TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Финансиските извештаи на компаниите ги дигнаа акциите

Вечер Прес - 02.11.2008

Финансиските извештаи на компаниите ги дигнаа акциите. Карактеристика на Македонската берза за хартии од вредност во неделата што е зад нас е нискиот промет од 2,6 милиони евра. Спротивно на прометот, последниот берзански ден (во петокот), забележан е раст кај акциите на повеќе компании, меѓу кои и на хартиите од вредност на Уни Банка за околу 42 проценти, на Мермерен Комбинат од Прилеп за 33,33 ...

Пораст на МБИ10

Макфакс - 31.10.2008

Последниот ден од работната недела заврши позитивна за пазарот на капитал. Иако во четвртокот берзанскиот индекс забележа пад од 2,90 проценти, сепак во петокот заврши во зелената зона, растејќи за 1,52 проценти. За разлика од него останатите индекси забележаа пад и тоа МБИД падна за 1,06 проценти, а ОМБ изгуби 0,14 проценти од својата вредност.

Благ пораст кај речиси сите компании на Македонската берза, но прометот е се уште на многу ниско ниво

Нетпрес - 31.10.2008

Поради помалку лошите резултати од очекуваните за падот на ГДП во текот на вчерашниот ден американскиот индекс Доњ Јонес Индустриал порасна за 2,1%. Светскиот индекс МСЦИ во текот на денешниот ден забележа пад од 1,1%, што и можеше да се очекува имајќи го во предвид растот во последните три дена.

Берза: Претпазливо тестирање на дното

Форум - 31.10.2008

Крајот на неделата го означи уште еден тест на МБИ-10 на вредност околу 3.000 поени. Денеска главниот индекс на македонската берза растеше и на крајот на денот заврши со позитивно движење од 1,52% и вредност од 3.002,20 поени. МБИД падна -1,06%, како и ОМБ кој падна -0,14%. Вкупниот промет изнесуваше 28,61 милион денари. Прометот со обврзници изнесуваше 7,01 милион денари.

Пад на индексот во Токио

Форум - 31.10.2008

Јапонскиот берзански индекс Никеи на денешното тргување забележа пад од 5% и покрај фактот што Централната банка за прв пат по седум години ја намали основната каматна стапка на 0,3%. Намалувањето било помало отколку што се очекувало на пазарите.

Порастот на светските берзи не се рефлектира кај нас

Н.Македонија - 31.10.2008

Додека светските индекси бележат неколкудневни историски порасти, Македонскиот берзански индекс бавно но сигурно влегува во зоната под 3.000 индексни поени. Мечките и вчера беа посилната група на берзанскиот ринг. МБИ 10 загуби 2,97 отсто индексни поени и заврши на годишен минимум од 2.957 индексни поени.

Берзанскиот индекс отиде во зелено

Утрински - 30.10.2008

Берзанскиот индекс отиде во зелено. Како резултат на растот на светските берзи, вчера реагираше и Македонската берза, при што индексот МБИ 10 вчера отиде во зелено за 1,89 отсто и се позиционира на 3.045,70 индексни поени. Остварен е вкупен промет од 33,8 милиони денари, а повеќе од половина од прометот, околу 17,5 милиони денари, направен е со акциите на Комерцијална банка, кои вчера ...

Растат светските берзи

Утрински - 30.10.2008

Растат светските берзи. Лондон - Акциите на водечките компании на светските берзи вчера забележаа раст како резултат на најавите за натамошно намалување на висината на основните каматни стапки во економски најразвиените земји, мерка што се презема со цел да се спречи појавата на глобална рецесија.

Пораст на сите светски берзи

Време - 30.10.2008

Акциите на водечките компании на светските берзи вчера забележаа пораст, како резултат на најавите за натамошно намалување на висината на основните каматни стапки во економски најразвиените земји, мерка што се презема за да се спречи појавата на глобална рецесија. На стартот на тргувањето на берзата во Лондон акциите порасна за 5,59 проценти, а на берзата во Париз за 6,51 проценти.

Њујорк: Светските берзи бележат пораст на вредноста на акциите

Р.С.Европа - 30.10.2008

Берзите во светот денеска бележат пораст откако американската централна банка донесе одлука за намалување на каматните стапки со цел да ја поттикне економијата во земјата. Некои берзи достигнаа пораст и од десет проценти. Во исто време порасна и цената на нафтата, е денеска изнесува скоро седумдесет долари за ...

