TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Шлагелсе ја освои тврдината Кале

А1 - 21.05.2005

Македонија се разбуди денеска со измешани чувства. Разочарана од тешкиот пораз, но сепак и натаму горда на националните хероини. Ракометарките на Кометал Ѓорче Петров се европски вицешампионки по поразот од Шлагелсе во финалниот двомеч. Пласманот во завршната пресметка е огромен успех.

Европското сребро за Кометал Ѓ. П.

Утрински - 21.05.2005

Кометал Ѓ.П. загуби од Слагелсе со 20:27 во реваншот во финалето на ЛШ Мечот беше загубен уште во првото полувреме кога Кометал имаше реализација од 23 отсто Ракометарките на Кометал Ѓорче Петров согореа по огромната желба да го совладаат бранителот на титулата Слагелсе во возвратниот натпревар од ...

Билетите разграбени како алва

Вечер Прес - 21.05.2005

Интересот на љубителите на спортот, особено ракометот од Скопје и Македонија за синоќешната втора финална пресметка од ЛШ, меѓу Кометал Ѓ.П. и Слагелсе во "Кале", беше исклучително голем. Меѓутоа, организаторот не можеше да ги задоволи апетитите на сите, поради строгите прописи на ЕХФ за безбедност ...

Кометал го загуби финалето во ЛШ

А1 - 20.05.2005

Кометал Ѓорче Петров не успеа по вторпат да се искачи на европскиот ракометен трон. Вечерва во Скопје во неговата сала Кале катастрофално го загуби финалниот реванш од Шлагелсе со 27:20. Нашиот тим бркаше негатива од 4 гола која данскиот состав ја имаше од воведниот натпревар во двомечот.

Гордрана Нацева пред настапот на Кометал Ѓорче Петров

А1 - 20.05.2005

Македонија во исчекување. Трепери спортскиот дух, финално одбројување. Нема веќе часови, педесетина минути до стартот на големиот настан финалниот реванш натпревар од ракометната лига на шампионките. Кометал Ѓорче Петров може да ја освои втората клупска континентална титула.

Кометал “брка“ четири голови разлики за втора европска титула

А1 - 20.05.2005

Пред полни трибини ракометарките на Кометал Ѓорче Петров ќе се обидат вечерва да ја анулираат предноста на Шлагелсе од четири голови, и по втор пат во клупската историја да станат европски прваци. На првиот финален натпревар од Лигата на шампионите што пред една недела се одигра во Данска, ...

Победа од четири гола за втора титула

Време - 20.05.2005

Ракомет ДЕНЕСКА ФИНАЛЕ НА ЛИГА НА ШАМПИОНКИ, КОМЕТАЛ ЃП - ШЛАГЕЛСЕ Александра Мазнева- Бундалевска Ракометна треска по пауза од три години одново владее во Македонија. Ќе се повтори ли 2002 година и дали македонските ракометни хероини, Кометал Ѓорче Петров повторно ќе ја освојат титулата европски ...

Ѓорчепетровки пак ја креваат Македонија на нозе

Вест - 20.05.2005

ДЕНЕСКА ВТОР ДЕЛ ОД ГОЛЕМОТО ФИНАЛЕ НА ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ За Кометал Ѓорче Петров нема веќе никакви калкулации. Целта е јасна, потенцијал има. Актуелниот европски шампион Слагелсе во Скопје доаѓа со четири гола предност (27:23), но најавува дека нема намера само да ј За Кометал Ѓорче Петров нема ...

Европската круна се враќа во Скопје!

Утрински - 20.05.2005

Ѓорчепетровки со голем оптимизам влегуваат во вечерашниот реванш од 20,40 ч. против Слагелсе од финалето на ЛШ Аморим: Веруваме во себе, дури и во можноста од реприза на оние 20:12 во Скопје РОБЕРТ ДИМИТРИЕВСКИ Ракометарките на Кометал Ѓорче Петров со огромна самодоверба и оптимизам влегуваат во ...

