TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Кедев: Македонија и припаѓа на нејзиниот народ

А1 - 11.04.2004

„Република Македонија не му припаѓа никому, туку на нејзиниот народ, а ние имаме намера државата повторно да му ја вратиме на овој народ“, рече претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ Сашко Кедев на вечерашниот митинг во Штип.

Велигден во агендите на претседателските кандидати

А1 - 11.04.2004

Претседателските кандидати на ВМРО ДПМНЕ Сашко Кедев и на СДСМ Бранко Црвенковски најдоа време во својата агенда за посета на црква на најголемиот христијански празник Велигден. Тоа е местото каде денеска беа граѓаните. Црвенковски беше во Соборниот храм во Скопје, а Кедев во родниот Штип.

По 17 години докторска кариера Кедев се определува за политика

А1 - 11.04.2004

Слоганот новото лице најдобро го опишува политичкиот ангажман на кандидатот за претседател Сашко Кедев. Новајлија на македонската политичка сцена, кој за прв пат станува политички активен пред две години како пратеник. Тогаш никој не насетуваше дека новиот и речиси политички неискалениот Кедев ќе ...

Кедев: Наш заеднички интерес е подобрување на животот на граѓаните

А1 - 10.04.2004

„Се наоѓаме во место коешто е типичен пример како се води грижа за своите сограѓани и како се доаѓа до прогрес во квалитетот на животот на населението“, рече претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ Сашко Кедев на денешната средба со жителите на општина Оризари.

Унитарна држава со подобар соживот

Време - 10.04.2004

МИТИНГ НА КЕДЕВ ВО ТЕТОВО Македонија ќе биде и ќе остане унитарна држава во рамките на сегашните граници, без делби и со подобар соживот, без оглед на етничката, верската или политичката ориентација - им порача завчера на своите симпатизери во Тетово кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за претседател, Сашко ...

Кедев најави битка против тие што го лажат народот

Дневник - 10.04.2004

ВМРО-ДПМНЕ ВО КОЧАНИ ВМРО-ДПМНЕ ги согледа своите грешки и со Кедев почнува битка за поубава иднина на Македонија, рече Никола Груевски Република Македонија припаѓа само на нејзиниот народ и нему ќе му ја вратиме заедно на 14 парил или две недели подоцна, порача претседателскиот кандидат на ...

Кедев: Од Македонија ќе направиме просперитетна држава

Утрински - 10.04.2004

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ во Кочани, Виница, Пробиштип, Злетово и во Блатец ШТИП - Претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Сашко Кедев, во четвртокот попладне во вечерните часови, во рамките на предизборната кампања, посети пет општински центри во источниот дел на Македонија.

Мимоза салата

Вест - 10.04.2004

Јас сум државник, ми требаат фини луѓе за валкани работи 1 Зошто женските клубови на СДСМ отпечатиле сликички за велигденски јајца со знакот на "државникот"? Не е убаво на религиозен симбол да ставиш сликичка на нашето знаме комбинирано со знамето на ЕУ.

Изборните карвани растрчани по гласови

Време - 10.04.2004

Ние повторно ќе му ја вратиме Македонија на народот, затоа што таа му припаѓа само нему, истакна Сашко Кедев, претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, на завчерашниот митинг во Кочани. Во врска со обвинувањата од СДСМ дека водел негативна кампања тој рече: - За мене не е негативно тоа што ги опишувам ...

Црвенковски во "Плаошник" во Охрид, Кедев во "Свети Никола" во Штип

Утрински - 10.04.2004

ВЕЛИГДЕН Двајцата главни политички конкуренти за претседателската функција, Бранко Црвенковски и Сашко Кедев, ќе ги поминат велигденските празници заедно со своето семејство надвор од Скопје, во нивните родни краеви. Претседателскиот кандидат на коалицијата "За Македонија заедно" Бранко Црвенковски ...

Ценетиот кардиохирург влезе во политиката

Утрински - 10.04.2004

профил Претседателскиот кандидат Сашко Кедев е роден на 6 јули 1962 година во Штип, каде што заврши и средно образование. Во Скопје е од времето на студиите на Медицински факултет, по што има импресивна кариера на кардиолог, доктор на медицински науки и доцент на Медицинскиот факултет.