Повторно пад на Берзата

Макфакс - 30.10.2008

После малиот пораст на цените на акциите во средата, во четвртокот повторно берзанскиот индекс се врати во црвената зона, а голем дел од акциите забележаа пад. Во подобрување на ситуацијата не помогнаа ниту новите правила донесени од страна на Македонската берза за продолжување на времетраењето на тргувањето до 13 часот, почнувајќи од денеска.

Берза: По растот, следи пад

Форум - 30.10.2008

Еднодневниот пораст на македонските индекси повторно се претвори во пад. И тоа посилен од растот. Така, денеска вкупниот промет на берзата изнесуваше 28,63 милиони денари, а МБИ-10 падна за силни -2,91%. МБИД порасна 3,85%, а ОМБД порасна 0,14%. Прометот со обврзници изнесуваше 4,69 милиони денари.

Конечно пораст на берзата

Н.Македонија - 30.10.2008

Вчерашниот берзански ден не успеа да го следи историското пораст на американскиот Вол стрит од над 10 отсто. Македонскиот берзански индекс успеа да порасне за минимални 1,89 отсто. Можеби и тоа е нешто по два последователни дена на пад, од кои едниот особено силен во почетокот на неделата. И конечно индексот е повторно над 3.000 поени.

И натаму неизвесност на светските берзи

BBC - 29.10.2008

Акциите во Соединетите држави малку паднаа еден ден по порастот и во очекување на намалување на каматните стапки. Во Њујорк, индексот „Дау Џоунс“ беше понизок за 0,25% во раното тргување. На другите берзи акциите пораснаа. Во Лондон индексот „Футси“ беше за 6% повисок, а во Париз за 7%.

Пораст на акциите на годишнината од "црниот вторник"

Телма - 29.10.2008

Акциите на водечките компании на светските берзи денеска забелажаа раст, како резултат на најавите за натамошно намалување на висината на основните каматни стапки во економски најразвиените земји, мерка што се презема со цел да се спречи појавата на глобална рецесија. На стартот на тргувањето на берзата во Лондон акциите порасна за 5,59 проценти, а на берзата во Париз за 6,51 отсто.

Раст на вредноста на акциите на светските берзи на годишнината на „црниот вторник“ од 1929 година

Канал5 - 29.10.2008

Лондон, 29 октомври (МИА) - Акциите на водечките компании на светските берзи денеска забелажаа раст, како резултат на најавите за натамошно намалување на висината на основните каматни стапки во економски најразвиените земји, мерка што се презема со цел да се спречи појавата на глобална рецесија.

Позитивно освежување на Берзата

Макфакс - 29.10.2008

Во средата имавме вистинско освежување на пазарот на капитал после долготрајното тонење на цените на акциите на Македонската берза. Со исклучок на Охридска банка и Стопанска банка Битола сите останати учесници во берзанскиот индекс забележаа пораст на нивните акции.

Индексите растат

Форум - 29.10.2008

Конечно, после 8 дена континуиран пад на македонските акциски индекси забележавме еден ден со раст на сите 3 индекси на македонската берза. Прометот се зголеми, што е добар знак кога е проследен со раст на цените на акциите. Оптимизмот денеска беше присутен, но инвеститорите сепак беа претпазливи. МБИ-10 порасна 1,89%, МБИД порасна 1,13% и ОМБ за 0,09%.

Раст на вредноста на акциите на светските берзи на годишнината на „црниот вторник“ од 1929 година

Кирилица - 29.10.2008

Индексот на берзата во Амстердам порасна за 6,32 отсто, во Мадрид 6,68, во Милано 6,72, во Варшава 4,42, во Цирих 4,5 проценти, во Букурешт 5,59 и во Прага 10,37 проценти. Токиската берза забележа раст на идексот од 7,74 отсто, Хонконгшката - 0,51, а Сиднејската 1,3 проценти.

Лондон: Европските берзи денеска бележат раст на акциите

Р.С.Европа - 29.10.2008

Повеќето европски берзи денеска бележат раст. Индексите на берзите во Лондон и во Париз се во плус од 5 до 7 насто. И на азиските берзи денеска акциите беа во пораст, откако вчера берзата во Њујорк забележа историски скок од 10,9 ...

Зошто пропаднаа сите берзи?

Н.Македонија - 29.10.2008

1. Сите берзи, почнувајќи од моќниот Вол стрит до малечката македонска берза, станаа зависни од редовни и непресушни приливи на странски капитал, за да ги одржат финансиските пазари. Кога овој прилив на жешки шпекулативни фондови престана и кога странците почнаа да ги продаваат своите имоти, меурите пукнаа насекаде истовремено. 2.

