривичниот законик Сметам дека одлуката веќе сте ја донеле, па моето присуство не е потребно, рече револтирано сопственикот на „Фокус“ Никола Младенов и ја напушти судницата, откако судијката Весна ...

Младенов не го ислуша завршниот збор на Костов

А1 - 25.04.2006

Обвинетиот Никола Младенов ја напушти судницата и не го ислуша завршниот збор на својот тужител Хари Костов. Си замина и ја обвини судијката дека веќе ја донела пресудата против него. „Ова не се процеси од областа на заштита на чест и углед на луѓето што тужат, главно политичари или економски ...

Пукал за да му се одмазди

Вест - 25.04.2006

ОБИД ЗА УБИСТВО ВО КУМАНОВО Т.М. (36) во саботата пукал со пиштол кон Алесандар Младеновски и му нанел две прострелни рани за да му се одмазди оти пред неколку месеци тој го повредил со нож Александар Младеновски, 27-годишен кумановец, во саботата бил тешко ранет откако во него пукал Т.М.

Кумановец застрелан пред кафуле

Време - 25.04.2006

ВО НЕДЕЛАТА НАУТРО Кумановец бил тешко ранет во градите и во ногата во пукотница што се случила пред кафуле во градот во неделата наутро, информира МВР. Според полицијата, пред кафулето Тунел на улицата Ленинова во Александар Младеновски (27) со пиштол пукал негов триесет и шестгодишен сограѓанин, ...

Кумановец ранет, пиштолџијата во бегство

Дневник - 25.04.2006

Кумановец беше ранет во престрелка што се случи во неделата изутрината на улицата Ленинова во центарот на Куманово Повредениот бил веднаш пренесен во кумановската болница, а поради сериозноста на повредите бил префрлен во скопскиот ургентен центар и е надвор од животна опасност.

При крај е судскиот процес за шваjцaрските сметки

Канал5 - 25.04.2006

Финишира судскиот процес Костов против Млaдeнов. На последниот ден, пред да се изрече пресудата, Младенов револтирано излезе од судската сала, само пет минути, откако судењето почна. Предвреме сум осуден, а вие сте пристрасни и рече Младенов на судијката.

Еден тешко ранет при престрелка во Куманово

А1 - 24.04.2006

Едно лице е потешко повредено, но е надвор од животна опасност, во оружен напад што викендот се случи во Куманово, јавува дописникот на Макфакс. Во инцидентот што околу 05,00 часот во саботата се случил пред кафе барот „Тунел“ застрелан е Александар Младеновски, син на поранешниот директор на ...

КУМАНОВЧАНЕЦ ТЕШКО РАНЕТ ВО ОРУЖЕНА ПРЕСТРЕЛКА ПРЕД КАФЕ БАР

Канал5 - 24.04.2006

Кумановчанецот Александар Младеновски (27) е тешко ранет во оружена престрелка која се случи во саботата, во пет часот по полноќ пред кафе барот “Тунел” во Куманово. Куманово, 24 април (МИА) - Кумановчанецот Александар Младеновски (27) е тешко ранет во оружена престрелка која се случи во саботата, ...