TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Кривични пријави за 33-ца инкасанти на патарини

А1 - 25.11.2007

33-ца од вчера приведените 41 добија кривични пријави. Останатите осум ќе заминат дома. Официјално, не е утврдена нивна вмешаност. Неофицијално, се договориле да соработуваат во натамошната истрага и обезбедување докази. Просечен дневен приход од сите патарини • до 18 ноември 24.000 евра • од 18 ...

Ново приведените инкасанти од наплатните рампи од утринава се на распит кај истражниот судија

Канал5 - 25.11.2007

Со десетина полициски возила и педесетина полицајци, утрово околу 8 часот и 30 минути во истражниот оддел на скопскиот суд беа донесени 33 лица, уапсени вчера во акцијата „Змиско око“. Сите се вработени на наплатните рампи кај Велес, Тетово и Куманово.

Уапсени 41 инкасант од наплатните рампи

А1 - 24.11.2007

Операција „Змиско око“ - втор дел. 41 инкасант од „Македонија пат“ завршија во полициските станици, исто како 27-мината минатата недела. Бројката се искачи на 72, но како и првиот пат, двајца и сега се недостапни за полицијата.

Првоосомничениот во „Змиско око“ измамник со тапија

Време - 24.11.2007

СДСМ ЗА АКЦИЈАТА НА МВР Првоосомничениот во корупцискиот скандал „Змиско око“ е човек осуден за измама, издржувал казна затвор од 2 години, во 2003 година бил парично казнет за тепачка, наредната година за измама со платежна картичка, а во 2005-та за злоупотреба на службена должност.

СДСМ: Првоосомничениот во „Змиско око“ е вмровец со дебело досие

Дневник - 24.11.2007

Првоосомничениот во корупцискиот скандал во „Македонија пат“ е вработен како заменик-раководител на наплатна служба во ноември 2006 година по интервенција на „фамилијата“ инсталирана во ВМРО-ДПМНЕ, обвини вчера портпаролот на СДСМ Емилијан Станковиќ.

Приведена нова група осомничени вработени на наплатните рампи

Канал5 - 24.11.2007

Четириесет и еден вработен на наплатените рампи кај Скопје, Тетово и Велес се приведени во ново продолжение на полициската акција „Змиско око“. Работниците на Македонија пат се апсеа од работните места и од нивните домови. Четириесет и еден вработен на наплатените рампи кај Скопје, Тетово и Велес ...

СДСМ стана конструктивна партија?!

Вечер Прес - 24.11.2007

СДСМ вчера ја поздрави акцијата "Змиско око", во која беа притворени 29 вработени во ЈП "Македонија пат", но обвини дека главните осомничени од наплатната служба се партиски кадри на ВМРО-ДПМНЕ, со криминално досие. - Дали првоосомничениот во овој корупциски скандал е вработен во ЈП "Македонија ...

СДСМ: Селективен пристап при акцијата „Змиско око“

А1 - 23.11.2007

Опозициската СДСМ ја поздрави акцијата „Змиско око“, но смета дека МВР направила селективен пристап. Портпаролот на СДСМ ги обвини Владата и ВМРО-ДПМНЕ за партизација на државната администрација и го повика на политичка одговорност директорот на „Македонија пат“ за корупцискиот скандал.

Шампион заработил 11.000 ДМ за еден ден!

Вечер Прес - 22.11.2007

Дел од приведените инкасирале и по 100.000 евра за да вработат некого на патарина, додека дневната заработувачка пак на инкасантите и контролорите се движела помеѓу 100 и 200 евра по смена Криминалот со патарините има поголеми размери од очекуваното, од најниското до највисоко раководно место во ...

Нема плаќање патарина со картичка

Вечер Прес - 22.11.2007

Со автоматското плаќање на патарините требаше да се спречи корупцијата и злоупотребите на наплатните рампи, но проектот е закочен поради административни причини Плаќањето на патарините со картичка нема да почне да се применува од почетокот на идната година, како што бомбастично најавуваше Фондот за ...

