TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Ќе се дава под закуп 1557 хектари државно земјоделско земјиште

Канал5 - 22.11.2008

Министерството за земјоделство ќе дава под закуп 1557 хектари државно земјоделско земјиште во Битола, Охрид, Струга, Кичево Македонски Брод и Гостивар. Десет хектари е максималната површина која може да ја добие еден понудувач. Закупот ќе се врши на 30 години за подигање на долгогодишни насади и развој на рурален туризам, 15 години за ливади, 20 години за рибници и закуп до 50 години за подигање ...

Jавен оглас за 1.557 хектари државно земјоделско земјиште

Алфа - 22.11.2008

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска ќе распише јавен оглас за давање под закуп 1.557 хектари државно земјоделско земјиште во Битола (1.200), Охрид (59), Струга (70), Дебар (193), Македонски Брод (8), Кичево (23) и Гостивар (2). Десет хектари е максималната површина за кој може да аплицира и да добие еден понудувач.

Добиле земја за украс

Време - 21.11.2008

Со договори во рака, потпишани од министерот за земјоделство Ацо Спасеноски, земјоделците од прилепско-битолскиот крај вчера дојдоа во Министерството револтирани од тоа што се уште не можат да го работат земјиштето што го добиле. Тие објаснуваат дека не можат да ги ораат нивите бидејќи земјиштето не е регистрирано како нивна сопственост.

Земјоделците бараат земја

А1 - 20.11.2008

Група од 15 земјоделци претставници на земјоделците од прилепско-битолскиот дојдоа во Скопје. Побараа да се реши проблемот со поделбата на државното земјиште, револтирани што по една година, со договорите в рака потпишани од министерот Спасеноски, сеуште неможат да го добијат земјиштето во владение и да почнат да го обработуваат. „Ние мислиме дека потикнува од Прилеп. Што е причината незнам.

Медиумско-земјоделска војна со нејасни мотиви

Утрински - 20.11.2008

Велија Рамковски во друштво со премиерот Никола Груевски и спикерот Трајко Велјановски. Сопственикот на А1, Велија Рамковски, вели дека не сакал да биде градоначалник на Скопје. Нина Нинеска-Фиданоска Александрија Стевковска Кој е главниот мотив за жестоката вербална војна што ја отвори деновиве бизнисменот и сопственик на А1 и „Време“ Велија Рамковски против министерот за земјоделство Ацо ...

СПМ: „А1“ сака да го смени министерот Спасеновски

Дневник - 18.11.2008

Целта на серијата критики на „А1-телевизија“, најверојатно, е да биде сменет министерот за земјоделство Ацо Спасеновски, оцени вчера Социјалистичка партија на Македонија.Малиша Станишиќ, партиски портпарол, вчера изјави дека мотивите за тоа треба да се бараат и „во одредени кругови што се склони на манипулација со земјоделците“. - Не сме изненадени од ваквите ниски удари.

Социјалистите и Рамковски во медиумска војна

Утрински - 18.11.2008

„Реформските зафати на Министерството за земјоделство им попречија на одредени привилегирани кругови кои незаконски стекнаа големи земјоделски имоти и финансиски средства, а еден од нив, претпоставуваме, е и сопственикот на А1 Велија Рамковски“, обвинија вчера од Социјалистичката партија на Македонија.

Спасеноски ветува субвенции за сите

А1 - 17.11.2008

Уште една средба на земјоделците со првите луѓе на нивното Министерство. Поделбата на субвенциите и распределбата на земјиштето, беа темите што ги засегаат земјоделците. Одговорите на министерот Спасеновски, повеќе одговори за А1, отколку за тие што беа таму. Не е вистина дека 10 проценти од земјоделците нема да земат пари. Погрешните податоци ќе се поправат, парите ќе дојдат до земјоделците.

Земјоделците бараат да се санкционираат локалните моќници кои узурпираат земјоделско земјиште

Канал5 - 17.11.2008

Да се санкционираат узурпаторите на земјоделско земјиште, побараа денеска земјоделците од министерот Спасеноски. Овој проблем да се реши во најкус можен рок. Земјата да се дели на транспарентен начин и да ја добиваат вистинските фармери, а не локални моќници.

Солидарен фонд за старите земјоделци

Вест - 17.11.2008

Земјоделците бараат Владата да формира солидарен фонд за изнемоштените стари лица кои поседуваат земја, но не можат да ја обработуваат. Претседателот на Сојузот на земјоделци Вељо Тантаров вчера на состанокот во Министерството за земјоделство ја презентираше иницијативата и рече дека фондот ќе им се најде на земјоделците за црни денови.

Проблеми со пласманот на земјоделските производи

Алсат-М - 17.11.2008

И оваа година дел од земјоделците се соочуваат со проблемот за пласман на своите производи. Јапонското јаболко и зелката тешко ќе најдат пласман и затоа земјоделците стравуваат дека нема да може да ги покријат трошоците за производството. Земјоделците велат дека незнаат кој ќе ги откупи нивните производи.

Лозарите од Тиквешијата ќе останат без субвенции

Време - 17.11.2008

Соња Јанковска Половина од лозарите во Тиквешијата годинава нема да земат субвенција од два денари за еден килограм грозје предадено грозје. Причината за тоа е што речиси 50 проценти од лозовите насади во овој регион се наоѓаат на државно земјоделско земјиште, за кое лозарите немаат продолжени договори за закуп.

Распределба на земјоделското земјиште без манипулации, приоритет на ресорното Министерство

Кирилица - 17.11.2008

- Проблем при реализирањето на исплатата се најчесто неактивираните сметки на производителите и нивната невалидност. Но, тоа не значи неможност да се земат парите зашто сметките се корегираат по што и субвенциите се пуштаат, рече Ѓошевска. Министерот Спасеноски во петокот имаше средба и со претставници на Сојузот на земјоделците со кои, исто така, дискутираше за актуелните проблеми во аграрот.

Повторно вишок на земјоделски производи на пазарот

Алфа - 17.11.2008

Проблемите со пласман на земјоделските производи и натаму ги мачат македонските земјоделци. Дури ни со намалени цени не може да се најде купец за овогодишниот род на зелката и јапонското јаболко. "Проблемите со кои се соочуваме ние земјоделците претежно е пласменот. Тоа е најболната точка која секој земјоделец го боли.

Жестоки реформи против земјоделските манипулатори

Форум - 17.11.2008

На одржаниот работен состанок во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство беа изнесени тековните активности за спроведување на реформите против манипулацијата и узрупаторството на земјоделското земјиште во Република Македонија, како и навременото доставување на земјоделските субвенции Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Ацо Спасеноски изјави дека досега се ...

Селски каубои зад решетки

Вечер Прес - 17.11.2008

Нема да дозволиме никаква манипулација, узурпација и неправилна распределба на земјиштето, веќе се поднесени кривични пријави и се приведуваат лица, се закани министерот Спасеноски. Узурпација на државно земјоделско земјиште како во каубојските филмови кога земјоделци блиски до некоја политичка партија самостојно си ги исцртувале површините и со години ги обработувале, повеќе нема да има.