TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Победниците наскоро ќе објават крај на војната во Ирак

А1 - 20.04.2003

„Сојузничките сили во Ирак подготвуваат официјална декларација со која ќе се стави карј на војната во оваа блискоисточна земја“, изјави австралискиот министер за надворешни работи Александер Даунер. Шефот на австралиската дипломатија не даде повеќе детали во врска со декларацијата, но напомена дека ...

Во Ирак загинале 128 американски и 31 британски војник

А1 - 19.04.2003

Во војната во Ирак загинале 128 американски и 31 британски војник, додека според наводите на САД, во Багдад загинале најмалку 2.320 припадници на ирачката армија. На страницата на Интернет што ја ажурираат ирачки академици и мировни активисти се наведува дека во Ирак загинале меѓу 1.652 и 1.932 ...

Храна од Македонија ќе патува во Ирак?

Утрински - 19.04.2003

Шанса за прехранбената индустрија за пласман на производи Министерството за надворешни работи во рамките на формирањето конзорциум на фирми кои ќе учествуваат во повоената обнова на Ирак, доставило и список на прехранбени производи кои преку Американците ќе бидат пласирани во форма на хуманитарна ...

Соседите на Ирак кројат свој план за иднината на регионот

Дневник - 19.04.2003

САМИТ ВО САУДИСКА АРАБИЈА Осум блискоисточни земји вчера во Саудиска Арабија дебатираа како да се приспособат на новата ситуација во регионот, кога Садам е веќе соборен, а Ирак е разурнат. Осум блискоисточни земји вчера во Саудиска Арабија дебатираа како да се приспособат на новата ситуација во ...

Укинувањето на санкциите врз Ирак сега е главен проблем во ОН

Утрински - 19.04.2003

ОБЕДИНЕТИ НАЦИИ - Дипломатите на Советот за безбедност претпазливо реагираа на американското барање за брзо окончување на санкциите на ОН врз Ирак, истакнувајќи дека прво сакаат да го чујат ставот на Вашингтон за улогата на ОН во реконструкцијата и потрагата по оружје за масовно уништување.

ЕУ да има заеднички став околу Ирак

Утрински - 18.04.2003

Барање на Кофи Анан АТИНА - Генералниот секретар на Обединетите нации, Кофи Анан, вчера и порача на Европската унија да постигне заеднички став во врска со Ирак, истакнувајќи дека конфликтот го подели светот многу повеќе од кое било прашање од студената војна.

ЕУ бара ОН да го обновува Ирак

Вест - 18.04.2003

АТИНА, 18 април, (АП) - Лидерите на 15-те земји членки на Евопската унија вчера се согласија по прашањето на елементите за идните резолуции на Советот за безбедност на ОН кои треба на организацијата да и дадат цврста подлога за обнова на Ирак.

ЕУ бара централна улога на ОН во Ирак

А1 - 17.04.2003

„ОН мора да имаат главна улога во обновата на Ирак, вклучувајќи го и процесот на создавање нова влада на ирачкиот народ“, се истакнува во соопштението кое во име на ЕУ го издаде Грција како претседавач со „петнаесетмината“. Во соопштението, внимателно составено за да не предизвика остри поделби ...

Лидерите на ЕУ градат мостови по расколот околу Ирак

Утрински - 17.04.2003

Во Атина се одржува самит на Унијата за нејзиното историско проширување АТИНА - Лидерите на Европската унија вчера градеа мостови меѓу нив и со САД за да ги надминат острите поделби предизвикани со ирачката војна. Лидерите на 15 земји-членки на ЕУ, кои се состанаа во Атина за да потпишат спогодба ...

Албански војници заминаа за американската база во Кувајт

А1 - 16.04.2003

Специјална единица на албанската војска денеска замина за американската база во Кувајт. Единицата е составена од 47 војници и 12 камиони како логистичка поддршка на коалиционите сили во Ирак. САД побарале и од Бугарија сили за обезбедување кои ќе дејствуваат на територијата на Ирак.

Строу ги предупреди ОН да не си играат играчки со реконструкцијата на Ирак

Вест - 16.04.2003

РИЈАД, 16 април (АП) - Британскиот министер за надворшни работи Џек Стору го предупреди вчера Советот за безбедност на Обединетите нации "да не си игра игри" со реконструкцијата на Ирак пред да ја продолжи турнејата низ земјите на Заливот чија цел е да собере помош во напорите за обнова.

