TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Шлагелсе го победи Кометал со четири гола разлика

А1 - 14.05.2005

Шлагелсе - Кометал Ѓорче Петров 27:23 во првиот финален натпревар од лигата на шампионките. Резултат кој пред реваншот во Скопје само ја продлабочува неизвесноста за идниот европски шампион, но нашите ракометарки можат да жалат што не обезбедија драстично поповолен исход.

Кометалки наострени за преземање на тронот

Дневник - 14.05.2005

РАКОМЕТ - ФИНАЛЕ НА ЛИГА НА ШАМПИОНКИТЕ Индира Кастратовиќ и Анжела Платон Димовска се надеваат дека ќе бидат првите и единствени ракометарки на Кометал ЃП што во Лигата на шампионките освоиле две титули. Во третото европско финале, Кометал ЃП денеска (16,15 ч.

Прв чин од драмата со очекуван хепиенд

Утрински - 14.05.2005

Кометал ЃП попладнево во Брондби на мегдан на Слагелсе во финалето на ЛШ Пецевска: Посакувам да одиграме како против Крим во Љубљана РОБЕРТ ДИМИТРИЕВСКИ Кометал Ѓорче Петров од најмалку три причини треба да влезе со психолошка предност во денешниот прв натпревар со бранителот на титулата Слагелсе ...

Портној го "загрижува" што нема на што да се пожали

Вест - 14.05.2005

РАКОМЕТ, ЛИГА НА ШАМПИОНИ - СТАРТУВА ФИНАЛНАТА ПРЕСМЕТКА ЗА ТРОФЕЈОТ Кометал Ѓорче Петров и Слагелсе денеска во 16.15 часот го почнуваат завршниот чин од борбата за титулата европски првак. Овие две екипи одговорија на сите предизвици во досегашниот дел од сезоната и им преоста Специјално од ...

Два меча до нова шампионска титула

Време - 14.05.2005

Ракомет ДЕНЕСКА ФИНАЛЕ НА ЛШ, ШЛАГЕЛСЕ - КОМЕТАЛ ЃП Александра Мазнева -Бундалевска Ракометарките на Кометал Ѓорче Петров, македонските хероини, денеска се исправени пред најголемиот предизвик во својата спортска кариера - го играат првото финале во Лигата на шампионките (ЛШ), во гости, против ...

Мегдан за европска круна

Вечер Прес - 14.05.2005

Македонскиот женски ракометен првак, Кометал Ѓ.Петров денеска во салата "Брондби Хале" во Копенхаген (16.15) ќе го одигра првиот натпревар против актуелниот европски првак, данскиот Слагелсе во финалето од Лигата на шампионите. Ова ќе биде трето финале на Кометал Ѓ.

Задоцнето сместување в хотел наместо тренинг

А1 - 13.05.2005

Задоцнето сместување в хотел наместо тренинг на кој требаше да се направат последните подготовки и да се осети салата пред можеби решавачките 60 минути. Вака за Кометал почна патувањето во Данска на првиот натпревар од двомечот за титулата со Шлагелсе.

Рампа за Петровиќ, за помирен реванш во Скопје

Време - 13.05.2005

Ракомет ЗА УТРЕШНИОТ МЕЧ СО ШЛАГЕЛСЕ ВО ФИНАЛЕТО НА ЛШ Ако се запре Бојана Петровиќ, една од водечките ракометарки во тимот на актуелните европски шампионки Шлагелсе, Кометал Ѓорче Петров ќе заврши голем дел од работата во првиот финален меч од Лигата на шампионките (ЛШ) утре, во Брондби (16.15 ...

Портној: Две победи, зошто да не!

Утрински - 13.05.2005

Кометал ЃП денеска заминува за Данска на првиот меч од финалето на Лигата на шампионите Рајхел или Охоланга единствена дилема за тренерот на ѓорчепетровки РОБЕРТ ДИМИТРИЕВСКИ Никој во таборот на Кометал Ѓорче Петров не очекува спектакуларна разлика за еден од двата ривала во утрешниот прв натпревар ...

Портној во дилема меѓу Рајхел и Охоланга

Вечер Прес - 13.05.2005

Денеска од Скопје за Копенхаген, со редовна авионска линија, нашиот првак Кометал Ѓ.Петров му оди на гости на актуелниот европски првак, данскиот Слагелсе, со кого утре во "Брондби Хале" (16.15 ч.) ќе ја одигра првата финална средба во Лигата на шампионите.

Кометал Ѓ.П. го делат два натпревара од втората титула

А1 - 12.05.2005

Надвор од нашата спортска реалност одамна е Кометал Ѓорче Петров. Веќе има една титула европски ракометен првак, два натпревара го делат од втората. Првиот од финалето во лигата на шампионките е за два дена во Данска против бранителот на трофејот Шлагелсе.

Портној го сака Кометал како Милан и Реал

Вест - 12.05.2005

ОТКАКО ГО ПРОДОЛЖИ ДОГОВОРОТ ЗА УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ Во пресрет на првиот натпревар од финалето на Лигата на шампионите против Слагелсе, што Кометал Ѓорче Петров го игра в сабота во Копенхаген, тренерот Андреј Портној има полно право да се надева на трета среќа.