Во медицината и во политиката не се дозволени импровизации

Време - 10.04.2004

САШКО КЕДЕВ, ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ НА ВМРО-ДПМНЕ Сашко Кедев, 42-годишен штипјанец, меѓународно етаблиран кардиолог, сопруг и татко на две деца, како сосема ново лице во политиката влезе во трката за претседателската функција во моментот кога, според многумина, на Македонија и е потребен искусен ...

Кедев против делби во Македонија

Дневник - 09.04.2004

ВМРО-ДПМНЕ ВО ТЕТОВО Во Македонија нема да се случи делба, туку ќе се зајакне соживотот на граѓаните бидејќи приоритет ми е да се подобрат меѓунационалните односи, најави на прексиноќешниот митинг во Тетово Сашко Кедев, претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ.

Кедев добил поддршка од претседател на комисија во Европскиот парламент

Време - 09.04.2004

ВМРО-ДПМНЕ ОБЈАВИ Елмар Брок, претседател на Комисијата за надворешни прашања, човекови права и за заедничка безбедносна и одбранбена политика при Европскиот парламент, вчера до претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Сашко Кедев, испратил писмо со кое ја поддржува неговата кандидатура.

Црвенковски верува дека ќе победи со позитивна кампања

Утрински - 09.04.2004

Изјава "Не верувам и не сакам да верувам дека со негативна кампања, без да се промовираат своите определби, туку само да се атакува на противкандидатот, може да се добијат избори. Верувам дека позитивниот пристап е тој што ќе ги натера луѓето да се определат за кого да гласаат, но тоа ќе го видиме ...

Кедев доби поддршка од десничарските партии во Европскиот парламент

Утрински - 09.04.2004

Неколку дена пред вонредните претседателски избори Претседателот на Комисијата за надворешна политика,човекови права и заедничка безбедносна и одбранбена политика во Европскиот парламент, Елмар Брок, вчера писмено му изразил поддршка на претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Сашко Кедев.

Кедев нуди сигурност за сите, без разлика на припадноста

Утрински - 09.04.2004

Претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ во Полошкиот регион вети обединување Примерите на Брвеница и Врапчиште се доказ дека е можен соживот меѓу Македонците и Албанците Сашко Димевски Враќањето на сигурноста и безбедноста на сите граѓани беше доминантната изборна тема со која претседателскиот ...

На Велигден претпоследен ден за митингување

Време - 09.04.2004

КАМПАЊАТА ПАУЗИРА Карваните на претседателските кандидати денеска одмораат, но од утре ги продолжуваат средбите со граѓаните. Кедев нема да одржи митинг ниту утре, а утревечер ќе биде во црквата „Свети Никола“ во Штип, каде што ќе има средба со владиката Агатангел.

Создадена е клима за привлекување странски инвестиции

Утрински - 09.04.2004

Претседателскиот кандидат на коалицијата "За Македонија заедно" говореше пред велешани Народот добро знае кој ја делеше Македонија, кој заговараше размена на територии, кој заговараше војна и кавга со целиот свет ВЕЛЕС - "Во 1998 Република Македонија беше многу понапред од Романија и пред Бугарија ...

ВМРО-ДПМНЕ: Странците немаат фаворит за претседател

Вест - 09.04.2004

Изборниот штаб на Сашко Кедев, кандидат за претседател на ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека нивниот кандидат ја има подршката од меѓународната заедница, а не само кандидатот на коалицијата "Заедно" Бранко Црвенковски како што прикажува во пропагандните спотови.

Црвенковски и Острени пред Кедев и Џелили

А1 - 08.04.2004

Црвенковски во преднoсот пред Кедев, Острени пред Џелили, ова го покажува анкетата на Институтот за демократија солидарност и цивилно општество спроведена на 06.04.2004. Испитувањето е телефонско, а извршено на 1.800 испитаници.

Црвенковски ја спушта топката, Кедев и Груевски заоструваат

Дневник - 08.04.2004

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2004 Петнаесет месеци ги расчистуваме урнатините што минатата власт ги остави зад себе за да создадеме услови за економски развој. Ние, кои покажавме дека знаеме како се создава и како се чува држава, знаеме и да обезбедиме економски развој и да ги победиме сиромаштијата и ...