Историски пад на токискиот берзански индекс

А1 - 28.10.2008

Индексот на Берзата во Токио, Никеи-225 денеска на стартот на берзанските тргувања се намали за 2,34 проценти на 6.997,90 индексни поени, со што за прв пат по 26 години неговата вредност падна под 7.000 поени. Сепак во подоцнежниот тек на тргувањето, Никеи-225 порасна на 7062,50 индексни поени.

Берзата тоне

Вест - 28.10.2008

Цените на акциите на Македонската берза продолжуваат да паѓаат. На вчерашното тргување индексот МБИ 10 изнесуваше 3.017 и падна за 8,65 проценти. Брокерите креваат раце: "Веќе се е можно. Берзата може да оди и под 2.000. Вчера имаше пет компании од оние кои се топ 10, чии акции се нудеа со цена пониска за 10 отсто, а немаше купувачи.

Историски пад, берзата го продолжи тајмингот на тргување

Утрински - 28.10.2008

Индексот МБИ 10 вчера падна за 8,65 проценти. Нина Нинеска-Фиданоска. Историски дневен пад од 8,65 проценти доживеа вчера берзанскиот индекс МБИ 10 на македонскиот пазар на капитал. Главната причина за овој црн понеделник познавачите ја лоцираат во психолошкиот фактор, односно во фактот што драматични падови доживуваат сите берзи низ светот.

Рекорден минус на Македонската берза

Дневник - 28.10.2008

Македонската берза вчера беше регионален рекордер во загуба откако индексот на најликвидните десет компании, МБИ 10, падна за 8,65 отсто. Акционерите во паника по која било цена ги продаваа своите акции. Сличен пад на берзанскиот индекс беше забележан во април годинава, кога Македонија не влезе во НАТО-алијансата.

Историски осцилации на индексот на Берзата во Токио

Телма - 28.10.2008

Индексот на Берзата во Токио, Никеи-225 денеска на стартот на берзанските тргувања се намали за 2,34 проценти на 6.997,90 индексни поени, со што за прв пат по 26 години неговата вредност падна под 7.000 поени. Сепак во подоцнежниот тек на тргувањето, Никеи-225 порасна на 7062,50 индексни поени.

Македонската берза со најголем пад во историјата

Време - 28.10.2008

Александар Момировск Македонската берза вчера го доживеа најголемиот пад во историјата. Вредноста на десетте најликвидни компании се намали за 8,65 проценти, што е најмногу досега откако е воведена пресметката на индексот МБИ 10 на први јануари 2005 година. Цената на акциите се намали речиси кај сите компании, а кај дел го достигна и максималниот дозволен пад од 10 проценти.

Благ пад на берзата

Макфакс - 28.10.2008

Иако на почетокот од денешното тргување се чинеше дека ќе продолжи трендот на вртоглаво опаѓање на индексот, сепак на крајот се стабилизира за да заврши на негативни 0,93 проценти. Во црвената зона заврши и индексот на јавно поседуваните друштва при што изгуби 4,94 проценти од својата вредност. Позитивен беше единствено индексот на обврзниците кој забележа раст од 0,09 проценти.

Берза: Дното е сé поблиску (веројатно)

Форум - 28.10.2008

Денеска пред почетокот на тргувањето изгледаше како да ќе се повтори вчерашниот ден на македонската берза. Сепак купувачите беа малку пооптимисти и како што цените на одредени компании паѓаат така се зголемува обемот на тргување. Вкупниот промет денеска е малку намален во однос на вчрашното тргување со акции. Обврзниците привлекоа само 1,8 милиони денари, а акциите 25,82 милиони денари.

Пад на токискиот берзански индекс на најниско ниво во последниве 26 години

Кирилица - 28.10.2008

Индексот на Берзата во Токио, Никеи-225 денеска на стартот на берзанските тргувања се намали за 2,34 проценти на 6.997,90 индексни поени, со што за прв пат по 26 години неговата вредност падна под 7.000 поени. Сепак во подоцнежниот тек на тргувањето, Никеи-225 порасна на 7062,50 индексни поени.

Берзата урива неславни рекорди

Н.Македонија - 28.10.2008

Понеделник стана ден на неславни рекорди на Македонската берза откако вчера берзанскиот индекс на најликвидните компании МБИ-10 падна за 8,65 отсто и затвори на границата од 3.017 поени, што претставува најголем пад досега. На вчерашното тргување падна цената на акциите на речиси сите компании.

