TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Ако ни ги тепаат возачите нема да возиме

Вест - 05.04.2007

ВРАБОТЕНИТЕ ВО ЈСП ГО ОДЛОЖИЈА ШТРАЈКОТ Вработените во ЈСП "Скопје" вчера не го одржаа најавениот четиричасовен штрајк, бидејќи Владата и Градот исполниле дел од нивните барања. Ова го одлучиле по вчерашната средба со градоначалникот Трифун Костовски, бидејќи дел од нивните барања биле прифатени.

Штрајкот на ЈСП ставен во мирување

Утрински - 05.04.2007

Вработените од ЈСП вчера, наместо да штрајкуваат, имаа нова средба со градоначалникот Трифун Костовски и вицепремиерот Зоран Ставревски и го ставија штрајкот во мирување. Според Миќо Стојановски, претседател на ССМ при ЈСП „Скопје“, на вчерашната средба било договорено владината комисија по ...

Костовски ги разубеди синдикалците - штрајкот одложен

Време - 05.04.2007

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ВЧЕРА СЕ СРЕТНА СО ВРАБОТЕНИ ВО ЈСП Градоначалникот Трифун Костовски успеа да ги разубеди членовите на синдикатите во Јавното сообраќајно претпријатие и тие го одложија предупредувачкиот штрајк што беше најавен за вчера од 12 до 16 часот.

Костовски ги пишмани штрајкувачите

Дневник - 05.04.2007

Иако за вчера беше најавен четиричасовен штрајк на вработените во ЈСП и прекин во превозот на патници, синдикалните организации во јавното претпријатие се пишманија. По утринската средба со градоначалникот Трифун Костовски, решија да го откажат предупредувачкиот штрајк и да го почекаат исходот од ...

Штрајкот одложен!

Вечер Прес - 05.04.2007

Најавениот предупредувачки штрајк на ЈСП што требаше да се одржи вчера е одложен за по велигденските празници, а дали ќе се случи и тогаш ќе зависи од тоа како ќе се одвива решавањето на проблемите во ова градско претпријатие Најавениот предупредувачки штрајк на јавното сообраќајно претпријатие ...

Ќе возат само 30 отсто од автобусите на ЈСП

Време - 04.04.2007

ДЕНЕСКА ШТРАЈК ВО ЈАВНОТО ПРЕТПРИЈАТИЕ Само 30 отсто од автобусите на јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ денеска ќе сообраќаат по градските улици, затоа што вработените ќе штрајкуваат да се подобри состојбата во претпријатието, најави Мичо Стојановски, претседател на синдикатот на ЈСП, кој е ...

УЈП нема да му запленува автобуси на ЈСП

Вест - 04.04.2007

ПО ВЧЕРАШНИТЕ ПРЕГОВОРИ ВО ВЛАДАТА И покрај преговорите на Владата и Градот, од синдикатите на ЈСП рекоа дека денес ќе штрајкуваат во гаражите, а ќе возат само 30 отсто од автобусите Управата за јавни приходи ќе ја запре акцијата за присилна наплата на долгот за ДДВ во ЈСП преку одземање на дел од ...

УЈП ќе ја запре постапката во ЈСП

Време - 04.04.2007

КОСТОВСКИ СЕ ДОГОВОРИЛ Управата за јавни приходи привремено ќе ја запре постапката за присилно наплаќање на долговите од ЈСП, рече вчера градоначалникот Трифун Костовски по средбата во Владата со вицепремиерот Зоран Ставревски и со министерот за финансии Трајко Славевски.

Главниот град четири часа без автобуси

Дневник - 04.04.2007

Скопје денеска од 12 до 16 часот ќе остане без јавен превоз. Поради предупредувачкиот штрајк, организиран од двата синдикати во ЈСП „Скопје“, автобусите на претпријатието во овој дел од денот ќе останат во гаражите. На улиците ќе биде пуштан само по еден автобус на секоја траса, колку да се одржи ...

И покрај преговорите, Синдикатот на ЈСП денеска ќе штрајкува

Утрински - 04.04.2007

Само 30 отсто од автобусите ќе сообраќаат од 12 до 16 часот СНЕЖАНА КАЛАБАКОВА И покрај преговорите во Владата, каде што се „пеглаа“ ставовите на Владата, Градот и Јавното сообраќајно претпријатие околу начинот на решавање на актуелните проблеми, се чини, подебелиот крај повторно ќе го извлечат ...