Два автобуса со навивачи од Данска

Утрински - 20.05.2005

Експедицијата од Данска вчера попладне требаше со чартер-лет да пристигне во Скопје, а ќе си замине веднаш по натпреварот, пропуштајќи го вообичаениот банкет во вакви пригоди. Со нив ќе допатуваат и десет новинари од данските медиуми, а од Данска се најавени и еден до два автобуса со навивачи.

Слагелсе - "дрим тим"

Дневник - 20.05.2005

Историјата на Слагелсе е кратка, но исполнета со успеси. Зацртаната цел да биде во европскиот ракометен врв почна да се остварува само пет години откако клубот беше основан. Во 1997 година, со фузија на две екипи, Слагелсе и Мериаваг, почнува да постои тим што тргна од Третата данска лига и секоја ...

Кометал ЃП клуб-репрезентација

Дневник - 20.05.2005

Составот на Кометал ЃП го претставува "најдоброто од Македонија" во женскиот ракомет, речиси целата репрезентација, која зад себе има две ЕП и три СП. Основан во 1979 година како РК Ѓорче Петров, во 1984 година управата решава да почне создавање на тим со кој ќе се вмеша во врвот на силната лига во ...

Фешта во Градскиот парк

Дневник - 20.05.2005

Навивачите што нема да успеат да обезбедат влезница ќе можат да го бодрат Кометал ЃП во Градскиот парк, каде што на видеоѕидот ќе се емитува ТВ-преносот од натпреварот. По финалниот меч, ракометарките, независно од крајниот исход на натпреварот, ќе дојдат во паркот да го прослават крајот на ...

Кометал шампионе, играј ти за нас...

Дневник - 20.05.2005

РАКОМЕТ - ФИНАЛЕ НА ЛИГАТА НА ШАМПИОНКИТЕ Агресивна игра во одбраната, расположени голмани, прецизни крила и без респект кон противникот треба да бидат решение за триумф на Кометал ЃП во реваншот од Лигата на шампионките, вечерва (20.40 ч., МТВ пренос) против актуелниот европски првак Слагелсе.

Трето финале за втора круна

Вечер Прес - 20.05.2005

Вечерва во "Кале" (20.40 ч.) повторно ќе проработи спортскиот "вулкан", добро препознатлив за сите европски екипи што гостувале во Скопје, кога во пеколна атмосфера, со френетично навивање и многу емоции, нашиот првак во своето трето учество во финалето од Лигата на шампионите ќе се обиде по ...

Кометал пред втората евро - шампионска титула

А1 - 19.05.2005

Спортската атмосфера кај нас пулсира за Кометал Ѓорче Петров. Втората титула европски првак е на дистанца од 4 гола во полза на актуелниот континентален ракометен шампион Шлагегсе. Нешто повеќе од цело деноноќие не дели од големата неизвесност.

Кометалки со контри до трофејот

Време - 19.05.2005

УТРЕ ФИНАЛЕ НА ЛШ, КОМЕТАЛ ЃП - ШЛАГЕЛСЕ Кометал Ѓорче Петров, финалистот во женската ракометна Лига на шампиони (ЛШ), ќе оди на изненадување во утрешниот финален натпревар во СРЦ „Кале“ (20,40 часот) против Шлагелсе, по кој ќе биде познат новиот европски првак.

Комитите остануваат во притвор

Вест - 19.05.2005

ВЧЕРА ПОЧНА СУДЕЊЕТО НА ТРОЈЦАТА НАВИВАЧИ НА КОМЕТАЛ ВО ДАНСКА Судењето било прекинато зашто судот побарал дополнителен извештај од органите за безбедност коишто непосредно биле инволвирани во случувањата околу салата во Копенхаген Тројцата навивачи на Кометал Ѓорче Петров, приведени по првиот ...

