TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Македонија ќе пласира земјоделски производи во Израел

Утрински - 09.06.2007

Пласман на македонски земјоделски производи во Израел, договорил вицепремиерот Живко Јанкуловски за време на посетата на Израел. Јанкуловски, како што соопшти владината прес служба, ваквиот договор го постигнал со една од најголемите израелски компании „Агрекско“.

Израелската армија се распоредува во појасот Газа

Макфакс - 09.06.2007

Газа Израелската армија попладнево навлегла на палестинска територија во северниот дел на појасот Газа, пренесуваат очевидци. Во операцијата учествуваат три тенка и еден булдожер кои навлегле во длабочина од еден километар во областа Беит Ханун.

Израелското земјоделско искуство ќе се пренесува во Македонија

А1 - 08.06.2007

Наука, врвна технологија, систем капка по капка, лесен пласман. Ова е израелскиот аграр. Нивното искуство во земјоделското производство мора да го пренесеме на македонска почва, изјави потпретседателот на Владата Живко Јанкуловски, кој со израелскиот Министер за земјоделство договорија соработка на ...

Македонија ќе пласира земјоделски производи во Израел

Макфакс - 08.06.2007

Скопје Пласман на македонски земјоделски производи во Израел, договорил вицепремиерот Живко Јанкуловски за време на посетата на Израел. Јанкуловски, како што соопшти владината прес служба, ваквиот договор го постигнал со една од најголемите израелски компании “Агрекско”.

Израел планира напад врз Газа со дваесет илјадна војска

Макфакс - 08.06.2007

Ерусалим Новиот израелски министер за одбрана Ехуд Барак во наредните недели планира напад врз појасот Газа со цел да ги разбие борците на Хамас, кои деновиве ја презедоа контролата во тој регион. Барак, како што пренесува „Times on line“ планира нападот да трае неколку дена, и да биде изведен со ...

Абас го распушти националниот Совет за безбедност

Макфакс - 08.06.2007

Рамала Палестинскиот претседател Махмуд Абас денеска го распушти националниот Совет за безбедност со цел да го ослаби противничкото движење Хамас, пренесуваат агенциите. Советот беше формиран во состав на владеачката коалиција која Фатах и Хамас ја составија во март за да се обнови редот во ...

Израел ќе соработува со новата палестинска влада

Макфакс - 08.06.2007

Ерусалим Израелскиот премиер Ехуд Олмерт најави дека властите во Ерусалим се подготвени да соработуваат со новата палестинска влада. „Ќе соработуваме со таа влада. Ќе ги одмрзнеме парите што ги држиме под наша контрола, бидејќи не сакаме тие да завршат кај Хамас и да бидат искористени за ...

Израел е подготвен да ја плати цената на мирот со Сирија

Макфакс - 08.06.2007

Ерусалим Израелскиот премиер Ехуд Олмерт неодамна му испратил тајна порака на сирискиот претседател Башар ал Асад во која што се вели дека неговата земја е „подготвена да ја плати цената на мирот“ меѓу двете држави. Како што објави израелскиот весник „Једиот Ахаронот“, за време на едночасовниот ...

Новата палестинска влада положи заклетва

Макфакс - 07.06.2007

Рамала Вонредната палестинска влада начело со економистот Салам Фајад денеска положи заклетва пред претседателот Махмуд Абас во Рамала. Владата има засега 10 министри, покрај премиерот. Останатите ќе бидат назначени подоцна. Се очекува владата да добие поддршка од меѓународната заедница.

Четворица убиени во акција на израелската војска во појасот Газа

Макфакс - 07.06.2007

Газа Четворица Палестинци се убиени утрото во појасот Газа, во акција на израелската војска, соопштија палестински болнички извори. Еден Палестинец го загуби животот при бомбардирањето на израелската авијација, додека тројца загинаа при упадот на израелската војска во појасот Газа.

Абас: Палестинците се на работа на граѓанска војна

Вест - 06.06.2007

РАМАЛАХ, 6 јуни (Ројтерс) - Одбележувајќи 40 години од израелската окупација, палестинскиот претседател Махмуд Абас вчера рече дека внатрешните борби ги донесоа Палестинците до работ на граѓанска војна. Сепак, Абас, сеќавајќи се на, како што рече, "големиот пораз" на Арапите од Израел во шесте дена ...

Нов израелски напад врз Појасот Газа

Канал5 - 06.06.2007

Едно лице загина при израелски воздушен напад во северениот дел од Појасот Газа, пренесува МИА. Газа, 6 јуни (МИА) Едно лице загина при израелски воздушен напад во северениот дел од Појасот Газа, пренесува МИА. Според израелската армија, нападот бил насочен кон група екстремисти кои поставувале ...

Израел се подготвува за можна војна со Сирија

Макфакс - 06.06.2007

Ерусалим Израелскиот министер за одбрана Амир Перез соопшти дека Израел се подготвува за можна војна со Сирија, доколку проблемите со оваа држава првенствено не бидат решени по дипломатски пат. Перез изјавата ја даде за израелското државно радио, откако израелската војска симулираше напад на ...

Ал Фатах презеде клучни објекти на Западниот брег

Макфакс - 06.06.2007

Рамала Стотина борци на Ал Фатах денеска зазедоа клучни објекти на исламистичкото движење Хамас на Западниот брег на реката Јордан. Станува збор за Палестинскиот законодавен совет (парламентот) и редица министерства во градот Рамала.

