TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Данокот на додадена вредност ќе ги поскапи становите за десет отсто

Дневник - 15.02.2003

ГРАДЕЖНИЦИТЕ ПРЕДУПРЕДУВААТ Високата цена на становите ќе не доведе во ситуација да градиме нешто што нема да се продава, истакнаа од фирмата "Илинден" Становите ќе поскапат за најмалку десет отсто ако досегашната даночна стапка од 5 отсто се зголеми на 18, во согласност со потпишаниот Договор со ...

Луѓето ги прават успесите и неуспесите

Дневник - 15.02.2003

Интервју - Никола Груевски, поранешен министер за финансии Го разбирам Гошев и навистина му е тешко. Со овие зборови го почна интервјуто Никола Груевски, потпретседател на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ и поранешен министер за финансии, по негативните реакции на јавноста во однос на ...

Со новиот ДДВ становите ќе поскапат десет отсто

Утрински - 15.02.2003

Градежните фирми бараат од Владата да не го зголеми данокот на додадена вредност НИНА НИНЕСКА-ФИДАНОСКА Со порастот на стапката на ДДВ од пет на 18 отсто, становите ќе мора да поскапат за најмалку 10 проценти, порачуваат градежните компании.

Зголемениот ДДВ ќе ги поскапи становите за 10 отсто

Вест - 15.02.2003

ГРАДЕЖНИЦИТЕ БАРААТ ВЛАДАТА ДА СЕ ПРЕДОМИСЛИ Градежниците инсистираат повластената стапка од 5 отсто барем да остане за становите во изградба за кои се веќе обезбедени градежни дозволи и за кои се платени авансите за ДДВ Здружението на градежништво, индустријата на градежни материјали и неметалите ...

Ем им се сака, ем сакаат да останат невини

Вест - 15.02.2003

ПРЕМЕРОТ И МИНИСТЕРОТ ЗА ФИНАНСИИ НЕ ГИ УБЕДИЈА ЕКСПЕРТИТЕ ВО БЕЗБОЛНОСТА НА ДАНОЧНИТЕ КОРЕКЦИИ Целата новонастаната ситуација со промената на ДДВ и истовремено желбата да не дојде до пораст на цените на некои витални производи личи на познатата изрека: "Направи го тоа Сем, но пази да останам ...

ДДВ-то ќе ги поскапи становите

А1 - 14.02.2003

Зголемувањето на ДДВ ќе ги поскапи становите. Граѓаните уште потешко ќе можат да купат стан, а градежните фирми ќе пропаѓаат. Со ова предупредување градежниците денеска побараа од владата да ја приспита одлуката за зголемување на ДДВ-то за становите.

Без корекција на ДДВ ќе имаше девалвација и инфлација

Утрински - 13.02.2003

Министерот за финансии вчера ја образложи потребата од зголемување на даночните стапки НИНА НИНЕСКА-ФИДАНОСКА Доколку не се коригираа стапките на ДДВ и не се зголемеа приходите во Буџетот за две милијарди денари, колку што е предвидено дополнително да се собере од овој данок, во земјава ќе се ...

ДДВ ќе го заглави ЕСМ

Вест - 13.02.2003

ВЛАДАТА МУ ПРЕПОРАЧУВА НА ЕЛЕКСТРОСТОПАНСТВО ДА НЕ ЈА ПОКАЧУВА ЦЕНАТА НА СТРУЈАТА Ако цената на струјата, и покрај зголемувањето на ДДВ од 5 на 18 отсто, не се покачи, во ЕСМ велат дека тоа ќе значи прикажување на загуби во супстанција што, според министерот за финансии, не е оправдување Во ...

Водата, струјата и весниците куртулија од поскапување

Дневник - 13.02.2003

ГОШЕВ ЈА ТЕШИ ЈАВНОСТА Граѓанските сметки за вода и за струја и весниците и понатаму ќе се оданочуваат со повластената стапка од 5 отсто Данок на додадена вредност (ДДВ), соопшти Петар Гошев, министерот за финансии, на вчерашната средба со новинарите.

Гошев гарантира дека цените ќе се зголемат само 0,5 отсто

Вест - 13.02.2003

МИНИСТЕРОТ ЗА ФИНАНСИИ ТВРДИ ДЕКА ЗГОЛЕМУВАЊАТА НА ДДВ НЕМА ДА ГО ПОГОДАТ СТАНДАРДОТ Дури и ако производителите одлучат да ги коригираат цените поради зголемувањето на даночното оптоварување од 5 на 18 отсто, притисокот на цените нема да биде поголем од 0,5 отсто до крајот на годината, из ...

Поскапува сe освен храната

Капитал - 13.02.2003

Македонија склучи стенд-бај аранжман со ММФПоскапува сe освен хранатаПарите од аранжманот со ММФ ќе ни го загорчат животот. По иста цена ќе може само да јадеме. И тоа не премногу раскошно, бидејќи нема да поскапат само основните прехранбени продукти.