Фештата се сели во Градски парк

Вест - 19.05.2005

ОБЕМНИ ПОДГОТОВКИ НА КОМЕТАЛ ЃП ЗА ПЕТОЧНИОТ РЕВАНШ СО СЛАГЕЛСЕ Сите структури на Кометал Ѓорче Петров се максимално вклучени во подготовките за утрешниот реванш од финалето на Лигата на шампионите со Слагелсе. Ракометарките и стручниот штаб подготвуваат тактика за над Сите структури на Кометал ...

Трпеливо да се топи разликата

Утрински - 19.05.2005

Кастратовиќ со рецепт за утрешниот реванш со Слагелсе од финалето на ЛШ Портној верува во плус три во првиот дел и уште толку во вториот РОБЕРТ ДИМИТРИЕВСКИ "Не треба да брзаме. Има 60 минути. Во првото полувреме нека биде два гола разлика за нас и во второто уште два до триии, е рецептот на ...

Фешта ќе има, но во Градски парк

Утрински - 19.05.2005

Најава Како и во двете претходни еврофиналиња во 2000 и во 2002 година, и овојпат ќе биде организирано заедничко следење на натпреварот и прослава по него, но наместо како досега на плоштадот “Македонијааи, локација за фештата ќе биде летната сцена во Градски парк.

Судот побара дополнителен извештај од полицијата

Утрински - 19.05.2005

Почна судењето на тројцата "комити" во Данска Судот во Данска побара дополнителен извештај од органите за безбедност за вмешаноста на тројцата навивачи на Кометал Ѓорче Петров во инцидентот по завршувањето на саботниот натпревар со Слагелсе во Брондби во рамките на финалето од женската ракометна ...

Видеоѕидот ќе биде поставен во Градскиот парк

Дневник - 19.05.2005

Видеоѕидот со димензии 4х3 метри, на кој ракометните фанови на Кометал ЃП ќе можат заедно да го проследат финалето против Слагелсе, ќе биде поставен во Градскиот парк, во близина на Јужната трибина. Градскиот парк дојде како алтернативно решение, откако организаторите на веќе закажаниот концерт ...

Напад од прва во последните 60 минути

Дневник - 19.05.2005

РАКОМЕТ - ЗА РЕВАНШОТ во финалето на лш ПРОТИВ СЛАГЕЛСЕ, В ПЕТОК Трифун Костовски, спонзорот на екипата на Кометал ЃП, побара од ракометарките да играат без калкулации во утрешниот реванш со Слагелсе, во финалето на Лигата на шампионките.

Ракометна журка во Градскиот парк

Вечер Прес - 19.05.2005

Како и во 2002 година, кога љубителите на ракометот, кои не можеа да бидат дел од среќниците во салата "Кале" на освојувањето на европката титула на Кометал Ѓ. Петров, финалето со унгарскиот Херц го гледаа на видео-бим на плоштадот "Македонија", и овојпат ќе можат да уживаат во играта на своите ...

Шампионски сеанси за ѓорчепетровки

Вечер Прес - 19.05.2005

Утрешниот ден е голем ден за македонскиот спорт и ракомет, зашто најелитниот наш женски тим Кометал Ѓ. Петров во своето трето учество во едно европско финале, ќе се обиде вторпат да го освои победничкиот пехар. Противник ќе му биде актуелниот европски шампион, данскиот Слагелсе, со кого во оваа ...

Кометал Ѓ.П. ги обвини македонските медиуми

А1 - 18.05.2005

Македонските медиуми ги предимензионирале инцидентите од Брондби - обвинија од Кометал Ѓорче Петров. Осудувајќи ги новинарите што се дрзнале да прашуваат во ЕХФ дали можеби се подготвува казна за клубот, им препорачаа да се занимаваат повеќе со спортскиот аспект на финалето со Шлагелсе во Лигата на ...

Без видеобим на плоштадот „Македонија“?