Повлечена линија

Вест - 08.04.2004

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ КАНДИДАТИ ВО КАМПАЊА ПО ЕТНИЧКИ ПРИНЦИП - СЕКОЈ КАЈ СВОИТЕ Кандидатите со полна уста го промовираат етничкиот соживот и единството на земјата, но според распоредите на посетите - Бранко Црвенковски и Сашко Кедев, се свртени кон места доминантно населени со етнички Македонци, а Гзим ...

Сашко Кедев на Црвенковски му дијагностицира "патолошки амбиции"

Дневник - 08.04.2004

ВМРО-ДПМНЕ ВО КУМАНОВО И ВО ТЕТОВСКО Црвенковски е просечен трик-мајстор, на чии маалски трикови многумина досега паднаа, изјави Никола Груевски Сашко Кедев, претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, прексиноќа во Куманово изјави дека "лидер на македонските граѓани не може да биде човек што ги лаже, ...

Во партиските штабови се работи деноноќно

Време - 08.04.2004

СЕ ПОДГОТВУВА ФИНИШОТ НА КАМПАЊАТА Александра М. Митевска Како што наближува денот на изборите, се пораздвижена, но и понапната е атмосферата во партиските штабови. Таму се работи деноноќно. Во централните штабови се подготвуваат завршните настапи на претседателските кандидати, се прават процени за ...

ВМРО-Македонска ја тужи ВМРО-ДПМНЕ за злоупотреба на името

Утрински - 08.04.2004

Судир ВМРО-Македонска ќе ја тужи ВМРО-ДПМНЕ затоа што незаконски го користеле името на партијата на Борис Стојменов за време на изборните митинзи за претседател на државава. Тие се чувствуваат загрозени како партија, бидејќи претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Сашко Кедев, за време на средбите ...

Македонија да му се врати на народот

Време - 08.04.2004

КЕДЕВ ВО КУМАНОВО Претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ Сашко Кедев на завечерашниот предизборен митинг во Куманово рече дека Македонија треба да му се врати на народот и оти тоа може да го стори само активен претседател. Тој зборуваше и за својата платформа за првите четири месеци, во случај да ...

СДСМ реши да возвраќа на кампањата на Кедев

Утрински - 08.04.2004

Жешка атмосфера во втората фаза од битката за претседател на Република Македонија Претседателската кампања влегува во втората фаза, а тоновите помеѓу двајцата главни ривали Кедев и Црвенковски се повеќе се заоструваат. По митингот во Битола, станува јасно дека кампањата нема да биде ниту ...

Кедев вети сигурност, правда и успех

Утрински - 08.04.2004

Претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ во посета на тетовските села Јегуновце и Жилче Кандидатот беше во Гостивар, а одржа митинг во Тетово "Со заеднички сили ќе победиме на овие избори. Вие, граѓаните од Тетовскиот регион, имавте тежок период во 2001 година и сега со заеднички сили да се обидеме ...

Кедев ќе формирал претседателски кабинет, паралелен со премиерскиот

Време - 07.04.2004

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИОТ КАНДИДАТ НА ВМРО-ДПМНЕ ЈА НАЈАВИ СВОЈАТА ПЛАТФОРМА Сашко Кедев, претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, на вчерашната конференција за печатот ја претстави платформата за првите месеци од неговиот претседателски мандат.

СДСМ ќе ја демистифицира кампањата на Кедев

Утрински - 07.04.2004

Прес на Шекеринска Социјалдемократите, иако најавија дека ќе останат "глуви" на критиките искажани од страна на нивните главни политички противници, сепак, се премислија и деновиве ќе го возвратат ударот кон ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ вчера најави дека нема да го спушти нивото на изборната кампања, личните ...

Кедев тврди дека Црвенковски ја раскара Македонија

Дневник - 07.04.2004

ВМРО-ДПМНЕ ВО КАВАДАРЦИ И ВО КРАТОВО Македонскиот народ нема да дозволи да биде излажан од човекот што го раскара и што е директно одговорен за етничките конфликти, порача на прексиноќешниот митинг во Кавадарци Сашко Кедев, претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ.