АРМ ќе испрати 39 војници и медицинари во Кувајт и во Катар

Утрински - 16.04.2003

Владата на затворена седница одлучи Армијата да учествува во мисијата во поствоениот Ирак Сашко Димевски Владата, завчера, на затворен дел од седницата, донела Предлог-одлука за испраќање македонски војници во состав на американскиот контингент од коалицијата во Персискиот Залив.

Десет земји даваат европска заклетва

Дневник - 16.04.2003

ПОЧНУВА САМИТОТ НА ЕУ ВО АТИНА Во Атина денеска почнува самит на Европската Унија, на кој ќе разгледа ситуацијата по војната во Ирак, која ги подели членките на ЕУ, а воедно и ќе се потпише договор за присоединување на десет нови членки во Унијата, јави Ројтерс.

Бугарските војници ќе бидат стационирани во Ирак

А1 - 15.04.2003

Бугарската чета за антихемиска и биолошка заштита, која во рамките на окупационите трупи на САД и Велика Британија треба да замине во регионот на Персискиот Залив, најверојатно ќе дејствува во самиот Ирак, а не во некоја од соседните земји.

39 македонски вoјници ќе одат во Ирак

А1 - 15.04.2003

Владата на 22. овој месец ќе му предложи на Собранието, како земја-членка на антитерористичката коалиција, да партиципира со 39 припадници на АРМ во постконфликтната фаза за поддршка на мирот во Ирак. Дел од нив ќе бидат во медицинскиот тим, а останатите во армискиот воено-полициски вод што ќе биде ...

МНР потпиша договор за статусот на нашите војници во Ирак

Утрински - 15.04.2003

Министерката за надворешни работи го потпиша договорот со кувајтските власти со кој се регулира статусот на нашите војници и медицински персонал кои треба да заминат во поствоена мисија во Ирак. Договорот е официјализиран со размена на писма, и во него се регулираат правата и обврските на нашите ...

Млеко и јагнешко месо од Македонија - хуманитарна помош за Ирак?

Дневник - 15.04.2003

ПОСТВОЕН ИРАК Се шпекулира дека градежните фирми не можат да се усогласат како ќе настапуваат и какви средства ќе понудат во конзорциумот Македонската Влада побарала од САД и од Велика Британија да ја вклучат во обезбедувањето хуманитарна помош за поствоен Ирак, дознаваме неофицијално од владини ...

Турција ќе учествува во обновата на Ирак

А1 - 14.04.2003

САД ја уверија Турција дека ќе учествува во обновата на Ирак, изјави денеска турскиот министер за надворешни работи Абдула Ѓул. Тој истакна дека Турција во обновата на Ирак ќе учествува економски и политички, откако Анкара ќе ги процени економските можности во тој процес за што турското ...

Македонија забрзано се подготвува за повоен Ирак

А1 - 14.04.2003

Македонија забрзано се подготвува да даде свој придонес во постконфликтниот период во Ирак. Последниот потег е вчера потпишаниот СОФА договор меѓу Македонија и Кувајт за испраќање на мировни сили и медицински лица. Како што информира МНР, мировните сили се во функција на зачувувањето на јавниот ред ...

Самит на помирување или шминка?

Утрински - 14.04.2003

Приемот на новите членки во сенка на разидувањата околу Ирак АТИНА - Европските лидери, во придружба на генералниот секретар на ОН, Кофи Анан, неделава ќе се состанат во колепката на демократијата на нивниот прв самит откако почна војната во Ирак.

Ќе се простат долговите на Ирак?

Утрински - 14.04.2003

ММФ и Светска банка се подготвуваат за поствоен ангажман ВАШИНГТОН - Меѓународниот монетарен фонд соопшти дека заедно со Светска банка ќе помогне во реконструкцијата на воено разурнатиот Ирак, откако ќе им биде одобрен мандат со резолуција на ОН.

Во Ирак загинале 114 американски и 2.320 ирачки војници

Утрински - 14.04.2003

Биланс на едномесечната војна во Ирак ВАШИНГТОН - Пентагон соопшти дека билансот на .жртвите меѓу американските војници кои се борат во Ирак се зголеми на 114, или седум повеќе од претходниот ден, и истакна дека најмалку 399 се ранети или повредени.