TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Не платил сметка, па се заканувал со бомба

Утрински - 10.09.2007

Дваесет и осумгодишниот кочанец Драган Ристов со рачна бомба се заканувал дека ќе ја дигне во воздух дискотеката „Ринг“ во Кочани, која била полна со млади луѓе. Инцидентот се случил вчераутро, околу 3,30 часот, кога Ристов не сакал да ја плати сметката, поради што се вмешале професионалните ...

Се заканувал со рачна бомба во полна дискотека

Дневник - 10.09.2007

Кочанчанецот Драган Ристов (28) се заканувал со рачна бомба дека ќе ја крене во воздух дискотека „Ринг“ во Кочани поради расправијата со обезбедувањето за неплатена сметка. Инцидентот се случил вчера изутрината околу 3.30 часот.

Се заканувал со „кашикара“ пред дискотека

Време - 10.09.2007

КОЧАНИ Дваесет и осумгодишен кочанчанец, во алкохолизирана состојба, вчераутро со рачна бомба „кашикара“ им се заканувал на вработени на дискотека во градот, соопшти МВР. За среќа, обезбедувачите навреме реагирале и успеале да го совладаат кочанчанецот и да му ја земат бомбата пред да направи ...

Со бомба сакал да се пресмета со обезбедувањето

Вест - 10.09.2007

ИНЦИДЕНТ ВО КОЧАНСКАТА ДИСКОТЕКА "РИНГ" Во неделата рано наутро, во дискотеката “Ринг” во Кочани, дошло до инцидент, во кој Драган Р. (28) сакал да се пресмета со обезбедувањето на дискотеката со рачна бомба откако тоа го избркало зашто бил пијан и не сакал да ја плати сметката.

Во дискотека со бомба

Вечер Прес - 10.09.2007

Кочанецот Драган Ристов (28), завчеравечер во алкхолизирана состојба со рачна бомба се заканувал на обезбедувањето пред дискотеката "Ринг". Имено, Ристов, околу 3 часот бил избркан од дискотеката оти не ја платил сметката за испиеното.