Комитети за подобар живот

Дневник - 07.04.2004

платформа Формирање комитети за меѓуетнички односи, за труд, инвестициски комитет на македонската дијаспора, совет за набљудување на евроатлантските процеси во Македонија и школа за дипломатија - се првите чекори што ќе ги направи Сашко Кедев ако биде избран за претседател на државата.

Кедев нуди нови институции за побрзи реформи

Утрински - 07.04.2004

Кандидатот на опозицијата за претседател на Македонија ја претстави својата изборна платформа Кедев истакна дека во институциите на Владата доминираат партиски луѓе, а во форумите што ќе ги формира тој ќе постави успешни луѓе Претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Сашко Кедев, вчера ја претстави ...

Кампањите оценети како успешни, се продолжува со истото темпо

Време - 07.04.2004

ШТАБОВИТЕ НА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ КАНДИДАТИ ПРЕЗАДОВОЛНИ Во изборните штабови на четворицата претседателски кандидати една недела од официјалниот старт на трката за претседателската функција се презадоволни од текот на нивните кампањи.

Кедев оди со платформа

Вест - 07.04.2004

Претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ Сашко Кедев ја претстави платформата за првите месеци од неговиот претседателски мандат, која се состои од квалитетна надворешна политика, унапредување на меѓународните и меѓунационалните односи, реформи во одбраната и безбедноста.

Црвенковски ќе прави држава за поколенијата

Дневник - 07.04.2004

СДСМ ВО БИТОЛА Оваа влада за 15 месеци ја стабилизира Македонија, ја смири со Европа и со светот. Босна не успеа да го стори тоа за 10 години, дури и со меѓународни сили во неа, а Косово ни за пет, рече Бранко Црвенковски на прексиноќешниот митинг во Битола.

Црвенковски ќе возврати на нападите од Кедев

Време - 07.04.2004

ШТАБОТ НА СДСМ ЈА МЕНУВА ТАКТИКАТА Со аргументи ќе ја демантираме негативната кампања на ВМРО-ДПМНЕ, најави вчера Радмила Шеќеринска, портпаролка на изборниот штаб на претседателскиот кандидат на СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ повеќе време се занимава со дисквалификација на противникот отколку што го промовира ...

Не може да биде избран човек кој во политиката влегува инкогнито

Утрински - 07.04.2004

На предизборниот митинг во Битола СДСМ одговори на нападите на ВМРО-ДПМНЕ Сашко Кедев може да биде само боринче што божем ќе го осветли патот на Република Македонија до Европа БИТОЛА - "Имам сосема чиста совест и смелост да ве гледам право в очи, додека ве уверувам дека со вашата поддршка реално ...

Кедев ја промовираше претседателската платформа

А1 - 06.04.2004

За кандидатот Сашко Кедев е нормално премирот да се повлече од својата функција доколку загуби на изборите, но тој не верува во принципелноста на Црвенковски, кој најави дека ќе се повлече од премиерската и партиската функција, односно од политичкиот живот, доколку загуби на изборите од кандидатот ...

Изборниот штаб на Црвенковски во офанзива против Кедев

А1 - 06.04.2004

Изборниот штаб на Црвенковски од денеска во офанзива против Кедев. Нема повеќе да се премолчуваат неоснованите напади од ВМРО-ДПМНЕ. Само така вели портпаролот на штабот на Црвенковски јавноста ќе се заштити од лажните информации кои ги сервира противничкиот табор.

Кедев: Македонија да му се врати на народот

А1 - 06.04.2004

Претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ Сашко Кедев на вечерашниот предизборен митинг во Куманово рече дека Македонија треба да му се врати на народот и оти тоа може да го стори само активен претседател. „Ќе го заживеам целокупниот општествен систем за да бидеме успешни“, рече Кедев.

Во ЕУ партнерски, а не полтронски, порача Кедев

Дневник - 06.04.2004

МИТИНГ НА ВМРО-ДПМНЕ ВО ВЕЛЕС Во евроатлантските интеграции Македонија мора да биде рамноправен партнер, а не полтрон, кој само го спроведува тоа што ќе му наложат од страна, изјави Сашко Кедев, претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ на митингот во Велес.