Храната, водата и струјата нема да поскапат

А1 - 12.02.2003

Електричната енергија и водата нема да поскапат. Зголемениот ДДВ за струјата ќе падне на товар на јавното претпријатие, а водата ќе остане на 5 проценти ДДВ. Зголеменото даночно оптоварување по основ на ДДВ нема да предвизика бран поскапување, е ставот на владата.

Секое семејство ќе доплаќа по најмалку 500 денари за државата

Дневник - 12.02.2003

СО ЗГОЛЕМУВАЊЕТО НА Данокот на додадена вредност Според економските експерти определбата на Владата да го зголеми данокот, по преговорите со ММФ, е лошо решение Режиските трошоци на едно просечно четиричлено македонско семејство ќе се зголемат за по најмалку 500 денари месечно по евентуалното ...

Квадратот не мора да поскапи, но новиот ДДВ ќе мора да го платат граѓаните

Утрински - 12.02.2003

По воведувањето на новата даночна стапка настана хаос во станбената сфера БИЛЈАНА АНГЕЛОВСКА Неизвесноста останува и натаму, дали воведувањето ДДВ во висина од 18 проценти ќе влијае на поскапување на станбениот квадрат или не? Дел од градежниците велат дека новата, повисока даночна стапка не мора ...

Струјата за домаќинствата не поскапува?

Утрински - 12.02.2003

Владата ќе им сугерира на ЕСМ и на "Водовод" да не ги зголемуваат цените по донесувањето на новиот ДДВ од 18 отсто НИНА НИНЕСКА-ФИДАНОСКА По најавите од повеќето јавни претпријатија во државава дека по стапувањето во сила на новите стапки на ДДВ веднаш ќе ги зголемат сметките за своите услуги за 13 ...

Цехот на повисоките даноци ќе го платат граѓаните

Утрински - 11.02.2003

Економските експерти незадоволни од начинот на кој е издејствуван аранжман со ММФ ВИОЛЕТА ЦВЕТКОВСКА Условите под кои е склучен стенд-бај аранжманот меѓу македонската Влада и Меѓународниот монетарен фонд сериозно ќе се одразат врз стандардот на населението и врз севкупната економија.

Зголемениот ДДВ на становите ќе ги сотре градежниците

Вест - 11.02.2003

Зоран Мирковиќ, директор и сопственик на "Зам инженеринг" Првиот ефект од зголемувањето на данокот на првата продажба на становите е психолошки негативен, и кај градежниците и кај купувачите. Тие што ги градат становите мора да искалкулираат цена на станот прифатлива за купувачите, што значи ...

Македонските граѓани ќе се дават во сиромаштија

Дневник - 11.02.2003

ЛАВИНА РЕАКЦИИ ПО ЗГОЛЕМУВАЊЕТО НА ДДВ Поскапувањето на струјата и на водата ќе ја зголеми и цената на храната, едногласни се економистите Многу македонски семејства ќе станат социјални случаи, а ќе порасне и бројот на сиромашните граѓани што немаат пари за задоволување на основните потреби, по ...

Катастрофална даночна политика на Владата

Вест - 11.02.2003

Јордан Марковски, даночник Во 1999, од данокот на промет во Буџетот се собраа околу 9 милијарди денари, а кога беше воведен данокот на додадена вредност како негова замена, во Буџетот почнаа да се влеваат 19 милијарди денари, по оваа основа.

Ќе поскапат водата, струјата, парното, становите и весниците

Дневник - 10.02.2003

СО НОВИОТ АРАНЖМАН СО ММФ ОД 27 МИЛИОНИ ДОЛАРИ За македонските граѓани аранжманот со ММФ ќе значи уште еден удар на животниот стандард, реагираат и агенциите за недвижности, кондиторските фабрики и издавачките куќи Водата, струјата, парното, становите, весниците, хигиенските производи и ...

Со новиот ДДВ поскапува струјата, парното, становите...

Утрински - 10.02.2003

Македонија договори стенд-бај аранжман со Меѓународниот монетарен фонд вреден 27 милиони долари Струјата, водата, становите, лековите, средствата за лична хигиена, парното греење и други производи и услуги наскоро ќе добијат нови, повисоки цени.

Посиромашните слоеви ќе бидат повеќе погодени

Вест - 10.02.2003

Д-Р МИХАИЛ ПЕТКОВСКИ ПРОФЕСОР НА ЕКОНОМСКИОТ ФАКУЛТЕТ "Ефектот на промените нема да биде поволен, но очигледно не можело да се најде друго решение. Буџетскиот јаз мора да се пополни. Имаше и други опции, кои се однесуваа на корекции кај другите даноци, но познато е дека нема добар данок и секое ...