Олимпик и Кометал први го пробаа ламинатот

Време - 12.05.2005

КОМЕТАЛ ГАЗИ И НА НОВАТА ПОДЛОГА ВО „КАЛЕ“ Наприкосновените македонски ракометни шампионки Кометал Ѓорче Петров се пласираа во финалето на плејофот во домашното првенство, играјќи на новата подлога во СРЦ „Кале“, ламинатот што во вторникот вечер го монтираа во салата.

Потврдени две места во Купот Челинџ

Дневник - 12.05.2005

РФМ Македонија во следната сезона доби две места во Купот Челинџ во машка и женска конкуренција, со што вкупно 10 екипи ќе играат во еврокуповите. Доделувањето на местата во женска конкуренција ќе почека до завршување на финалето на ЛШ меѓу Кометал и Слагелсе.

Кометал ЃП прв финалист во плејофот

Утрински - 12.05.2005

Со победата и во реваншот над Олимпик од 38:10 Единствениот женски ракометен првак на Македонија во осамостојувањето, Кометал Ѓорче Петров, очекувано лесно и убедливо го порази градскиот ривал Олимпик Аеродром со 38:10 и во возвратниот полуфинален натпревар од разигрувањето за титулата и прв се ...

Целосна концентрација при полуконтрите

Дневник - 12.05.2005

РАКОМЕТ - НАБЛИЖУВА ГОЛЕМОТО ФИНАЛЕ ВО ЛШ Подобра реализација и дисциплина во играта најмногу може да придонесе за триумф на Кометал ЃП во финалето на Лигата на шампионките против дански Салгелсе, смета тренерот Андриј Портној.

Трета среќа за стратегот од Украина

Време - 12.05.2005

Ракомет АНДРЕЈ ПОРТНОЈ ПРЕД ПРВОТО САБОТНО ФИНАЛЕ ВО ЛШ Андреј Портној, тренерот на македонските ракометни шампионки Кометал Ѓорче Петров, со овој клуб ќе се обиде првпат во кариерата да ја освои шампионската титула, а за противнички ги има актуелните европски првенки Шлагелсе.

Кометал Ѓорче Петров во сабота игра против Шлагелсе

А1 - 11.05.2005

Ракометната температура кај нас расте пред првиот натпревар на Кометал Ѓорче Петров со Шлагелсе, во финалето од лигата на шампионките. Одбројувањето веќе почна, уште три дена до саботното гостување во Данска. Данскиот Шлагелсе е последната пречка на патот на Кометал Ѓорче Петров до втората европска ...

Рајхел се враќа, Партенко како турист во Данска

Дневник - 11.05.2005

РАКОМЕТ - СПРОТИ ФИНАЛЕТО НА ЛШ ЗА ЖЕНИ Екипата на Хумел од СЦГ и не беше некоја контрола за моментната форма на Кометал ЃП пред дуелите од финалето на Лигата на шампионките со дански Слагелсе, в сабота во Бронди, Данска и шест дена подоцна, во Скопје.

Без Портјанко против Шлагелсе

Време - 11.05.2005

РАКОМЕТ - В САБОТА ФИНАЛЕ НА ЛИГАТА НА ШАМПИОНКИТЕ Јулија Портјанко, средниот бек на македонскиот ракометен првак Кометал Ѓорче Петров, ќе патува во Данска, на првиот финален меч во Лигата на шампионките (ЛШ) против Шлагелсе, ама само како гледач.

Портној уште две години на клупата на Кометал ЃП

Утрински - 11.05.2005

Порано од планираното продолжен договорот со тренерот на ѓорчепетровки РОБЕРТ ДИМИТРИЕВСКИ Украинскиот тренер Андреј Портној уште две години ќе ја води екипата на Кометал Ѓорче Петров. Иако преговорите со него требаше да се одржат по завршувањето на финалето на Лигата на шампионите, односно по ...

Со Рајхел, но без Партјанко во тимот

Вест - 11.05.2005

КОМЕТАЛ ЃОРЧЕ ПЕТРОВ Оксана Рајхел својот прв вистински меч оваа сезона би требало да го одигра во финалето на Лигата на шампионите против Слагелсе, што се игра в сабота во Копенхаген. Таа неодамна, конечно, се врати во тимот на ѓорчепетровки по операцијата на коленото на која мораше да биде ...

Тренерот Портној останува уште две сезони

Дневник - 11.05.2005

Тренерот на Кометал ЃП, Украинецот Андриј Портној, останува уште две сезони во Скопје. Управата на скопскиот клуб реши да му овозможи на Портној да продолжи со создавање шампионски тим, кој треба да му донесе нови трофеи на Кометал ЃП.

Озел подготвена за Слагелсе

Вечер Прес - 11.05.2005

Во рамките на завршните подготовки за претстојниот прв финален натпревар во Лигата на шампионите, в сабота на гости, против актуелниот европски првак Слагелсе, македонскиот женски првак Кометал Ѓ.Петров имаше две контролни средби со српско-црногорскиот прволигаш Хумел од Белград.

Лекарите велат дека Олез е ОК

Вечер Прес - 10.05.2005

Турската интернационалка во редовите на Кометал Ѓ.Петров, Јелиз Озел, која пред десетина дена имаше оперативен зафат во болницата "Мала Богородица" - Систина, добро се чувствува, а завчера беше и на преглед кај лекарите што ја извршија оваа интервенција.