Скопје да стане Киншаса

Дневник - 04.04.2007

Пред неколку месеци на некои интернет-портали се појави информација за одлуката на локалните власти од Киншаса, главниот град на Конго, да го обноват јавниот превоз со стотина супермодерни автобуси . Од оваа вест во светски рамки никој премногу не се потресе, ама за нас беше чудна.

Штрајк е можен?!

Вечер Прес - 04.04.2007

Предупредувачкиот штрајк во јавниот градски превоз закажан за денеска е можно да се реализира доколку градоначалникот Костовски денеска не го разубеди штрајкувачкиот одбор од ЈСП. За денеска наутро е закажана средба во Градското собрание, на која вработените во ЈСП треба да бидат запознати со ...

Владата не признава дека му должи пари на ЈСП

А1 - 03.04.2007

Владата не признава дека му должи пари на Јавното сообраќајно претпријатие. Тврдењето на ЈСП дека од државата побарува осум и пол милиони евра за Владата е нереално. Извори за А1 од денешните преговори меѓу Владата и тимот на Костовски тврдат дека ЈСП досега не доставило валидни документи со кои се ...

Колку ЈСП и должи на УЈП

Канал5 - 03.04.2007

За 10-тина дена ќе се знае колку Јавното сообраќајно претпријатие му должи на Управата за јавни приходи и колку државата треба да му плати на ЈСП. За 10-тина дена ќе се знае колку Јавното сообраќајно претпријатие му должи на Управата за јавни приходи и колку државата треба да му плати на ЈСП.

Државата не ги признава долговите кон ЈСП

Дневник - 03.04.2007

Според надлежното министерство, ЈСП нема докази дека навистина побарува 8,6 милиони евра од државата, по разни основи Министерството за финансии не сака ни да слушне за отпишување на долговите на ЈСП „Скопје“, иако токму државата е најголем должник на градското сообраќајно претпријатие.

Владини претставници ќе расправаат за ЈСП

Вечер Прес - 03.04.2007

Денеска во Владата ќе се разгледува проблемот со опстанокот на Јавното сообраќајно претпријатие "Скопје" и од постигнатиот договор ќе зависи одржувањето на предупредувачкиот штрајк закажан за утре Проблемот со опстанокот на Јавното сообраќајно претпријатие "Скопје" денеска ќе го разгледуваат ...

Костовски не го дава имотот на ЈСП

А1 - 02.04.2007

Градоначалникот Костовски не го дава имотот на ЈСП. Вели дека лично тој забранил да се реализира акцијата на Управата за јавни приходи за заплена на возилата на сообраќајното претпријатие. Подготвен е кривично да одговара, но бара процесот да биде ставен во мирување се додека со Владата не се ...

Костовски од Владата бара спас за ЈСП

Дневник - 02.04.2007

Градоначалникот Трифун Костовски вчера најави дека ќе ги продолжи разговорите со вицепремиерот Зоран Ставревски, со цел да се надминат проблемите во Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“. Според градоначалникот, проблемите треба да се решат на три нивоа - правно, економско и политичко, а ...

УЈП си го побара долгот од ЈСП

Канал5 - 02.04.2007

Управата за јавни приходи денеска повторно си го побара долгот од ЈСП. Овој пат телефонски побара од јавното претпријатие тие сами да ги однесат возилата кај нив. Велат дека бараат само 5 лесни возила за да го покријат долгот од 19,5 милиони денари, а не 24 автобуси како што тврдеа во петокот од ...

Костовски бара од Владата продолжување на преговорите за ЈСП

Утрински - 02.04.2007

Директорот Георгиевски побара договор за субвенционирањето на јавниот превоз и намалувањето на ДДВ Градоначалникот Трифун Костовски и директорот на ЈСП, Орце Георгиевски, вчера на прес-конференција апелираа до Владата да продолжат преговорите за средување на состојбите во јавното претпријатие.

Државата повеќе му должи на ЈСП, отколку претпријатието на власта

Време - 02.04.2007

СПОРЕД ПОДАТОЦИТЕ НА ГРАДСКИТЕ ВЛАСТИ Долгот на државата кон ЈСП „Скопје“ е поголем од тој што претпријатието го има кон централната власт, истакнаа вчера градоначалникот Трифун Костовски и директорот на ЈСП Орце Георгиевски.

И ЈСП должи, ама долгот на држвата кон ЈСП е поголем

Вечер Прес - 02.04.2007

Јавното претпријатие должи 450,3 милиони денари, но долгот на државата кон него е поголем и изнесува 533,5 милиони денари. Доколку долгот се пребие и на разликата се додаде вредноста на одземените акции 40,2 милиони денари, тогаш побарувањата се зголемуваат до 123,4 милиони денари Излезот од ...