Притвор за 29 осомничени во акцијата „Змиско око“

Утрински - 21.11.2007

Притвор во отсуство им е изречен на двајца инкасатори, а за еден куќен притвор ЉУБИША СТАНКОВИЌ Дваесет и осуммина осомничени инкасатори вработени на патарините во земјава завршија во 30-дневен притвор поради злоупотреба на службената положба и овластување.

Ќе се проверува имотот на инкасантите

Вест - 21.11.2007

И Управата за јавни приходи ќе се вклучи во расчистувањето на криминалот во случајот "Змиско око". Ќе го проверува имотот на притворените работници на наплатните рампи на ЈП "Македонија пат". Во соработка со МВР, контролите ќе се насочат кон инкасантите кои искажале поголем имот, несоодветен на ...

Притворени уапсените во „Змиско око“

Дневник - 21.11.2007

На штипјанецот И.О, кој беше уапсен во неделната полициска акција,судијата му одреди домашен притвор , поради телесната тежина од околу 200 килограми Истражниот судија Славица Андреевска им одредила 30-дневен притвор на 26 уапсени инкасатори од „Македонијапат“ осомничени дека за пет месеци украле ...

Притвор за сите уапсени во акцијата „Змиско око“

Време - 21.11.2007

ИСТРАЖНИОТ СУДИЈА ОДЛУЧИ На сите 27 вработени во ЈП „Македонски пат“ што викендов беа приведени во акцијата „Змиско око“ им е одреден притвор од триесет дена, информираат од скопскиот Основен суд 1. Дваесет и шестмина веднаш биле пренесени во истражниот затвор „Скопје“ во населбата Шуто Оризари, ...

Украдени 48 километри автопат

Вест - 21.11.2007

РАБОТА НА ПАТАРИНА КАКО ПОДАРОК ОД ДЕДО МРАЗ Ако само за 4 месеци инкасантите на патарините украле 5 милиони евра, со кои може да се изгради еден километар квалитетен автопат, тогаш со проста пресметка се доаѓа до фантастичната бројка од 280 милиони евра украдени за 16 години независност Само за ...

Притвор за уапсените во „Змиско око“

А1 - 20.11.2007

Повеќето приведени се бранеле со молчење, малкумина негирале вмешаност во криминалот на патарините. 27-мината, сепак сите заедно - како што беа донесени во судот, по 20 часа распит изутринава беа пренесени во затворот Шутка на 30 дена. Одбраната на осомничените не се согласува со притворот.

Од патарините украдени околу 5 милиони евра

Дневник - 20.11.2007

МВР вчера го прикажа снимениот материјал, од кој се гледа како уапсените инкасатори од „Македонија пат“ земаат половина од цената за патарина и наместо фискална сметка, даваат бланко-ливче. Снимките ќе се користат како доказ во судската постапка.

Ќе се чешла имотот на вработените на патарина

Вест - 20.11.2007

УЈП ЌЕ СЕ ВКЛУЧИ ВО ОПЕРАЦИЈАТА "ЗМИСКО ОКО" МВР ќе бара од Управата за јавни приходи да ја испита имотната состојба на 29-те осомничени за примање поткуп на патарини, во акцијата "Змиско око". Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска најави оти приведените заедно со доказите и ...

Осомничените за криминал на патарините по 20-часовно испрашување од денеска се во Шутка

Канал5 - 20.11.2007

Сите освен еден од 27-темина уапсени на патарините кај Скопје, Велес, Куманово и Тетово завршија во притвор во Шутка. Сите освен еден од 27-темина уапсени на патарините кај Скопје, Велес, Куманово и Тетово завршија во притвор во Шутка.

За корупција на патарините ќе одговараат од 150 до 300 лица?

Утрински - 20.11.2007

Министерката Јанкуловска вчера потврди дека акцијата „Змиско око“ ќе продолжи и во наредните денови Речиси сите осомничени за корупција на патарините, уапсени во акцијата наречена „Змиско око“, вчера во раните утрински и претпладневни часови беа спроведени во Основниот суд Скопје 1, каде што треба ...

