TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Вардар без Манасков - шанса за Пелистер, Младост...

Вест - 21.09.2002

ДЕНЕСКА СТАРТУВА 11. СЕЗОНА ВО МАШКАТА РАКОМЕТНА СУПЕРЛИГА Многу бескомпромисни дуели до титулата. - Страшо Илиоски (ТК Бренд) Од денеска во погон се ставаат и машките суперлигашки клубови, кои со денешните натпревари од првото коло ја отвораат својата 11. сезона од осамостојувањето на државата.

Пелагониското дерби ја отвора сезоната

Дневник - 21.09.2002

РАКОМЕТ - ПОЧНУВА 11. ПРВЕНСТВО ВО МАШКА КОНКУРЕНЦИЈА Вардар Ватростална, Пелистер, Тутунски комбинат Бренд и Младост и сезонава ќе конкурираат за трофејот од домашното првенство Екипите што во изминатите четири-пет сезони беа главните фаворити за освојување на шампионската титула и за ...

Вардарци ремизираа во Загреб

Вест - 20.09.2002

СРЕДНОЕВРОПСКА РАКОМЕТНА ЛИГА Нашиот ракометен првак Вардар Ватростална го имаше своето прво успешно гостување во рамките на Средноевропската лига. Вардарци во Загреб ремизираа 33:33 со тамошниот истоимен шампион (титулата му беше и официјално доделена неодамна по спорот со Метковиќ Јамбо).

Освоен првиот бод на гостински терен

Утрински - 20.09.2002

СЕРЛ: Загреб - Вардар В. 33:33 Екипата на Вардар Ватростална го освои првиот бод надвор од СРЦ "Кале" во рамките на натпреварите од Средноевропската ракометна лига (СЕРЛ), откако на гостувањето во Загреб против истоимениот противник одигра нерешено 33:33.

"Учеството во СЕРЛ не смее да го попречува домашното првенство"

Вест - 17.09.2002

РСМ МУ ОДГОВАРА НА ВАРДАР ВАТРОСТАЛНА - Согласно дописот од ЕХФ, клубовите можат да земат учество во Средноевропската лига само доколку со тоа не ги попречуваат натпреварите во организација на ЕХФ и од домашното првенство - Ракометниот сојуз на Македонија го потсети Вардар Ватростална, кој до ...

Актите против одлагање мечеви поради СЕРЛ

Утрински - 17.09.2002

Неприфаќањето на барањето на Вардар Ватростална за одложување на натпреварот со Пролет од првото коло на Суперлигата поради настапите на црвено-црните во Средноевропската ракометна лига, Ракометниот сојуз на Македонија го образложува со "стриктно придржување кон нормативните акти".