TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

10-годишнина од Уставот на РМ

А1 - 17.11.2001

Само триестина часа по прогласувањето на уставните измени низ 15 уставни амандмани, дел од државниот врв, пратениците и дипломатите во земјава се собраа да ја прослават десетгодишнината од донесуваето на уставот на суверена и независна Македонија.

Усвоени и прогласени уставните измени

Вест - 17.11.2001

Во глуво доба на ноќта, вчера, со 94 гласови "за" и 13 "против", пратениците ги изгласаа и ги прогласија уставните амандмани Вчера, рано утрото, околу 2 часот, Собранието ги усвои и ги прогласи уставните измени. За нив гласаа 94 пратеници, 13 беа против, а воздржани немаше.

Охридскиот договор преточен во уставна реформа

Дневник - 17.11.2001

СОБРАНИЕТО ГИ ПРОГЛАСИ УСТАВНИТЕ ПРОМЕНИ За одлуката за стапување во сила на уставните промени гласаа 94 пратеници, меѓу кои и 21 пратеник од партиите на етничките Албанци Пратениците во Собранието на Македонија вчера веднаш по полноќ ги прогласија уставните амандмани со 94 гласа "за" и 13 "против".

Уставните промени не значат ништо без вистински мир

Дневник - 17.11.2001

ПОЛИТИЧКИТЕ ПАРТИИ ЗА ПРОГЛАСЕНИТЕ ПРОМЕНИ ВО УСТАВОТ "Тука некаде е крајот на барањата на Албанците во Македонија", смета Имер Имери од ПДП Политичките партии во Македонија оценуваат дека со уставните промени во земјава постапно ќе почне да се воведува принцип на градење елементарна доверба со ...

"Повелете сега вие од ПДП и војувајте"

Вест - 16.11.2001

ШТО МУ ПОРАЧАЛ АЛИ АХМЕТИ НА ИМЕР ИМЕРИ ВО ШИПКОВИЦА Му возвратил лидерот на ОНА Али Ахмети, на единствената заедничка средба одржана деновиве меѓу него и Арбен Џафери, Имер Имери и Кастриот Хаџиреџа, не согласувајќи се со заклучокот на Имери дека "Албанците д Али Ахмети сериозно ги искарал ...

ПДП се врати откако доби гаранции од Ле Роа

Вест - 16.11.2001

ВЧЕРА КОНЕЧНО ТРГНА АМАНДМАНСКАТА РАСПРАВА ЗА АМАНДМАНИТЕ НА УСТАВОТ ПДП се согласи да ги поддржи измените на Рамковниот договор по цврстото ветување на меѓународните претставници дека по изгласувањето на уставните измени, Собранието ќе донесе закон за амнестија и дека Вчера Собранието на ...

Уставните измени во фотофиниш

Дневник - 16.11.2001

ПОЛИТИЧКИОТ ПРОЦЕС ДЕБЛОКИРАН Синоќа пратениците ги утврдија амандманите за преамбулата и за верските заедници, а уставните промени најверојатно ќе се прогласат утре, на десетгодишнината од Уставот Пратениците во Собранието на Македонија вчера доцна попладне со оптимизам ја продолжија седницата на ...

По уставните измени, на ред се амнестијата и Мала Речица

Дневник - 16.11.2001

ШТО МУ Е ВЕТЕНО НА ПДП ЗА ГЛАСАЊЕТО ЗА АМАНДМАНИТЕ Во писмото на Трајковски до Робертсон, наводно се ветува дека терористите нема да се апсат и да се гонат, а осудените ќе се помилуваат Партијата за демократски просперитет вчера добила цврсти уверувања од Европската Унија и од САД дека по ...

Прогласени амандманите на Уставот на РМ

А1 - 15.11.2001

Со 94 гласа „за“ и 13 гласа „против“, без ниеден воздржан, беа прогласени амандманите на Уставот на РМ. „За“ гласаа поголем број на пратениците на 4-те партии партиципиенти во политичкиот дијалог, СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ПДП, ДПА, додека против се изјаснија пратениците на ВМРО-ВМРО, ДА, Нова Демократија.

Преамбулата исценкана за тетовскиот парауниверзитет

А1 - 15.11.2001

Со 73 гласа „за“, 13 „против“ и 4-ца воздржани пратениците го утврдија текстот на преамбулатам, а со 61 глас „за“ помина и амандманот што се однесува на верските заедници. За текстот на преамбулата против се изјаснија 4 пратеници од ВМРО Вистинска, ВМРО-ДПМНЕ, Нова Демократија и од ДА.