Пет милиони евра украдени за четири месеци

Време - 20.11.2007

КРАТОВООПЕРАЦИЈА „ЗМИСКО ОКО“ Огнен Чанчаревиќ Пет милиони евра биле украдени од осомничени службеници во ЈП „Македонија пат“ во месеците мај, јуни, јули и август, утврдила досегашната полициска истрага. Бројката од 29 приведени лица не е конечна, бидејќи од МВР најавуваат дека имаат цврсти докази ...

УЈП ќе го чешла имотот на приведените инкасанти

Вечер Прес - 20.11.2007

Друмската мафија заработила 5 милиони евра за 4 месеци, пари кои инкасантите ги делеле со контролорите и раководителите на смени, а меѓусебе се плаќало и од 3 до 15 илјади евра за месечна работа на патарина низ која поминувале најмногу странци Заменик-раководител на смена, пет контролори и 23 ...

Уапсените од наплатните рампи пред истражен судија

А1 - 19.11.2007

Сите 27-мина, кои вчера беа уапсени, уште рано изутрина со силно полициско обезбедување беа однесени пред истражен судија. За сите се набавени докази по претходна наредба на Јавното обвинителство. Полицијата сите што ги уапси ги има снимано како незаконски земаат пари, но со претходна наредба на ...

Уапсени 28 вработени на патарини поради корупција

Утрински - 19.11.2007

Вчерашното неделно утро беше вистински кошмар за вработените на патарините на автопатиштата во Скопје, Куманово, Тетово и во Велес Министерството за внатрешни работи вчера спроведе голема акција за чистење на корупцијата во македонската патарина.

Уапсени митаџии на патарини

Вест - 19.11.2007

ГОЛЕМА АКЦИЈА НА ПОЛИЦИЈАТА По неколкумесечна организација, полицијата вчера спроведе голема акција наречена " Змиско око" за апсење на 28 луѓе осомничени за примање поткуп на патарини. Уапсени биле раководители на смени и вработени.

Уапсените во акцијата змиско око го олесниле буџетот за пет милиони евра

Канал5 - 19.11.2007

Дваесет и петте вработени на наплатните рампи - приведени во акцијата змиско око, од утринава пред истражен судија одговараат за кривично дело злоупотреба на службена должност. Осомничените, веќе обезбедија свои адвокати. Дваесет и петте вработени на наплатните рампи - приведени во акцијата змиско ...

Уапсени повеќе од 30 лица вработени на патарините

Време - 19.11.2007

МАСОВНА АКЦИЈА НА МВР НА НАПЛАТНИТЕ РАМПИ Триесетина лица се уапсени поради примање поткуп, во вчерашната акција на полицијата низ повеќе патарини на автопатиштата во земјава. Акцијата што МВР ја подготвувало подолго време, вчера, до затворањето на весникот се уште траеше.

Уапсени 30 вработени на наплатни рампи

Дневник - 19.11.2007

Во синхронизирана полициска акција вчера се уапсени околу 30-ина вработени во јавното претпријатие „Македонијапат“, кои работеле на наплатни рампи во Скопје, Тетово, Куманово и во Велес . Од МВР соопштија дека операцијата се' уште е во тек и дека се можни други апсења, поради што не може да се ...

Уапсени 28 раководители на смени и вработени на наплатните рампи кај Тетово Велес и Куманово

Канал5 - 19.11.2007

Министерството за внатрешни работи денеска започна со реализација на акцијата за приведување на лица под сомнение за сторени коруптивни кривични дела на патарини низ Република Македонија, соопштија извори од МВР. Скопје, 18 ноември (МИА) - Министерството за внатрешни работи денеска започна со ...

Уапсени "змии" на македонската друмската мафија

Вечер Прес - 19.11.2007

Дваесет и осум вработени во македонските патарини, вчера, беа уапсени во големата полициска акција, наречена "Змиско око", спроведена од полицијата низ неколку локации во државата Дваесет и осум вработени во македонските патарини, вчера, беа уапсени во големата полициска акција, наречена "Змиско ...