Израел ќе ослободи 250 палестински затвореници

Макфакс - 06.06.2007

Израелскиот премиер Ехуд Олмерт најави дека ќе ослободи 250 затвореници-Палестинци во знак на добра волја кон палестинскиот претседател Махмуд Абас. “Важно е секој Палестинец да сфати дека има даваме рака на оние кои се подготвени да воспостават односи на мир и помирување со нас“, изјави Олмерт во ...

Шесте дена што го променија Блискиот Исток

Утрински - 05.06.2007

Желбата за бришење на Израел од мапите се претвори во најголем пораз и срам за арапскиот свет ДИМИТАР ЧУЛЕВ Во неверојатен „блицкриг“ во јуни 1967 година Израел успеа само за 132 часа да ги порази војските на трите соседни држави Египет, Јордан и Сирија и не само да ги одбрани "своите" граници туку ...

Во Скопје гостуваше и израелски театар

Вест - 05.06.2007

Во Скопје гостуваше и театар од Израел . Прексиноќа во Драмскиот театар гостите од Израел ја играа претставата "Прислужниците", работена по текст на израелскиот автор Ханоч Левин, а во режија на Јувал Замир. Израелската амбасадорка Амира Арно Во Скопје гостуваше и театар од Израел .

Вонреден состанок на Арапската лига

Макфакс - 05.06.2007

Каиро Вонреден состанок денеска во Каиро ќе одржат арапските министри за надворешни работи по повод најновите судири меѓу Фатах и Хамас во појасот Газа. Состанокот се свикува и поради завчерашниот бомбашки напад во Либан, во кој беа убиени девет лица и еден антисириски парламентарец.

ЕК го поддржува Махмуд Абас

Макфакс - 05.06.2007

Брисел Европската комисија изрази целосна поддршка на палестинскиот претседател Махмуд Абас и повика со дијалог да биде ставен крај на меѓупалестинскиот конфликт, откако радикалниот Хамас ја презеде контролата во Појасот Газа.

Ситуацијата во Газа мирна, контролата ја презеде Хамас

Макфакс - 05.06.2007

Газа Ситуацијата во појасот Газа денеска се смири откако престанаа судирите меѓу приврзаниците на Хамас и Палестинската самоуправа и откако радикалното исламистичко движење успеа да ја презеде контролата над главните команди кои досега ги контролираше ПЛО на тоа подрачје.

Израел ги отфрли критиките на Амнести интернешнл

А1 - 04.06.2007

Израел денеска ги отфрли критиките на Амнести интернешнл за заштитниот ѕид кон окупираните делови од Западниот брег со образложение дека палестинските бомбаши-самоубијци се одговорни за контроверзната градба. „Палестинците се одговорни за својата судбина.

Перес – Палестинците се одговорни за својата судбина

Макфакс - 04.06.2007

Ерусалим Палестинците се одговорни за својата судбина, изјави израелскиот вицепремиер Шимон Перес како реакција на извештајот на „Амнести Интернешнл“. Извештајот наведува дека Палестинците западнале во безнадежност и беда, а Израел не успеал да загарантира безбедност на своето население.

Хамас нема да прими меѓународни сили во Газа

Макфакс - 04.06.2007

Ерусалим Палестинското радикално движење Хамас соопшти дека се откажува да прими меѓународни сили на границата меѓу Појасот Газа и Египет и оти кон нив ќе се однесува како кон окупатори. “Хамас“ отфрла какво било распоредување на меѓународни сили во Појасот Газа“, соопшти претставник на радикалното ...

Хамас го зазеде штабот на Фатах во Рафа

Макфакс - 04.06.2007

Ерусалим Милитантите на Хамас, палестинско движење со најголем број пратеници во Парламентот, денеска го зазедоа штабот на безбедносните сили на противничкиот Фатах и го ставија под контрола градот Рафа. Во борбите денеска загинале најмалку 14 Палестинци, а со заземањето на Рафа, Хамас практично го ...

Израел ги одмрзна средствата за палестинската автономија

Макфакс - 04.06.2007

Ерусалим Израел денеска одлучи да префрли стотини милиони долари на палестинската самоуправа во знак на поддршка на владата на палестинскиот претседател Махмуд Абас. Парите се дел од првиот пакет на повластици со кои израелските власти сакаат да ја засилат позицијата на Абас и да ја ослабат моќта ...

Хамас го поздрави „ослободувањето на Газа“

Макфакс - 04.06.2007

Ерусалим Милитантите на Хамас денеска го зазедоа штабот на безбедносните сили на противничкиот Фатах и го ставија под контрола градот Рафа, по што прогласија „ослободување на Газа“ Во борбите денеска загинале најмалку 20 Палестинци, а со заземањето на Рафа, Хамас практично го контролира целиот ...

Абаз ќе ја распушти владата на национално единство

Макфакс - 04.06.2007

Париз Палестинскиот претседател Махмуд Абаз денеска ќе ја распушти владата на национално единство. Ова денеска за радиото „Европа 1“, го изјави Лејла Шахид, главниот претставник на палестинската власт во Европската унија(ЕУ).