TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

САД го нападнаа Авганистан

А1 - 07.10.2001

Американците ја срушија главната база на Талибанците на аеродромот во јужноавганистанскиот град Кандахар. Во нападите учествуваат и британски сили. Почетокот на нападите врз Авганистан ја потврди и Пентагон. Во 19 часот по средно европско време неколку силни експлозии се слушнале во главниот град ...

Обраќање на претседателот на САД, Џорџ Буш до светската јавноста

А1 - 07.10.2001

„По моја наредба артилеријата на САД ги започна нападите врз камповите за тренирање на терористи на Ал Каеда и воените објекти на талибанскиот режим во Авганистан“, го започна своето обраќање кон светската јавност претседателот на САД, Џорџ Буш.

Истекува времето за предавање на Осама бин Ладен

А1 - 06.10.2001

„Истекува времето Авганистанците да го предадат Осама бин Ладен или да се соочат со последиците од апсење на овој најбаран терорист во светот. Дадена им е шанса, но времето истекува", категорично предупреди претседателот Буш во денешното обраќање до нацијата, најавувајќи скора воена акција против ...

Талибан ќе му суди на бин Ладен ако САД даде цврсти докази

Вест - 06.10.2001

ИСЛАМАБАД, 6 октомври (Ројтерс) - Авганистанската талибанска власт е подготвена да дозволи на Осама бин Ладен да му се суди во авганистански суд доколку САД обезбедат цврсти докази против него, изјави авганистанскиот амбсасадор во Пакистан Мулах Абдул Салам Заиф.

Кои се всушност нашите сојузници во Авганистан?

Дневник - 06.10.2001

Роберт Фиск - Градење коалиција против тероризмот Ако успееме во Кабул да воспоставиме марионетска влада по наш вкус, таа ќе функционира некое време, по што ќе се распадне. Водачите на Северната алијанса ќе се поделат по етничка основа и ќе се свртат едни против други, или ако нашите војници се ...

Се ближи моментот на воена одмазда на САД

А1 - 05.10.2001

НАТО ќе ги исполни осумте американски барања за поддршка во воена акција како одговор на нападите врз Њујорк и Вашингтон, соопшти во Брисел првиот човек на Алијансата, Џорџ Робертсон. 18-те членки на Алијансата ќе го дадат својот воздушен простор за неограничени прелети, како и сите воени бази, ...

Докази за вмешаност на Бин Ладен во нападите врз САД

А1 - 05.10.2001

Водечките лондонски весници ги пренесуваат доказите што премиерот Тони Блер ги изнесе на вонредната седница на парламентот за вмешаност на Осама бин Ладен во нападите врз САД. Меѓу клучните докази е дека Бин Ладен од своите соработници барал до 10 септември, еден ден пред нападот врз САД, да се ...

Блер: Време е за воена и хуманитарна акција против Авганистан

Вест - 05.10.2001

ЛОНДОН, 5 октомври (Ројтерс) - Британскиот премиер Тони Блер вчера пред Парламентот изјави дека се ближи времето за воена и хуманитарна акција против Авганистан по минатомесечните напади на Вашингтон и Њујорк. "Се ближат тешките моменти кога е неопходно да се преземе акција", рече Блер на ...

Нападите врз Авганистан може да почнат веќе в понеделник

Дневник - 05.10.2001

САД ГИ ПРИВРШУВААТ ПОДГОТОВКИТЕ ЗА ВОЕНА АКЦИЈА Ако се земат предвид сите фактори, од патните планови на политичарите до метеоролошките прогнози и исламскиот календар, останува мал период за нападот - од 9 октомври до средината на ноември Американците и нивните сојузници во глобалната ...

САД побара „неограничена дозвола“ за војната против тероризмот

А1 - 04.10.2001

САД побараа „неограничена дозвола“ за користење на националните воздушни простори на сојузниците од НАТО, употреба на воздухопловните бази во Европа, нафтоводите и подготвеност да ги заменат американските војници на Балканот, јавија агенциите.

