TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

РТВ-станиците под изборна лупа

Дневник - 10.06.2006

Советот за радиодифузија за време на изборната кампања од 15 јуни до 5 јули ќе врши мониторинг на сите радио и телевизиски програми за да утврди колку радиодифузерите ги почитуваат правилата за рамноправно медиумско претставување на партиите и изборниот молк, вели претседателот Мирче Адамчевски.

Гледањето фудбал во кафуле е регуларно

Дневник - 10.06.2006

Комерцијалните телевизии ќе можат да емитуваат само прилог во времетраење од 90 секунди во информативните емисии од натпреварите на Светското првенство во фудбал Комерцијалните телевизии ќе можат да емитуваат само прилог во времетраење од 90 секунди во информативните емисии од натпреварите на ...

За приватните телевизии 90 секунди Мундијал

Вест - 10.06.2006

СОВЕТОТ ЗА РАДИОДИФУЗИЈА ГО ЗАШТИТИ ЕКСКЛУЗИВИТЕТОТ НА МРТВ Приватните телевизии ќе смеат да емитуваат само кратки 90 секундни снимки од Светското првенство во фудбал, и тоа под услов да го вметнат и логото или името на Македонската телевизија, која ги има откупено авторските права за емитување на ...

Советот за радиодифузија апелира за коректно известување

А1 - 09.06.2006

Советот за радиодифузија на една недела пред почеток на изборната кампања апелира до медиумите за коректно известување. Советот и со предупредување до политичките партии. „Да не се занимаваат со советот, да не го инволвираат советот во своите кампањи, повеќе да си ги гледаат своите политички акции ...

Сите средби - на МТВ

Дневник - 09.06.2006

Македонската телевизија ги има ексклузивните права за преносите на мечевите од Мундијалот и преку националната телевизија ќе може да се проследат сите 64 меча. Кога два натпревари ќе се играат во ист термин, телевизијата ќе избере кој меч директно ќе го пренесува, а од кој ќе се емитува снимка.

За ограничениот политички маркетинг гласаше и ВМРО-ДПМНЕ

Дневник - 08.06.2006

Одлуката за правилата за рамноправен пристап во медиумското претставување, чиј составен дел е ограничувањето на платената политичка програма на шест минути, беше дискутирана на две собраниски комисии и беше усвоена од Собранието, без да биде проблематизирано ограничувањето.

Стошиќ: фудбал само на МТВ

Време - 08.06.2006

ГЕНЕРАЛНАТА ДИРЕКТОРКА НА МРТ СЕ ПОВЛЕЧЕ Македонската телевизија нема да бара од сопствениците на кафулињата да платат за да емитуваат преноси од Светското фудбалско првенство, туку ќе им понуди „џентлменски договор“ - да ги пренесуваат натпреварите од програмата на МТВ, а не од сателитските канали.

МТВ ги забрани сателитските програми и во кафаните

Вест - 07.06.2006

БАДИЈАЛА НОВИ ТЕЛЕВИЗОРИ ЗА МУНДИЈАЛОТ Кафулињата и кафаните ќе смеат да емитуваат преноси од Светското првенство во фудбал исклучиво откако ќе потпишат договор со носителот на авторските права - Македонската Радио Телевизија (МРТВ).

Советот за радиодифузија белоруски ограничува

Дневник - 07.06.2006

Ограничувањето на Советот за радиодифузија на платената политичка програма на само шест минути е показател дека овој државен орган работи под политичка директива на СДСМ, сметаат во ВМРО-ДПМНЕ. - Бидејќи СДСМ нема програма, Советот со оваги оневозможува партиите што имаат програма поопсежно да им ...

Клуч за јавните локални телевизии

Дневник - 05.06.2006

Локалните телевизии бараат да продолжат да емитуваат програма се' додека не се најде крајно решение Комерцијалните телевизии бараат итно да бидат затворени телевизиите што ги емитуваат јавните локални радиодифузери зашто работат без согласност од Советот за радиодифузија и без техничка дозвола од ...