TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

МПЦ и' понуди дијалог на СПЦ

Дневник - 25.11.2006

Македонската православна црква и' понуди на Српската православна црква да го обноват прекинатиот дијалог за решавање на повеќедеценискиот меѓуцрковен спор. Синодот на МПЦ вчера му испратил писмо на српскиот патријарх Павле во кое се предлага продолжување на дијалогот без какви и да е предуслови.

Законот е заради редот и поредокот во државата

Дневник - 25.11.2006

Т.н. ПОА не инсистира да биде регистрирана како верска заедница (!?). Замислете, се бара каква и да е регистрација, потребна за да не биде надвор од законот, туку индиректно да ги легализира своите активности , кои значат укинување на МПЦ, омаловажување на македонската нација, и конечно, ...

На потег е СПЦ!

Вечер Прес - 25.11.2006

Синодот на СПЦ ќе одлучи дали ќе ги удоволи молбите на македонските архијереи, за двете страни одново да седнат на преговарачка маса. Во Скопје падна одлука. Ќе разговараме без посредник Македонската православна црква одлучи и официјално да побара продолжување на разговорите со Српската православна ...

Писмото за помирување со СПЦ патува до патријархот Павле

А1 - 24.11.2006

Писмото за помирување со СПЦ патува до патријархот Павле. Архиепископот Стефан добил согласност од своите владици на последната синодска седница. МПЦ е отворена за дијалогот меѓу двете цркви. Во писмото стои дека е потребно да се формираат преговарачки тимови, изјави за А1 портпаролот на МПЦ, ...

Владиците и премиерот бараат компромис

Дневник - 24.11.2006

Постои напрдок, но за законското решение за регистрација на верските заедници и религиозни групи уште треба да се разговара, изјави вчера премиерот Никола Груевски по разговорите во Синодот на Македонската православна црква. Владиците го пречекаа со категоричен став дека не се согласуваат со ...

Синодот го одби предлогот на Груевски, се бара компромис

Утрински - 24.11.2006

Владата и црквата ќе бараат баланс во новиот закон за верски заедници БИЛЈАНА ЈОВАНОВСКА Владата и државата, воопшто, исто како и Македонската православна црква и другите верски заедници се во исклучително тешка и деликатна ситуација, предизвикана од член 8 од неформалниот закон за верско ...

МПЦ и Владата се договорија да се договорат

Вечер Прес - 24.11.2006

Без конкретен договор заврши едно и полчасовната средба на премиерот Груевски со членовите на Светиот архиерејски синод. Владата и МПЦ не постигнаа договор околу спорниот член 8 од Законот за верски заедници. Груевски и министрите за финансии Трајко Славевски во придружба на претседателот на ...

Нема менување на законот за црква, верска заедница и религиозна група

Вечер Прес - 24.11.2006

Советот за меѓурелигиска соработка составен од претставници на црквите и верските заедници наброени во Уставот е против какво било менување на текстот за новиот закон за црква, верска заедница и религиозна група во Македонија. За нив Законот е прифатлив каков што е бидејќи, како што рече проф.

Различни опции за законот за верски заедници

А1 - 23.11.2006

Разгледување, анализирање, различни опции, религиозните заедници се свесни за притисокот на Владата од Европската Унија за полиберални норми во верско здружување. Европјаните не ја разбираат мултиконфесионалноста на македонското општество.

МПЦ не сака паралелни верски заедници

Дневник - 23.11.2006

Нема да попуштиме пред барањата на Владата за легализација на повеќе заедници за иста вероисповед, изјави владиката Тимотеј, портпарол на Светиот синод на МПЦ Немаме намера да попуштиме пред барањата на Владата да се дозволи легализација на повеќе верски заедници за една иста вероисповед, соопшти ...

Тајни средби на поглаварот Стефан и премиерот Груевски

Утрински - 23.11.2006

Според најавите на денешната синодска седница треба да присуствува и премиерот БИЛЈАНА ЈОВАНОВСКА Поглаварот на Македонската православна црква, г. г. Стефан, придружуван од новиот секретар на Синодот, хераклејскиот епископ г.

ГРУЕВСКИ И СТЕФАН ПРЕД ДОГОВОР!?

Вечер Прес - 23.11.2006

"Вечер" дознава дека има решение за спорниот член осум од законот за верски заедници, но тој ќе остане тајна се додека за тоа не се разговара и со ИВЗ. По средбата во Владата, Стефан ги собра Архиереите на МПЦ да градат стретегија. Седицата на Синодот продолжува денеска.

Тензично е во односите Влада – МПЦ

Канал5 - 22.11.2006

Тензично е во односите Влада – МПЦ. Меѓународниот притисок за полиберален закон за регистрација на верските заедници ги доведе во незавидна позиција и двете страни. Се тврди дека се бара компромис, но детали не се откриваат. Тензично е во односите влада МПЦ.

Брисел го засилува притисокот да се дозволат повеќе исти верски заедници

Утрински - 22.11.2006

Може ли да се најде формулација која ќе ги задоволи нашите верски заедници и барањата од Брисел БИЛЈАНА ЈОВАНОВСКА Ниту еднаш досега верските заедница во Македонија не биле толку единствени како во случајов со идниот закон за верското организирање.

Охрид - македонска Света Гора

Вечер Прес - 21.11.2006

Ако Собранието ја прифати иницијативата на Светскиот конгрес, тогаш Охрид ќе ги отвори портите за православните цркви од светот. Тие ќе можат врз база на реципроцитет да градат свои цркви и манастири. Индиректно ова ќе значи признавање на МПЦ во православниот свет.

МПЦ ќе преговара со СПЦ преку посредник

Дневник - 20.11.2006

Синодот на Македонската православна црква в четврток ќе го разгледува писмото што му го напишал поглаварот Стефан на српскиот патријарх Павле. На седницата се најавува дека ќе присуствува и премиерот Никола Груевски. Во писмото, на Српската православна црква и' се предлага да се формираат ...

Црковно-државен дијалог

Вечер Прес - 20.11.2006

И покрај различните ставови на македонските владици, и информациите што тие ги имаат од српската страна, околу тоа дали треба или не разговори со СПЦ во овој момент, нашите извори велат дека МПЦ, сепак ќе го испрати писмото до Патријархот Павле Две теми ќе бидат доминантни на претстојниот ...