Време - 18.05.2005

Ракомет ЗА ФИНАЛЕТО ОД ЛШ В ПЕТОК МЕЃУ КОМЕТАЛ ЃП И ШЛАГЕЛСЕ Кометал Ѓорче Петров најави дека на плоштадот „Македонија“ ќе има видеобим и организирано следење на финалниот натпревар од ракометната Лига на шампионки против Шлагелсе, в петок, но тоа е неизвесно поради од порано закажаниот концерт на ...

Бројот на гледачите ќе мора да се намали

Вест - 18.05.2005

ЕХФ САМО СО ОРГАНИЗАЦИСКИ ИНСТРУКЦИИ ЗА КОМЕТАЛ ЃП Како и што можеше да се очекува, Европската ракометна федерација (ЕХФ) нема никакви замерки кон Кометал Ѓорче Петров за меѓунавивачката тепачка во Копенхаген, што се случи надвор од салата по првиот финален меч од Лигата на шампионите со Слагелсе.

Судењето на тројцата "комити" одложено за денеска

Утрински - 18.05.2005

За тепачката во Данска На преостанатите тројца македонски навивачи што беа приведени по саботниот натпревар меѓу Слагелсе и Кометал Ѓорче Петров во Данска, наместо вчера, како што беше најавено, ќе им се суди денеска. Во Министерството за надворешни работи на Република Македонија очекуваат ...

Нема да има санкции од ЕХФ

Утрински - 18.05.2005

Кометал ЃП најверојатно ќе куртули од казна за инцидентот на навивачите во Данска Кастратовиќ се чувствува подобро и сака да игра во реваншот РОБЕРТ ДИМИТРИЕВСКИ Кометал Ѓорче Петров најверојатно нема да биде санкциониран од Европската ракометна федерација за инцидентот на неговите навивачи надвор ...

ЕХФ ќе бара само засилени мерки

Дневник - 18.05.2005

ЗА РЕВАНШОТ В ПЕТОК ЕХФ од Кометал ЃП ќе побара само спроведување на дополнителни мерки на безбедност пред реваншот со Слагелсе од женската ракометна Лига на шампионките. Што точно предвидуваат тие дополнителни мерки, ќе биде познато денеска или утре, ни потврдија од канцеларијата на ЕХФ.

Кометал ЃП ќе прави фешта, кај и да е

Дневник - 18.05.2005

РАКОМЕТ - ЗА ФИНАЛЕТО В ПЕТОК ПРОТИВ СЛАГЕЛСЕ Сите што нема да обезбедат влезници за финалниот меч од ракометната лига на шампионките меѓу Кометал ЃП и Слагелсе, в петок, ќе можат најверојатно на плоштадот Македонија на видеоѕид да го проследат натпреварот.

Турчинки на проба во Кометал ЃП

Дневник - 18.05.2005

подготовки за следната сезона Две турски ракометарки што играат на пивотменска позиција, кон крајот на мај ќе дојдат во СРЦ "Кале" на проба пред да биде решено дали ќе бидат ангажирани за следната сезона. - Додека репрезентацијата се подготвува за баражот со СЦГ, ќе имаме две турски ракометарки на ...

ЕХФ не го есапи инцидентот во Копенхаген

Вечер Прес - 18.05.2005

Непријатните сцени меѓу нашите навивачи што се случиле по првиот финален натпревар во Лигата на шампионите, во Копехаген, пред паркингот на салата "Брондби Хале", по што беа притворени шестмина навивачи на Кометал Ѓ.Петров, воопшто не допреле до "ушите" на челниците на Европската ракометна ...

Во Шведска култура, во Данска некултура

Време - 17.05.2005

Александра Мазнева-Бундалевска Токму кога во Шведска почнаа деновите на македонската култура, во данскиот град Броднби, македонските спортски навивачи одлично го манифестираа своето културно ниво. Се испотепаа меѓусебе, скопјани и гастарбајтери со битолско и охридско потекло.

