TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Сиена е елиминирана од Купот на Италија

Време - 27.02.2004

КОШАРКА Екипата на Монтепаски Сиена, каде што игра македонскиот интернационалец Врбица Стефанов, испадна од италијанскиот кошаркарски куп, откако во средата беше поразена со 63-67 во четврт-финалниот натпревар против Орегон Канту.

На стартот Монтепаски - Барса

Дневник - 25.02.2004

вести Топ-16 фазата во кошаркарската Евролига ќе почне на 3 март во 18 часот со натпреварот ЦСКА Москва - Олимпијакос, а за македонската јавност најинтересниот меч од првото коло ќе биде на 4 март, помеѓу Монтепаски Сиена и Барселона.

Монтепаски и Врба го декласираа Скипер

Вест - 24.02.2004

Кошарка - Наши интернационалци Во големото дерби од 22. коло на Првата италијанска лига, Монтепаски Сиена го совлада Скипер Болоња со 93:70 (25:17; 26:17; 24:18; 18:18). Нашиот репрезентативен плејмејкер, Врбица Стефанов одигра 26 минути за "банкарите" од Сиена и постигна осум поени (2/3 за два, ...

Стефанов се врати во првата петорка на Сиена

Време - 24.02.2004

КОШАРКА - ПО ПОВРЕДАТА Македонскиот репрезентативец Врбица Стефанов постигна осум поени за победа на Монтепаски Сиена од 93-70 над Скипер Болоња во дербито на италијанското кошаркарско првенство, во неделата. Стефанов, кој најави можен трансфер во НБА на крајот на сезоната, се врати во првата ...