TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Бројот на жртвите во поплавите во Кина се зголеми на 225

А1 - 09.06.2005

Бројот на жртвите во поплавите во јужна Кина се зголеми на 225, а спасувачките екипи се подготвени за евентуални нови поплави кои се очекуваат следната недела, јавија денеска кинеските државни медиуми. Најмногу луѓе, вкупно 96, настрадале во селата и градовите во јужната кинеска провинција Хунан, ...

Надојдени реки ги поплавијаСофијаи Перник

Дневник - 08.06.2005

БУГАРИЈА Тридневните поројни врнежи предизвикаа големи поплави во Софија и во Перник, поради што локалните власти формираа штабови за одбрана. Во Софија се поплавени седум квартови, како и многу улици, подземни премини и куќи.

Поплави во Бугарија

А1 - 07.06.2005

Тридневните обилни врнежи од дожд предизвикаа големи поплави во Софија и Перник, поради што локалните власти формираа штабови за одбрана, со цел отстранување на последиците од стихијата, јави денеска државното радио. Поради излевање на реката Струма во Перник е прекинат градскиот сообраќај, а ...

Софија поплавена од поројните дождови

Макфакс - 07.06.2005

Софија Неколку квартови во бугарската престолнина денеска се под вода, откако обилните врнежи од дожд што започна викендов продолжија и во текот на ноќта. Домови, улици и подземни премини се поплавени во најмалку седум софиски квартови, јави Софиската новинска агенција.

Се зголемува бројот на жртвите од поплавите во Кина

А1 - 06.06.2005

Поплавите предизвикани од поројните дождови и лизгање на земјиштето во неколку јужни делови од Кина, од кои најпогодена е провинцијата Хунан, предизвикаа смрт на повеќе лица, а медиумите објавуваат и за појава на тифусна грозница.

Поплавите во Кина однесоа 300 жртви

Вест - 06.06.2005

Пекинг,6 јуни (Ројтерс) - Бројот на жртви и исчезнати во дождовите и поплавите што ја погодија Кина е над 300 лица, објавија вчера официјални извори. Пекинг,6 јуни (Ројтерс) - Бројот на жртви и исчезнати во дождовите и поплавите што ја погодија Кина е над 300 лица, објавија вчера официјални извори.

Поплави голтнаа 300 луѓе во Кина

Дневник - 06.06.2005

во НЕКОЛКУДНЕВНОТО НЕВРЕМе Поплавите што во Кина ги предизвика неколкудневното невреме убија повеќе од 300 лица, јави Макфакс. Според статистиката на кинеското Министерството за цивилни прашања, во неколкудневното силно невреме исчезнале 79 лица.

Над 300 жртви на поплавите

Вечер Прес - 06.06.2005

Бројот на жртви и исчезнати во дождовите и поплавите што ја погодија Кина е над 300 лица, објавија вчера официјални извори. “Врз основа на прелиминарната статистика на Министерството за цивилни прашања, околу 17 милиони лица се погодени, 204 лица починаа а 79 се сметаат за исчезнати, во поплавите ...