Новиот скопски клуб Лудница во Дебар Маало, помеѓу кафулето Лајка и клубот Џубокс, спроти Фонтаната во Градсиот парк, овој викенд нуди многу интересна програма. Синоќа свој настап имаа македонските Израелци или израелските Македонци "Уан оф ас".
Или: зошто ни служат анкетите? Светското искуство нуди низа примери и одговори. Во некои земји, анкетите служат да се мери рејтингот на партиите и политичарите. Во други да се билда рејтингот, спроти Божик. Има земји и земја, каде можете да прашате, на неколку начини: "чуму" "анкети"? Па "чуму" ...
Горан Кукиќ со Васил Пандев, тапанар на групата "Пицикато", отворија студио за снимање "202", во Босилово во куќата на Васе. Прво што кон крајот на месецов ќе биде промовирано е албумот со староградски песни на групата од "Босилово", составена од девет пејачи и оркестар од пет члена.
"Ќе настојуваме преку донација да обезбедиме возило "метларка" кое автоматски ќе ги чисти градските улици, со што ќе немаме потреба од улични чистачи, што не значи дека тие ќе останат без работа, напротив ќе бидат распоредени на нови работни места.
Освен што се отпуштени од работа 750 работници без каква било анализа од организационен и технолошки аспект, од трансформацијата на "Македонски железници" не е направен ниту првиот практичен чекор, обвинуваат во ВМРО-ДПМНЕ. Оттаму ја критикуваат Владата дека до денес не успеала да го направи ...
Спортските ѕвезди се "златни кокошки" за многу фирми. Рекламирањето разни производи од љубимците на милиони луѓе е доходовна зделка и им носи големи пари и на спонзорите и на спортистите. Дури заработувачката од овој бизнис е многу поголема од она што може да се заработи на спортските борилишта.
Засега нема одлука за зголемување на цените во фиксната телефонија за оваа година, но доколку тоа, сепак, се случи, најверојатно нема да има драстични корекции. Ова на вчерашниот брифинг со новинарите го изјави главниот извршен директор на "Македонски телекомуникации", Атила Сендреи, според кого, ...
Победникот на "Беовизија" за 2003 година, Тоше Проески, со песната "Чија си" на Леонтина и Жељко Јоксимовиќ, има понуди годинава повторно да пее на овој српски фестивал, од каде што се избира претставник за Евровизија. Тоа го откри Леонтина на прес-конференцијата во Скопје.
Големи дупки и прекопи на асфалтот секојдневно им создаваат проблеми на возачите и на пешаците во околината на ТЦ "Бисер" и кај стариот трговски центар во населба Јане Сандански. Дупки големи и колку еден помал автомобил има речиси на секои десет метри, на потегот од зелените згради кај "Мајчин ...
Здружението на жени "Дојрана" од Дојран, невладина асоцијација која ги штити женските права, својата двегодишна активност од постоењето ја одбележаа под мотото: "Добри домаќинки со вешти раце". Во оваа пригода беа изложени повеќе дојрански кулинарски специјалитети од кои назастапени беа оние од ...
Британската "шолја чај" официјално стана национален симбол, благодарение на владиниот проект за унапредување на англиското културно наследство. Во наследството се класифицирани 12 симболи меѓу кои е лондонскиот црвен дабл-декер (автобус на два спрата), "Алиса во Земјата на чудата" или Стоунхенџ - ...
Црквата "Свети Никола" во населбата Скопје Север, која десетина години стои недоизградена, најверојатно, ќе биде готова до крајот на летото до празникот Голема Богородица. Дел од вработените и еден од сопствениците на Европскиот универзитет од Скопје, деновиве, најавија дека ќе ги обезбедат парите ...
Шверц со цигари на скопскиот Бит Пазар работи турбо. Дилерите со разни марки цигари од оние увезени од странство до оние произведени во земјава, деновиве откако поскапеа цигарите имаат полни раце работа. Цигарите им се продаваат како алва бидејќи цените се пониски дури и од оние во редовната ...
