TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Администрацијата сака да боледува

Време - 11.09.2008

Вработените во државната администрација најмногу го злоупотребуваат правото на боледување, соопшти Фондот за здравство по направената контрола на 5.000 осигуреници. Најмногу злоупотреби имало во Управата за јавни приходи, Царината и во Министерството за транспорт и врски.

Државните службеници најмногу лажат

Вест - 11.09.2008

Голем дел од вработените во фирмите и јавната администрација користат лажни боледувања. Изминативе три месеци Фоднот за здравство извршил контроли на околу 1 000 боледување и открил дека вработените многу често одат на боледување иако за тоа нема никаква причина.

Административците најмногу на боледување

Утрински - 11.09.2008

Административците најмногу на боледување Околу четири проценти од вработените во Македонија користат боледувања, што е над европскиот просек од 2,8 отсто. Најголем дел од оние што користат боледувања се вработени во јавната администрација.

Четириесетина лица загубиле работа поради лажни боледувања

Н.Македонија - 11.09.2008

Голем број вработени во Царинската управа, Министерството за транспорт и врски, Министерството за надворешни работи, но и во Управата за јавни приходи користеле лажни боледувања, особено откако биле прераспоредени на нови работни места.

Државните службеници рекордери во боледувањата

А1 - 10.09.2008

Голем број на вработени во државната администрација злоупотребувале боледувања. Сознанието доаѓа од Фондот за здравство, откако направил контроли на над 5.000 боледувања за последниве три години. Најмногу боледувања се земале при промена на власта и при преместување на други работни места.

Контрола на боледувањето од страна на ФЗОМ

Форум - 10.09.2008

Претседателот на Фондот за Здравствено Осигурување на македонија (ФЗОМ) Георги Тренковски, денес ги претстави резултатите од акцијата за контрола на боледувањето.

Фондот бара лек за лажните боледувања

Дневник - 10.09.2008

Најмалку 15.000 луѓе или четири отсто од вкупно 380.000 вработени во земјава се на боледување, а тоа е речиси двојно повеќе од европскиот просек, кој изнесува 2,8 отсто.

ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВО ИНИЦИРА ПРОМЕНА НА РЕГУЛАТИВАТА

Сител - 10.09.2008

ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВО ИНИЦИРА ПРОМЕНА НА РЕГУЛАТИВАТА Околу четири проценти од вработените лица во Македонија користат боледувања што е над европскиот просек од 2,8 проценти. Најголем дел од оние кои користат боледувања се вработени во јавната администрација.

СЕ ИНИЦИРА ПРОМЕНА НА РЕГУЛАТИВАТА

Сител - 10.09.2008

Вработени во УЈП, Царинската управа, министерствата за надворешни работи транспорт и врски, здравство и во други државни институции, направиле најмногу злоупотреби на боледувањата.

Матични лекари штанцале лажни боледувања

Вечер Прес - 10.09.2008

Здравствениот фонд ги раскина договорите со десетина лекарите, а разрешени се и неколку лекарски комисии од повеќе градови во земјава Фондот за здравствено осигурување(ФЗО) ги раскина договорите со десетина матични лекари од Скопје, Велес и од Куманово бидејќи пишувале боледувања без медицински ...

Раскинати договори со матични лекари и смени во лекарските комисии поради неправилно издавање на боледувања

Нетпрес - 10.09.2008

На десетици матични лекари им е раскинат договорот со Фондот за здравствено осигурување, а 10 отсто од членовите на лекарските комисии се сменети поради неправилно издавање и водење на боледувања.

Скопје: Зајакната контрола за проверка на боледувањата

Макфакс - 10.09.2008

Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ) денеска информираше за преземените активности од контролата на привремената спреченост од работа (боледувањата).