Македонија и Авганистан први соседи во Виена

Вест - 04.10.2001

ДИПЛОМАТСКИ КУРИОЗИТЕТ Македонската амбасада во Австрија, но и мисијата на Македонија во ОБСЕ, се сместени во истата дипломатска зграда во која е сместена и амбасадата на Авганистан, но не онаа на Талибанците, туку на Северната... Македонија и Авганистан се соседи во Виена.

Пакистан ги испитува маериканските докази за вината на бин Ладен

Вест - 04.10.2001

ИСЛАМАБАД, 4 октомври (Ројтерс) - Пакистан ги испитува доказите што ги обезбедија САД, кои бараат врска меѓу саудискиот бегалец Осама бин Ладен и катастрофалните напади на САД од 11 септември, соопшти Министерството за надворешни работи на Пакистан.

ЦИА веќе ја почна војната со талибанците

Дневник - 04.10.2001

ПОМОШ ЗА СЕВЕРНАТА АЛИЈАНСА Операцијата на ЦИА е слична на таа во 80-тите години, кога ги обучуваше и вооружуваше авганистанските герилци да се борат против инвазиските сили на Советскиот Сојуз Американската Централна разузнавачка агенција ЦИА им испорачува оружје на авганистанските опозициски сили ...

Талибанците повикаа на преговори за доказите на вината на Бин Ладен

А1 - 03.10.2001

Талибанците преку својот амбасадор во Пакистан соопштија дека не сакаат војна против САД и уште еднаш повикаа на директни преговори и докази за вината на Осама бин Ладен. Мула Абдул Салем Заеф за CNN изјави дека самоубистваните напади не се во согласност со Исламот и сугерираше дека Талибанците ќе ...

Пакистан не добил докази од САД за вината на бин Ладен

Вест - 03.10.2001

Од антиамериканските демонстрации предводени од најголемата исламска партија во Пакистан ИСЛАМАБАД, 3 октомври (Ројтерс) - Пакистан се уште чека да добие директни докази кои го поврзуваат Осаман Бин Ладен со нападите на Њујорк и Вашингтон што се случија на 11 септември, соопшти Министерството за ...

Бин Ладен планирал напад на американската амбасада во Париз

Вест - 03.10.2001

ПАРИЗ, 3 октомври (Ројтерс) - Едно осомничено лице кое наводно било поврзано со заговорот да се крене во воздух американата амбасада во Париз на полицијата и кажал дека го посетил штабот на Осама бин Ладен во Авганистан каде разговарал за планираниот напад.

Последни подготовки на талибанците за пресметка со САД

Дневник - 03.10.2001

АВГАНИСТАН Пакистанскиот претседател изрази надеж дека американските напади врз Авганистан ќе бидат брзи и интензивни, по што би била спроведена кампања за рехабилитација на земјата Талибанското раководство, очекувајќи воен удар од Американците и нивните сојузници, испрати стотици емисари низ ...

Контроверзни информации за Осама бин Ладен

А1 - 02.10.2001

Светскиот терорист број еден Осама бин Ладен се крие во напуштена воена база во непристапен дел на планината Памир, на тромеѓето на Авганистан со Кина и Таџикистан - тврди пакистанскиот весник „Њуз", додавајќи дека кон ова подрачје се упатиле американски командоси.

На Талибанците им се одброени деновите

А1 - 02.10.2001

Independent предвидува дека воениот удар на Aвганистан би можел да уследи за само неколку часови, забележувајќи дека во Aмерика и Британија во тек се најголемите движења на борбените авиони и муниција од времето на заливската војна.

Америка ги одбројува часовите за напад

А1 - 02.10.2001

Aмериканскиот претседател Џорџ Буш во вчерашниот говор пред претставниците на цивилната заштита изрази задоволство од тоа што САД постигнале напредок во „различни подрачја“ во борбата против тероризмот. Како главен успех Буш ја потенцира меѓународната подршка за САД во против терористичката кампања ...