Андов најавува финиш, во ПДП повторно конфузија

Дневник - 15.11.2001

СОБРАНИЕТО денеска ЌЕ ГИ УТВРДУВА УСТАВНИТЕ АМАНДМАНИ ВМРО-ДПМНЕ ја најавува можноста прогласувањето на уставните промени да го услови со одржување донаторска конференција за Македонија Собранието денеска конечно треба да ги утврди, а потоа и да ги усвои амандманите предложени од предлагачот на ...

На СДСМ и на ПДП им се брза, на Георгиевски и Џафери им се доцни

Дневник - 15.11.2001

ТЕРМИНОТ ЗА ИЗБОРИ ЈА ПОДЕЛИ ВЛАДЕЈАЧКАТА КОАЛИЦИЈА Партиите што сакаат предвремени избори во овој момент можат да обезбедат само 44 пратенички гласа СДСМ и ПДП сметаат дека предвремените парламентарни избори може да се одржат до 27 јануари ако со тој термин се согласат и другите партнери во ...

Собраниската седница продолжува утре - ПДП се премислува

А1 - 14.11.2001

Македонското собрание утре во 11 треба да ја продолжи 86-та седница, на чиј дневен ред се уставните измени. Ако се суди според завчерашната изјава на специјалниот пратеник на ЕУ, Ален ле Роа и според писмото кое претседателот на ПДП, Имер Имери, му го упати на спикерот Стојан Андов, тогаш треба да ...

Џафери против предвремени избори

Вест - 14.11.2001

Лидерот на ДПА Арбен Џафери вчера го поздрави ставот на ПДП да ги прифатат најновите измени на Преамбулата и амандманот за религијата. "Секој треба да се однесува одговорно и да биде порационален во своите размислувања и проценки", изјави Арбен Џафери.

Тројца од Просперитетот ќе гласаат против

Вест - 14.11.2001

ПО ПАРТИСКАТА ПИСМЕНА СОГЛАСНОСТ ЗА ПРИФАЌАЊЕ НА ПРЕАМБУЛАТА Во ПДП се тврди дека за Преамбулата ќе гласаат само онолку пратеници колку што се потребни да се добие двотретинско мнозинство од пратеници од албанскиот блок ПДП, под притисок на меѓународната заедница, завчера се согласи да го смени ...

ПДП ќе гласа за сите амандмани

Вест - 13.11.2001

ПДП ќе ги гласа амандманите за Преамбулата и за Црквата. Ова уверување, како што соопшти претседателот на Собранието Стојан Андов, вчера на писмено го добил од специјалниот пратеник на ЕУ Ален Ле Роа, како доказ од пратениците од Просперитетот.

ПДП ќе гласа за преамбулата и за верските заедници

Дневник - 13.11.2001

ПОЛИТИЧКИОТ ПРОЦЕС ДЕБЛОКИРАН Парламентарните партии го поздравуваат "враќањето на ПДП" во политичкиот процес Партијата за демократски просперитет вчера одлучи пратениците да гласаат за предлог-амандманите за преамбулата и за положбата на верските заедници. Со тоа се деблокира политичкиот процес.

Седницата за уставни измени утре во 11 часот

А1 - 12.11.2001

ПДП даде писмена гаранција дека ќе гласа за прифакање на сите предлог амандмани на уставот, што беше услов поставен од претседателот на собранието за продолжување на собраниската седница за уставни измени. Европосредникот Ален Лероа, кој присуствуваше на централното претседателство на ПДП, потврди ...

Нова пломба за мировниот процес

Вест - 12.11.2001

ПО ОДБИВАЊЕТО НА ПДП ДА ГЛАСА ЗА ПРЕАМБУЛАТА Спикерот Стојан Андов нема да продолжи со расправата за уставните амандмани се додека ПДП не гласа за Преамбулата. За СДСМ прашањето за Преамбулата е затворено, а "ВМРО-ДПМНЕ и Андов, во ПДП наоѓаат само сојузни Ако ПДП не гласа за новата преамбула, ...

Андов крена рачна

Дневник - 12.11.2001

УЦЕНИ Во СДСМ сметаат дека спикерот ги користи уцените на ПДП како алиби Претседателот на Собранието Стојан Андов го одложи продолжението на собраниската седница за уставните промени, поради резервите на пратениците од ПДП да ги прифатат амандманите што се однесуваат на преамбулата и верските ...