TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Погребан полицаецот Драганов

Вест - 27.10.2007

НА ГРОБИШТАТА ВО СЕЛОТО ДОЛНО ЛИСИЧЕ Вчера на гробиштата во скопското село Долно Лисиче со сите почести беше погребан 24-годишниот полицаец Игор Драганов, кој пред два дена беше убиен од заседа на непозната вооружена група кај Танушевци. Тага и неизмерна болка вчера го обвија селото Лисиче.

Политички престрелки за теророт на границата

Дневник - 27.10.2007

Безбедносната состојба останува непроменета и нема индикатори за нејзино нарушување, оцени министерката за внатрешни работи Јанкулоска Заседата кај Танушевци, во која еден полицаец загина, а двајца беа повредени, е терористички акт, оценија истражните органи, и со таа формулација ќе биде и ...

ЕУ е загрижена за инцидентот кај Танушевци

Утрински - 27.10.2007

Виновниците треба да бидат изведени пред лицето на правдата порача вчера евроамбасадорот Ерван Фуере „Виновниците за инцидентот кај Танушевци во кој еден полицаец го загуби животот, а двајца се ранети треба да бидат изведени пред лицето на правдата“, порача вчера евроамбасадорот Ерван Фуере.

Полицаецот загинал од куршум, а не од превртувањето на џипот

Утрински - 27.10.2007

Тешко повредениот полицаец Трајчо Ристов од Пробиштип е ставен на апарати за дишење Загинатиот полицаец Игор Драганов вчера беше погребан со највисоки полициски почести на гробиштата во Долно Лисиче ГОРАН АДАМОВСКИ Со највисоки полициски почести вчера на гробиштата во скопското село Долно Лисиче ...

Не сакаме Танушевци да се спомнува по лошо

Дневник - 27.10.2007

Местото каде што биле нападнати полицајците е далеку од овде и не знаме зошто велат дека се случило во Танушевци, се жалат жителите Ова го направиле лоши луѓе. Тие сакаат пак да се слушне за Танушевци и сите да мислат дека во Македонија се случува нешто лошо помеѓу Македонците и Албанците.

И седницата за Танушевци без епилог

Утрински - 27.10.2007

Парламентот завчера неколку часа вонредно заседаваше до доцните вечерни часови, но дебатата за инцидентот во Танушевски и можните рефлексии врз безбедносната состојба во државата финишираше без конкретен епилог. Собранието со 16 гласа „за“ и 47 „против“ не ги усвои предложените заклучоци - меѓу кои ...

МВР се уште не ги наоѓа напаѓачите

Време - 27.10.2007

ПО ИНЦИДЕНТОТ КАЈ ТАНУШЕВЦИ МВР се уште трага по напаѓачите на полициската патрола кај Танушевци и нема конкретни информации за нивниот идентитет. Иво Котевски, помошник - министер надлежен за односи со јавноста, вели дека полицијата интензивно работи на откривање на сторителите.

И Игор за Македонија даде се', што даде Македонија за него?!

Вечер Прес - 27.10.2007

Поворка од над триста пријатели, гости, роднини, колеги полицајци и од политичарите единствено Игор Ивановски Шема и градоначалникот на Кисела Вода Ѓорѓи Арсов, за последен пат го поздравија и испратија покојниот полицаец Драганов Три истрели од свечен полициски вод, посмртен марш и со високи воени ...

Повторно расправа без заклучоци

Вечер Прес - 27.10.2007

Собранието не успеа да усвои заклучоци на вонредната расправа за безбедносната состојба по инцидентот кај Танушевци, во кој загина еден припадник на МВР, а двајца беа ранети. За владејачкото мнозинство повторно не беа прифатливи заклучоците на опозицијата, кои побараа одговорност од министерката за ...

Можно е да има терористи на границата

Вечер Прес - 27.10.2007

Евроамбасадорот Ерван Фуере вчера во Охрид изајви дека е загрижувачки фактот што полицајци кои ги извршувале своите редовни активности биле нападнати на ваков начин, па дури еден од нив го загубил животот. "Ја слушнав изјавата на министерката за внатрешни работи во Парламентот и од она што го ...

Седницата за Танушевци заврши без заклучоци

А1 - 26.10.2007

За власта, синоќешната итна седница околу инцидентот во Танушевци и предложените заклучоци се само политички памфлет на опозицијата. За опозицијата, пак, тоа е уште еден безуспешен обид да се освести власта и на безбедносната состојба да гледа пореално.