Уапсен човек со тетоважа на Осама бин Ладен

Вест - 02.10.2001

ЛОС АНЏЕЛЕС, (Ројтерс) - Еден човек со портрет на Осама бин Ладен истетовиран на неговите гради и со лажна лична карта беше уапсен по нападите на Њујорк и Пентагон, јавува полицијата во јужна Калифорнија. Портпаролот на шерифот во Полицијата во Оринџ Каунти, Џим Амормино рече дека не може да ...

Одброени деновите на талибанското владеење

Вест - 02.10.2001

ИСЛАМАБАД, 2 октомври (Ројтерс) - Пакистанскиот претседател Первез Мушараф за Би-Би-Си изјави дека се одбројуваат деновите на талибанското владеење во Авганистан. "Се чини дека САД наскоро ќе преземе акции во Авганистан", изјави тој. "Поради ставот на Талибанците...

Брат му на бин Ладен сепак не е уапсен во Турција

Вест - 02.10.2001

ИСТАНБУЛ, 2 октомври (Ројтерс) - Вчера беше уапсен еден човек за кого се претпоставувало дека му е брат на Осама бин Ладен, но потоа се воспоставило дека не му е брат, туку можно е да му е роднина, соопшти Министерството за внатрешни работи на Турција.

"На талибанците им се изброени деновите"

Дневник - 02.10.2001

ПАКИСТАНСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ ТВРДИ Пакистанскиот претседател Первез Мушараф вчера оцени дека на владејачкото талибанско движење во Авганистан "му се изборени деновите", јави Ројтерс. На прашањето на новинар на Би-би-си дали деновите на талибанците се изброени, Мушараф одговори: "Се чини дека е така.

ОНА не е на релација со Бин Ладен

А1 - 01.10.2001

„ОНА никогаш немала врски со муџахедините, ниту со Осама бин Ладен“, изјави за грчки „Катимерини“ самопрогласениот политичкиот лидер на официјално распуштената ОНА, Али Ахмети. „Војната која ја водеше ОНА немаше идеолошки цели“, вели Ахмети нагласувајќи дека меѓу 3.500-те албанските бунтовници ...

Објавување војна на Талибанците

А1 - 01.10.2001

Америка оди кон објавување на војна на Талибанците, откако за прв пат признаа дека го кријат Осама бин Ладен и оти не сакаат да го испорачаат, пишува лондонски Times, дознавајќи дека САД ја разгледуваат можноста за покренување на удар од воздух и од море од околу 30-тина бази.

100 милиони долари помош за антиталибанската опозиција

А1 - 01.10.2001

Американскиот претседател Џорџ Буш ги одобрил тајните напори за помош на антиталибанската опозиција во Авганистан, пишува денешен Њујорк Тајмс. Според весникот се работи за 100 милиони долари помош за опозицијата како клучен елемент во американскиот план да ги соборат од власт Талибанците кои го ...

Буш го назначи генерал Даунинг за шеф на антитерористичката кампања на САД

Вест - 01.10.2001

Американскиот претседател Џорџ Буш, во своето редовно обраќање до нацијата спомена дека специјалните тајни сили ќе играат клучна улога во потерата по Осама бин Ладен... Американскиот претседател Џорџ Буш, во своето редовно обраќање до нацијата спомена дека специјалните тајни сили ќе играат клучна ...

САД ќе ги бомбардираат талибанците со проектили, а гладните Авганистанци со храна

Дневник - 01.10.2001

ТЕЛЕВИЗИСКИ ИЗВЕШТАИ Катарската телевизија завчера објави дека талибанците фатиле пет американски командоси во источниот дел на Авганистан, но таа информација ја демантираа и Кабул и Вашингтон Американските специјални одреди што се инфилтрирани во Авганистан го подготвуваат теренот за воздушни ...