TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

ДИК на отворена седница ги разгледува приговорите

А1 - 21.09.2002

Државната изборна комисија на отворена седница ги разгледува приговорите пристигнати до неа во врска со објавените вкупни резултати од парламентарните избори. Досега се поднесени 8 приговори но, комисијата одлучи да прифати уште 3.

ВМРО-ДПМНЕ најави жалби до Врховниот суд

Дневник - 21.09.2002

ЖАЛБИ Синоќа измина рокот за доставување приговори на резултатите од изборите до Државната изборна комисија, како и за жалби по претходните приговори на постапката за гласање. Во ВМРО-ДПМНЕ вчера најавија дека во законски предвидениот рок ќе достават жалби до Врховниот суд на сите решенија на ДИК ...

Истече рокот за приговори до ДИК, Бошковски во меѓувреме кај Гелевски

А1 - 20.09.2002

Во 19 часот вечерва истекува законскиот рок од 48 часа за доставување на приговори до ДИК околу утврдените резултати на гласањето на 15-ти септември. До денеска на пладне до Државната изборна комисија пристигнале два приговори кои се однесуваат на утврдените резултати и тоа еден од Национално ...

Трајковска: ДИК работеше непристрасно и ги запази роковите

Вест - 20.09.2002

Претседателката на ДИК Мирјана Лазарова - Трајковска информираше дека завчера, по силно инсистирање, во нејзиниот кабинет во Собранието на Република Македонија, на разговор биле министерот за внатрешни работи Љубе Бошковски и неколку други високи функционери на МВР, како и шефот на изборниот штаб ...

Доста и даде бодигард на претседателката на ДИК

Вест - 20.09.2002

ПО ДРАМАТА СО ПРИТИСОКОТ НА МВР ВРЗ МИРЈАНА ЛАЗАРОВА -ТРАЈКОВСКА Директорката на Агенцијата за разузнавање, Доста Димовска, и дала поддршка на претседателката на ДИК, за да не подлегне на притисоците од Бошкоски и врвот на ВМРО-ДПМНЕ.

Лазарова-Трајковска: ДИК работи непристрастно и законито

Утрински - 20.09.2002

Прес на претседателката на Државната изборна комисија по упадот на партиски функционери во нејзиниот кабинет КАТИЦА ЧАНГОВА Одговорно тврдам дека во моето досегашно работење особено водев и водам сметка за непристрасноста и за законитоста, изјави вчера претседателката на Државната изборна комисија, ...

"Заедно" 60, "Главата горе" 33 мандати

Вест - 20.09.2002

ДИК ГИ СООПШТИ ПРЕЛИМИНАРНИТЕ РЕЗУЛТАТИ Објавувањето на резултатите беше проследено со силен полициски притисок зајакнат и со шефот на изборниот штаб на ВМРО - ДПМНЕ Марјан Ѓорчев и генералниот секретар Војо Михајловски Коалицијата "Заедно" освои 60 мандати, коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и ЛП освои - ...

Претседателката на ДИК под заштита на телохранители

Утрински - 20.09.2002

Поради последните случувања во Собранието на Македонија Претседателката на Државната изборна комисија на вчерашната средба со новинарите влезе под заштита на телохранители. Како што можевме неофицијално да се информираме, тоа е поради последните случувања во Собранието на Македонија, а станува збор ...

Притисокот врз ДИК по директива на Георгиевски

А1 - 19.09.2002

Премиерот Љубчо Георгиевски вчера неколкупати и се јавувал на телефон на претседателката на ДИК Мирјана Лазарова Трајковски и барал од неа да го прифати приговорот на ВМРО-ДПМНЕ со барање да се изврши хемиска анализа на хартијата на која се печатени гласачките ливчиња и на мастилото на пенкалата ...

Полициски притисок врз ДИК

А1 - 19.09.2002

Високи полициски функционери на чело со министерот за внатрешни работи Љубе Бошковски, заедно со шефот на изборниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ, Марјан Ѓорчев, доцна синоќа упаднаа во Собранието, вршејќи силен притисок врз Државната изборна комисија.

Фрчат поплаки до Државната изборна комисија

Дневник - 19.09.2002

ПАРТИИТЕ СЕ ЖАЛАТ НА ИЗБОРНИ НЕПРАВИЛНОСТИ Вчера попладне стасаа купишта жалби од регионалните изборни комисии Купишта приговори од регионалните изборни комисии вчера попладне стасале во Државната изборна комисија. Политичките партии се жалат на многу неправилности во изборниот процес кои, според ...