TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Стојан Стојанов

Утрински - 30.10.2008

Бивш стечаец или некој нов лик на синдикален лидер? Стојан Стојанов е истовремено и едното и другото. Неговата специфичност во споредба со досегашните познати работнички лидери е во силната упорност со која успеа од Владата да издејствува посебен закон за стечајците, нешто што во претходните години не им успеа на другите синдикалци.

Груевски ги смири стечајците, бројот на згрижените двојно се намалува

Утрински - 30.10.2008

Стечајци од уште 30 фирми со државен капитал се додадени на списоците за исплата на надомест. Маја Томиќ Иван Бојаџиски Завчерашната доцна средба во Штип меѓу стечајците, премиерот Никола Груевски, вицепремиерот Зоран Ставрески и министерот за финансии, Трајко Славески, ги смири стечајците, кои беа подготвени вчера да донесат одлука за нови протести.

Стечајците од Куманово најавуваат протести

Нетпрес - 30.10.2008

Кумановските стечајци најавуваат протест за 7 ноември затоа што се незадоволни од паричниот надоместок кој треба да го добиваат. Според членовите на Здружението “УНИТ“ велат дека само 11 стечајци од Куманово ќе добијат паричен надоместок. Според нив и во Виница, Кочани, Неготино и Демир Капија само десетина ќе добијат месечен надомест.

Понудена програма за спас на Битолска пивара

А1 - 29.10.2008

Откако на волшебен начин во истражна постапка беше укината мерката притвор и симната меѓународната потерница, швајцарскиот бизнисмен Ахмет Искендер, кој е сопственик на битолската пивара во стечај, дојде во Битола и пред одборот на доверителите, понуди програма за рестартирање на фабриката.

Во Велес и во Штип почна исплатата на стечајците

Утрински - 29.10.2008

Во Велес и во Штип почна исплатата на стечајците. Во Стопанска банка во Велес вчера започна исплатата на надоместокот на стечајците со над 25 години стаж, кои остварија право за 5.000 денари месечно. Тие вчера го добија надоместокот за септември и за октомври. Во Велес, 230 лица се здобиле со ова право, а на конкурсот во Агенцијата за вработување се пријавиле вкупно 983 стечајци.

Во Штип 130 стечајци добија паричен надомест

Дневник - 29.10.2008

Околу130стечајци од поранешните „Астибо“ и ЗИК „Црвена ѕвезда “ од Штип вчера го добија првиот паричен надомест што им следува според Законот за стечајците.На Илија Димишков, поранешен работник во модната конфекција „Астибо“, му се исплатени 11.120 денари. Тој има над 25 години работен стаж, а паричниот надомест ќе го добива до ново вработување или до пензионирање. - Голготата помина.

Стечајците остварија средба со премиерот Груевски

Кирилица - 29.10.2008

Комисијата за утврдување на сопственоста на фирмите кои се опфатени со Законот за стечај успеала да провери 51 фирма и при тоа констатирала дека 30 фирми се со доминатна државна сопственост. Тоа значи дека стечајците од овие 30 фирми ќе добијат позитивни решенија за добивање месечен паричен надомест.

Стечајците најавуваат нови протести

Утрински - 28.10.2008

Стечајците најавуваат нови протести. Повеќе илјади стечајци, поранешни работници од државни фирми, се револтирани од тоа што Владата не го исполнува договореното, односно не се реализира Законот за материјално обезбедување на невработените, поради приватизација на државните претпријатија од 2000 до 2004 година.

Избришани од евиденција на невработени оти точеле пиво

Вест - 28.10.2008

Трудовата инспекција во "Пивара" Битола во стечај затекнала на работа 17 стечајни работници поради што тие една година ќе бидат избришани од списокот на невработени во Агенцијата за вработување. Стечајниот управник вели дека ќе го обжали решението на Инспекцијата. - Работниците беа ангажирани со договор.

Стечајците фатени во изборен трик

Утрински - 28.10.2008

Беше тоа добро смислен предизборен трик или чесна намера на Владата или веќе е многу јасно дека стечајците беа (зло)употребени од власта. Премиерот Никола Груевски во предизборието им вети на стечајците дека законски ќе го реши нивниот материјален статус и откако ги доби нивните гласови, набрзо потоа го стокми и го донесе Законот за материјално обезбедување на невработените, поради приватизација ...

Штип: Од денеска 130 стечајци од Штип ќе добиваат месечен паричен надомест

Р.С.Европа - 28.10.2008

Околу 130 стечајци од Штип кои имаат добиено позитивни решенија, согласно со законот од денеска ќе добиваат месечен паричен надомест, соопшти Агенцијата за вработување во овој град. Комисијата на Агенцијата се уште ги разгледува преостанатите барања на стечајците.

Предложен план за реорганизација на Битолската пивара

Канал5 - 27.10.2008

Работниците од Битолската пивара, која сега е во стечај, не се откажуваат од дел од заостанатите плати, што е услов за отпочнување на програмата за реорганизација на фабриката која ја понуди фирмата „Кенри“ од Базел, Швајцарија, односно претходните газди на битолската пиварница.  . - Нема да се откажиме. Шетат арамиите што не искрадија. Не оставија без леб.

Стечајците пак ќераспнатшатори

Дневник - 27.10.2008

Стечајците пак ќераспнатшатори Неколку месеци по донесувањето на законот за нивно згрижување, поранешните работници со работен стаж подолг од 25 години и со нерегулиран статус, се револтирани од начинот на примената на законските одредби и од договореното со Владата.