"Мост на цвеќето" ќе биде името на новиот пешачки мост на Вардар кој треба да ги поврзе Градскиот трговски центар и Македонскиот народен театар. Проектот ќе се реализира на иницијатива на градоначалничката на Општина Центар, Виолета Аларова, а ќе биде поддржан и од Градот.
Половината од градежните работници во земјава работат на "црно". До овој запрепастувачки податок дошол Државниот инспекторат за труд во текот на последните два месеци од минатата година "чешлајќи го" работењето на голем број градежни фирми, каде што било посочено дека работат непријавени работници.
Завчера околу 17 часот беше опожарена и изгоре гостилницата "Чардак" лоцирана на улицата "Љупчо Сантов" број 20 во Кочани, сопственост на Аспарух Хаџивасилев. Според неофицијалните извори причината за пожарот е неисправниот оџак, по што пожарот најнапред ја зафати кровната конструкција, а потоа со ...
"Ризница 1" проектот на Здружението Шпато, составен од две ЦД изданија - А и Б вчера во хотелот "Александар палас" ја доживеа и својата официјална промоција. Александра Пилева, Ѓорги Крстевски, Дани, Калиопи, Есма, Маја Оџаклиевска, Стринг Форсис, Ева Нединковска, која патем заедно со Калиопи и ја ...
Холандската компанија "Фрее Тиме Продуцтс" реши навивачите на репрезентацијата на оваа земја за претстојното СП во Германија да ги опреми со заштитни капи. Тоа немаше да биде воопшто чудно, ако не се работеше за нацистички шлемови од Втората светска војна.
Виничката компанија за производство на сокови "Центрофрута" непосредно пред празниците стана добитник на престижниот сертификат ХАСАП. Добивањето на овој сертификат, кој се однесува на производството на висококвалитетни пијалаци, за оваа виничка компанија значи потврда за квалитетот на палетата ...
Заводот и музеј од Битола со финансиска поддршка на Министерството за култура презема мерки да ја збогатува својата збирка од конзулскиот период пред повеќе од 100 години. Се откупуваат вредни предмети, експонати и фотографии преку кои е евидентиран периодот на 19.
Владата со новите даночни измени "се пумпа" со пари на сметка на инвестициите, пазарот на капитал и на банките. Ова го тврдат лутите бизнисмени, банкари и потенцијални инвеститори, кои буквално "се тресат" пред каква било финансиска трансакција, со цел да не попаднат под удар на даночниците, кои ...
Дваесет и четиригодишната Душанка Д. од Демир Капија обвинета за посредување во вршење проституција и подведување и овозможување полови дејствија е осудена на шест месеци затвор и притворот и се укинува, а времето минато во истражниот затвор во Шутка, од ноември до сега, ќе и се засмета во казната.
За време на божикните празници на ТВ Шутел се емитуваше последната емисија од циклусот "Строго доверливо" со авторот Мишко Талески, во облик на ретроспектива на настаните во 2005 година. По ова, Мишко реши да паузира од емисии, додека е во фаза на размислување за својот нов ТВ проект.
Ниш е првиот град во Србија што целосно го легализира пазарот за стари работи, популарниот "бувљак". Од почетокот на годинава јавното претпријатие "Тржница", кое стопанисува со тезгите на пазарите, го услови нивниот закуп со регистрирање на т.н. трговски продавници.
Новото издание на манифестацијата "12 Величествени" би требало да се одржи во последната недела од февруари, на 24 или 25. Антонио Димитриевски, првиот човек на манифестацијата за сајтот МММ открива дека годинава, наградата за "Трајни вредности" ќе му припадне на Григор Копров.
Четирите компании кои се во конкуренција за приватизацијата на ЕСМ-дистрибуција, од денеска, можат да вршат длабинска анализа на состојбите во компанијата. Германската РВЕ, австриската ЕВН АГ, италијанската ЕНЕЛ и чешката ЧЕЗ до 6-ти следниот месец ќе може да ги користат специјално направените ...