Фуере: Да се најдат виновниците за Танушевци

А1 - 26.10.2007

Европската заедница е загрижена поради последниот инцидент кај месноста Друм и убиството на припадникот на граничната полиција, посебно што ова повторно се случува во чувствителната зона кај Танушевци. Евроамбасадорот Ерван Фуере бара да се пронајдат тие што од заседа стрелаа на полицискиот џип, ...

Погребан полицаецот Драганов

А1 - 26.10.2007

Со највисоки воени почести, во родното село Долно Лисиче денеска беше погребан Игор Драганов, полицаецот кој загина завчера, кога ја извршуваше работната задача на граничниот премин Кодра Фура. Освен неговото најблиско семејство, на погребната церемонија присуствуваа неговите колеги од МВР и голем ...

Лавина реакции и осуда на инцидентот кај Кодра Фура

Утрински - 26.10.2007

За денеска во Собранието е закажана седница за случајот „Танушевци“ Политичките партии бараат одговор од МВР дали станува збор за терористички акт или за криминален инцидент ГОРАН АДАМОВСКИ Здравствената состојба на полицаецот Трајче Ристов (33) од Пробиштип, кој завчера беше тешко повреден во ...

Десетина инциденти на границата

Време - 26.10.2007

ЗА НЕКОЛКУ МЕСЕЦИ За само неколку месеци на границата кон Косово се случиле повеќе оружени инциденти, а многубројни се и информациите за присуство на вооружени и униформирани лица. Во мај годинава при полициска акција во две куќи во Танушевци беше откриено нелегално оружје.

Дрвокрадци и шверцери убиваат полицајци!

Вест - 26.10.2007

МВР ГО НЕМА ИДЕНТИТЕТОТ НА НАПАЃАЧИТЕ КАЈ ТАНУШЕВЦИ Може да се дрвокрадци кои сакале да ги заплашат полицајците, може да се шверцери и криминалци, а може да е и прелеана вооружена група од Косово која бегала од соседните власти, претпоставуваат во МВР.

Напаѓачите на слобода, МВР се уште нема детали

Време - 26.10.2007

ДВА ДЕНА ПО ИНЦИДЕНТОТ КАЈ ТАНУШЕВЦИ МВР се уште нема детали за завчерашниот инцидент кај Танушевци, во кој еден полицаец загина, а двајца беа тешко повредени кога непозната група припукала кон полицискиот џип кој потоа со тројцата полицајци се превртел во амбис од педесетина метри.

Јанкуловска да каже дали инцидентот е тероризам или криминал

Време - 26.10.2007

ВОНРЕДНА СЕДНИЦА ЗА ТАНУШЕВЦИ Опозицијата побара Собранието денеска да одржи вонредна седница на која ќе се расправа за случувањата во Танушевци, по нападот врз патролата на граничната полиција. - Ситуацијата е многу посложена од тоа што МВР поедноставено го прикажува.

Полицаецот Игор Драганов загинал од терористичка банда

Канал5 - 26.10.2007

Игор Драганов загина нападнат од терористичка банда – наспроти процената на министерката дека напаѓачите најверојатно се шверцери, луѓето од теренот, бројните гранични полицајци кои дојдоа да се простат со Игор на гробиштата во Долно Лисиче се убедени дека нападот го извршиле терористи облечени во ...

Полицајците со страв патролираат

Вечер Прес - 26.10.2007

"Од министерката Јанкуловска бевме информирани за вчерашниот инцидент, кој резултираше со трагична загуба на еден полицаец во кој беа ранети други двајца", изјави Кристина Наги, портпаролот на еврокомесарот за проширување на ЕУ Оли Рен.

Терористички акт или криминален инцидент?!

Вечер Прес - 26.10.2007

СДСМ вчера побара итна собраниска седница за да се преземат соодветни мерки по инцидентот во Танушевци. Според нив, безбедносната состојба во континуитет е сериозно нарушена бидејќи за помалку од два месеца на иста територија загинаа двајца припадници на МВР, а неколкумина беа ранети.

Танушевци - повод за препукувања во Собранието

А1 - 25.10.2007

Танушевци - повод за препукувања во Собранието. Опозицијата ја прозва министерката за внатрешни работи. Бара прецизна информација дали станува збор за криминално дело или тероризам. „МВР, како еден од безбедносните органи на РМ, сите официјални ставови и официјални информации ги доставува до ...

Брисел бара истрага за инцидентот во Танушевци

А1 - 25.10.2007

Прво истрага на Владата на Македонија за инцидентот во Танушевци, потоа став на Брисел. Ова е всушност вообичаен коментар на Комисијата, која изразува и жалење и сочувство за жртвите. „Чекаме Владата да ја направи неопходната истрага, да бидат казнети сторителите.

