Денес и утре во Скопје ќе се избира интернационалната книжевна награда "Балканика", која ја доделува истоимената Фондација во која членуваат 7 балкански земји. Македонскиот кандидат за наградата годинава е книгата на Лилјана Дирјан "Приватни светови".
Со делото „Приватни светови“, македонската писателка и кандидатка за најдобро прозно дело на Балканот, Лилјана Дирјан, има сериозни шанси за да ја освои наградата „Балканика“, велат од издавачката куќа „Магор“, кои се организатори на манифестацијата која денеска и утре се одржува во Скопје.
Споредувајќи ја наградата „Балканика“ со „Гонкур“ и „Букер“, Василе Андру, рече дека таа креира литерарни вкусови Невена Поповска До синоќа во Скопје пристигнаа речиси сите автори и членови на меѓународното жири за доделување на наградата „Балканика“.
И најкусите патишта на Балканот се најдолги, рече на шега претседателот на фондацијата „Балканика“ Николај Стојанов по пристигнувањето во Скопје со задоцнување од речиси еден час.
Романот на Лилјана Дирјан „Приватни светови“ е во трка за престижното литературно признание за Невена Поповска Од утре до 6 октомври во Скопје по единаесетти пат ќе биде доделена наградата за најдобро прозно дело на Балканот, која ја доделува Фондацијата „Балканика“.
До пред десетина дена не се знаеше дали изборот ќе се одржи викендов или во ноември Скопје од денеска до недела е центар на балканската современа книжевност .
Номинираните автори за книжевната награда „Балканика“, претставниците на националните жирија и претставници на издавачките куќи, членки на фондацијата „Балканика“, пристигнуваат денеска во Скопје на жирирање за наградата „Балканика“.