И покрај негодувањата на многумина кои се прашуват дали на победничката на хрватскиот "Идол" и беа потребни такви фотографии, таа е убедена дека токму со тој гест го симнала товарот на "Идол". Жанамари смета дека фотографиите не се провокативни и дека во нив има граница, а тврди и дека би биле исти ...
Двајца загинаа и двајца се тешко повредени во две сообраќајни несреќи, што се случиле на отворен пат. Материјалната штета се проценува на неколку сототици илјади денари. На регионалниот пат Кочани - Зрновци, во понеделникот попладнето околу 17 часот, автомобил "опел-астра" управуван од В.Б.
Владејачката коалиција веќе ги договорила носителите на кандидатските листи за претстојните парламентарни избори, дознава "Вечер" од високи владини извори. Носител на листа во првата изборна единица ќе биде Владо Бучковски, што е за очекување од лидерот на најголемата владејачка партија.
Две вооружени и маскирани лица вчераутро се обиделе да ја ограбат приватната бензинска пумпа во Куманово. Тие во 3 часот и 15 минути дошле пред бензинската "Трготим" на улицата "11 Октомври". Во моментот на работа бил само педесетгодишниот М.Ј.
Премиерот Владо Бучковски го прифати предлогот на опозицијата за заедничката средбата за изборното законодавство што би се реализирала во петок во 12 часот во Клубот на пратеници. На оваа средба, претседателот на Владата на Република Македонија предлага да присуствуваат и претседателите на партиите ...
Новата сезона во Лигата на шампионите Кометал Ѓ.Петров ја почна бериќетно и тоа токму на големиот христијански празник Божиќ. Во ретко видена атмосфера македонскиот првак го декласира унгарскиот шампион Ѓер, совладувајќи го со убедливи 32:22 (15:12).
Главна информација врзана за поп-пејачката Искра Трпева е дека таа не дава зелено светло за планираниот спот за макфестовскиот хит "Луда". Смета дека е малку одложено, сега по неколку месеци од Макфест, но затоа ќе снима видеоспот за наредната песна, од нејзиниот постојан соработник Кристијан ...
За синдикалците неприфатлив е предлогот на работодавачите околу најниската плата во фирма што ќе западне во финансиски потешкотии. Имено, директорите сметаат доколку такво нешто се случи, на работниците да можат да им исплаќаат до 30 отсто пониска плата, со што не се сложува синдикатот и бара тој ...
По три дена висок водостој, нивото на водата во поплавените општини почна да се намалува. Одводните канали се чистат, а граѓаните од поплавените подрачја во Скопско и Тетовско, ја пресметуваат штетата во поплавените домови, дворови и амбари.
Марихуаната и "екстазите" во моментов се двете најбарани и најексплоатирани дроги кај нас. Трговијата со нив ја вршат мали групи по бројност, а продавачите, главно, се регистрирани наркозависници. Аналогно, зголеменото присуство на тревата и таблетките на македонскиот наркопазар е главна причина за ...
Човековите и религиски права во Македонија генерално се почитуваат, стои во мислењето на ЕК, но како забелешка се истакнува преголемата блискост меѓу државата и Црквата. Тоа, се вели во мислењето, можело да се забележи и во нацрт-законот за верски заедници, за што е најавенава расправа до крајот на ...
Неготино е познат винарски град, во кој покрај "Повардарие" има уште пет приватни винарски визби кои произведуваат квалитетни вина и имаат обезбеден пласман, како во државава, така и во странство. На последната седница, советниците донесоа одлука општината Неготино да се вклучи во фондацијата ...
Калиопи Букле, во улога на претседателка на Здружение на автори на музички дела на Република Македонија-"Шпато", ги поканува новинарите на средба во фоајето на Александар палас, в среда, на 11 јануари, точно напладне. Поводот за дружбата ќе биде промоција на првиот проект на Здружението "Шпато", ...