Брисел бара од македонските власти целосна истрага за инцидентот во реонот на Танушевци

Канал5 - 25.10.2007

Вчерашниот инцидент што се случи во реонот на Танушевци и во кој загина македонски полицаец, а беа ранети двајца негови колеги, мора целосно да се истражи, побара утринава официјален Брисел. Вчерашниот инцидент што се случи во реонот на Танушевци и во кој загина македонски полицаец, а беа ранети ...

Еден загина, а двајца полицајци се ранети во заседа кај Танушевци

Утрински - 25.10.2007

Во нападот на група од Косово повредени се уште двајца полицајци Нападот на полицајците се случил околу 13 часот кај караулата Кодра Фура. По нападот, се превртел службениот џип, кој се движел кон селата Брест и Малино: граничната линија кај Кодра Фура во близината на Танушевци: фото РОЈТЕРС ГОРАН ...

Обдукцијата на погинатиот полицаец покажала дека имал прострелни рани во грбот

Канал5 - 25.10.2007

Ја сакаше униформата и за неа загина, низ плач вели Јане Драганов, таткото на убиениот полицаец Игор Драганов - во шок од огромната загуба. Попладнето заедно со неговите најблиски во семејната куќа во Долно Лисиче чекаше неговиот помал син да го донесе телото на Игор од судска медицина од каде ...

Кој пукаше на пограничната полиција – криминалци или терористи?

Канал5 - 25.10.2007

Уништениот полициски џип сведочи за жестокиот напад на вооружената група која атакувала врз граничната патрола во реонот на Танушевци, на патот кон Брест. Уништениот полициски џип сведочи за жестокиот напад на вооружената група која атакувала врз граничната патрола во реонот на Танушевци, на патот ...

Убиен полицаец

Вест - 25.10.2007

НАПАДНАТА ГРАНИЧНА ПАТРОЛА КАЈ СКОПСКО ТАНУШЕВЦИ Двајца од полицајците во нападнатиот полициски џип се здобиле со прострелни рани, а третиот полицаец кој, покрај повредите од огненото оружје, се здобил и со повреди од превртувањето на џипот, на пат кон скопските клиники починал.

Ранети тројца полицајци

Време - 25.10.2007

КАЈ ТАНУШЕВЦИ Тројца полицајци се повредени, од кои еден потешко, вчера во реонот на Танушевци, кај караулата Кодра Фура, во престрелка меѓу полицијата и вооружени групи во Танушевци, јави агенцијата на албански јазик ИНА. Според агенцијата, инцидентот се случил вчера околу 13 часот, во близина на ...

Дуи прави се за да останеме надвор од ЕУ и НАТО

Вечер Прес - 25.10.2007

Никој веќе нема дилеми дека вооружени криминални групи се под контрола на ДУИ и употребуваат создавање инциденти со кои Македонија би се оддалечила од ЕУ и НАТО, а би се приближила кон нивната контрола врз државата Еден мртов и двајца ранети припадници на граничната полиција е билансот на ...

Еден загинат и двајца ранети полицајци кај Танушевци

А1 - 24.10.2007

Од заседа на патот од караулата Кодра Фура кон Брест, вака е пукано на тројцата полицајци кои околу 13 часот поминувале кај местото Друм, во патрола на северната граница кон Косово. Непозната група со автомати стрелала кон полицајците, џипот се превртел во ендек.

Истражен судија го истражува местото на инцидентот

А1 - 24.10.2007

Патот кон Танушевци по нападот на полициската патрола беше блокиран од припадници на МВР. Хеликоптери по престрелката се упатија кон местото каде што падна џипот, ги надлетуваа Танушевци, Гошинце, Малино Маало. Пристапот не беше дозволен кон провалијата каде се уште се наоѓаше полициското возило.

Здравствена состојба на повредените полицајци кај Танушевци

Канал5 - 24.10.2007

Граничниот полицаец Игор Драганов им подлегнал на повредите уште пред да пристигне на Ургентниот центар и е пренесен на судска медицина. Граничниот полицаец Игор Драганов им подлегнал на повредите уште пред да пристигне на Ургентниот центар и е пренесен на судска медицина.

Еден полицаец загина, а двајца се ранети во напад кај Танушевци

Канал5 - 24.10.2007

Еден полицаец загина, а двајца се ранети во нападот врз гранична патрола во реонот на Танушевци. Непозната вооружена група организирала заседа на патот кон селото Брест и го нападнала џипот со кој граничарите оделе во патрола.