Кастратовиќ заздравува

Време - 17.05.2005

КОМЕТАЛ ЃП ВО ПРЕСРЕТ НА РЕВАНШОТ Индира Кастратовиќ, капитенката на македонските ракометни шампионки Кометал Ѓорче Петров, не е потешко повредена и од вчера почна со физикална терапија. Според Маја Неделковска, лекарот на тимот, популарната Инди при падот на мечот против Шлагелсе ги истегнала ...

Самите се виновни за незгодниот пораз

Утрински - 17.05.2005

По првиот финален меч во ЛШ меѓу Слагелсе и Кометал ЃП (27:23) во Брондби Херлике и помошник-тренерот Лингхолм најавуваат победа и во Скопје РОБЕРТ ДИМИТРИЕВСКИ За само пет минути ракометарките на Кометал Ѓорче Петров го расипаа и впечатокот и резултатот во првиот натпревар од финалето на Лигата на ...

За тројца "комити" по 12 дена затвор во Данска

Утрински - 17.05.2005

Казнети дел од шестемина притворени навивачи на Кометал Ѓ.П. по инцидентот во Брондби Поради вчерашниот празник, на другите тројца ќе им се суди денеска РОБЕРТ ДИМИТРИЕВСКИ Тројца од шестемина притворени навивачи на Кометал Ѓорче Петров добија по 12 дена затвор за учество во тепачката на паркингот ...

Навивачкото насилство - огледало на државата

Вечер Прес - 17.05.2005

Пишува: Сашо ХРИСТОВСКИ Дали, по глупавиот и нецивилизиран инцидент што го предизвикале "навивачите" на Кометал Ѓорче Петров по првиот финален меч во саботата во Копенхаген, кога во алкохолизирана состојба му се нафрлиле на дански полицаец, можеме, еднаш за секогаш да прашаме: аман, до кога вака? ...

Без реакции од ЕХФ за настаните во Данска

Вечер Прес - 17.05.2005

Инцидентот што го предизвикаа македонските навивачи по натпреварот, надвор од салата во Копенхаген, на првиот натпревар од ЛШ меѓу Слагелсе и Кометал Ѓ.Петров, досега не предизвика никаква реакција од челниците на Европската ракометна федерација (ЕХФ) во Виена.

Наместо шампионски, скандалозен и срамен беше минатиот викенд

А1 - 16.05.2005

Наместо шампионски, славенички, промотивен за најдобрите скандалозен и срамен беше минатиот викенд за Македонскиот спорт. Најмалку од спортски причини ако е тоа некаква утеха. Шестмина во апс во Данска, каде што меѓусебна тепачка на нашите навивачи го девалвираше пристојниот резултат на Кометал ...

Кометал ЃП подари четири гола предност

Време - 16.05.2005

ФИНАЛЕ НА Лига на Шампионки, ПРВ НАТПРЕВАР, ШЛАГЕЛСЕ - КОМЕТАЛ ЃП 27-23 (11-10) Најмалку четири гола негатива ќе бркаат ракометарките на Кометал Ѓорче Петров во петочниот реванш-финален натпревар од Лигата на шампионките (ЛШ) против актуелните првенки Шлагелсе, откако првиот меч во Данска заврши со ...

Македонските навивачи не изрезилија во Данска

Време - 16.05.2005

Ракомет ПО СРЕДБАТА ШЛАГЕЛСЕ - КОМЕТАЛ ВО БРОНДБИ Златко Крстевски Вкупно шест македонски навивачи се уапсени во Брондби, Данска, откако нападнале полицаец по ракометниот натпревар од женската Лига на шампиони, помеѓу Шлагелсе и Кометал ЃП, кој се одигра во саботата.

