TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Удрени темелите на „Злетовица“

Време - 15.06.2007

ПО ПОЛОВИНА ВЕК ЧЕКАЊЕ Неколку години најавуваниот проект што треба да го реши проблемот со водоснабдувањето во источна Македонија, хидросистемот „Злетовица“, кој се најавува цели 50 години, конечно почна да се гради. Почетокот на работите го означи премиерот Никола Груевски, кој истакна дека ова е ...

Удрен камен-темелникот на браната на „Злетовица“

Дневник - 14.06.2007

Со поставување на камен-темелникот на 75-метарската брана Кнежево вчера официјално почна изградбата на хидросистемот „Злетовица“. Оваа инвестиција чини 26,5 милиони евра, а ќе обезбеди чиста вода за 100.000 жители на општините Кратово, Пробиштип, Штип, Карбинци, Свети Николе и Лозово.

Хидросистемот „Злетовица“, конечно, почна да се гради

Утрински - 14.06.2007

Јапонскиот амбасадор најави поддршка на повеќе други проекти во Македонија Иван Бојаџиски ПРОБИШТИП - Со откривањето на спомен-обележјето, премиерот Никола Груевски го означи почетокот на изградбата на браната „Кнежево“, најзначајниот објект во рамките на регионалниот хидросистем „Злетовица“.

Злетовица ќе снабдува со вода 120 илјади жители

Вест - 14.06.2007

ОФИЦИЈАЛЕН СТАРТ НА ИЗГРАДБАТА НА БРАНАТА КНЕЖЕВО "Во поглед на инвестициите, до сега Источна Македонија неоправдано беше запоставувана. Седумнаесет години овде доаѓаа политичари и само ветуваа. Ние работиме. Пример за тоа е ХС 'Злетовица'", рече премиерот на РМ Никола Груевски, вчера, на ...

Буквар за Јапонскиот амбасадор

Вечер Прес - 14.06.2007

Амбасадорот на Јапонија, Итару Умезу, вчера го посети Град Скопје, при што се сретна со Претседателот на Градскиот совет, Благој Чоревски. На гостинот му беше подарен првиот македонско-јапонски буквар и истовремено му беа пренесни желбите на градоначалникот Костовски за понатамошна соработка.

Почна изградбата на браната Кнежево

А1 - 13.06.2007

Првата експлозија на браната Кнежево го означи почетокот на изградбата на најголемата регионална хидроакумулација. на 1.000 метри надморска височина до 2009 година ќе бидат инвестирани 100 милиони долари. Толку се потребни за завршување на првата од трите фази на 50 години стариот проект-идеја ...

Јапонија и натаму ќе ги помага реформите

Дневник - 13.06.2007

Претседателот Бранко Црвенковски вчера го прими амбасадорот на Јапонија за Македонија со седиште во Виена , Итаро Умезу, при што му се заблагодари за соработката во реализација на проекти во Македонија од страна на јапонската влада.

На локалитетот Кнежево започна изградба на брана како дел од хидро-системот Злетовица

Канал5 - 13.06.2007

Со импровизирано минирање на темелите и со откривање на спомен полочата од страна на премиерот Никола Груевски денеска на локалитетот Кнежево започна изградбата на браната Кнежево на Осоговските планини. Кочани, 13 јуни (МИА) - Со импровизирано минирање на темелите и со откривање на спомен полочата ...