И Црвенковски и Кедев победуваат на своите сајтови

Време - 06.04.2004

ЕЛЕКТРОНСКО ГЛАСАЊЕ Диана Младеновска И Бранко Црвенковски од СДСМ и Сашко Кедев од ВМРО-ДПМНЕ водат според бројот на гласачите што се изјасниле дека ќе гласаат за нив на наредните претседателски избори. Но, секој на сопствениот сајт.

Срцеви болни со ризичен фактор-ТАТ

Време - 06.04.2004

МИТИНГ НА КЕДЕВ ВО БИТОЛА Со порака „Кедев го знае пулсот на македонското срце“, предизборниот карван на ВМРО-ДПМНЕ на третиот ден од претседателската кампања престојуваше во Битола. На завчерашниот митинг Сашко Кедев меѓу другото рече: „Денес бев прашан зошто ја жртвувам својата лекарска професија ...

Кедев: Претседателот треба да им погледне в очи на сите граѓани

Утрински - 06.04.2004

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ беше во Тиквешијата, а прексиноќа во Велес На Македонија и е потребна сигурност која води кон слобода на сите граѓани и остварување на сите човекови права Претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ Сашко Кедев вчера ја продолжи својата кампања во Тиквешијата и притоа ги посети ...

Не ветувам ништо што не можам да го исполнам

Време - 06.04.2004

МИТИНГ НА ВМРО-ДПМНЕ ВО ВЕЛЕС Како можеме сериозно да размислуваме за нашата евроатлантска иднина ако внатре, меѓу себе, ги немаме решено основните проблеми. За тоа ни се потребни реформи и дури потоа поинтензивно ќе се свртиме кон регионалната соработка со сите наши соседи еднакво, врз принцип на ...

Битката за претседател се води и преку Интернет

Утрински - 06.04.2004

Кандидатите за претседател на веб-страниците ја презентираат својата предизборна кампања На сајтот на Црвенковски има книга на поддршка, додека кај Кедев се вртат неколку стрипови насловени како "Црвенковци" Кандидатите за претседател на претстојните избори во земјава, битката за гласови ја водат ...

Кедев: Со несреќни и сиромашни луѓе нема да влеземе во Европа

Утрински - 05.04.2004

Претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ во Дојран, Богданци Валандово и во Струмица ГЕВГЕЛИЈА - Претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Сашко Кедев, вчера престојуваше на југот на земјата, каде што најпрво го посети Нов Дојран и кај бензинската пумпа, на влезот во населбата, имаше средба со ...

Опозицијата ја засилува кампањата

Дневник - 05.04.2004

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2004 Обединувањето не можеме да го постигнеме со луѓе што го разединија македонскиот народ и ја разгореа меѓуетничката омраза, изјави Сашко Кедев, претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, на прексиноќешниот митинг во Струмица.

Црвенковски и Кедев зборуваат за различни теми, Џелили и Острени за правата на Албанците

Утрински - 05.04.2004

Четворицата претседателски кандидати со различни пораки и ветувања пред граѓаните во досегашната кампања Евроинтегративните процеси, безбедноста во државата, тековните економски проблеми, имплементацијата на Рамковниот договор и рамноправноста на Албанците се темите кои најчесто пред граѓаните ги ...

Кедев: Готов е!

Дневник - 05.04.2004

ВМРО-ДПМНЕ ВО СТРУМИЧКО Обединувањето не можеме да го постигнеме со луѓе што го разединија македонскиот народ и ја разгореа меѓуетничката омраза, изјави кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Обединувањето не можеме да го постигнеме со луѓе што го разединија македонскиот народ и ја разгореа меѓуетничката омраза, ...

Поповски: Кедев нема искуство да раководи со АРМ

Утрински - 05.04.2004

ИСКУСТВО ?Претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ нема искуство да раководи со АРМ, нема искуство од надворешната политика, нема сретнато амбасадор, нема посетено држава во својство на државник. Кедев нема искуство во поднесување на ниту еден единствен закон во Собранието, а изгласал неколку во ...