TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Германија сака брзо укинување на санкциите кон Ирак

Вест - 17.05.2003

Пауел во Берлин за да ги оправи врските со Германија БЕРЛИН, 17 мај - Германија ќе го поддржи брзото укинување на санкциите на Обединетите нации против Ирак, изјави вчера германскиот канцелар Герхард Шредер, по разговорите со американскиот државен секретар Колин Пауел во Берлин.

Пауел бара германска поддршка за извоз на ирачката нафта

Утрински - 17.05.2003

САД ги условуваат поблиските односи со Германија БЕРЛИН - Американскиот државен секретар Колин Пауел вчера се сретна со германските лидери со цел да добие поддршка за резолуцијата на ОН за окончување на санкциите воведени против Ирак, со понуда за возврат да се воспостават поблиски билатерални ...

Пауел во Бугарија за да му се заблагодари на сојузникот

Утрински - 16.05.2003

Посета СОФИЈА - Американскиот државен секретар Колин Пауел вчера пристигна во Бугарија за да се заблагодари за нејзината цврста поддршка во американската војна против Ирак. Пауел кој пристигна во Софија како дел од посетата на Блискиот Исток и Европа, учествуваше во прославите на стогодишнината од ...

Мевлемот на Пауел за Кремљ

Утрински - 16.05.2003

САД велат дека ќе биде решено прашањето за ирачкиот долг спрема Русија ОД НАШИОТ ДОПИСНИК БРАНКО ВЛАХОВИЌ МОСКВА - ?Не се сомневам во тоа дека новото раководство на Ирак ќе ги преземе сите обврски спрема Русија". Таа изјава која вчера попладне ја даде американскиот државен секретар Колин Пауел за ...

Бугарско гратче бара од Колин Пауел да отвори база кај нив

Дневник - 16.05.2003

НЕДЕЛИНО ОТВОРЕНО ЗА НАТО Жителите на бугарското гратче Неделино бараат НАТО да отвори воена база во околината на нивниот град, јави Ројтерс. Повеќе од 150 неделинчани, предводени од градоначалник на Неделино, Стојан Беширов, вчера се собраа во Софија за од американскиот државен секретар Пауел, кој ...

САД сега бараат суспендирање на санкциите спрема Ирак

Дневник - 16.05.2003

ЗА ДА ОБЕЗБЕДАТ ПОДДРШКА ЗА РЕЗОЛУЦИЈА ОД ОН Соединетите Американски Држави направиле низа измени во отфрлениот текст на предлог-резолуцијата за укинување на санкциите спрема Ирак и се надеваат дека новиот документ веќе идната недела ќе биде прифатен од Советот за безбедност на Обединетите нации, ...

САД не планираат воена интервенција во Иран

А1 - 15.05.2003

„САД засега немаат намера со воена интервенција да го спречат Иран во развивањето науклеарно оружје“, изјави американскиот државен секретар Колин Пауел. Пауел додаде дека Вашингтон е загрижен поради иранската нуклеарна програма и оти САД ќе соработуваат со меѓународната заедница за да го убедат ...

Тероризмот ги зближи Москва и Вашингтон

Утрински - 15.05.2003

Во Москва Иванов и Пауел разговараа за претстојната средба меѓу Путин и Буш на прославата на 300-годишнината од постоењето на Петербург ОД НАШИОТ ДОПИСНИК БРАНКО ВЛАХОВИЌ МОСКВА - САД немаат намера да го применат "ирачкиот модел" спрема Иран, Сирија и Северна Кореја.

Неуспешна блискоисточната мисија на Пауел

Вест - 13.05.2003

ЕРУСАЛИМ, 13 мај, (АП) - Израел го запечати појасот Газа во понеделникот воведувајќи ги најстрогите забрани во изминативе години, а израелските трупи убија тројца Палестинци во судирите, во време кога државниот секретар на САД, Колин Пауел ја завршува мисијата на Блискиот Исток.

Израел го забрани патувањето во Газа

Утрински - 13.05.2003

Блиски Исток ЕРУСАЛИМ - Израел вчера повторно ја воведе забраната за патување во појасот Газа и покрај заложбите на посетителот, американскиот државен секретар Колин Пауел за хуманитарни гестови спрема Палестинците како дел од новиот мировен план.

Израел повторно ја запечати Газа, иако му го вети спротивното на Пауел

Дневник - 13.05.2003

БЛИСКОИСТОЧНА МИРОВНА ИНИЦИЈАТИВА Израелските власти вчера изутрина повторно воведоа строга контрола на административните граници на палестинскиот регион Газа, и покрај тоа што премиерот Ариел Шарон му вети на американскиот државен секретар Колин Пауел дека еврејската држава ќе им го олесни животот ...

Пауел повика на разоружување на палесинските милитанти

Вест - 12.05.2003

ЕРУСАЛИМ, 12 мај, (Ројтерс) - Државниот секретар на САД, Колин Пауел, кој се наоѓа во мисија на блискиот Исток за да го промовира американскиот мировен план, ги повика Палестинците да ги разоружаат милитантните групи кои стојат зад нападите врз Израелците.

Пауел бара разоружување на палестинските милитантни групи

Утрински - 12.05.2003

Колин Пауел почна нова рунда преговори за промовирање на својот блискоисточен мировен план ЕРУСАЛИМ - Американскиот државен секретар, Колин Пауел, промовирајќи го својот блискоисточен мировен план, вчера побара од Палестинците брзо разоружување на милитантните групи одговорно за нападите врз Израел.