Историски пад на цената на акциите на безрата

А1 - 27.10.2008

Македонската берза го доживеа најголемиот пад во историјата. Вредноста на 10-те најликвидни компании се намали за 8,65 проценти што е најмногу досега откако е воведена пресметката за индексот МБИ 10 во јануари 2005. година. Цената на акциите падна речиси кај сите компании, а кај дел го достигна и максималниот дозволен дневен пад од 10 проценти.

Историски најголем пад на берзата

Канал5 - 27.10.2008

Историски најголем пад на акциите на берзата. Индексот падна за рекордни 8,65 отсто, најмногу од формирањето на Македонската берза. Ценовно тонеа речиси сите компании. Падот се поврзува со случувањата на пазарите на капитал во светот и во регионот. Рецесијата во која влегоа повеќе европски економии, според брокерите, ги плаши инвеститорите. Психолошки паниката се рефлектира и во Македонија.

Драстичен пад на македонската берза

Алсат-М - 27.10.2008

Индексот на Македонската берза, МБИ – 10 денеска забележа драстично намалување од 8,65 отсто. Ова е најголем еднодневен пад во досегашното функционирање на берзата. МБИ – 10 на затворањето на денешното тргување изнесуваше 3.017 индексни поени и според економските аналитичари, ова се должи на паниката кај малите инвеститори и како неминовно прелевање на кризата која владее на светските берзи ...

На Берзата: Дното не се гледа

Форум - 27.10.2008

Последната недела од октомври на македонската берза започна со еден од историски најголемите падови на главниот берзански индекс МБИ-10. Уште во првите минути на тргувањето падот беше остар, -4,5%. Прометот имаше пораст, но тоа се должи најмногу на денешните 14,43 милиони денари реализирани во промет со обврзници.

Црн понеделник на Берзата

Макфакс - 27.10.2008

Почетокот на работната недела повторно беше кобен за тргувањето на Македонската берза. Берзанскиот индекс МБИ 10 се спушти за фантастични 8,65 проценти во црвената зона, а креаторите на овој индекс тонеа достигнувајќи најниски цени до сега. Покрај берзанскиот индекс пад забележаа и останатите два индекси и тоа, МБИД падна за 2,21 процент, ОМБ забележа пад од 0,27 проценти.

Акциите на сите берзи И натаму паѓаат

Сител - 27.10.2008

Паника владее меѓу луѓето. Сакаат да се ослободат од своите акции, во страв да не изгубат уште повеќе, велат брокерите. И Македонската берза го следи трендот. Денеска акциите падна за 8,65%. Брокерите смируваат - кај нас не треба да се случува ова. Ги повикаа надлежните да излезат во јавноста и да ги уверат инвеститорите дека нема место за паника. Берзата од денеска со нови правила за тргување.

Воведени нови правила на Берзата

Макфакс - 27.10.2008

Одлука со која за хартиите од вредност кои се тргуваат во режим на фиксинг се воведуваат ценовни ограничувања од ±20% во однос на базната цена донесе Одборот на директори на Македонската берза АД. Одлуката била донесена на вчерашната седница, а започна да се применува од денеска.

Вртоглав пад на Берзата

Нетпрес - 27.10.2008

Голем пад на берзанскиот индекс МБИ10 го одбележа денешното тргување на Македонската берза. МБИ10 се спушти за 8,65 проценти со што загуби 285,61 поени и заврши на 3.017,15. Освен берзанскиот индекс МБИ10 се спушти и индексот МБИД кој падна за 2,21 процент како и индексот ОМБ кој падна за 0,27 проценти.

Почетокот на оваа недела берзите во светот го дочекаа во црвената зона

Нетпрес - 27.10.2008

Почетокот на оваа недела берзите во светот го дочекаа во црвената зона како резултат на се поголемата загриженост дека напорите на владите во светот за стабилизација на финансиските пазари нема да бидат доволни за да се спречи светската рецесија. Светскиот индекс МСЦИ падна за 3,1%. Американскиот индекс Доњ Јонес Индустриал во петокот забележа пад од 3,59%.

Црн понеделник на Берзата

Вечер Прес - 27.10.2008

Црн понеделник на Берзата. Црн понеделник на Македонската берза за хартии од вредност. Берзанскиот индекс МБИ- 10 се спушти за фантастични 8,65 проценти, односно затвори на 3.017,15 индексни поени. Паѓање имаше и останатите индекси. Индексот МБИД падна за 2,21 процент, а индексот на обврзници ОМБ забележа пад од 0,27 проценти.