Илјада зошто, ниту едно затоа

Вест - 16.05.2005

КАТАСТРОФАЛЕН ФИНИШ НА ЃОРЧЕПЕТРОВКИ ВО ПРВИОТ ФИНАЛЕН МЕЧ ОД ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ Ѓорчепетровки не се и немаат право да бидат задоволни по првиот финален меч од Лигата на шампионите со Слагелсе. Напротив, нивното разочарување е природна емоција откако дозволија да изгубат добиен натпревар.

Во дански затвор за патриотска тепачка

Вест - 16.05.2005

СКАНДАЛ - НАВИВАЧИТЕ НА КОМЕТАЛ ЃП СЕ СТЕПАА МЕЃУ СЕБЕ ВО КОПЕНХАГЕН Тројца од шестемина приведени навивачи од Македонија вчера беа осудени на 12 дена затвор под обвинение за напад врз службено лице. Мотивот за тепачката помеѓу нашинци што живеат во Шведска и "комитите" што до Тројца македонски ...

Крајот го расипа делото

Утрински - 16.05.2005

Лошиот финиш го одведе Кометал ЃП до пораз од 23:27 од Слагелсе во првиот меч од финалето на Лигата на шампионите Ниту еден гол од крилата Радченко, Тодоровска и Пецевска, Озел единствена светла точка Несфатливиот пад во последните пет минути го чинеше Кометал Ѓорче Петров незгоден пораз од 23:27 ...

"Комитите" се степале за патриотизам!

Утрински - 16.05.2005

Инцидент меѓу навивачи на Кометал Ѓ.П. и нашинци од Скандинавија по натпреварот со Слагелсе Данската полиција привела седуммина учесници во тепачката РОБЕРТ ДИМИТРИЕВСКИ Седуммина приведени е билансот од тепачката меѓу навивачи на Кометал Ѓорче Петров и група од дваесетина нашинци од Скандинавија, ...

Дански полицаец повреден во македонска тепачка

Дневник - 16.05.2005

Шестмина биле приведени откако нападнале полицаец, кој пукал во воздух за на помош да повика специјалци Шестмина најагресивни македонски навивачи биле приведени во Брондби, Данска, завчеравечер, по мечот меѓу данскиот шампион Слагелсе и Кометал ЃП, во финалето на ракометната Лига на шампионките.

Комити и чкембари се тепаа во Данска

Дневник - 16.05.2005

ПО МЕЧОТ СЛАГЕЛСЕ - КОМЕТАЛ ЃП (27-23) Шестмина најагресивни македонски навивачи биле приведени во Брондби, Данска, завчеравечер, по мечот меѓу данскиот шампион Слагелсе и Кометал ЃП, во финалето на ракометната Лига на шампионките.

Треба да се брка четири разлика

Дневник - 16.05.2005

РАКОМЕТ - ФИНАЛЕ НА ЛИГА НА ШАМПИОНКИТЕ Кометал ЃП во реваншот од финалето против Слагелсе, в петок во Скопје, ќе влезе со негатива од 4 гола Четириминутното олабавување и лошата реализација на крајот од првиот финален меч од Лигата на шампионките против Слагелсе, што актуелниот европски првак го ...

Слагелсе 27 (11)Кометал 23 (10)

Дневник - 16.05.2005

Спортска сала во Брондби. Гледачи 5.400. Судии: Долејс и Кохут, и двајцата од Словачка. Слагелсе: Шмит (одбрани 2 топки), Легангер (одбрани 15 топки), Мелгард, Лунгу 8 (1/1), Лофт, Клиукаите, Хорлике, Фридрикаш 2 (1/3), Савиќ 5, Поповиќ 8 (1/1), Кристенсен, Радуловиќ 2, Будимир 1, Полторицкаја.

Озел ја остави вратата отворена

Вечер Прес - 16.05.2005

Ракометарките на македонскиот женски ракометен првак Кометал Ѓ. Петров можат да жалат што не изборија поповолен резултат против Слагелсе на гостувањето во Копенхаген, во првиот финален натпревар во Лигата на шампионите, каде се поразени со 27:23 (11:10).